проф. д-р Драган Даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-dragan-danilovski/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 09:10:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Драган Даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-dragan-danilovski/ 32 32 Д-р Даниловски за епидмијата на голема кашлица: Со паметот сме некаде во 18. век, не знам со кое срце некои родители решаваат да не ги вакцинираат децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-za-epidmijata-na-golema-kashlitsa-so-pametot-sme-nekade-vo-18-vek-ne-znam-so-koe-srtse-nekoi-roditeli-reshavaat-da-ne-gi-vaktsiniraat-detsata/ Thu, 08 Feb 2024 19:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=741976

Календарски сме во 21. век, но со паметот сме некаде во 18. век, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемилог, одговорајќи на прашањето во Тема на денот на телевизијата „Сител“, зошто во ова време се враќаат болести, како големата кашлица за кои постојат вакцини.

До денеска има вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица во Македонија. Вчера Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија во Град Скопје каде што има најмногу заразени. Комисијата предлага во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца до траење на епидемијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите кажа дека очекува од службите да ги подготват документите за прогласување епидемија, да бидат испратени до вакциналните пунктови за да работат во две смени и да се испрати допис до градинките дека не смеат да примаат невакцинирани деца.

Последните 30 години ние произведуваме лоши генерации, неуки, игнорантни, генерации кои како што стасуваат стануваат родители и треба да ги воспитуваат своите деца и да им всадат квалитени вредности. Се случува триесетина година да имаме нефункционална клетка во општеството, а тоа е семејството. Школството ни е на ниски гранки, учениците не се учат да бидат егоисти и да го почитуваат јавниот интерес. Се изгуби чувството за заедништво. Во меѓувреме се создаде плодна почва за теории на заговор и тоа да не може да се искорени, вели професорот Даниловски.

Тој смета дека отпорот на родителите кон вакцинација доаѓа од неукост, неинформираност.

Кога ќе се всади еден страв, конкретно за вакцината против морбили, тоа некако се прошири и на сите други вакцини. Едноставно, луѓето не веруваат дека и другите вакцини се добри. На сето тоа се додава и хроничната недоверба на народот во системот, во институциите, едноставно не веруваат дека државата навистина се грижи за здравјето на граѓаните. Освен школството и семејството и докторите во примарното здравство имаат вина. Нивна задача е да ги едуцираат пациентите, ако гледаме дека семејството и образованието не ја вршат својата функција. Дел од матичните лекари не само што индолентно се однесуваат и функцинораат на ниво на 'желботека', дури и активно ги одвраќаат граѓаните од вакцинирање, смета професорот Даниловски.

Во тек е сезоната на настински и грип во која често има респиратно инфекции кои се проследени со кашлица. Но, големата кашлица е нешто што не може да се препознае, вели проф. Даниловски.

Тоа не е обично кашлање. Почнува со симптоми на обична настинка, но кога ќе почне кашлицата, во напади, тоа е нешто што може да го смисли само режисер на хорор филм. Тоа е толку драматично, толку страшно, потресно е да се биде сведок на таа кашлица. Детето не може да земе здив. Може да го загуби и животот заради задушување. Тоа кашлање оди со рикање, магарешко рикање, тоа е толку драматично. Се прашувам со кој памет, со кое срце одредени родители решаваат нивното дете така да се мачи, кога вакцините се сосема безбедни, вели д-р Даниловски.

Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 4, 6 и 8 месеци и ревакцина на 18 месеци, се дека е вакциниарно 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.

The post Д-р Даниловски за епидмијата на голема кашлица: Со паметот сме некаде во 18. век, не знам со кое срце некои родители решаваат да не ги вакцинираат децата appeared first on Република.

]]>

Календарски сме во 21. век, но со паметот сме некаде во 18. век, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемилог, одговорајќи на прашањето во Тема на денот на телевизијата „Сител“, зошто во ова време се враќаат болести, како големата кашлица за кои постојат вакцини. До денеска има вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица во Македонија. Вчера Комисијата за заразни болести препорача да се прогласи епидемија во Град Скопје каде што има најмногу заразени. Комисијата предлага во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца до траење на епидемијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите кажа дека очекува од службите да ги подготват документите за прогласување епидемија, да бидат испратени до вакциналните пунктови за да работат во две смени и да се испрати допис до градинките дека не смеат да примаат невакцинирани деца.
Последните 30 години ние произведуваме лоши генерации, неуки, игнорантни, генерации кои како што стасуваат стануваат родители и треба да ги воспитуваат своите деца и да им всадат квалитени вредности. Се случува триесетина година да имаме нефункционална клетка во општеството, а тоа е семејството. Школството ни е на ниски гранки, учениците не се учат да бидат егоисти и да го почитуваат јавниот интерес. Се изгуби чувството за заедништво. Во меѓувреме се создаде плодна почва за теории на заговор и тоа да не може да се искорени, вели професорот Даниловски.
Тој смета дека отпорот на родителите кон вакцинација доаѓа од неукост, неинформираност.
Кога ќе се всади еден страв, конкретно за вакцината против морбили, тоа некако се прошири и на сите други вакцини. Едноставно, луѓето не веруваат дека и другите вакцини се добри. На сето тоа се додава и хроничната недоверба на народот во системот, во институциите, едноставно не веруваат дека државата навистина се грижи за здравјето на граѓаните. Освен школството и семејството и докторите во примарното здравство имаат вина. Нивна задача е да ги едуцираат пациентите, ако гледаме дека семејството и образованието не ја вршат својата функција. Дел од матичните лекари не само што индолентно се однесуваат и функцинораат на ниво на 'желботека', дури и активно ги одвраќаат граѓаните од вакцинирање, смета професорот Даниловски.
Во тек е сезоната на настински и грип во која често има респиратно инфекции кои се проследени со кашлица. Но, големата кашлица е нешто што не може да се препознае, вели проф. Даниловски.
Тоа не е обично кашлање. Почнува со симптоми на обична настинка, но кога ќе почне кашлицата, во напади, тоа е нешто што може да го смисли само режисер на хорор филм. Тоа е толку драматично, толку страшно, потресно е да се биде сведок на таа кашлица. Детето не може да земе здив. Може да го загуби и животот заради задушување. Тоа кашлање оди со рикање, магарешко рикање, тоа е толку драматично. Се прашувам со кој памет, со кое срце одредени родители решаваат нивното дете така да се мачи, кога вакцините се сосема безбедни, вели д-р Даниловски.
Последните податоци за опфат со ДиТеПер вакцината, која се прима на 4, 6 и 8 месеци и ревакцина на 18 месеци, се дека е вакциниарно 83,9 од децата, а треба да биде над 95 отсто.  

The post Д-р Даниловски за епидмијата на голема кашлица: Со паметот сме некаде во 18. век, не знам со кое срце некои родители решаваат да не ги вакцинираат децата appeared first on Република.

]]>
Проф. Д-р Даниловски: Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prof-d-r-danilovski-skandalot-onkologija-e-posledna-kapka-shto-ja-preli-chashata-za-doverbata-vo-zdravstveniot-sistem/ Sun, 10 Sep 2023 19:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=680690

Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем што одамна се поткопува, смета Проф. Д-р Драган Даниловски.

Тој во разговор за Канал 5 вели дека макотрпен ќе биде патот на враќање на довербата во здравството, кој пак треба да значи ресет на целиот здравствен систем.

Тој појаснува дека и психологијата на народот „да си молчи“ придонесува за моменталните состојби.

The post Проф. Д-р Даниловски: Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем appeared first on Република.

]]>

Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем што одамна се поткопува, смета Проф. Д-р Драган Даниловски.

Тој во разговор за Канал 5 вели дека макотрпен ќе биде патот на враќање на довербата во здравството, кој пак треба да значи ресет на целиот здравствен систем. Тој појаснува дека и психологијата на народот „да си молчи“ придонесува за моменталните состојби.

The post Проф. Д-р Даниловски: Скандалот „Онкологија“ е последна капка што ја прели чашата за довербата во здравствениот систем appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-po-gavolite-ke-da-bea-zaludni-site-moi-40-godini-stazh/ Mon, 04 Sep 2023 08:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=678538

Овој срам никогаш нема да си го испереме, вели проф. д-р Драган Даниловски, коментирајќи ги обелоденетите криминалии со лековите на пацинетите од Онкологија.

Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:
И овој да не е од „таквите“?
Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“.
Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!
Едит:
Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж...

The post Д-р Даниловски: По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж… appeared first on Република.

]]>

Овој срам никогаш нема да си го испереме, вели проф. д-р Драган Даниловски, коментирајќи ги обелоденетите криминалии со лековите на пацинетите од Онкологија.
Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се: И овој да не е од „таквите“? Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ! Едит: Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти. На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж...

The post Д-р Даниловски: По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж… appeared first on Република.

]]>
Даниловски: Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/danilovski-restrektivni-merki-ne-se-potrebni-potrebno-e-samo-da-prodolzat-dosegashnite-merki/ Wed, 03 Aug 2022 19:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=536570

 Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки, за носење маски во затворени простори, ова треба особено да важи за ранливите категории, вели  доктор Драган Данаиловски за „Телевизија 24“

Тој смета дека за ризичните катгории на граѓани поребна е вакцинација. Тој исткна дека новиот сој на Ковид-19 ќе ја полни статистиката како што рече додека не прегори. Според него пикот ќе настапи во следниве седум дена и веќе во септември како што изјави се очекува бројките да стивнат.

Нов бран според Даниловски се очекува во зима.

The post Даниловски: Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки appeared first on Република.

Д-р Даниловски: Реалната бројка на нови ковид случаи е многукратно повисока https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-realnata-brojka-na-novi-kovid-sluchai-e-mnogukratno-povisoka/ Thu, 21 Jul 2022 11:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=531811

Летниов бран на зголемен број на ковид-позитивни случаи се должи на новата подваријанта на омикрон, БА.5, која е присутна во околу 80 отсто од изолатите. Таа практично сосема ја заобиколува одбраната стекната од прележувањето на досегашните соеви, како и од вакцинацијата, па сосема очекувано е да се шири експлозивно.

Ваква е проценката на епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој за „Нова Македонија“ ја коментира актуелната состојба со порастот во дневната статистика на новозаразени од ковид-19 во земјава.

Иако изминатите месеци бројките на дневна основа се движеа под 100 случаи, сепак, последнава недела тие надминуваат и 700 новозаболени.

Во соседните земји ширењето на вирусот се зголемува, особено во Албанија и во Грција и тоа на местата кои важат за турстички центри, а во кои голем број Македонци ги поминуваат своите годишни одмори.

Арно ама, нашава популација веќе не е имунолошки наивна. Низ болка и солзи стекнавме силен заштитен бедем. Така што, независно што заразувањето непречено си се одвива, тој стекнат бедем оневозможува полнење на болниците и умирање. Ситуацијата на теренот е недвосмислена. Сѐ уште се наоѓаме во т.н. зелено (ниско – н.з.) ниво на постоење на ковид-19 во заедницата (според критериумите на Центрите за контрола и превенција на болести од САД – н.з.) – смета епидемиологот.

Оттаму, според Даниловски, не се потребни никакви рестриктивни мерки, освен препораките кои и досега важеа, носење маски во ризични амбиенти.

Тие мерки особено да ги почитуваат старите лица, оние со хронични болести и имунокомпромитираните. За нив најдобро е и да си примат бустер дози на вакцина. Иако нема да бидат заштитени од заразување, тоа дефинитивно ќе им биде спас од смрт – заклучува епидемиологот.

Даниловски дури посочува и дека веќе нема потреба ниту од изолација на сите позитивни без симптоми.

Доволно е да се самоизолираат само оние со симптоми. Зошто? Зашто, реалната бројка на нови случаи не е онаа што се соопштува, таа е многукратно повисока. На пример, регистрираните 700 нови случаи се само околу два проценти од реалниот број, кој е некаде 35.000 позитивни. Оттаму, ниту јавното соопштување на новите позитивни нема стручна оправданост. Тоа треба да си го следат само надлежните служби – додава Даниловски.

Повеќе на „Нова Македонија“.

The post Д-р Даниловски: Реалната бројка на нови ковид случаи е многукратно повисока appeared first on Република.

]]>

Летниов бран на зголемен број на ковид-позитивни случаи се должи на новата подваријанта на омикрон, БА.5, која е присутна во околу 80 отсто од изолатите. Таа практично сосема ја заобиколува одбраната стекната од прележувањето на досегашните соеви, како и од вакцинацијата, па сосема очекувано е да се шири експлозивно.
Ваква е проценката на епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој за „Нова Македонија“ ја коментира актуелната состојба со порастот во дневната статистика на новозаразени од ковид-19 во земјава. Иако изминатите месеци бројките на дневна основа се движеа под 100 случаи, сепак, последнава недела тие надминуваат и 700 новозаболени. Во соседните земји ширењето на вирусот се зголемува, особено во Албанија и во Грција и тоа на местата кои важат за турстички центри, а во кои голем број Македонци ги поминуваат своите годишни одмори.
Арно ама, нашава популација веќе не е имунолошки наивна. Низ болка и солзи стекнавме силен заштитен бедем. Така што, независно што заразувањето непречено си се одвива, тој стекнат бедем оневозможува полнење на болниците и умирање. Ситуацијата на теренот е недвосмислена. Сѐ уште се наоѓаме во т.н. зелено (ниско – н.з.) ниво на постоење на ковид-19 во заедницата (според критериумите на Центрите за контрола и превенција на болести од САД – н.з.) – смета епидемиологот.
Оттаму, според Даниловски, не се потребни никакви рестриктивни мерки, освен препораките кои и досега важеа, носење маски во ризични амбиенти.
Тие мерки особено да ги почитуваат старите лица, оние со хронични болести и имунокомпромитираните. За нив најдобро е и да си примат бустер дози на вакцина. Иако нема да бидат заштитени од заразување, тоа дефинитивно ќе им биде спас од смрт – заклучува епидемиологот.
Даниловски дури посочува и дека веќе нема потреба ниту од изолација на сите позитивни без симптоми.
Доволно е да се самоизолираат само оние со симптоми. Зошто? Зашто, реалната бројка на нови случаи не е онаа што се соопштува, таа е многукратно повисока. На пример, регистрираните 700 нови случаи се само околу два проценти од реалниот број, кој е некаде 35.000 позитивни. Оттаму, ниту јавното соопштување на новите позитивни нема стручна оправданост. Тоа треба да си го следат само надлежните служби – додава Даниловски.
Повеќе на „Нова Македонија“.

The post Д-р Даниловски: Реалната бројка на нови ковид случаи е многукратно повисока appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Ова со мајмунските сипаници ми личи на една лоша драма! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-ova-so-majmunskite-sipanici-mi-lichi-na-edna-losha-drama/ Thu, 26 May 2022 11:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=507227

Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најпогодени се Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани нови случаи.

Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.

Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Ова со мајмунските сипаници ми личи на една лоша драма! appeared first on Република.

]]>

Мајмунските сипаници почнаа да се шират во Европа, а најпогодени се Португалија и Шпанија, каде што беа регистрирани нови случаи. Страв од ширење на новата болест постои во регионот и Европа, а епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Студио 10“ ја смирува ситуацијата.
Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв, вели д-р Даниловски.
 
The post Д-р Даниловски: Ова со мајмунските сипаници ми личи на една лоша драма! appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Маски да носат само повозрасните, за останатите да се укинат уште одма https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-maski-da-nosat-samo-povozrasnite-za-ostanatite-da-se-ukinat-ushte-odma/ Thu, 31 Mar 2022 07:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=481216

Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за „Фактор“ посочува дека епидемиолошката состојба во Македонија дозволува маските да се симнат веднаш и тоа да важи за сите, совен за повозрасните и тоа во затворени простории.

Јас одамна се заложив маските да се симнат за сите ученици! Штетата по нивното ментално здравје ја надминува штетата од ковидот. Сепак, Комисијата за заразни болести препорача тоа да се стори прво само во основното образование, а за средношколците да се почека. Според мене, сосема непотребно, зашто епидемиолошката состојба дозволуваше маските да се симнат веднаш за сите. Епидемиолошката ситуација е таква што веќе е сосема доволно да се препорача носење маски во затворен простор само на постарите граѓани и на оние кои имаат хронични болести. Сертификатите за вакцинација треба сосема да се укинат, вели проф. Даниловски.

Истовремено, епидемиологот оценува дека е „бесмислено и вон секоја стручна логика студентите сѐ уште да следат настава на далечина (“онлајн”).

Само дополнително и непотребно понатаму ќе се урива квалитетот на наставата. Маски да носат само вакцинираните со две дози или прележаните, но само ако од втората доза, односно прележувањето не поминале повеќе од 3-5 месеци, нагласува проф. Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Маски да носат само повозрасните, за останатите да се укинат уште одма appeared first on Република.

Даниловски: Пандемијата не’ научи дека здравствениот систем е на стаклени нозе, а народот нема доверба во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/danilovski-pandemijata-ne-nauchi-deka-zdravstveniot-sistem-e-na-stakleni-noze-a-narodot-nema-doverba-vo-instituciite/ Sun, 13 Mar 2022 12:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=472064

Доктор Даниел Даниловски на својот Фејсбук профил напиша кус осврт за тоа што сме заклучиле по две години коронавирус пандемија. Како што вели пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.

ШТО ЗАКЛУЧИВМЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАНДЕМИЈА?
Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе.
Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви.
Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем.
Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.
Дека политиката е поважна од науката.
Дека бизнисот е поважен од човечките животи.
Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска.
Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија.
Но и:
Дека народот нема доверба во институциите на власта.
Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес.
Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен.
Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките.
Дека образованието ни е катастрофално.
Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.
Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми.
Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.
Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“!
Дефинитивно е време за тотален „ресет“, вели Даниловски.

The post Даниловски: Пандемијата не’ научи дека здравствениот систем е на стаклени нозе, а народот нема доверба во институциите appeared first on Република.

]]>

Доктор Даниел Даниловски на својот Фејсбук профил напиша кус осврт за тоа што сме заклучиле по две години коронавирус пандемија. Како што вели пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.
ШТО ЗАКЛУЧИВМЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАНДЕМИЈА? Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе. Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви. Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем. Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки. Дека политиката е поважна од науката. Дека бизнисот е поважен од човечките животи. Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска. Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија. Но и: Дека народот нема доверба во институциите на власта. Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес. Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен. Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките. Дека образованието ни е катастрофално. Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката. Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми. Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми. Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“! Дефинитивно е време за тотален „ресет“, вели Даниловски.

The post Даниловски: Пандемијата не’ научи дека здравствениот систем е на стаклени нозе, а народот нема доверба во институциите appeared first on Република.

]]>
Даниловски: Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/danilovski-maski-vo-zatvoreno-za-najvozrasnite-i-hronichno-bolnite-no-ne-i-vo-uchilishtata/ Sun, 06 Mar 2022 17:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=468606

Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата, предлага епидемиологот доктор Драган Даниловски кој денеска на „Канал 5“ разговараше за актуелната состојба со ковид пандемијата.

Даниловски смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба во која се наоѓа Макеоднија.

https://youtu.be/AXiq_iXrt3M

The post Даниловски: Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата appeared first on Република.

]]>

Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата, предлага епидемиологот доктор Драган Даниловски кој денеска на „Канал 5“ разговараше за актуелната состојба со ковид пандемијата. Даниловски смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба во која се наоѓа Макеоднија. https://youtu.be/AXiq_iXrt3M

The post Даниловски: Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-cveta-biznisot-so-falsifikati-pod-itno-da-se-ukinat-kovid-sertifikatite/ Thu, 17 Feb 2022 07:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=459651

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека ковид-сертификатите треба да се укинат под итно.

Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира докторот.

Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот што се прави на неколку локации низ Скопје, бидејќи според него, не се проведува пропорционални и систематски.

Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за политички и разно разни работи. Аматерски е, вели Даниловски, додавајќи дека покрај Скопје како најголема територијална единица, има и други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици.

The post Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите appeared first on Република.

Д-р Даниловски: Омикрон е почеток на крајот на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-omikron-e-pochetok-na-krajot-na-pandemijata/ Sat, 05 Feb 2022 18:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=454606

Со пандемијата имаме искуство веќе две години секој нареден сој беше позаразен од предходниот и секој од нив го заобиколуваше имунитетот од предходниот вирус, а вакцините останаа исти, вели епидемиологот Драган Данаиловски во „Тема на денот“ на Сител.

-Омикронот го заобиколува имунитетот и сега имајќи предвид дека вакцинираните се заразуваат излегува дека вакцините се неефикасни. Добрата вест е што штитат од тешки симптоми и смрт.Бидејќи омикронот е позаразен потребни се повисоки антитела за да се спречи инфекција и заради тоа најзаштитени од омикорн се оние кои прележале и имаат примено две дози вакцини, но битно е колку време поминало од прележувањето како и од вакцините. Третата доза е најдобра одбран од повторна инфекција затоашто го бустира имунитетот , вели Данаиловски.

Тој смета дека омикорн е почеток на крајот на пандемијата.

-Мислам дека омикронот е почеток на крајот , малку е веројатно да се случи катаклизма заради појава на нови варијатни, вели епидемиологот.

The post Д-р Даниловски: Омикрон е почеток на крајот на пандемијата appeared first on Република.

Даниловски му врати на министерот Сали: Едно нешто ме чуди, како е возможен ваков дијаметрално различен став? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/danilovski-mu-vrati-na-ministerot-sali-edno-neshto-me-chudi-kako-e-vozmozen-vakov-dijametralno-razlichen-stav/ Thu, 03 Feb 2022 17:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=453755

До пред некој ден, како „угледен“ експерт, бев пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ сум обвинет како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“. Едно нешто ме чуди. Како е возможен ваков дијаметрално различен став?, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски за денешната изјава на министерот за здравство Беким Сали.

Професорот Даниловски до само пред некој ден, како „угледен“ експерт, беше пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ се обвинува како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“!?
Не сум бил спремен да се справам со реалноста!?
Јас – токму затоа што ја согледувам реалноста - со име и презиме (а не затскриен и покриен зад било какво тело, комисија, колективитет, партија), две години – волонтерски - се трудам да помогнам да се оптимизира курсот на мерките против пандемијава!
Не носи ли тоа неспоредливо поголема одговорност?
Јас немам апетити, амбиции, ниту за кариера, ниту за лична промоција! Само се обидувам да помогнам безусловно!
Нема експерт во епидемиологијата што може да противречи на ноторниот факт дека не е испочитуван член 27, став 1 на Законот за здравствена заштита, кој гласи:
„Член 27
(1) Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги пропишува министерот за здравство.“ (1)
Зошто? Затоа што такво упатство не постои во форма на подзаконски акт! Тоа е видливо од самиот сајт на Министерството за здравство, во делот „Инфектологија“, каде што се гледа дека не постои Упатство за КОВИД-19! (2)
Оттаму, секое тврдење дека протокол (упатство) постои, можеби се однесува само на некаков интерен протокол, кој не ги обврзува здравствените установи да го применуваат!
Клиниката за инфективни болести направила протокол? Во ред! Се почитува ли тој протокол од страна на сите здравствени установи во државата?
Не!
Зошто? Затоа што немаат сила на законска обврска!
И нешто многу важно... Има ли протокол за третман на КОВИД-19 од страна на матичните доктори?
Нема!
(Нека кажат матичните доктори имаат ли протокол!)
Значи, неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од КОВИД-19!
За да се почитуваат тие протоколи, господине Министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа.
Членот 27, став 1 на Законот за здравствена заштита е недвосмислен!

The post Даниловски му врати на министерот Сали: Едно нешто ме чуди, како е возможен ваков дијаметрално различен став? appeared first on Република.

]]>

До пред некој ден, како „угледен“ експерт, бев пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ сум обвинет како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“. Едно нешто ме чуди. Како е возможен ваков дијаметрално различен став?, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски за денешната изјава на министерот за здравство Беким Сали.
Професорот Даниловски до само пред некој ден, како „угледен“ експерт, беше пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ се обвинува како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“!? Не сум бил спремен да се справам со реалноста!? Јас – токму затоа што ја согледувам реалноста - со име и презиме (а не затскриен и покриен зад било какво тело, комисија, колективитет, партија), две години – волонтерски - се трудам да помогнам да се оптимизира курсот на мерките против пандемијава! Не носи ли тоа неспоредливо поголема одговорност? Јас немам апетити, амбиции, ниту за кариера, ниту за лична промоција! Само се обидувам да помогнам безусловно! Нема експерт во епидемиологијата што може да противречи на ноторниот факт дека не е испочитуван член 27, став 1 на Законот за здравствена заштита, кој гласи: „Член 27 (1) Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги пропишува министерот за здравство.“ (1) Зошто? Затоа што такво упатство не постои во форма на подзаконски акт! Тоа е видливо од самиот сајт на Министерството за здравство, во делот „Инфектологија“, каде што се гледа дека не постои Упатство за КОВИД-19! (2) Оттаму, секое тврдење дека протокол (упатство) постои, можеби се однесува само на некаков интерен протокол, кој не ги обврзува здравствените установи да го применуваат! Клиниката за инфективни болести направила протокол? Во ред! Се почитува ли тој протокол од страна на сите здравствени установи во државата? Не! Зошто? Затоа што немаат сила на законска обврска! И нешто многу важно... Има ли протокол за третман на КОВИД-19 од страна на матичните доктори? Нема! (Нека кажат матичните доктори имаат ли протокол!) Значи, неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од КОВИД-19! За да се почитуваат тие протоколи, господине Министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа. Членот 27, став 1 на Законот за здравствена заштита е недвосмислен!

The post Даниловски му врати на министерот Сали: Едно нешто ме чуди, како е возможен ваков дијаметрално различен став? appeared first on Република.

]]>
Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-sali-preku-fejsbuk-gi-pokani-profesorite-danilovski-panovski-i-markovski-vo-novata-komisija-za-zarazni-bolesti/ Sun, 30 Jan 2022 16:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=451631

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.

Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.

Тој додава:

Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!

Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.

The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Беким Сали, попладнево преку објава на Фејсбук ги покани професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски во новата Комисија за заштита на населенито од заразни болести.
Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија, наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки, објави попладнево на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Беким Сали.
Тој додава:
Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин! Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, објави министерот Сали.
 
The post Министерот Сали преку Фејсбук ги покани професорите Даниловски, Пановски и Марковски во новата Комисија за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-sinofarm-i-sinovak-rechisi-ne-obezbeduvaat-nikakva-zashtita-od-omikron-potreben-e-buster/ Sat, 29 Jan 2022 09:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=451067

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.

„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.

Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.

„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.

Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана.

Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон.

Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.
„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.
Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.
„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.
Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана. Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон. Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Пикот е допрва, oчекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-pikot-e-doprva-ochekuvam-za-nedela-dve-da-pochneme-da-broime-smrtni-sluchai-od-omikron/ Sat, 15 Jan 2022 12:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=444972

Професорт д-р Драган Даниловски, епидемиолог, смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари.

Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500.

Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500  регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија.

Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.

Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

The post Д-р Даниловски: Пикот е допрва, oчекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон appeared first on Република.

]]>

Професорт д-р Драган Даниловски, епидемиолог, смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари. Сепак смета дека бројката на новозаболени во текот на 24 часа нема да биде повисока од 4.500.
Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500  регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија.
Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.
Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

The post Д-р Даниловски: Пикот е допрва, oчекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон appeared first on Република.

]]>
Даниловски: Корона приказната во земјава ќе заврши до мај, ќе имаме мирно лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/danilovski-korona-prikaznata-vo-zemjava-kje-zavrshi-do-maj-kje-imame-mirno-leto/ Thu, 06 Jan 2022 21:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=441532

И покрај значителното зголемување на бројот на нови случаи со варијантите Омикрон и Флурон кои се комбинација на сезонски грип со корона вирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението. Тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации, според експертите е причина поради која овој бран да не се чека со паника. Епидемиолог Драган Даниловски вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора како што направија многу европски земји.

-Старите лица и оние што се преку 70 години и хронично болните да се засолнат, да се изолираат, месец два да немаат контакт со помладите членови од семејството. Сите други би требало да се испозаразат што побрзо. Да не му се даде време на вирусот со неговата брза циркуација да мутира понатаму. Да нема веќе изолации за оние кои се асимптоматски позитивни. Тие нека си одат на работат. Да нема тестирање на здрави. Ниту на лесно симптоматски. Да се тестираат само оние кои ќе добијат такви симптоми да треба да легнат во болница - вели тој.

Професорот Даниловски со оптимизам предвидува дека варијантата Омикрон е кулминација на пандемијата.

Мислам дека за месец дена, нека биде и месец и некоја недела практично ќе дојде до врв на овој бран на омикрон и после го чека неизбежно паѓање на бројките и конечно мислам дека ќе видиме крај на корона приказната во Македонија некаде во март. Еве нека биде и мај. Но во секој случај ќе имаме пријатна пролет и мирно лето - вели Даниловски.

Досега во земјава околу 50 лица се заразени со Омикрон и грип – комбинација од сезонски грип и корона. Во наредниот период во Македонија се очекува доминантна варијанта Омикрон.

https://www.youtube.com/watch?v=nJ9QC8K5TU8

The post Даниловски: Корона приказната во земјава ќе заврши до мај, ќе имаме мирно лето appeared first on Република.

]]>

И покрај значителното зголемување на бројот на нови случаи со варијантите Омикрон и Флурон кои се комбинација на сезонски грип со корона вирусот, експертите велат дека неговото ширење не треба да предизвика загриженост кај населението. Тоа што оваа варијанта не дава сериозни здравствени компликации, според експертите е причина поради која овој бран да не се чека со паника. Епидемиолог Драган Даниловски вели дека Македонија треба да го следи шведскиот модел, а не целосно да се затвора како што направија многу европски земји.
-Старите лица и оние што се преку 70 години и хронично болните да се засолнат, да се изолираат, месец два да немаат контакт со помладите членови од семејството. Сите други би требало да се испозаразат што побрзо. Да не му се даде време на вирусот со неговата брза циркуација да мутира понатаму. Да нема веќе изолации за оние кои се асимптоматски позитивни. Тие нека си одат на работат. Да нема тестирање на здрави. Ниту на лесно симптоматски. Да се тестираат само оние кои ќе добијат такви симптоми да треба да легнат во болница - вели тој.
Професорот Даниловски со оптимизам предвидува дека варијантата Омикрон е кулминација на пандемијата.
Мислам дека за месец дена, нека биде и месец и некоја недела практично ќе дојде до врв на овој бран на омикрон и после го чека неизбежно паѓање на бројките и конечно мислам дека ќе видиме крај на корона приказната во Македонија некаде во март. Еве нека биде и мај. Но во секој случај ќе имаме пријатна пролет и мирно лето - вели Даниловски.
Досега во земјава околу 50 лица се заразени со Омикрон и грип – комбинација од сезонски грип и корона. Во наредниот период во Македонија се очекува доминантна варијанта Омикрон.   https://www.youtube.com/watch?v=nJ9QC8K5TU8

The post Даниловски: Корона приказната во земјава ќе заврши до мај, ќе имаме мирно лето appeared first on Република.

]]>
Да примениме шведски модел, сите позитивни да не одат во изолација, предлага Даниловски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/da-primenime-shvedski-model-site-pozitivni-da-ne-odat-vo-izolacija-predlaga-danilovski/ Wed, 05 Jan 2022 15:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=441107

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека би требало да се заштити само најранливата категорија граѓаните, односно лицата над 75 години, затоа што за 10.000 пати повеќе се изложени на ризик од коронавирусот отколку децата до 15 години.

Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот. Тој што сака да се вакцинира, нека се вакцинира. Време е веќе да се укинат ковид-пасошите и сертификатите, затоа што се бесмислени. Нема смисла да сум вакциниран со три дози, а ако исто така го пренесувам вирусот. Изолациите да се скратат за почеток на 5 дена, а потоа ако се види дека премногу се заразуваат, не може пола држава да биде во изолација - потенцира Даниловски во изјава за ТВ Телма.

Според епидемиологот, Македонија треба да примени шведски модел.

Сите што се без симптоми, а се позитивни на Ковид-19, да не одат во изолација. Нека си вршат работни обврски, стави си една или две маски и води сметка - апелира д-р Даниловски.

The post Да примениме шведски модел, сите позитивни да не одат во изолација, предлага Даниловски appeared first on Република.