проф. д-р Мирко Ѓошевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-mirko-goshevski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Мирко Ѓошевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-mirko-goshevski/ 32 32 На проф. д-р Мирко Ѓошевски ќе му биде врачена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-prof-d-r-mirko-goshevski-ke-mu-bide-vrachena-nagradata-konstantin-filosof-za-zhivotno-delo-za-2024-godina/ Thu, 21 Nov 2024 09:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=840215

Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, денеска на Светскиот ден на филозофијата, ќе му биде врачена на годинашниот добитник проф. д-р Мирко Ѓошевски.

Наградата, како што соопшти Филозофското друштво на Македонија, ќе му биде врачена на Ѓошевски во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје.

Филозофското друштво на Македонија годинава по вторпат ги доделува наградите „Константин Философ“: за животно дело и за филозофска книга на годината. Конкурсот за наградите „Константин Филозоф“ беше распишан на 27 март 2024, а пријавувањето на кандидатите на наградата за животно дело траеше до 1 октомври, додека пак за наградата за филозофска книга номинирањето ќе се одвива до 15 јануари 2025 година. Комисијата за доделување на наградите, во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет во Ниш (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска, вонреден виш истражувач на Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд (членови) донесе едногласна одлука добитник на наградата за животно дело за 2024 да биде проф. д-р Мирко Ѓошевски.

Во образложението Комисијата детално ги потенцира трите суштински одредници за оваа награда истакнати во Конкурсот: (1) вкупниот опус на филозофот во филозофското творештво, (2) филозофското образование и, (3) афирмација на филозофијата во земјата и во странство. Комисијата, меѓу другото, посочува и дополнителни увиди:

- Проф. д-р Мирко Ѓошевски е методичен, систематичен, посветен и трпелив филозофски и културен деец. Тој оди по патот што го започна неговиот ментор, проф. д-р Митко Илиевски, незаборавниот македонски Сократ, кој им беше пример на многу генерации студенти. Доделувањето на наградата „Константин Философ“ на проф. д-р Мирко Ѓошевски покажува дека постојаноста, посветеноста и упорноста се значајни за подемот и доблеста на филозофското творештво во полза на поединецот и колективот, студентите и Институтот, како и за севкупното функционирање на општеството во целина, се посочува меѓу другото во образложението на Комисијата.

Мирко Ѓошевски (1948) е припадник на, условно кажано, втората генерација македонски филозофи. Магистерската теза ја брани на Филозофскиот факултет во Белград (1987), додека докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целокупната своја професионална кариера ја поминува на Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ги предава фундаменталните филозофски дисциплини: Онтологија, Теорија на познание и Методологија, како и неколку други предмети. Автор е на четири филозофски книги, како и на голем број статии, огледи и студии, објавени во релевантни домашни и меѓународни списанија, зборници, годишници... Професорот Ѓошевски е раководител на Институт за филозофија (2009–2013), претседател на Филозофското друштво на Македонија (2007–2011)

The post На проф. д-р Мирко Ѓошевски ќе му биде врачена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, денеска на Светскиот ден на филозофијата, ќе му биде врачена на годинашниот добитник проф. д-р Мирко Ѓошевски. Наградата, како што соопшти Филозофското друштво на Македонија, ќе му биде врачена на Ѓошевски во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје. Филозофското друштво на Македонија годинава по вторпат ги доделува наградите „Константин Философ“: за животно дело и за филозофска книга на годината. Конкурсот за наградите „Константин Филозоф“ беше распишан на 27 март 2024, а пријавувањето на кандидатите на наградата за животно дело траеше до 1 октомври, додека пак за наградата за филозофска книга номинирањето ќе се одвива до 15 јануари 2025 година. Комисијата за доделување на наградите, во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет во Ниш (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска, вонреден виш истражувач на Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд (членови) донесе едногласна одлука добитник на наградата за животно дело за 2024 да биде проф. д-р Мирко Ѓошевски. Во образложението Комисијата детално ги потенцира трите суштински одредници за оваа награда истакнати во Конкурсот: (1) вкупниот опус на филозофот во филозофското творештво, (2) филозофското образование и, (3) афирмација на филозофијата во земјата и во странство. Комисијата, меѓу другото, посочува и дополнителни увиди: - Проф. д-р Мирко Ѓошевски е методичен, систематичен, посветен и трпелив филозофски и културен деец. Тој оди по патот што го започна неговиот ментор, проф. д-р Митко Илиевски, незаборавниот македонски Сократ, кој им беше пример на многу генерации студенти. Доделувањето на наградата „Константин Философ“ на проф. д-р Мирко Ѓошевски покажува дека постојаноста, посветеноста и упорноста се значајни за подемот и доблеста на филозофското творештво во полза на поединецот и колективот, студентите и Институтот, како и за севкупното функционирање на општеството во целина, се посочува меѓу другото во образложението на Комисијата. Мирко Ѓошевски (1948) е припадник на, условно кажано, втората генерација македонски филозофи. Магистерската теза ја брани на Филозофскиот факултет во Белград (1987), додека докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целокупната своја професионална кариера ја поминува на Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ги предава фундаменталните филозофски дисциплини: Онтологија, Теорија на познание и Методологија, како и неколку други предмети. Автор е на четири филозофски книги, како и на голем број статии, огледи и студии, објавени во релевантни домашни и меѓународни списанија, зборници, годишници... Професорот Ѓошевски е раководител на Институт за филозофија (2009–2013), претседател на Филозофското друштво на Македонија (2007–2011)

The post На проф. д-р Мирко Ѓошевски ќе му биде врачена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година appeared first on Република.

]]>