проф. д-р Милош Вучидолов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-milosh-vuchidolov/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 09:05:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Милош Вучидолов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-milosh-vuchidolov/ 32 32 Почина проф. д-р Милош Вучидолов https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-prof-d-r-milosh-vuchidolov/ Tue, 06 Dec 2022 09:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=582429

Во Скопје на 87-годишна возраст почина еден од најпочитуваните македонски универзитетски професори, д-р Милош Вучидолов кој има значителни заслуги за успехот на многу македонски спортисти во времето на Југославија и по нашето осамостојување, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Професот д-р Милош Вучидолов беше значајно име за македонскиот спорт, тој е заслужен за успесите на многу македонски спортисти уште од времето на Југославија.

Вучидолов дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1963 година, а специјализира спортска медицина во 1977. Работи во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Беше предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторира на овој Факултет (1992), на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил“.

Долги години беше спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 до 2006 година.

Во животот има добиено бројни признанија и награди, една од најважните беше Државната награда „8 септември“ за животно дело.

The post Почина проф. д-р Милош Вучидолов appeared first on Република.

]]>

Во Скопје на 87-годишна возраст почина еден од најпочитуваните македонски универзитетски професори, д-р Милош Вучидолов кој има значителни заслуги за успехот на многу македонски спортисти во времето на Југославија и по нашето осамостојување, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК). Професот д-р Милош Вучидолов беше значајно име за македонскиот спорт, тој е заслужен за успесите на многу македонски спортисти уште од времето на Југославија. Вучидолов дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 1963 година, а специјализира спортска медицина во 1977. Работи во Здравствениот дом како лекар и во Заводот за спортска медицина во Скопје (1963–1981). Беше предавач и редовен професор по предметот Хигиена на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981–1998). Докторира на овој Факултет (1992), на тема: „Следење на промените на физиолошко-биохемиските варијабли во крвта во организмот на спортистите–борачи слободен стил“. Долги години беше спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 до 2006 година. Во животот има добиено бројни признанија и награди, една од најважните беше Државната награда „8 септември“ за животно дело.

The post Почина проф. д-р Милош Вучидолов appeared first on Република.

]]>