проф. д-р Горан Калоѓера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-goran-kalogera/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:27:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Горан Калоѓера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-goran-kalogera/ 32 32 Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера вечерва во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-pogled-otstrana-ratsin-1908-1943-od-goran-kalogera-vecherva-vo-kits/ Mon, 25 Nov 2024 08:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=841459

На 25 ноември 2024 година (понеделник), со почеток во 19 часот, во изложбениот салон Империјал 2 на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот, а во издание на „Македоника литера“.

За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература (на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска).

Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички другари. Во воведниот дел проф. д-р Горан Калоѓера пишува за Рацин како интелектуалец, поет, романсиер, публицист, критичар, полемичар, собирач на усно народно творештво, односно за неговата биографија, за неговото место и поврзаност со хрватската култура и со Хрватска воопшто. Главниот дел од книгата е анализа на публицистичкиот опус на Рацин, неговата проза, поезијата (песни на хрватски/српскохрватски јазик), култната книга „Бели мугри“, песните на Рацин надвор од збирки и поетски циклуси, како и збирката народни песни што ја подготвил Рацин пред неговата смрт во 1943 година. На крајот од книгата авторот дава заклучен осврт. Ова е втора книга на Калоѓера за Коста Солев Рацин, првата е напишана на почетокот на неговата научничка дејност.

„Ретко кој македонски поет привлекол толку внимание кај теоретичарите, книжевните историчари и филолозите како Рацин. Рацин беше карпа, брана, првоборец во уметничкиот израз на мајчиниот јазик, потпора и надеж за многумина, пример за идеален револуционер и на крајот жртва. Беше човек визија, предвидел многу историски настани, кои за жал се обвистинија. Тој беше најчесното и најчеститото нешто што го имаа Македонците во периодот меѓу двете војни“ – пишува Калоѓера за Рацин.

Во предговорот Славчо Ковилоски пишува:

„Делото ’Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)‘ од Горан Калоѓера е силно, експресивно, набиено со емоции, но и остварување коешто дава одлична слика за времето во кое живеел Рацин, како и за неговата личност. Изнесените анализи и синтези се и тоа како добредојдени за поширо­ка­та македонска читателска јавност, а со сигурност ова важи и за хрватските читатели. Всушност, авторот гради уште еден мост на поврзување помеѓу Македонците и Хрватите, во негов препознатлив стил. Тој е директен при соопшту­вањето на своите согледби и ставови и тоа му дава посебна тежина, убавина и читливост на книгата. На крајот, Кало­ѓера завршува со констатацијата дека без разлика на временската дистанца и релативно скромниот опус на Рацин, тој и понатаму останува најпознатиот македонски писател во Хрватска. Така ќе завршиме и ние, со констата­цијата дека Калоѓера е еден од најпознатите современи македонисти, не само во Хрватска, туку и во европски рамки.“

 

Горан Калоѓера (Дубровник, 1951) е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, надворешен член на Друштвото на писателите на Македонија и почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Универзитетот во Риека ги извршувал функциите декан на Педагошкиот и на Филозофскиот факултет и проректор за настава и меѓународна соработка. Во периодот од 1980 до 1990 година бил прв предавач на курсевите по Македонска книжевност и Македонски јазик на Педагошкиот факултет во Риека. Основач е и раководител на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. По професија е дипломиран кроатист (јужносла­вист) и компаративист. Докторирал на тема македонско-хрватски и хрватско-македонски книжевни врски и допири на Педагошкиот факултет во Риека.

Впечатлива е стручната и академската биографија на професорот Калоѓера, кој првенствено се занимава со книжев­ното наследство, историјата на книжевноста, риеч­ката литература и секако македонската литература. Тој е меѓу најистакнатите македонисти во Хрватска и на Балканот. Објавил триесет и две книги на книжевно-историски теми, како и стотина научни и стручни трудови од областа на јужнословенската компаратистика. Од неговите македо­нистички трудови значајни се: „Јужнословенски кни­жевни проткајувања“ (1991), „Хрватско-македонски кни­жев­ни врски“ (1988), „Рацин во Хрватска“ (2000), „Компа­ра­тивни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препозна­вања“ (2004), „Браќата Миладиновци – легенда и ствар­ност“ (2001), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2007), „Прилози за истражува­њето на македонската книжевна историја“ (2009), „Маке­донскиот 19 век“ (2011), „Македонско-хрватски врски“ (2006), „Македонски теми без дилеми“ (2014), „Македон­ците во Приморско-горската жупанија“ (2016), „Македон­ски пријателства“ (2019). За неговиот придонес во афирма­цијата на македонската литература, култура и јазик добил повеќе македонски награди, меѓу кои: Орден за заслуги за Македонија, Почесно Рациново признание за 2005 година, Медал Св. Климент, почесен докторат (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Горан Кало­ѓера извесен период ја извршуваше функцијата почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска. По пензионирањето, е прогласен за професор емеритус на Универзитетот во Риека.

Калоѓера е докажан пријател на Македонија и голем поборник на научната вистина за Македонија, а како научник, славист и македонист ужива висок углед како во Хрватска, така и во Македонија.

 

The post Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>

На 25 ноември 2024 година (понеделник), со почеток во 19 часот, во изложбениот салон Империјал 2 на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Ковилоски, кој е и автор на предговорот, а во издание на „Македоника литера“. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература (на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска). Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска и неговите дружења со истакнати антифашисти, писатели, уметници и политички другари. Во воведниот дел проф. д-р Горан Калоѓера пишува за Рацин како интелектуалец, поет, романсиер, публицист, критичар, полемичар, собирач на усно народно творештво, односно за неговата биографија, за неговото место и поврзаност со хрватската култура и со Хрватска воопшто. Главниот дел од книгата е анализа на публицистичкиот опус на Рацин, неговата проза, поезијата (песни на хрватски/српскохрватски јазик), култната книга „Бели мугри“, песните на Рацин надвор од збирки и поетски циклуси, како и збирката народни песни што ја подготвил Рацин пред неговата смрт во 1943 година. На крајот од книгата авторот дава заклучен осврт. Ова е втора книга на Калоѓера за Коста Солев Рацин, првата е напишана на почетокот на неговата научничка дејност. „Ретко кој македонски поет привлекол толку внимание кај теоретичарите, книжевните историчари и филолозите како Рацин. Рацин беше карпа, брана, првоборец во уметничкиот израз на мајчиниот јазик, потпора и надеж за многумина, пример за идеален револуционер и на крајот жртва. Беше човек визија, предвидел многу историски настани, кои за жал се обвистинија. Тој беше најчесното и најчеститото нешто што го имаа Македонците во периодот меѓу двете војни“ – пишува Калоѓера за Рацин. Во предговорот Славчо Ковилоски пишува: „Делото ’Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)‘ од Горан Калоѓера е силно, експресивно, набиено со емоции, но и остварување коешто дава одлична слика за времето во кое живеел Рацин, како и за неговата личност. Изнесените анализи и синтези се и тоа како добредојдени за поширо­ка­та македонска читателска јавност, а со сигурност ова важи и за хрватските читатели. Всушност, авторот гради уште еден мост на поврзување помеѓу Македонците и Хрватите, во негов препознатлив стил. Тој е директен при соопшту­вањето на своите согледби и ставови и тоа му дава посебна тежина, убавина и читливост на книгата. На крајот, Кало­ѓера завршува со констатацијата дека без разлика на временската дистанца и релативно скромниот опус на Рацин, тој и понатаму останува најпознатиот македонски писател во Хрватска. Така ќе завршиме и ние, со констата­цијата дека Калоѓера е еден од најпознатите современи македонисти, не само во Хрватска, туку и во европски рамки.“   Горан Калоѓера (Дубровник, 1951) е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, надворешен член на Друштвото на писателите на Македонија и почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Универзитетот во Риека ги извршувал функциите декан на Педагошкиот и на Филозофскиот факултет и проректор за настава и меѓународна соработка. Во периодот од 1980 до 1990 година бил прв предавач на курсевите по Македонска книжевност и Македонски јазик на Педагошкиот факултет во Риека. Основач е и раководител на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. По професија е дипломиран кроатист (јужносла­вист) и компаративист. Докторирал на тема македонско-хрватски и хрватско-македонски книжевни врски и допири на Педагошкиот факултет во Риека. Впечатлива е стручната и академската биографија на професорот Калоѓера, кој првенствено се занимава со книжев­ното наследство, историјата на книжевноста, риеч­ката литература и секако македонската литература. Тој е меѓу најистакнатите македонисти во Хрватска и на Балканот. Објавил триесет и две книги на книжевно-историски теми, како и стотина научни и стручни трудови од областа на јужнословенската компаратистика. Од неговите македо­нистички трудови значајни се: „Јужнословенски кни­жевни проткајувања“ (1991), „Хрватско-македонски кни­жев­ни врски“ (1988), „Рацин во Хрватска“ (2000), „Компа­ра­тивни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препозна­вања“ (2004), „Браќата Миладиновци – легенда и ствар­ност“ (2001), „Компаративни македонско-хрватски студии“ (2000), „Препознавања“ (2007), „Прилози за истражува­њето на македонската книжевна историја“ (2009), „Маке­донскиот 19 век“ (2011), „Македонско-хрватски врски“ (2006), „Македонски теми без дилеми“ (2014), „Македон­ците во Приморско-горската жупанија“ (2016), „Македон­ски пријателства“ (2019). За неговиот придонес во афирма­цијата на македонската литература, култура и јазик добил повеќе македонски награди, меѓу кои: Орден за заслуги за Македонија, Почесно Рациново признание за 2005 година, Медал Св. Климент, почесен докторат (doctor honoris causa) на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Горан Кало­ѓера извесен период ја извршуваше функцијата почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска. По пензионирањето, е прогласен за професор емеритус на Универзитетот во Риека. Калоѓера е докажан пријател на Македонија и голем поборник на научната вистина за Македонија, а како научник, славист и македонист ужива висок углед како во Хрватска, така и во Македонија.  

The post Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943)“ од Горан Калоѓера вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dajte-mi-makedonsko-drzhavjanstvo-mozhebi-za-mnogumina-ova-izgleda-glupavo-no-za-mene-e-mnogu-vazhno-veli-hrvatskiot-profesor-goran-kalogera/ Mon, 27 May 2024 17:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=782169

Ова што го гледате на сликата, драги Македонци, е медалот заслуги за Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера.

Тој бара македонско државјанство за себе и за неговата сопруга, исто така универзитетски професор.

Во продолжение целата објава на Калоѓера, кој со Македонија е поврзан уште од 1980 година и најголем број од 40-тината објавени книги се поврзани со Македонија:

Никогаш порано не сум го користел, едноставно, го прифатив како признание за моите заслуги кон македонската наука. Со оглед на тоа што барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупо, но за мене е многу важно.

Јас сум македоннист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека.

Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници.

За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот.

Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата).

Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори. И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт, напиша професорот.

The post Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>

Ова што го гледате на сликата, драги Македонци, е медалот заслуги за Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера. Тој бара македонско државјанство за себе и за неговата сопруга, исто така универзитетски професор. Во продолжение целата објава на Калоѓера, кој со Македонија е поврзан уште од 1980 година и најголем број од 40-тината објавени книги се поврзани со Македонија: Никогаш порано не сум го користел, едноставно, го прифатив како признание за моите заслуги кон македонската наука. Со оглед на тоа што барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупо, но за мене е многу важно. Јас сум македоннист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека. Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници. За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот. Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата). Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори. И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт, напиша професорот.

The post Дајте ми македонско државјанство – можеби за многумина ова изгледа глупаво, но за мене е многу важно, вели хрватскиот професор Горан Калоѓера appeared first on Република.

]]>