проектил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proektil/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 14:48:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проектил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proektil/ 32 32 Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanets-sobiral-pechurki-vo-kolenoto-mu-vlegol-proektil-od-ogneno-oruzhje/ Sun, 19 May 2024 14:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=779851

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

– Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

 

The post Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје appeared first on Република.

]]>

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје. – Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес. Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.  

The post Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје appeared first on Република.

]]>
Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksperti-na-on-soopshtija-deka-vo-harkov-padnal-severnokorejski-proektil/ Mon, 29 Apr 2024 20:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=772380

Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност.

Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје.

Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.

The post Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил appeared first on Република.

]]>

Остатоци од проектил што паднале во украинскиот град Харков на почетокот на јануари се од севернокорејската балистичка ракета од серијата Хвасонг-11, соопштија набљудувачите на Обединетите нации во извештајот доставен до Комитетот на Советот за безбедност. Во извештајот од 32 страници, набљудувачите на санкциите на ОН заклучуваат дека „делови од проектилот што падна во Харков, Украина, на 2 јануари 2024 година потекнуваат од ракетата од серијата Хвасонг-11 на Северна Кореја“ и претставува кршење на севернокорејското ембарго за оружје. Демократска Народна Република Кореја (НДРК) е под санкции на ОН поради нејзините балистички ракети и нуклеарни програми од 2006 година, а тие мерки беа зајакнати со текот на годините.

The post Експерти на ОН соопштија дека во Харков паднал севернокорејски проектил appeared first on Република.

]]>
Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tatkoto-na-devojcheto-povredeno-vo-iranskiot-napad-vrz-izrael-del-od-raketa-padna-vrz-nashata-kuka-vednash-ja-odnesovme-vo-bolnitsa/ Sun, 14 Apr 2024 09:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=765902

Мохамад, татко на седумгодишното девојче кое во текот на изминатата ноќ беше тешко рането кога Израел пресретна ирански проектил, денеска изјави дека врз нивната куќа паднале шрапнели од соборен проектил.

Семејството живеело во бедунинска куќа во градпот Арад.

-Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата „Сорока“ во Бершеба, изјави таткото на повреденото девојче.

Според последните информации таа е тешко повредена.

За потсетување, Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, а Техеран објави дека нападот е извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.

The post Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница appeared first on Република.

]]>

Мохамад, татко на седумгодишното девојче кое во текот на изминатата ноќ беше тешко рането кога Израел пресретна ирански проектил, денеска изјави дека врз нивната куќа паднале шрапнели од соборен проектил. Семејството живеело во бедунинска куќа во градпот Арад. -Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата „Сорока“ во Бершеба, изјави таткото на повреденото девојче. Според последните информации таа е тешко повредена. За потсетување, Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, а Техеран објави дека нападот е извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда.

The post Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drama-na-neboto-nad-donetsk/ Wed, 13 Mar 2024 15:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=754473

Застрашувачкиот момент се случи на небото на Украина кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил.

Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следеше руски борбен авион Су-35С, е погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37.

Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓаше. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов со повикот Ткача.
.

The post Драма на небото над Доњецк appeared first on Република.

]]>

Застрашувачкиот момент се случи на небото на Украина кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил. Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следеше руски борбен авион Су-35С, е погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37. Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓаше. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов со повикот Ткача. .

The post Драма на небото над Доњецк appeared first on Република.

]]>
Најмалку шестмина повредени откако проектил заврши во египетско туристичко одморалиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-shestmina-povredeni-otkako-proektil-zavrshi-vo-egipetsko-turistichko-odmoralishte/ Fri, 27 Oct 2023 07:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=695404

Најмалку шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил утрово погодил здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера.

Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија.

Сè уште не е познато која од завојуваните страни ја истрелала ракетата

The post Најмалку шестмина повредени откако проектил заврши во египетско туристичко одморалиште appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако проектил утрово погодил здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера. Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија. Сè уште не е познато која од завојуваните страни ја истрелала ракетата

The post Најмалку шестмина повредени откако проектил заврши во египетско туристичко одморалиште appeared first on Република.

]]>
Украина истрела проектил и го погоди клучниот мост Чонгар што ги поврзува регионот Херсон и Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-istrela-proektil-i-go-pogodi-kluchniot-most-chongar-shto-gi-povrzuva-regionot-herson-i-krim/ Thu, 22 Jun 2023 07:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=653893

Украина истрела проектил кон мостот Чонгар, кој поврзува делови од областа Херсон, под контрола на Русија, со полуостровот Крим, поради што сообраќајот е пренасочен, изјавија денеска официјални претставници на двата региона назначени од Русија.

Владимир Салдо, гувернер на Херсон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но нема извештаи за жртви.

Тој рече дека во нападот најверојатно биле користени ракети „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow“).

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рече дека експертите ја испитуваат локацијата за да утврдат кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи.

Познат како „порта на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој Русија во 2014 година го припои со копното.

The post Украина истрела проектил и го погоди клучниот мост Чонгар што ги поврзува регионот Херсон и Крим appeared first on Република.

]]>

Украина истрела проектил кон мостот Чонгар, кој поврзува делови од областа Херсон, под контрола на Русија, со полуостровот Крим, поради што сообраќајот е пренасочен, изјавија денеска официјални претставници на двата региона назначени од Русија. Владимир Салдо, гувернер на Херсон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но нема извештаи за жртви. Тој рече дека во нападот најверојатно биле користени ракети „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow“). Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рече дека експертите ја испитуваат локацијата за да утврдат кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи. Познат како „порта на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој Русија во 2014 година го припои со копното.

The post Украина истрела проектил и го погоди клучниот мост Чонгар што ги поврзува регионот Херсон и Крим appeared first on Република.

]]>
Русија: Над Крим е соборен проектил истрелан од територија под украинска контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-nad-krim-e-soboren-proektil-istrelan-od-teritorija-pod-ukrainska-kontrola/ Sat, 08 Apr 2023 14:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=628747

Ракета истрелана од територијата контролирана од Украина е соборена над градот Феодосија на Крим, кој е под руска контрола, соопшти денеска шефот на администрацијата на Крим.

Русија го анектира Крим во 2014 година, откако промосковскиот претседател беше соборен поради масовните улични протести. Киев вети дека ќе го врати полуостровот на Црното Море заедно со остатокот од украинската територија под руска окупација.

Проектил лансиран од Украина беше соборен над Феодосија, напиша Сергеј Аксјонов на Телеграм, но не наведе детали за проектилот.

Феодосија се наоѓа во источниот дел на Крим, и е на речиси 300 километри од најблиската област под украинска контрола. Не е познато дека Киев поседува ракети од тој дострел и засега не соопшти ништо за случајот.

Советникот на Аксјонов, Олег Крјучков, рече дека делови од проектилот паднале врз градот на Крим, но оти нема информации за штети или жртви, јави руската новинска агенција Тасс.

Руските власти на Крим претходно ги обвинија украинските сили за напади со дронови, но Киев се воздржува од преземање одговорност.

Американските ракети Химарс што ги користи Украина имаат дострел од 80 километри. Вашингтон вети испорака на наведувачки паметни бомби ГЛСДБ со дострел од 150 километри, но Киев сè уште не потврдил дека ги примил.

Русија на крајот од минатиот месец соопшти дека за првпат соборила проектил ГЛСДБ истрелан од украинските сили, но не ја откри локацијата.

The post Русија: Над Крим е соборен проектил истрелан од територија под украинска контрола appeared first on Република.

]]>

Ракета истрелана од територијата контролирана од Украина е соборена над градот Феодосија на Крим, кој е под руска контрола, соопшти денеска шефот на администрацијата на Крим. Русија го анектира Крим во 2014 година, откако промосковскиот претседател беше соборен поради масовните улични протести. Киев вети дека ќе го врати полуостровот на Црното Море заедно со остатокот од украинската територија под руска окупација.
Проектил лансиран од Украина беше соборен над Феодосија, напиша Сергеј Аксјонов на Телеграм, но не наведе детали за проектилот.
Феодосија се наоѓа во источниот дел на Крим, и е на речиси 300 километри од најблиската област под украинска контрола. Не е познато дека Киев поседува ракети од тој дострел и засега не соопшти ништо за случајот. Советникот на Аксјонов, Олег Крјучков, рече дека делови од проектилот паднале врз градот на Крим, но оти нема информации за штети или жртви, јави руската новинска агенција Тасс. Руските власти на Крим претходно ги обвинија украинските сили за напади со дронови, но Киев се воздржува од преземање одговорност. Американските ракети Химарс што ги користи Украина имаат дострел од 80 километри. Вашингтон вети испорака на наведувачки паметни бомби ГЛСДБ со дострел од 150 километри, но Киев сè уште не потврдил дека ги примил. Русија на крајот од минатиот месец соопшти дека за првпат соборила проектил ГЛСДБ истрелан од украинските сили, но не ја откри локацијата.

The post Русија: Над Крим е соборен проектил истрелан од територија под украинска контрола appeared first on Република.

]]>
Зеленски контра САД и НАТО: Нема сомнеж дека проектилот што ја погоди Полска не беше украински https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-kontra-sad-i-nato-nema-somnez-deka-proektilot-shto-ja-pogodi-polska-ne-beshe-ukrainski/ Wed, 16 Nov 2022 19:06:05 +0000 https://republika.mk/?p=574648

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „нема сомнеж оти проектилот што ја предизвика експлозијата во Полска не бил украински“, пренесе агенцијата Интерфакс.

Зеленски додаде дека Украина „мора да има пристап“ до местото каде што загинаа двете лица, а четворица беа повредени.

Неговите коментари доаѓаат откако од Полска, САД и НАТО соопштија дека Полска „најверојатно“ била погодена од украинска ракета за против воздушна одбрана, но дека „нема индикации“ дека станува збор за намерен напад.

https://republika.mk/vesti/svet/bajden-proektilite-vo-polska-verojatno-ne-se-istrelani-od-rusija-2/

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, изјави дека Киев има докази за „руска трага“ во експлозијата во источна Полска за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за против воздушна одбрана.

Сепак, полскиот премиер Матеуш Маровјетци, изјави дека „не може да се исклучи дека нападот, на четири милји од украинската граница, бил провокација“.

Не можеме да исклучиме дека гранатирањето во близина на границата е намерна провокација направена со надеж дека таквата ситуација може да ескалира, изјави Моравјецки.

https://republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-andzej-duda-proektilot-shto-padna-vrz-polska-verojatno-bil-koristen-od-ukrainskata-vozdushna-odbrana/

The post Зеленски контра САД и НАТО: Нема сомнеж дека проектилот што ја погоди Полска не беше украински appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „нема сомнеж оти проектилот што ја предизвика експлозијата во Полска не бил украински“, пренесе агенцијата Интерфакс. Зеленски додаде дека Украина „мора да има пристап“ до местото каде што загинаа двете лица, а четворица беа повредени. Неговите коментари доаѓаат откако од Полска, САД и НАТО соопштија дека Полска „најверојатно“ била погодена од украинска ракета за против воздушна одбрана, но дека „нема индикации“ дека станува збор за намерен напад. https://republika.mk/vesti/svet/bajden-proektilite-vo-polska-verojatno-ne-se-istrelani-od-rusija-2/ Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, изјави дека Киев има докази за „руска трага“ во експлозијата во источна Полска за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за против воздушна одбрана. Сепак, полскиот премиер Матеуш Маровјетци, изјави дека „не може да се исклучи дека нападот, на четири милји од украинската граница, бил провокација“.
Не можеме да исклучиме дека гранатирањето во близина на границата е намерна провокација направена со надеж дека таквата ситуација може да ескалира, изјави Моравјецки.
https://republika.mk/vesti/svet/polskiot-pretsedatel-andzej-duda-proektilot-shto-padna-vrz-polska-verojatno-bil-koristen-od-ukrainskata-vozdushna-odbrana/

The post Зеленски контра САД и НАТО: Нема сомнеж дека проектилот што ја погоди Полска не беше украински appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-go-istrela-najmokjniot-proektil-od-2017-ta/ Sun, 30 Jan 2022 21:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=451689

Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје.

Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје.

Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции.

Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили.

„Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот“, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“.

Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“.

„Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap.

Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии.

Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот.

Северна Кореја во јануари двапати тестираше и хиперсонични проектили и четири пати лансираше блаистички и крстосувачки проектили со кус дострел. Тамошните државни медиуми минатата седмица објавија фотографии од Ким во обиколка на „важна“ фабрика за муниција којашто произведува „голем систем на оружје“.

„Ким го контролираше својот апетит за тестирање и провокации. Но времето созреа, а продолжувањето на севернокорејското истрелување ракети претставува само уште еден предизвик во веќе и онака големата палета надворешнополитички предизвици за Вашингтон“, вели за AFP, Су Ким, аналитичарка на „RAND Corporation“.

„Намерата на овие тестирања е и да го потстети светот дека режимот на Ким ги слуша надворешните дискусии за своите домашни слабости. Сака да ги потсети Вашингтон и Сеул дека би бил прескап обидот за негово соборување“, вели Лејф Исли, професор од Универзитетот Ихва.

Серијата лансирање на самиот почеток од 2022 година се одвива во деликатен момент за регионот. Единствениот и главниот сојузник на изолираната Северан Кореја, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот од февруари, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори во март.

На домашен план, пак, Северна Кореја во февраури се подготвува да ја прослави 80-годишнината од лидер Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг-ун, како и 110-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичката земја Ким Ил Сунг, неговиот дедо, во април.

Како одговор на написите во странските медиуми за сѐ поголемите цени на храната и сѐ поголемата глад, економски руинираниот од меѓународните санкции Пјонгјанг неодмана повторни ја започна прекуграничната трговија со соседна Кина. Сојузникот Пекинг, со поддршка на Русија, во јануари блокираа во Советот за безбедност на ОН воведување дополнителни санкци за Северна Кореја поради хуманитарни причини, поради неодамнешните тестирања проектили.

The post Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја во неделата го тестираше својот најмоќен проектил од 2017 година, што беше рекордното седмо лансирање во јануари, поради што Јужна Кореја предупреди дека следниот чекор на Пјонгјанг би можело да биде тестирање ракета со долг дострел и нуклеарно оружје. Северна Кореја никогаш досега не лансирал толку проектили во еден календарски месец, а минатата седмица се закани дека ќе се откаже од речиси петгодишниот самонаметнат мораториум на тестирање на проектили со долг дострел и нуклеарно оружје. Имајќи предвид дека преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со САД, Северна Кореја ги удвоила напорите да го оствари ветувањето на водачот Ком Џонг-ун дека ќе ги модернизира вооружените сили, а Пјонгјанг покажува пркос и покрај големите децениски меѓународни санкции. Јужна Кореја објави во неделата дека се чини дека Северна Кореја следела „сличен образец“ како и во 2017 година, кога тензиите на полуостровот беа на врвот и предупредија дека Пјонгјанг наскоро би можел да започне со тестирањето на нуклеарни и интерконтинентални проектили. „Северна Кореја се приближи до уништувањето на декларацијата за мораториумот“, соопшти јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а јужнокорејската армија објави дека „забележала балистичка ракета со среден дострел истрелана под висок агол источно кон Источното Море“. Портпаролот на јапонската влада, Хироказу Матсуно, во неделата рече дека балистичката ракета била со „среден или поголем дострел“. „Максималната брзина на ракетаа тестирана во неделаа била приближно М=16, односно речиси 16 пати поголема од брзината на звукот. Разузнавачките агенции на Јужна Кореја и САД веруваат дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел“, изјвил за новинарите во Сеул информиран извор од јужнокорејската восјка кој сакал да остане анонимен, пренесе агенцијата Yonhap. Нагорната траекторија вклучува истрелување на проектил под голем агол, а не со полн дострел. Се преоценува дека оваа балистичка рекета достигнала максимална височина од 2.000 километри и летела околу 800 километри половина час, според процените на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Тоа укажува на тоа дека Пјонгјанг можеби ја тестирал својата „прва балистичка ракета со среден дострел (IRBM) од 2017 година“, напиша на Twitter Џозеф Демпси, аналитичар на Меѓународнито институт за стратешки студии. Последен пат Пјонгјанг тестираше таква ракета во 2017 година, кога „Хвасонг-12“ прелета 787 километри, а се искачи на височина од 2.111 километри. Аналитичарите тогаш оценија дека траекторијата упатува на тоа дека проектилот би можел да прелета околу 4.500 километри доколку бил истрелан на балистичка траекторија која го зголемува дострелот, а со тоа стратешката американска пацифичка база на Гуам би била во дострелот. Северна Кореја во јануари двапати тестираше и хиперсонични проектили и четири пати лансираше блаистички и крстосувачки проектили со кус дострел. Тамошните државни медиуми минатата седмица објавија фотографии од Ким во обиколка на „важна“ фабрика за муниција којашто произведува „голем систем на оружје“. „Ким го контролираше својот апетит за тестирање и провокации. Но времето созреа, а продолжувањето на севернокорејското истрелување ракети претставува само уште еден предизвик во веќе и онака големата палета надворешнополитички предизвици за Вашингтон“, вели за AFP, Су Ким, аналитичарка на „RAND Corporation“. „Намерата на овие тестирања е и да го потстети светот дека режимот на Ким ги слуша надворешните дискусии за своите домашни слабости. Сака да ги потсети Вашингтон и Сеул дека би бил прескап обидот за негово соборување“, вели Лејф Исли, професор од Универзитетот Ихва. Серијата лансирање на самиот почеток од 2022 година се одвива во деликатен момент за регионот. Единствениот и главниот сојузник на изолираната Северан Кореја, Кина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри на почетокот од февруари, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори во март. На домашен план, пак, Северна Кореја во февраури се подготвува да ја прослави 80-годишнината од лидер Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг-ун, како и 110-годишнината од раѓањето на основачот на комунистичката земја Ким Ил Сунг, неговиот дедо, во април. Како одговор на написите во странските медиуми за сѐ поголемите цени на храната и сѐ поголемата глад, економски руинираниот од меѓународните санкции Пјонгјанг неодмана повторни ја започна прекуграничната трговија со соседна Кина. Сојузникот Пекинг, со поддршка на Русија, во јануари блокираа во Советот за безбедност на ОН воведување дополнителни санкци за Северна Кореја поради хуманитарни причини, поради неодамнешните тестирања проектили.

The post Северна Кореја го истрела најмоќниот проектил од 2017-та appeared first on Република.

]]>