проф. д-р Горан Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-goran-markovski/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 09:13:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Горан Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-goran-markovski/ 32 32 Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prof-markovski-vo-ovoj-moment-ne-mozhe-da-se-otseni-dali-mostot-belasitsa-e-bezbeden-za-upotreba-ili-ne/ Thu, 28 Sep 2023 09:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=685942

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски вели дека во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не и останува на неговиот став дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар.

Во однос на мостот „Беласица“ и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. Мојот став дека има потреба од продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на неговата состојба е јасен. Ниту јас, ниту, пак, Градежниот факултет имаме информации врз основа на што е донесена одлука за негово делумно пуштање во употреба. Имајќи го во предвид овој недостаток на информации не би можел да дадам подецидна и попрецизна изјава во овој момент дали мостот е безбеден за употреба или не, рече Марковски во одговор на новинарско прашање на денешниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции”.

Град Скопје во септември го отвори мостот за сообраќај само за „лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ“.

Оттаму се повикаа на „експертски извештај“, според кој било утврдено е дека истиот „нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот“.

Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.

 

The post Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не appeared first on Република.

]]>

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски вели дека во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не и останува на неговиот став дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар.
Во однос на мостот „Беласица“ и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. Мојот став дека има потреба од продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на неговата состојба е јасен. Ниту јас, ниту, пак, Градежниот факултет имаме информации врз основа на што е донесена одлука за негово делумно пуштање во употреба. Имајќи го во предвид овој недостаток на информации не би можел да дадам подецидна и попрецизна изјава во овој момент дали мостот е безбеден за употреба или не, рече Марковски во одговор на новинарско прашање на денешниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија насловен „Отпорни конструкции”.
Град Скопје во септември го отвори мостот за сообраќај само за „лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ“. Оттаму се повикаа на „експертски извештај“, според кој било утврдено е дека истиот „нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот“.
Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, соопштија од Град Скопје.
 

The post Проф. Марковски: Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ е безбеден за употреба или не appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Марковски: Уривање на опожарениот мост „Беласица“ не е опција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prof-d-r-markovski-urivane-na-opozhareniot-most-belasitsa-ne-e-optsija/ Thu, 06 Jul 2023 12:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=658679

Пуштањето во употреба на опожарениот мост „Беласица“ и натаму е неизвесно и предмет на дебата во јавноста.

Да се испита присуството на микропукнатини во структурата на бетонот, да се види до каде тие се протегаат и до која длабочина, како и да се утврди температурата што пристигнала до каблите за претходно напрегање, па врз основа на тој податок да се види дали треба контрола на нивните сили или нешто друго. Да се направи еден прецизен математички модел на мостот „Беласица“, што ќе покаже, со вака утврдени карактеристики, како тој би се однесувал во иднина.

Ова според професор доктор Горан Марковски е некој минимум, што треба да се направи за да може, како што рече на денешната презентација на потребната методологија за утврдување на состојбата на опожарениот мост „Беласица“, ризиците да се сведат на најмалку можна мерка.

Безмалку два месеца изминаа од опожарувањето, а Марковски, инаку декан на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, денеска имаше презентација на своето видување околу овој проблем.

Времето што ќе биде потребно за санација на мостот „Беласица” зависи од состојбата на материјалите и конструкцијата во моментов, после опожарувањето. Доколку со такви подетални истраги се утврди дека треба да се санира само она што е видливо во моментов како оштетување, во тој случај мислам дека за неколку месеци тоа може да се заврши, со добра организација и со елиминирање на оние долги административни постапки. Доколку се утврди дека се зафатени внатрешните кабли, ако кај нив има некакво оштетување, во тој случај санацијата би била значително подолга, времето потребно за санација би било значително подолго, додаде тој.

Што подлабинско истражување, нагласи, толку ризикот е помал и толку наредните чекори можат полесно да бидат предвидливи.

Целта на презентацијата, е, со цел, како што рече, да го искаже своето видување на работите, нагласувајќи дека не сака тоа да биде некаква споредба помеѓу тоа што е правено и она што тој смета дека треба да се направи.

Според него, уривање на мостот не е опција и дури и при такво сценарио, работите би можеле да се средат со санација.

Иако има забрана за движење на „Беласица“, истата не се почитува, иако мостот кај нова железничка станица е затворен за сообраќај и за пешаци по пожарот што го зафати на 12 мај.

 

The post Проф. д-р Марковски: Уривање на опожарениот мост „Беласица“ не е опција appeared first on Република.

]]>

Пуштањето во употреба на опожарениот мост „Беласица“ и натаму е неизвесно и предмет на дебата во јавноста.
Да се испита присуството на микропукнатини во структурата на бетонот, да се види до каде тие се протегаат и до која длабочина, како и да се утврди температурата што пристигнала до каблите за претходно напрегање, па врз основа на тој податок да се види дали треба контрола на нивните сили или нешто друго. Да се направи еден прецизен математички модел на мостот „Беласица“, што ќе покаже, со вака утврдени карактеристики, како тој би се однесувал во иднина.
Ова според професор доктор Горан Марковски е некој минимум, што треба да се направи за да може, како што рече на денешната презентација на потребната методологија за утврдување на состојбата на опожарениот мост „Беласица“, ризиците да се сведат на најмалку можна мерка. Безмалку два месеца изминаа од опожарувањето, а Марковски, инаку декан на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, денеска имаше презентација на своето видување околу овој проблем.
Времето што ќе биде потребно за санација на мостот „Беласица” зависи од состојбата на материјалите и конструкцијата во моментов, после опожарувањето. Доколку со такви подетални истраги се утврди дека треба да се санира само она што е видливо во моментов како оштетување, во тој случај мислам дека за неколку месеци тоа може да се заврши, со добра организација и со елиминирање на оние долги административни постапки. Доколку се утврди дека се зафатени внатрешните кабли, ако кај нив има некакво оштетување, во тој случај санацијата би била значително подолга, времето потребно за санација би било значително подолго, додаде тој.
Што подлабинско истражување, нагласи, толку ризикот е помал и толку наредните чекори можат полесно да бидат предвидливи. Целта на презентацијата, е, со цел, како што рече, да го искаже своето видување на работите, нагласувајќи дека не сака тоа да биде некаква споредба помеѓу тоа што е правено и она што тој смета дека треба да се направи. Според него, уривање на мостот не е опција и дури и при такво сценарио, работите би можеле да се средат со санација. Иако има забрана за движење на „Беласица“, истата не се почитува, иако мостот кај нова железничка станица е затворен за сообраќај и за пешаци по пожарот што го зафати на 12 мај.  

The post Проф. д-р Марковски: Уривање на опожарениот мост „Беласица“ не е опција appeared first on Република.

]]>