проф. д-р Билјана Ангелова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-biljana-angelova/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 19:04:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проф. д-р Билјана Ангелова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prof-d-r-biljana-angelova/ 32 32 Со 392 гласа Билјана Ангелова од Економскиот институт е избрана за ректор на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-392-glasa-biljana-angelova-od-ekonomskiot-institut-e-izbrana-za-rektor-na-ukim/ Tue, 30 May 2023 19:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=646261

Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска одржа избори на кои 1 419 редовни и вонредни професори, доценти и студенти гласаа за избор на нов ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана новиот ректор со добиени само 27% од вкупниот број на гласови според Единствениот избирачки список, односно 392 гласа. Разликата помеѓу гласовите на професорите Христина Спасевска и Димитар Ташковски е само 5 гласа. Вкупно 187 професори и студенти гласале за професорката Спасевска, додека пак 192 гласа за Ташковски, кои доаѓаат од ФЕИТ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/biljana-angelova-vo-ubedlivo-vodstvo-na-izborite-za-rektor-na-ukim/

Горан Ајдински од Филозофскиот факултет на денешните избори за ректор освои 181 глас од вкупно 1 419 гласачи, 152 гласови за професорот Атанас Кочов и 118 за професорот Дуев.

Гласањето за избор на ректор се одржа на 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ. Од вкупно 1 419 гласачи запишани во Единствениот избирачки список на УКИМ, правото на глас го искористиле 1 251 гласачи, од кои 29 се неважечки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shestmina-kandidati-za-rektor-koj-ke-uspee-da-go-izdigne-ukim-od-akademskoto-dno/

The post Со 392 гласа Билјана Ангелова од Економскиот институт е избрана за ректор на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Билјана Ангелова во убедливо водство на изборите за ректор на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/biljana-angelova-vo-ubedlivo-vodstvo-na-izborite-za-rektor-na-ukim/ Tue, 30 May 2023 16:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=646220

Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и проректорка за финансии, инвестиции и развој, д-р Биљана Ангелова е во убедливо водство на денешните избори за нов ректор на УКИМ, информираат извори од Универзитетската изборна комисија.

Претседателка на Универзитетската изборна комисија (УИК), проф. Родна Живковска претходно за МИА изјави дека гласањето за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на сите 28-те единици - 23 факултети и пет институти, што денеска траеше од 12 до 14 часот, поминало во најдобар ред.

Се поминува во најдобар ред. Единиците пресметуваат и ги вадат поените, ние само ги собираме и ги ставаме поените од сите 28 единици. Чекаме уште физички да ги донесат, инаку се пратени онлајн во табели. Секоја единица си ги пресметува и ни ги праќа по електронски пат и компјутерот ги собира. Веќе имаме електронски, уште физички да ги донесат, рече Живковска.

За еден од шесте кандидати за нов ректор на Скопскиот универзитет за мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година, право да глас имаа 1419 запишани гласачи во Единствениот избирачки список. По составувањето записник, резултатите за гласањето за секој од шесте кандидати ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ.

По објавувањето на резултатите од тајното гласање, ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот). Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати. Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

Избраниот кандидат од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ја извршуваше два мандата.

Покрај Ангелова во трката за ректор се и Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Биљана од Економскиот институт, Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Димитар Ташковски од ФЕИТ.

Ангелова е вработена на Економскиот институт од 1992 година, каде во континуитет ги добива сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006-2008 година била раководител на вториот циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Таа беше и прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт. Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии и на Комисијата за издавачка дејност на УКИМ.

The post Билјана Ангелова во убедливо водство на изборите за ректор на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и проректорка за финансии, инвестиции и развој, д-р Биљана Ангелова е во убедливо водство на денешните избори за нов ректор на УКИМ, информираат извори од Универзитетската изборна комисија. Претседателка на Универзитетската изборна комисија (УИК), проф. Родна Живковска претходно за МИА изјави дека гласањето за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на сите 28-те единици - 23 факултети и пет институти, што денеска траеше од 12 до 14 часот, поминало во најдобар ред.
Се поминува во најдобар ред. Единиците пресметуваат и ги вадат поените, ние само ги собираме и ги ставаме поените од сите 28 единици. Чекаме уште физички да ги донесат, инаку се пратени онлајн во табели. Секоја единица си ги пресметува и ни ги праќа по електронски пат и компјутерот ги собира. Веќе имаме електронски, уште физички да ги донесат, рече Живковска.
За еден од шесте кандидати за нов ректор на Скопскиот универзитет за мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година, право да глас имаа 1419 запишани гласачи во Единствениот избирачки список. По составувањето записник, резултатите за гласањето за секој од шесте кандидати ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ. По објавувањето на резултатите од тајното гласање, ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот). Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати. Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни. Избраниот кандидат од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ја извршуваше два мандата. Покрај Ангелова во трката за ректор се и Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Биљана од Економскиот институт, Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Димитар Ташковски од ФЕИТ. Ангелова е вработена на Економскиот институт од 1992 година, каде во континуитет ги добива сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент. Во периодот 2006-2008 година била раководител на вториот циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Таа беше и прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт. Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии и на Комисијата за издавачка дејност на УКИМ.

The post Билјана Ангелова во убедливо водство на изборите за ректор на УКИМ appeared first on Република.

]]>