проекции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proekcii/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 18:52:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проекции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proekcii/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-da-rabotime-za-da-ja-nadmineme-proektsijata-na-svetska-banka-za-makedonskata-ekonomija/ Fri, 25 Oct 2024 19:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=831078

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека се легитимни проекциите за македоската економија од Светска банка бидејќи во минатото имавме многу ниски стапки на раст на БДП и порачува да покажеме дека работиме за СБ да ги исправи своите проекции. Уверува дека државата ќе го оствари планираното ниво на растот на економијата  од 2,1 процент до крајот на годинава и е оптимист дека можеби и ќе се надмине.

При учеството на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, во интервју за ТВ Сител, министерката рече дека очекувањата за растот ги темели на раздвижувањето на работите на коридорите 8 и 10, инфраструктурните проекти на општините со финансиска поддршка од Владата...

– Ние нашата проекција си ја кажавме со ребалансот на Буџетот, а тоа е 2,1 процент и остануваме на тоа, дури сум и повеќе оптимист да кажам дека можеби на крајот ќе бидеме и над 2,1 процент раст на БДП. Ова го темелиме на фактот дека сите институции работат и еве, ако некој некого му било спорно дека Коридорот 8 и Коридорот 10д не се работи сега во изминатиот период, барем во комуникација сум постојано со министерот за транспорт, многу активно работи, и тука имаме веќе реализација, имаме раздвижување. Инфраструктурните проекти на општините исто така повикот се продолжи со цел што повеќе општини да се опфатат, но и тој ќе почне да се реализира и мислам дека како резултат на ова ќе има раст.  Легитимно е и тоа што Светската банка го проектира затоа што нивните проекции ги темелат и на минатото и на искуството од минатото, а во минатото ние навистина имавме многу ниски стапки на раст на БДП. Сега СБ кога го гледа тоа легитимно е и поконзервативно сценарио да има во однос на растот. Зошто би ни верувала? Треба да покажеме дека работиме за да може да ги исправи своите проекции.  Јас велам да не зборувам многу, да работиме и да покажеме дека навистина ќе ја надминеме нивната проекција за 2024 година, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Посочува оти секое поголемо ниво на раст на БДП на среден рок ќе го намали јавниот долг.

- Доколку станува збор за задолжување кое што ќе подразбере дека парите ќе се инвестираат и ќе додадат некоја вредност на економијата тогаш апсолутно на краток рок вие ќе бидете со поголемо ниво на јавен долг, но на среден рок кога ќе имаме поголем раст на економијата и тогаш се очекува намалување на јавниот долг.  Имајќи предвид дека последните задолжувања коишто, или последното големо задолжување кое што го направивме како Влада е насочено кон инфраструктурни проекти, кон проекти за општините, кон поддршка на стопанството очекувам дека на некој среден рок иако и за 2025 дефинитивно имаме проекции над 3,5 проценти, односно 3,7 проценти раст на БДП и сега гледано од аспект на глобалната економија и на она што се случува во Германија и на политиките на Владата насочени кон инвестиција, не потрошувачка, повеќе од јасно кажуваат дека ќе можеме да го оствариме тоа ниво на раст кое што ни е планирано, а секое поголемо ниво на раст на БДП дефинитивно на некој среден рок ќе даде намалување на јавниот долг, рече Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека откако е министерка за финансии има помали износи на буџетскиот дефицит во однос на првите месеци од годината, притоа во услови на избори.

- Вообичаено е во период на избори се е заглавено, ништо не функционира, ама и во тоа се е заглавено и ништо не функционира поприлично големи буџетски дефицити сме имале, што значи дека состојбата ја контролираме. Притоа не гледам од аспект само на расходна страна, на приходна страна со она што го прави Царината, со она што прави УЈП во однос на поголема наплата, така што ќе се стабилизира. Треба време затоа што ако во изминатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и притоа сте носеле мерки, сте подддржувале инвестиции коишто во моментот никаков апсолутно резултат не даваат затоа што сте ги давале парите не сте контролирале дали тие компании на коишто сте им дале навистина инвестирале имаат некое зголемено производство, додадена вредност итн., легитимно односно се случува еве ова што се случува сега имаме уште поголеми задолжувања барем во планот како што им беше за следната година буџетскиот дефицит веќе е проектиран на пониско ниво од оваа година, така што ќе го консолидираме, но не може се преку ноќ и доколку сакаме инвестиции нормално е дека ќе треба да одиме со задолжувања. Секогаш, пак ќе кажам, приоритетно треба да биде тие задолжувања да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП или ќе имаме раст. Како расте повеќе БДП во однос на задолжувања така и јавниот долг ќе се намалува, наведе министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека се легитимни проекциите за македоската економија од Светска банка бидејќи во минатото имавме многу ниски стапки на раст на БДП и порачува да покажеме дека работиме за СБ да ги исправи своите проекции. Уверува дека државата ќе го оствари планираното ниво на растот на економијата  од 2,1 процент до крајот на годинава и е оптимист дека можеби и ќе се надмине. При учеството на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, во интервју за ТВ Сител, министерката рече дека очекувањата за растот ги темели на раздвижувањето на работите на коридорите 8 и 10, инфраструктурните проекти на општините со финансиска поддршка од Владата...
– Ние нашата проекција си ја кажавме со ребалансот на Буџетот, а тоа е 2,1 процент и остануваме на тоа, дури сум и повеќе оптимист да кажам дека можеби на крајот ќе бидеме и над 2,1 процент раст на БДП. Ова го темелиме на фактот дека сите институции работат и еве, ако некој некого му било спорно дека Коридорот 8 и Коридорот 10д не се работи сега во изминатиот период, барем во комуникација сум постојано со министерот за транспорт, многу активно работи, и тука имаме веќе реализација, имаме раздвижување. Инфраструктурните проекти на општините исто така повикот се продолжи со цел што повеќе општини да се опфатат, но и тој ќе почне да се реализира и мислам дека како резултат на ова ќе има раст.  Легитимно е и тоа што Светската банка го проектира затоа што нивните проекции ги темелат и на минатото и на искуството од минатото, а во минатото ние навистина имавме многу ниски стапки на раст на БДП. Сега СБ кога го гледа тоа легитимно е и поконзервативно сценарио да има во однос на растот. Зошто би ни верувала? Треба да покажеме дека работиме за да може да ги исправи своите проекции.  Јас велам да не зборувам многу, да работиме и да покажеме дека навистина ќе ја надминеме нивната проекција за 2024 година, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Посочува оти секое поголемо ниво на раст на БДП на среден рок ќе го намали јавниот долг.
- Доколку станува збор за задолжување кое што ќе подразбере дека парите ќе се инвестираат и ќе додадат некоја вредност на економијата тогаш апсолутно на краток рок вие ќе бидете со поголемо ниво на јавен долг, но на среден рок кога ќе имаме поголем раст на економијата и тогаш се очекува намалување на јавниот долг.  Имајќи предвид дека последните задолжувања коишто, или последното големо задолжување кое што го направивме како Влада е насочено кон инфраструктурни проекти, кон проекти за општините, кон поддршка на стопанството очекувам дека на некој среден рок иако и за 2025 дефинитивно имаме проекции над 3,5 проценти, односно 3,7 проценти раст на БДП и сега гледано од аспект на глобалната економија и на она што се случува во Германија и на политиките на Владата насочени кон инвестиција, не потрошувачка, повеќе од јасно кажуваат дека ќе можеме да го оствариме тоа ниво на раст кое што ни е планирано, а секое поголемо ниво на раст на БДП дефинитивно на некој среден рок ќе даде намалување на јавниот долг, рече Димитриеска-Кочоска.
Истакна дека откако е министерка за финансии има помали износи на буџетскиот дефицит во однос на првите месеци од годината, притоа во услови на избори.
- Вообичаено е во период на избори се е заглавено, ништо не функционира, ама и во тоа се е заглавено и ништо не функционира поприлично големи буџетски дефицити сме имале, што значи дека состојбата ја контролираме. Притоа не гледам од аспект само на расходна страна, на приходна страна со она што го прави Царината, со она што прави УЈП во однос на поголема наплата, така што ќе се стабилизира. Треба време затоа што ако во изминатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и притоа сте носеле мерки, сте подддржувале инвестиции коишто во моментот никаков апсолутно резултат не даваат затоа што сте ги давале парите не сте контролирале дали тие компании на коишто сте им дале навистина инвестирале имаат некое зголемено производство, додадена вредност итн., легитимно односно се случува еве ова што се случува сега имаме уште поголеми задолжувања барем во планот како што им беше за следната година буџетскиот дефицит веќе е проектиран на пониско ниво од оваа година, така што ќе го консолидираме, но не може се преку ноќ и доколку сакаме инвестиции нормално е дека ќе треба да одиме со задолжувања. Секогаш, пак ќе кажам, приоритетно треба да биде тие задолжувања да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП или ќе имаме раст. Како расте повеќе БДП во однос на задолжувања така и јавниот долг ќе се намалува, наведе министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија appeared first on Република.

]]>
Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/omnibus-od-chetiri-kratki-animirani-filmovi-inspirirani-od-chetiri-pesni-od-makedonskiot-poet-atso-shopov-deneska-na-sinedejs/ Sun, 14 Jul 2024 07:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=796553

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк
Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила.

20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре
Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ.

19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина
Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина.

21:30 „Not-being“ Omnibus
(MK Short) Кино Фросина
Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина
Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла.

21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор
По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.

 

 

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови: 20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила. 20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ. 19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина. 21:30 „Not-being“ Omnibus (MK Short) Кино Фросина Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор. 21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла. 21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.     Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vishegradska-grupa-v4-filmski-vecheri-vo-kinoteka-invalid-na-jonas-karasek-i-ploshtad-moskva-na-ferents-torok-za-kraj-na-manifestatsijata/ Fri, 12 Apr 2024 07:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=765242

Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата ПРАЗНИ ШИШИЊА, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот СТУДЕНА ВОЈНА на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите ИНВАЛИД на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и ПЛОШТАД МОСКВА на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април.

Сите проекции се бесплатни за сите посетители.

12 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч

ИНВАЛИД

(Invalid)

Игран филм, Словачка

2023, 112 мин, ДЦП

Режија: Јонас Карасек (Jonas Karasek)

Сценарио: Томаш Душичка (Tomáš Dušička)

Улоги: Грегор Холоска, Зденек Годла, Хелена Крајциова (Gregor Holoska, Zdenek Godla, Helena Krajciová)

 

Лако е некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива.

Приказната на филмот се одвива во времето пред влезот на Словачка во Европската унија и се соочува со сè уште актуелните теми на расизам, депресија, семејно насилство и нефункционален систем преку навидум едноставна приказна за работник за одржување во потрага по правда кој одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија и откривајќи врски на пријателство на најнеочекуваните места.

13 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч

ПЛОШТАД МОСКВА

(Moszkva tér)

Игран филм, Унгарија

2001, 89 мин, ДЦП

Режија:   (Ferenc Török)

Сценарио: Ференц Торок (Ferenc Török)

Улоги: Габор Караљош, Естер Бала, Ерзи Папаи (Gábor Karalyos, Eszter Balla, Erzsi Pápai)

Директор на фотографија: Даниел Гараш (Dániel Garas)

 

1989 година е една од најбитните години за земјите во Источна Европа. Во тогашна Унгарија, неколку адолесценти воопшто не се интересираат за клучните промени во нивната средина. Напротив, продолжуваат понатаму со секојдневниот живот, запознавајќи девојки, дружејќи се на забави, излегувајќи речиси секоја вечер, препишувајќи на матурските испити. Секојдневието навидум продолжува, но ништо повеќе нема да биде како што било.

ПЛОШТАДОТ МОСКВА е првиот долгометражен проект на унгарскиот филмаџија Ференц Торок, еден од попознатите средноевропски филмски дејци. На почетокот на двеилјадитите токму ова остварување се закити со националната награда за дебитантски филм на Унгарскиот филмски фестивал. Торок е активен член и на Европската филмска академија.

Директор на фотографија на ова остварување е унгарскиот фотограф и снимател Даниел Гараш, инаку редовен соработник на режисерот Торок. Во неговата филмографија се запишани и повеќе кратки филмови, музички видеа и промотивни клипови за познати светски фирми и брендови.

 

The post Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата appeared first on Република.

]]>

Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група. Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата ПРАЗНИ ШИШИЊА, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот СТУДЕНА ВОЈНА на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите ИНВАЛИД на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и ПЛОШТАД МОСКВА на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април. Сите проекции се бесплатни за сите посетители. 12 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч ИНВАЛИД (Invalid) Игран филм, Словачка 2023, 112 мин, ДЦП Режија: Јонас Карасек (Jonas Karasek) Сценарио: Томаш Душичка (Tomáš Dušička) Улоги: Грегор Холоска, Зденек Годла, Хелена Крајциова (Gregor Holoska, Zdenek Godla, Helena Krajciová)   Лако е некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива. Приказната на филмот се одвива во времето пред влезот на Словачка во Европската унија и се соочува со сè уште актуелните теми на расизам, депресија, семејно насилство и нефункционален систем преку навидум едноставна приказна за работник за одржување во потрага по правда кој одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија и откривајќи врски на пријателство на најнеочекуваните места. 13 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч ПЛОШТАД МОСКВА (Moszkva tér) Игран филм, Унгарија 2001, 89 мин, ДЦП Режија:   (Ferenc Török) Сценарио: Ференц Торок (Ferenc Török) Улоги: Габор Караљош, Естер Бала, Ерзи Папаи (Gábor Karalyos, Eszter Balla, Erzsi Pápai) Директор на фотографија: Даниел Гараш (Dániel Garas)   1989 година е една од најбитните години за земјите во Источна Европа. Во тогашна Унгарија, неколку адолесценти воопшто не се интересираат за клучните промени во нивната средина. Напротив, продолжуваат понатаму со секојдневниот живот, запознавајќи девојки, дружејќи се на забави, излегувајќи речиси секоја вечер, препишувајќи на матурските испити. Секојдневието навидум продолжува, но ништо повеќе нема да биде како што било. ПЛОШТАДОТ МОСКВА е првиот долгометражен проект на унгарскиот филмаџија Ференц Торок, еден од попознатите средноевропски филмски дејци. На почетокот на двеилјадитите токму ова остварување се закити со националната награда за дебитантски филм на Унгарскиот филмски фестивал. Торок е активен член и на Европската филмска академија. Директор на фотографија на ова остварување е унгарскиот фотограф и снимател Даниел Гараш, инаку редовен соработник на режисерот Торок. Во неговата филмографија се запишани и повеќе кратки филмови, музички видеа и промотивни клипови за познати светски фирми и брендови.  

The post Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата appeared first on Република.

]]>
The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време https://arhiva3.republika.mk/scena/film/the-walk-patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-se-prikazha-na-dva-evropski-festivali-vo-isto-vreme/ Wed, 20 Mar 2024 10:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=756672

Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на филмови кои се борат за човекови права. Секоја година, паралелно со главниот собир на Советот за човекови права на Обединетите Нации, фестивалот презентира филмови и одржува жестоки дебати за различни социјални борби и критикуваат насилство врз човечкиот род. На премиерата во Женева беше присутна режисерката Тамара Котевска и директорот на фотографија Жан Дакар со активно учествуво на дебатите поврзани со бегалските кризи и правата на бегалците кризните подрачја ширум светот.

Во исто време филмот имаше рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа: CPH:DOX во Копенхаген, Данска, како дел од програмата Highlights. На премиерата во Копенхаген беше присутен кинематографот Самир Љума. Токму филмот „Патување пеш” на Тамара Котевска е избран за специјална проекција после која следеше отворена дебата поддржана од организацијата на Обединетите Нации, со високи претставници на повеќе организации за правата на бегалците ширум светот, меѓу кои UNHCR, Црвениот крст и Данскиот институт за човекови права.

Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во САД – DOC NYC во Њујорк во ноември минатата година. Тоа е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 год.

„Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска,  се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е „Grain Media“, една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

The post The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Најпрво, филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH,  каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, FIFDH е посветен на промоција на филмови кои се борат за човекови права. Секоја година, паралелно со главниот собир на Советот за човекови права на Обединетите Нации, фестивалот презентира филмови и одржува жестоки дебати за различни социјални борби и критикуваат насилство врз човечкиот род. На премиерата во Женева беше присутна режисерката Тамара Котевска и директорот на фотографија Жан Дакар со активно учествуво на дебатите поврзани со бегалските кризи и правата на бегалците кризните подрачја ширум светот. Во исто време филмот имаше рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од А Категорија во Европа: CPH:DOX во Копенхаген, Данска, како дел од програмата Highlights. На премиерата во Копенхаген беше присутен кинематографот Самир Љума. Токму филмот „Патување пеш” на Тамара Котевска е избран за специјална проекција после која следеше отворена дебата поддржана од организацијата на Обединетите Нации, со високи претставници на повеќе организации за правата на бегалците ширум светот, меѓу кои UNHCR, Црвениот крст и Данскиот институт за човекови права. Филмот „Патување пеш“ ја имаше својата светска премиера на најголемиот фестивал за документарни филмови во САД – DOC NYC во Њујорк во ноември минатата година. Тоа е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 год. „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска,  се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е „Grain Media“, една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови, македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

The post The Walk (Патување пеш) на Тамара Котевска се прикажа на два европски фестивали во исто време appeared first on Република.

]]>
„Вивид“ – Студентска изложба и филмски проекции во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vivid-studentska-izlozhba-i-filmski-proektsii-vo-javna-soba/ Sat, 24 Feb 2024 11:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=747785

Во сабота на 24 февруари во 20:00 часот, во (Јавна соба), ќе се одржи завршната изложба на студентите од „SKALA School – Џолев и уметностите“ од курсевите: Фотографија, Цртање и сликање, Кроење и шиење и проекција на кратки филмски етиди од Обуката за Филмски актер.

Време е да ги нахраниш сетилата со нови вивидни визулени искуства- дојди на нашата завршна изложба на курсеви и обуки за возрасни и млади.

 

Биди дел од спојот на автентични дела и проследи ја заедно со нас креативната авантура од 24 сезона на курсеви во 2024 година.

Вечерта ќе бидат доделени и сертификати од страна на менторите за XXIV сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од октомври 2023 до јануари 2024 година.

The post „Вивид“ – Студентска изложба и филмски проекции во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота на 24 февруари во 20:00 часот, во (Јавна соба), ќе се одржи завршната изложба на студентите од „SKALA School – Џолев и уметностите“ од курсевите: Фотографија, Цртање и сликање, Кроење и шиење и проекција на кратки филмски етиди од Обуката за Филмски актер. Време е да ги нахраниш сетилата со нови вивидни визулени искуства- дојди на нашата завршна изложба на курсеви и обуки за возрасни и млади.   Биди дел од спојот на автентични дела и проследи ја заедно со нас креативната авантура од 24 сезона на курсеви во 2024 година. Вечерта ќе бидат доделени и сертификати од страна на менторите за XXIV сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од октомври 2023 до јануари 2024 година.

The post „Вивид“ – Студентска изложба и филмски проекции во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
„Сенката на Караваџо“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/senkata-na-karavadho-deneska-vo-kinoteka/ Tue, 20 Feb 2024 14:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=746175

20 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК) 18:00ч

СЕНКАТА НА КАРАВАЏО
(L’Ombra di Caravaggio)
Игран филм, Италија, Франција
2022, 120 мин., колор, ДЦП
Режија: Микеле Пласидо (Michele Placido)
Сценарио: Сандро Петралја, Микеле Пласидо, Фидел Сињориле (Sandro Petraglia, Michele Placido, Fidel Signorile)
Улоги: Рикардо Скамарцио, Изабел Ипер, Луј Гарел, Микаела Рамацоти, Марио Молинари, Виникио Марчиони, Лолита Чама, Мони Овадиа (Riccardo Scamarcio, Isabelle Huppert, Louis Garrel, Micaela Ramazzotti, Mario Molinari, Vinicio Marchioni, Lolita Chammah, Moni Ovadia)

Италија во 1610 година. Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако е информиран дека во своите дела Караваџо прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V ѝ наредува на тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот. Папата треба одлучи дали да го помилува сликарот затоа што Караваџо го побарал тоа откако бил осуден на смрт за убиство на својот љубовен ривал. Истражувачот, познат како Сенка, започнува истрага што ќе го наведе да ги открие пороците и доблестите на уметникот чиј живот го држи во свои раце.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

20 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК) 20:00ч

ЖИВЕЕМЕ
(We the Living)
Игран филм, Италија
1942, 172 мин., колор, ДЦП
Режија: Гофредо Алесандрини (Goffredo Alessandrini)
Сценарио: Корадо Алваро, Орио Вергани, Антон Џулио Мајано, Гофредо Алесандрини, Оресте Бјанколи (Corrado Alvaro, Orio Vergani, Anton Giulio Majano, Goffredo Alessandrini, Oreste Biancoli)
Улоги: Алида Вали, Розано Брази, Фоско Џакети (Alida Valli, Rossano Brazzi, Fosco Giachetti)

Филмот „Живееме“ е заснован на истоимениот роман од 1936 година на познатaтa американскa филозофкa и писателкa со руско потекло, Ајн Ранд. Станува збор за романтична воена драма, сместена во болшевичка Русија, по Октомвриската револуција. Кира Аргунова, храбра млада девојка од богато семејство која сака да стане инженер, отворено ги искажува своите антикомунистички ставови и им пркоси на новите власти. Таа го запознава младиот бегалец Лео Коваленски, кој се крие од тајната полиција. Двајцата се вљубуваат и заедно тргнуваат во жестока борба да преживеат под бездушниот, угнетувачки систем. Кога еден агент на советската тајна полиција, исто така, се вљубува во Кира, животите на сите тројца се испреплетуваат и се движат кон катастрофа.
Романот на Ајн Ранд е базиран на нејзините лични искуства во турбулентните години по Руската револуција. Номинално антикомунистичкиот, но де факто антиавторитарен филм, ЖИВЕЕМЕ е снимен во Италија за време на Втората светска војна. Меѓутоа, филмот е забранет од фашистичката влада на Мусолини и повлечен од кино репертоарите. Филмот беше изгубен и заборавен со децении, а потоа пронајден и обновен со учество на Ранд.
Ова не е само приказна за политиката туку и приказ за тоа што диктатурата – од кој било вид – им прави на луѓето.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post „Сенката на Караваџо“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

20 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК) 18:00ч СЕНКАТА НА КАРАВАЏО (L’Ombra di Caravaggio) Игран филм, Италија, Франција 2022, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Микеле Пласидо (Michele Placido) Сценарио: Сандро Петралја, Микеле Пласидо, Фидел Сињориле (Sandro Petraglia, Michele Placido, Fidel Signorile) Улоги: Рикардо Скамарцио, Изабел Ипер, Луј Гарел, Микаела Рамацоти, Марио Молинари, Виникио Марчиони, Лолита Чама, Мони Овадиа (Riccardo Scamarcio, Isabelle Huppert, Louis Garrel, Micaela Ramazzotti, Mario Molinari, Vinicio Marchioni, Lolita Chammah, Moni Ovadia) Италија во 1610 година. Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако е информиран дека во своите дела Караваџо прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V ѝ наредува на тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот. Папата треба одлучи дали да го помилува сликарот затоа што Караваџо го побарал тоа откако бил осуден на смрт за убиство на својот љубовен ривал. Истражувачот, познат како Сенка, започнува истрага што ќе го наведе да ги открие пороците и доблестите на уметникот чиј живот го држи во свои раце. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари   20 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК) 20:00ч ЖИВЕЕМЕ (We the Living) Игран филм, Италија 1942, 172 мин., колор, ДЦП Режија: Гофредо Алесандрини (Goffredo Alessandrini) Сценарио: Корадо Алваро, Орио Вергани, Антон Џулио Мајано, Гофредо Алесандрини, Оресте Бјанколи (Corrado Alvaro, Orio Vergani, Anton Giulio Majano, Goffredo Alessandrini, Oreste Biancoli) Улоги: Алида Вали, Розано Брази, Фоско Џакети (Alida Valli, Rossano Brazzi, Fosco Giachetti) Филмот „Живееме“ е заснован на истоимениот роман од 1936 година на познатaтa американскa филозофкa и писателкa со руско потекло, Ајн Ранд. Станува збор за романтична воена драма, сместена во болшевичка Русија, по Октомвриската револуција. Кира Аргунова, храбра млада девојка од богато семејство која сака да стане инженер, отворено ги искажува своите антикомунистички ставови и им пркоси на новите власти. Таа го запознава младиот бегалец Лео Коваленски, кој се крие од тајната полиција. Двајцата се вљубуваат и заедно тргнуваат во жестока борба да преживеат под бездушниот, угнетувачки систем. Кога еден агент на советската тајна полиција, исто така, се вљубува во Кира, животите на сите тројца се испреплетуваат и се движат кон катастрофа. Романот на Ајн Ранд е базиран на нејзините лични искуства во турбулентните години по Руската револуција. Номинално антикомунистичкиот, но де факто антиавторитарен филм, ЖИВЕЕМЕ е снимен во Италија за време на Втората светска војна. Меѓутоа, филмот е забранет од фашистичката влада на Мусолини и повлечен од кино репертоарите. Филмот беше изгубен и заборавен со децении, а потоа пронајден и обновен со учество на Ранд. Ова не е само приказна за политиката туку и приказ за тоа што диктатурата – од кој било вид – им прави на луѓето. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post „Сенката на Караваџо“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Опенхајмер“ од денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/openhajmer-od-deneska-vo-kinoteka/ Thu, 24 Aug 2023 09:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=675268

Филмскиот хит „Опенхајмер“ од денеска е на програма на Кинотека. Од таму информираат дека следниве три дена ( 24, 25 и 26 август) со почеток во 20:00 чaсот ќе може да се погледне проекцијата на последното филмско остварување на Кристофер Нолан.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.

The post „Опенхајмер“ од денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Филмскиот хит „Опенхајмер“ од денеска е на програма на Кинотека. Од таму информираат дека следниве три дена ( 24, 25 и 26 август) со почеток во 20:00 чaсот ќе може да се погледне проекцијата на последното филмско остварување на Кристофер Нолан.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.

The post „Опенхајмер“ од денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Филмови на Дејвид Рајкер во Кинотека, режисерот ќе присуствува на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmovi-na-dejvid-rajker-vo-kinoteka-rezhiserot-ke-prisustvuva-na-proektsiite-i-gledachite-ke-imaat-mozhnost-da-razgovaraat-so-nego/ Fri, 12 May 2023 07:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=639995

Мајската филмска програма ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Роден во Бостон, Рајкер се преселил во Брисел, Белгија, на петгодишна возраст, а потоа неговото семејство се преселило во Лондон. Настапува на независната филмска сцена со неговиот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр: ГРАДОТ (La Ciudad / The City) и ДЕВОЈКАТА (The Girl) се евидентен пример за тој негов стил. Но, Рикер е сценарист и на атрактивниот документарец ВАЛКАНИ ВОЈНИ (Dirty Wars), кој го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време, освојувајќи номинација за „Оскар“ и десетина награди на светските филмски фестивали.

Рајкер ќе присуствува на проекциите на неговите филмови во Кинотеката и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него.

ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РАЈКЕР

12 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ВАЛКАНИ ВОЈНИ

(Dirty Wars)

Документарен филм, САД

2013, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Рик Роули (Rick Rowley)

Сценарио: Дејвид Рикер, Џереми Скехил (David Riker, Jeremy Scahill)

Учесници: Џереми Скехил, Насе Ал Аулаки, Салеха Ал Аулаки (Jeremy Scahill, Nasser Al Aulaqi, Saleha Al Aulaqi)

 

ВАЛКАНИ ВОЈНИ го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време.

Она што започнува како извештај за неуспешен американски воздушен напад во оддалечен дел на Авганистан брзо станува глобална истрага за тајната и моќна Заедничка команда за специјални операции. Како што Скехил навлегува сè подлабоко и подлабоко во активностите на Командата, тој сè повеќе навлегува во светот на тајните операции непознати за јавноста, кои се спроведуваат ширум светот од луѓе кои не постојат на хартија и никогаш нема да се појават пред Конгресот…

Џереми Скехил и Рик Роули беа номинирани за „Оскар“ за најдобар документарен филм. Меѓу десетината награди на светските филмски фестивали, ВАЛКАНИ ВОЈНИ ја освои наградата за најдобра фотографија на фестивалот на независен филм во Санденс, чиј автор е Роули, кој е и кинематографер на филмот.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

12 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.

И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ

(Nosila je rubac crleni / Even pigs go to heaven)

Игран филм, Хрватска / Македонија

2022, 86 мин., колор, ДЦП

Режија: Горан Дукиќ (Goran Dukić)

Сценарио: Сандра Антолиќ (Sandra Antolić)

Улоги: Наташа Дорчиќ, Теса Литван, прасицата Беба, Пјер Меничанин, Љубо Зечевиќ, Атанас Атанасовски, Љупчо Тодоровски-Упа (Nataša Dorčić, Tesa Litvan, prasica Beba, Ljubo Zečević, Atanas Atanasovski, Ljupčo Todorovski-Upa)

 

Семоќниот и сезнаен наратор Исус Христос (33 години), заедно со подеднакво сезнајната тетка Анка (55) и љубопитната прасица Беба (2) се главните ликови на оваа рурална комедија со пеење и пукање, сместена во питомото Хрватско Загорје за време на воените 1990-ти.

Филмот се фокусира на љубовната драма на Беба и Роки, крмак за расплод од полусрпско потекло, љубовната драма на невестата Анчица и велечесниот отец Вјеран, кој не е младоженец на свадбата, и дефектот на фризерската хауба што ги пореметува подготовките на тетка Анка за
„проштењето“, еден вид локален аџилак со цел простување на гревовите.

Мајката Божја, како deus ex machina, ја води приказната кон рајски епилог – кочина полна со прасиња и срца полни со проштевање.

Филмот е добитник на наградата на публиката на Пулскиот филмски фестивал, а актерот Љубо Зечевиќ ја освои „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

The post Филмови на Дејвид Рајкер во Кинотека, режисерот ќе присуствува на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него appeared first on Република.

]]>

Мајската филмска програма ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Роден во Бостон, Рајкер се преселил во Брисел, Белгија, на петгодишна возраст, а потоа неговото семејство се преселило во Лондон. Настапува на независната филмска сцена со неговиот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр: ГРАДОТ (La Ciudad / The City) и ДЕВОЈКАТА (The Girl) се евидентен пример за тој негов стил. Но, Рикер е сценарист и на атрактивниот документарец ВАЛКАНИ ВОЈНИ (Dirty Wars), кој го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време, освојувајќи номинација за „Оскар“ и десетина награди на светските филмски фестивали. Рајкер ќе присуствува на проекциите на неговите филмови во Кинотеката и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него. ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РАЈКЕР 12 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч. ВАЛКАНИ ВОЈНИ (Dirty Wars) Документарен филм, САД 2013, 87 мин., колор, ДЦП Режија: Рик Роули (Rick Rowley) Сценарио: Дејвид Рикер, Џереми Скехил (David Riker, Jeremy Scahill) Учесници: Џереми Скехил, Насе Ал Аулаки, Салеха Ал Аулаки (Jeremy Scahill, Nasser Al Aulaqi, Saleha Al Aulaqi)   ВАЛКАНИ ВОЈНИ го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време. Она што започнува како извештај за неуспешен американски воздушен напад во оддалечен дел на Авганистан брзо станува глобална истрага за тајната и моќна Заедничка команда за специјални операции. Како што Скехил навлегува сè подлабоко и подлабоко во активностите на Командата, тој сè повеќе навлегува во светот на тајните операции непознати за јавноста, кои се спроведуваат ширум светот од луѓе кои не постојат на хартија и никогаш нема да се појават пред Конгресот… Џереми Скехил и Рик Роули беа номинирани за „Оскар“ за најдобар документарен филм. Меѓу десетината награди на светските филмски фестивали, ВАЛКАНИ ВОЈНИ ја освои наградата за најдобра фотографија на фестивалот на независен филм во Санденс, чиј автор е Роули, кој е и кинематографер на филмот.   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари 12 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч. И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ (Nosila je rubac crleni / Even pigs go to heaven) Игран филм, Хрватска / Македонија 2022, 86 мин., колор, ДЦП Режија: Горан Дукиќ (Goran Dukić) Сценарио: Сандра Антолиќ (Sandra Antolić) Улоги: Наташа Дорчиќ, Теса Литван, прасицата Беба, Пјер Меничанин, Љубо Зечевиќ, Атанас Атанасовски, Љупчо Тодоровски-Упа (Nataša Dorčić, Tesa Litvan, prasica Beba, Ljubo Zečević, Atanas Atanasovski, Ljupčo Todorovski-Upa)   Семоќниот и сезнаен наратор Исус Христос (33 години), заедно со подеднакво сезнајната тетка Анка (55) и љубопитната прасица Беба (2) се главните ликови на оваа рурална комедија со пеење и пукање, сместена во питомото Хрватско Загорје за време на воените 1990-ти. Филмот се фокусира на љубовната драма на Беба и Роки, крмак за расплод од полусрпско потекло, љубовната драма на невестата Анчица и велечесниот отец Вјеран, кој не е младоженец на свадбата, и дефектот на фризерската хауба што ги пореметува подготовките на тетка Анка за „проштењето“, еден вид локален аџилак со цел простување на гревовите. Мајката Божја, како deus ex machina, ја води приказната кон рајски епилог – кочина полна со прасиња и срца полни со проштевање. Филмот е добитник на наградата на публиката на Пулскиот филмски фестивал, а актерот Љубо Зечевиќ ја освои „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари  

The post Филмови на Дејвид Рајкер во Кинотека, режисерот ќе присуствува на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него appeared first on Република.

]]>
„Алкараз“ и „Вози ја мојата кола“ вечерва во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alkaraz-i-vozi-ja-mojata-kola-vecherva-vo-kinoteka/ Wed, 22 Mar 2023 15:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=622499

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.

22 МАРТ (СРЕДА), 18:00 ч. 

АЛКАРАЗ

(Alcarràs)

Игран филм, Шпанија / Италија

2022, 120 мин., колор, ДЦП

Режија: Карла Симон (Carla Simón)

Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró)

Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)

 

Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија.

Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот…

Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.

АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

Можете ли да го замислите А.П. Чехов во една необична и суптилно креирана адаптација, но на јапонски јазик? ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) на Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) е исклучителна филмска драма снимена според кратката приказна на Харуки Мураками – трогателен патувачки филм за љубовта, загубата, прифаќањето и мирот.

22 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч. 

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА

(Doraibu mai kâ / Drive My Car)

Игран филм, Јапонија

2021, 180 мин., колор, ДЦП

Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi)

Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe)

Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)

 

Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот.

Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред.

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината.

Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

The post „Алкараз“ и „Вози ја мојата кола“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија. 22 МАРТ (СРЕДА), 18:00 ч.  АЛКАРАЗ (Alcarràs) Игран филм, Шпанија / Италија 2022, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Карла Симон (Carla Simón) Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró) Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)   Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија. Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот… Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар. АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари Можете ли да го замислите А.П. Чехов во една необична и суптилно креирана адаптација, но на јапонски јазик? ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) на Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) е исклучителна филмска драма снимена според кратката приказна на Харуки Мураками – трогателен патувачки филм за љубовта, загубата, прифаќањето и мирот. 22 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч.  ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) Игран филм, Јапонија 2021, 180 мин., колор, ДЦП Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe) Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)   Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот. Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред. ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината. Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари

The post „Алкараз“ и „Вози ја мојата кола“ вечерва во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vozi-ja-mojata-kola-alkaraz-i-najsrekniot-chovek-na-svetot-deneska-vo-kinoteka/ Mon, 13 Mar 2023 08:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=618972

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч.

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

(Luckiest Man in the World)

Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора

2022, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic)

Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)

 

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви.

Сценариото за овој филм Татарагиќ го пишувала според интимен вистински настан и говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.

Зоран на почетокот од војната е мобилизиран од српската војска и му е тутната пушка в рака. Пукал во една девојка која била во нејзиниот стан и десетици години подоцна сака да дознае дали неговата грижа на совест е токму Асја…

Во останатите улоги настапуваат Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари, Зорица Нушев, Ксенија Маринковиќ,Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Кемал Ризвановиќ.

И овој пат на филмот на Митевска работеше претежно женска екипа. Покрај косценаристката Татарагиќ, директорка на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, костимите се на Моника Лорбер од Словенија, шминката на Мојца Горогранц Петрушевска, а директор на филм е Елена Станишева.

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ беше во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале 2022, учествуваше на фестивалот во Торонто (Канада) и беше македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч.

АЛКАРАЗ

(Alcarràs)

Игран филм, Шпанија / Италија

2022, 120 мин., колор, ДЦП

Режија: Карла Симон (Carla Simón)

Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró)

Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)

 

Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија.

Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот…

Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.

АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

 

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч.

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА

(Doraibu mai kâ / Drive My Car)

Игран филм, Јапонија

2021, 180 мин., колор, ДЦП

Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi)

Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe)

Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)

 

Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот.

Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред.

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината.

Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

The post „Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч. НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ (Luckiest Man in the World) Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора 2022, 100 мин., колор, ДЦП Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska) Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic) Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)   НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Сценариото за овој филм Татарагиќ го пишувала според интимен вистински настан и говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Зоран на почетокот од војната е мобилизиран од српската војска и му е тутната пушка в рака. Пукал во една девојка која била во нејзиниот стан и десетици години подоцна сака да дознае дали неговата грижа на совест е токму Асја… Во останатите улоги настапуваат Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари, Зорица Нушев, Ксенија Маринковиќ,Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Кемал Ризвановиќ. И овој пат на филмот на Митевска работеше претежно женска екипа. Покрај косценаристката Татарагиќ, директорка на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, костимите се на Моника Лорбер од Словенија, шминката на Мојца Горогранц Петрушевска, а директор на филм е Елена Станишева. НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ беше во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале 2022, учествуваше на фестивалот во Торонто (Канада) и беше македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари   13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч. АЛКАРАЗ (Alcarràs) Игран филм, Шпанија / Италија 2022, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Карла Симон (Carla Simón) Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró) Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)   Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија. Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот… Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар. АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари   13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч. ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) Игран филм, Јапонија 2021, 180 мин., колор, ДЦП Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe) Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)   Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот. Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред. ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината. Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари

The post „Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Римини“, „Фараонот дивјакот и принцезата“ и „Летото кога научив да летам“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rimini-faraonot-divjakot-i-printsezata-i-letoto-koga-nauchiv-da-letam-deneska-vo-kinoteka/ Sat, 04 Mar 2023 18:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=615906

4 МАРТ (САБОТА), 17:00 ч.

ФАРАОНОТ, ДИВЈАКОТ И ПРИНЦЕЗАТА

(Le pharaon, le sauvage et la princesse / The Black Pharaoh, the Savage and the Princess)

Анимиран филм, Белгија / Франција

2022, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Сценарио: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Гласови: Серж Багдасаријан, Клер де ла Ру ди Кан, Оскар Лесаж, Ајша Мајга, Дидие Сандр (Serge Bagdassarian, Claire de la Rüe du Can, Oscar Lesage, Aïssa Maïga, Didier Sandre)

 

Три шарени и софистицирани анимирани приказни од Судан, од средновековна Франција и од Турција од 18 век. Нараторот во филмот ги исполнува желбите на публиката и им раскажува приказни какви што посакуваат гледачите.

Фимот на Мишел Осело беше номиниран за најдобра номинација на доделувањето на наградите „Лимиер“ во Париз, а филмот освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија.

Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

4 МАРТ (САБОТА), 19:00 ч.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

(Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly)

Игран филм, Србија / Хрватска / Бугарија / Словачка

2022, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Радивое Раша Андриќ (Radivoje Andrić)

Сценарио: Јасминка Петровиќ (Jasminka Petrović)

Улоги: Клара Хрвановиќ, Олга Одановиќ, Сњежана Синовчиќ, Жарко Лаушевиќ (Klara Hrvanović, Olga Odanović, Snježana Sinovčić, Žarko Laušević)

 

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија (Клара Хрвановиќ) сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија (Олга Одановиќ) и откачената баба-тетка Луце (Сњежана Синовчиќ).

Без своето друштво, надвор од телефонската мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големата истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна.

Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува.

Филмот на Андриќ победи на Меѓународниот филмски фестивал во Софија и на BUFF International Film Festival, а освои номинации за награди на уште неколку регионални и светски фестивали.

 

Возрасна категорија: 10 години

Влезница: 150 денари

4 МАРТ (САБОТА), 21:00 ч.

РИМИНИ

(Rimini)

Игран филм, Германија / Франција / Австрија

2022, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Улрих Зајдл  (Ulrich Seidl)

Сценарио: Урлих Зајдл, Вероника Франц  (Ulrich Seidl, Veronika Franz)

Улоги: Михаел Томас, Теса Гетлихер, Ханс-Михаел Реберг (Michael Thomas, Tessa Göttlicher, Hans-Michael Rehberg)

 

Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Зајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на една заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас.

Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп-ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки.

Ричи не е баш рекламен лик на скап ескорт-маж за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот.

Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Зајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а триумфираше на фестивалите во Хихон (Шпанија) и Палиќ (Србија).

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

The post „Римини“, „Фараонот дивјакот и принцезата“ и „Летото кога научив да летам“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

4 МАРТ (САБОТА), 17:00 ч. ФАРАОНОТ, ДИВЈАКОТ И ПРИНЦЕЗАТА (Le pharaon, le sauvage et la princesse / The Black Pharaoh, the Savage and the Princess) Анимиран филм, Белгија / Франција 2022, 83 мин., колор, ДЦП Режија: Мишел Осело (Michel Ocelot) Сценарио: Мишел Осело (Michel Ocelot) Гласови: Серж Багдасаријан, Клер де ла Ру ди Кан, Оскар Лесаж, Ајша Мајга, Дидие Сандр (Serge Bagdassarian, Claire de la Rüe du Can, Oscar Lesage, Aïssa Maïga, Didier Sandre)   Три шарени и софистицирани анимирани приказни од Судан, од средновековна Франција и од Турција од 18 век. Нараторот во филмот ги исполнува желбите на публиката и им раскажува приказни какви што посакуваат гледачите. Фимот на Мишел Осело беше номиниран за најдобра номинација на доделувањето на наградите „Лимиер“ во Париз, а филмот освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија. Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.   Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 150 денари 4 МАРТ (САБОТА), 19:00 ч. ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ (Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly) Игран филм, Србија / Хрватска / Бугарија / Словачка 2022, 87 мин., колор, ДЦП Режија: Радивое Раша Андриќ (Radivoje Andrić) Сценарио: Јасминка Петровиќ (Jasminka Petrović) Улоги: Клара Хрвановиќ, Олга Одановиќ, Сњежана Синовчиќ, Жарко Лаушевиќ (Klara Hrvanović, Olga Odanović, Snježana Sinovčić, Žarko Laušević)   ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија (Клара Хрвановиќ) сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија (Олга Одановиќ) и откачената баба-тетка Луце (Сњежана Синовчиќ). Без своето друштво, надвор од телефонската мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големата истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна. Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува. Филмот на Андриќ победи на Меѓународниот филмски фестивал во Софија и на BUFF International Film Festival, а освои номинации за награди на уште неколку регионални и светски фестивали.   Возрасна категорија: 10 години Влезница: 150 денари 4 МАРТ (САБОТА), 21:00 ч. РИМИНИ (Rimini) Игран филм, Германија / Франција / Австрија 2022, 114 мин., колор, ДЦП Режија: Улрих Зајдл  (Ulrich Seidl) Сценарио: Урлих Зајдл, Вероника Франц  (Ulrich Seidl, Veronika Franz) Улоги: Михаел Томас, Теса Гетлихер, Ханс-Михаел Реберг (Michael Thomas, Tessa Göttlicher, Hans-Michael Rehberg)   Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Зајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на една заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп-ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки. Ричи не е баш рекламен лик на скап ескорт-маж за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот. Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Зајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а триумфираше на фестивалите во Хихон (Шпанија) и Палиќ (Србија).   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари

The post „Римини“, „Фараонот дивјакот и принцезата“ и „Летото кога научив да летам“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Финалето на кинотечната програма во јануари во знакот на македонските (ко)продукции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/finaleto-na-kinotechnata-programa-vo-januari-vo-znakot-na-makedonskite-ko-produktsii/ Tue, 31 Jan 2023 13:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=603011

Финалето на кинотечната програма во јануари е во знакот на македонските (ко)продукции СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ на Теона Стругар Митевска и ОД РАЈОТ на Срѓан Драгојевиќ.

По вчерашната проекција на филмот на Ристески, денеска на програмата на Кинотека се проекциите на филмовите „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, со почеток во 18 часот и „Од рајот“ на Срѓан Драгојевиќ во 20 часот.

The post Финалето на кинотечната програма во јануари во знакот на македонските (ко)продукции appeared first on Република.

]]>

Финалето на кинотечната програма во јануари е во знакот на македонските (ко)продукции СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ на Теона Стругар Митевска и ОД РАЈОТ на Срѓан Драгојевиќ. По вчерашната проекција на филмот на Ристески, денеска на програмата на Кинотека се проекциите на филмовите „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, со почеток во 18 часот и „Од рајот“ на Срѓан Драгојевиќ во 20 часот.

The post Финалето на кинотечната програма во јануари во знакот на македонските (ко)продукции appeared first on Република.

]]>
Кинотеката во вечерните часови на својата публика во летното кино „Мирно лето“ ѝ нуди кино-проекции под отворено небо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinotekata-vo-vechernite-chasovi-na-svojata-publika-vo-letnoto-kino-mirno-leto-nudi-kino-proekcii-pod-otvoreno-nebo/ Thu, 04 Aug 2022 09:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=536650

Во еден од најтоплите месеци во годината, месецот август, Кинотеката во вечерните часови на својата публика преку нејзиното летно кино „Мирно лето“ ѝ нуди кино-проекции под отворено небо. Во рамки на августовската програма на Кинотеката ќе можат да се погледнат повеќе филмски остварувања на звучни имиња од европската кинематографија во кои публиката со сигурност ќе ужива.

Денеска (на 4 август) ќе може да се погледне „Сè помина добро“ (Everything Went Fine), суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон со контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие (18 часот). Од 20 часот, пак, следува играниот филм „Париз – љубовна приказна“ (Paris, 13th District) на Жак Одијар којшто е забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13. арондисман на француската престолнина.

Веќе на 5 август (18 часот) на програмата е „Вселенско момче“ (SpaceBoy) на Оливие Перу, филм за најмладата публика со приказна за 11-годишно момче кое има голема љубов кон вселената и науката. Истата вечер, од 20 часот е јапонскиот филм „Тркало на среќата и фантазијата“ (Wheel of Fortune and Fantasy) на Рајусуке Хамагучи, што раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето: неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање.

Публиката (на 8 и 15 август) ќе може да го види и германскиот филм „Фабијан“ (Fabian: Going to the Dogs) на Доминик Граф со приказна сместена меѓу подстанарите на Берлин и неговото подземје во 30-те години од минатиот век, каде што борделите се уметнички ателјеа, а на улиците се нацистите со нивните гласни и навредливи пароли, кој освои петнаесетина номинации и шест награди на германските филмски фестивали.

За љубителите на документарци тука е „Кадифена кралица“ (Velvet Queen) на авторите Мари Амиге, Венсан Миние, којшто ја раскажува сторијата за потрагата по снежниот пантер, а ќе се прикаже на 10, 17 и 24 август.

Во рамки на августовската програма (на 13 и 20 август) повторно ќе има проекции на исклучителниот француски филм „Титан“ (Titane) на Жулија Дукурно, филмска бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, која ја освои „Златната палма“ во Кан во 2021, а Дукурно ја подели јавноста со оваа контроверзна филмска сторија. Филмот забележа над 110 номинации на филмските фестивали, освои 28 награди, а со него свечено беше затворено и минатогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

И чилеанскиот наслов „Ема“ (Ema) на Пабло Лараин е на програмата во август (8, 15 и 30 август). Тоа е филм со неверојатна енергија, добра музика и фантастична кореографија, а за ролјата на Маријана Ди Хироламо (Mariana Di Girólamo) велат дека е една од најдобрите креации во светскиот филм во 2019. Публиката во неколку термини (9,16, 23 и 30 август) ќе може да ја види и авантуристичката акција „Планина на смртта“ (Cloudy Mountain) на Ли Џун, кој е еден од најгледаните кинески филмови годинава во светот, со приказна фокусирана на скромноста и личната заложба на главните јунаци, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не е некој странец со супермоќи туку природна катастрофа.

Овој месец во Кинотеката (9, 11 и 16 август) ќе се прикаже и француско-белгиско-иранска копродукција „Јалда, ноќ за прошка“ (Yalda, a Night for Forgiveness) во режија на Масуд Бакши, филм што го поставува прашањето дали телевизиските реални шоуа можат да бидат замена за правдата. Тука е и францускиот наслов „Светот после нас“ (The World After Us) на Лода Бен Салах којшто е приказна за шесте месеци во животот на сиромашниот Лабиди, омеѓени со рокот од издавачката куќа и романсата со една убава студентка, а публиката ќе може да го види на 10,17 и 24 август. Германскиот, пак, „Голема слобода (Great Freedom) на Себастијан Мајзе, кој говори за машката хомосексуалност третирана како кривично дело во Германија низ два века и неколку тотално различни општествено-државни уредувања ќе се прикаже на 12, 19 и 25 август.

Интересен за публиката може да биде и полскиот филм „Пот“ (Sweat) на Магнус фон Хорн (13,22 и 29 август) кој е за инфлуенсерите на социјалните мрежи, но низ призмата на една згодна, популарна и обожувана фитнес инструкторка. Во рамки на програмата (18, 23 и 29 август) ќе се прикажат и „Ноќ на кралевите“ (Night of the Kings) на Филип Лакот – филм снимен во џунглата на Брегот на Слоновата Коска, каде што затворот под отворено небо е арена во која животот се спасува или губи со раскажување приказни, како и хрватскиот филм „Мајка (Mater) на дебитантот Јуре Павловиќ кој е сторија за трауматизирана жена злоставувана од страна на мајка си (22 и 25 август).

Во август ќе има и две проекции на филмови на 35 мм лента. Се работи за веќе класичните дела „Ѕвезден човек“ (Starman) на Џон Карпентер и „Деца“ (Kids) на Лери Кларк. Августовската програма ќе се затвори со проекција на „Носферату, Симфонија на стравот“ (Nosferatu, a Symphony of the Gray) на класикот Фридрих Вилхелм Мурнау, кој заради сугестивната мрачна атмосфера комбинирана со мелодраматичната морбидност бил сметан за исчекор за стандардите на германскиот експресионизам.

The post Кинотеката во вечерните часови на својата публика во летното кино „Мирно лето“ ѝ нуди кино-проекции под отворено небо appeared first on Република.

]]>

Во еден од најтоплите месеци во годината, месецот август, Кинотеката во вечерните часови на својата публика преку нејзиното летно кино „Мирно лето“ ѝ нуди кино-проекции под отворено небо. Во рамки на августовската програма на Кинотеката ќе можат да се погледнат повеќе филмски остварувања на звучни имиња од европската кинематографија во кои публиката со сигурност ќе ужива. Денеска (на 4 август) ќе може да се погледне „Сè помина добро“ (Everything Went Fine), суптилна драма со добро познатиот ракопис на Франсоа Озон со контроверзната тема за евтаназија – убиство од милосрдие (18 часот). Од 20 часот, пак, следува играниот филм „Париз – љубовна приказна“ (Paris, 13th District) на Жак Одијар којшто е забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13. арондисман на француската престолнина.
Веќе на 5 август (18 часот) на програмата е „Вселенско момче“ (SpaceBoy) на Оливие Перу, филм за најмладата публика со приказна за 11-годишно момче кое има голема љубов кон вселената и науката. Истата вечер, од 20 часот е јапонскиот филм „Тркало на среќата и фантазијата“ (Wheel of Fortune and Fantasy) на Рајусуке Хамагучи, што раскажува три приказни за три женски ликови и ги следи односите меѓу нивните избори и каењето: неочекуван љубовен триаголник, неуспешна замка за заведување и средба која произлегува од едно недоразбирање. Публиката (на 8 и 15 август) ќе може да го види и германскиот филм „Фабијан“ (Fabian: Going to the Dogs) на Доминик Граф со приказна сместена меѓу подстанарите на Берлин и неговото подземје во 30-те години од минатиот век, каде што борделите се уметнички ателјеа, а на улиците се нацистите со нивните гласни и навредливи пароли, кој освои петнаесетина номинации и шест награди на германските филмски фестивали. За љубителите на документарци тука е „Кадифена кралица“ (Velvet Queen) на авторите Мари Амиге, Венсан Миние, којшто ја раскажува сторијата за потрагата по снежниот пантер, а ќе се прикаже на 10, 17 и 24 август. Во рамки на августовската програма (на 13 и 20 август) повторно ќе има проекции на исклучителниот француски филм „Титан“ (Titane) на Жулија Дукурно, филмска бајка за возрасни исполнета со гнев, љубов и осаменост, која ја освои „Златната палма“ во Кан во 2021, а Дукурно ја подели јавноста со оваа контроверзна филмска сторија. Филмот забележа над 110 номинации на филмските фестивали, освои 28 награди, а со него свечено беше затворено и минатогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. И чилеанскиот наслов „Ема“ (Ema) на Пабло Лараин е на програмата во август (8, 15 и 30 август). Тоа е филм со неверојатна енергија, добра музика и фантастична кореографија, а за ролјата на Маријана Ди Хироламо (Mariana Di Girólamo) велат дека е една од најдобрите креации во светскиот филм во 2019. Публиката во неколку термини (9,16, 23 и 30 август) ќе може да ја види и авантуристичката акција „Планина на смртта“ (Cloudy Mountain) на Ли Џун, кој е еден од најгледаните кинески филмови годинава во светот, со приказна фокусирана на скромноста и личната заложба на главните јунаци, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не е некој странец со супермоќи туку природна катастрофа. Овој месец во Кинотеката (9, 11 и 16 август) ќе се прикаже и француско-белгиско-иранска копродукција „Јалда, ноќ за прошка“ (Yalda, a Night for Forgiveness) во режија на Масуд Бакши, филм што го поставува прашањето дали телевизиските реални шоуа можат да бидат замена за правдата. Тука е и францускиот наслов „Светот после нас“ (The World After Us) на Лода Бен Салах којшто е приказна за шесте месеци во животот на сиромашниот Лабиди, омеѓени со рокот од издавачката куќа и романсата со една убава студентка, а публиката ќе може да го види на 10,17 и 24 август. Германскиот, пак, „Голема слобода (Great Freedom) на Себастијан Мајзе, кој говори за машката хомосексуалност третирана како кривично дело во Германија низ два века и неколку тотално различни општествено-државни уредувања ќе се прикаже на 12, 19 и 25 август. Интересен за публиката може да биде и полскиот филм „Пот“ (Sweat) на Магнус фон Хорн (13,22 и 29 август) кој е за инфлуенсерите на социјалните мрежи, но низ призмата на една згодна, популарна и обожувана фитнес инструкторка. Во рамки на програмата (18, 23 и 29 август) ќе се прикажат и „Ноќ на кралевите“ (Night of the Kings) на Филип Лакот – филм снимен во џунглата на Брегот на Слоновата Коска, каде што затворот под отворено небо е арена во која животот се спасува или губи со раскажување приказни, како и хрватскиот филм „Мајка (Mater) на дебитантот Јуре Павловиќ кој е сторија за трауматизирана жена злоставувана од страна на мајка си (22 и 25 август). Во август ќе има и две проекции на филмови на 35 мм лента. Се работи за веќе класичните дела „Ѕвезден човек“ (Starman) на Џон Карпентер и „Деца“ (Kids) на Лери Кларк. Августовската програма ќе се затвори со проекција на „Носферату, Симфонија на стравот“ (Nosferatu, a Symphony of the Gray) на класикот Фридрих Вилхелм Мурнау, кој заради сугестивната мрачна атмосфера комбинирана со мелодраматичната морбидност бил сметан за исчекор за стандардите на германскиот експресионизам.

The post Кинотеката во вечерните часови на својата публика во летното кино „Мирно лето“ ѝ нуди кино-проекции под отворено небо appeared first on Република.

]]>
Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-pretposledniot-i-hiroshima-ljubov-moja-vo-letnoto-kino-mirno-leto/ Wed, 08 Jun 2022 08:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=512525

Во рамките на филмската програма на 12. ФФФ, во 18.30 ч. во Кинотека ќе се одржи репризна проекција на филмот „Претпоследниот“ (The Penultimate) од Официјалната селекција на долгометражни филмови, во режија на данскиот режисер Јонас Керуп Хјорт, којшто беше во Скопје минатата недела како гостин на Фестивалот.

Филмот премиерно е прикажан во долгометражната селекција на дебитантски филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. Во него е непознато како времето тече, но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт.
Потоа, во вечерниот термин од 21 ч. во Летното кино „Мирно лето“, ќе се одржи претпоследната проекција од Ревијалната програма: Филм-философија. Со воведно излагање на д-р Кица Колбе, публиката ќе може да го погледне незаборавниот филмски класик „Хирошима, љубов моја“ од францускиот режисер Ален Рене.
Француска актерка и јапонски архитект се вљубуваат за време на снимањето на антивоен филм во Хирошима. Нивната интензивна љубовна врска во поствоената Хирошима се прекршува низ нивните сеќавања за љубовта и страдањето. Мажот, кој ги загубил членовите на семејството за време на бомбардирањето на градот, и жената, која го загубила својот љубовник од младоста, германски војник, разговараат за личните и националните трауми предизвикани од големата војна.
Во овој прв игран филм на режисерот Алан Рене се чувствува неговиот маестрален документаристички стил, а филмот е почитуван и поради иновативната употреба на кратките флешбекови кои како да претставуваат искри од сеќавањата.
Филмот беше прикажан на Канскиот Фестивал во 1959 година, каде доби ФИПРЕСЦИ награда, ја доби и Наградата на Обединетите Нации на доделувањето на БАФТА наградите во 1961 година, а писателката Маргерит Дирас за овој филм беше номинирана за Оскар во 1961 година за најдобро сценарио.

The post Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на филмската програма на 12. ФФФ, во 18.30 ч. во Кинотека ќе се одржи репризна проекција на филмот „Претпоследниот“ (The Penultimate) од Официјалната селекција на долгометражни филмови, во режија на данскиот режисер Јонас Керуп Хјорт, којшто беше во Скопје минатата недела како гостин на Фестивалот. Филмот премиерно е прикажан во долгометражната селекција на дебитантски филмови на Фестивалот „Црни Ноќи“ (Black Nights) во Талин. Во него е непознато како времето тече, но смртта е симбол на времето. Затоа смртта е толку далеку колку што е и близу. Филмот нè упатува на фактот дека никогаш целосно не сме сами, а истовремено и на човековата потреба за трансенденција во самиот животен лавиринт. Потоа, во вечерниот термин од 21 ч. во Летното кино „Мирно лето“, ќе се одржи претпоследната проекција од Ревијалната програма: Филм-философија. Со воведно излагање на д-р Кица Колбе, публиката ќе може да го погледне незаборавниот филмски класик „Хирошима, љубов моја“ од францускиот режисер Ален Рене. Француска актерка и јапонски архитект се вљубуваат за време на снимањето на антивоен филм во Хирошима. Нивната интензивна љубовна врска во поствоената Хирошима се прекршува низ нивните сеќавања за љубовта и страдањето. Мажот, кој ги загубил членовите на семејството за време на бомбардирањето на градот, и жената, која го загубила својот љубовник од младоста, германски војник, разговараат за личните и националните трауми предизвикани од големата војна. Во овој прв игран филм на режисерот Алан Рене се чувствува неговиот маестрален документаристички стил, а филмот е почитуван и поради иновативната употреба на кратките флешбекови кои како да претставуваат искри од сеќавањата. Филмот беше прикажан на Канскиот Фестивал во 1959 година, каде доби ФИПРЕСЦИ награда, ја доби и Наградата на Обединетите Нации на доделувањето на БАФТА наградите во 1961 година, а писателката Маргерит Дирас за овој филм беше номинирана за Оскар во 1961 година за најдобро сценарио.

The post Проекции на „Претпоследниот“ и „Хирошима, љубов моја“ во летното кино „Мирно лето“ appeared first on Република.

]]>
На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-zlatna-ramka-proekcii-za-shtitenicite-vo-domot-za-stari-lica-majka-tereza-skopje-gradskata-opshta-bolnica-8-mi-septemvri-i-vo-zatvorot-shutka/ Sat, 04 Jun 2022 14:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=511083

Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни

Четвртото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Оваа година ќе бидат прикажани осум филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови.

Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го донесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски домови, затвори, болници, домови за деца, казнено-поправни домови итн.).

Филмската уметност им припаѓа на сите, без исклучок. Филмот, од самата негова појава пред речиси 130 години се до денес е постојан придружник на современиот човек, без разлика на неговиот материјален, образовен и социјален статус. Но, за жал, а особено на овие наши простори, постојат извесни групи на граѓани кои од најразлични причини се социјално маргинализирани, изолирани и спречени да восприемаат филмска уметност, што пак во современиот свет претставува елементарно човеково право, без разлика на статусот на секој еден од нас.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната „Златна рамка“ ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни

Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата  „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.

 

Друштвото на филмски работници на Македонија верува дека филмската уметност и нејзината повеќекратна семантичка димензија е благороден начин на комуникација и можност за подобрување на животот и на оние луѓе кои судбината од различни причини ги ограничила во нивното движење, дејствување и желба за социјална интеграција. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.

 

 

 

 

 

The post На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни Четвртото издание на „Златна рамка“, ревија на македонски филмови во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Оваа година ќе бидат прикажани осум филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови. Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Водејќи се од ова сознание, ДФРМ одлучи филмот да го донесе пред оние граѓани, во институциите каде што се затекнати поради најразлични околности (пензионерски домови, затвори, болници, домови за деца, казнено-поправни домови итн.). Филмската уметност им припаѓа на сите, без исклучок. Филмот, од самата негова појава пред речиси 130 години се до денес е постојан придружник на современиот човек, без разлика на неговиот материјален, образовен и социјален статус. Но, за жал, а особено на овие наши простори, постојат извесни групи на граѓани кои од најразлични причини се социјално маргинализирани, изолирани и спречени да восприемаат филмска уметност, што пак во современиот свет претставува елементарно човеково право, без разлика на статусот на секој еден од нас. Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната „Златна рамка“ ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Годинава, проекции ќе има за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, додека во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“, ќе бидат прикажани филмови на 12 јуни Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата  „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.   Друштвото на филмски работници на Македонија верува дека филмската уметност и нејзината повеќекратна семантичка димензија е благороден начин на комуникација и можност за подобрување на животот и на оние луѓе кои судбината од различни причини ги ограничила во нивното движење, дејствување и желба за социјална интеграција. Оваа социјално одговорна програма е иницијатива на „Златна рамка“ и ќе се практикува и во иднина.          

The post На „Златна рамка“ проекции за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот „Шутка“ appeared first on Република.

]]>
Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-tri-makedonski-filmovi-deneska-na-kanskiot-filmski-festival/ Mon, 23 May 2022 13:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=506022

Денес во рамките на Marché du Film - Festival de Cannes се одржуваат проекции на три македонски филмови:

„Мими“ | Даријан Пејовски | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 9:30
„Кома“ | Агим Абдула | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 12:00

„Преекспонирано“ | Елеонора Венинова | 23. мај (понеделник) | PALAIS I | 16:30

The post Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Денес во рамките на Marché du Film - Festival de Cannes се одржуваат проекции на три македонски филмови:

„Мими“ | Даријан Пејовски | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 9:30
„Кома“ | Агим Абдула | 23. мај (понеделник) | PALAIS G | 12:00

„Преекспонирано“ | Елеонора Венинова | 23. мај (понеделник) | PALAIS I | 16:30

The post Проекции на три македонски филмови денеска на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон и документарниот филм „Галантните Индијци“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zena-vo-vojna-vo-rezija-na-benedikt-erlingson-i-dokumentarniot-film-galantnite-indijci-deneska-vo-kinoteka/ Fri, 15 Apr 2022 09:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=488860

Во рамките на априлската програма во Кинотека денеска може да се погледнат проекциите на „Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон, во 18 часот и документарниот филм „Галантните Индијци“ во 20 часот.

ЖЕНА ВО ВОЈНА

(Kona fer í stríð / Woman at War)

Игран филм, Исланд / Франција / Украина

2018, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Бенедикт Ерлингсон (Benedikt Erlingsson)

Сценарио: Бенедикт Ерлингсон, Олафур Егилсон (Benedikt Erlingsson, Ólafur Egilsson)

Улоги: Халдора Геирхардсдотир, Јохан Сигурдарсон, Хуан Камило Роман Естрада, Јорундур Рагнарсон (Halldóra Geirharðsdóttir, Jóhann Sigurðarson, Juan Camillo Roman Estrada, Jörundur Ragnarsson)

Хала е активистка на тајната еко-герила која се бори против корпорацијата за производство на енергија во Исланд. Таа е подготвена да ризикува сè за да ги заштити недопрената природа и планини на Исланд кои ги сака неизмерно.

Во знак на протест против загадувањето на природата Хала врши саботажи на електричните водови: со циркулар ги сече носечките столбови на електричната мрежа, а со лук и стрела предизвикува кратки споеви на каблите. Никој не се сомнева дека овие саботажи ги прави плашливата Хала, па полицијата започнува да го следи туристот со сомнителен изглед, верувајќи дека тој ги создава проблемите.

Но, едно сираче ќе влезе во нејзиниот живот. Еден ден Хала добива писмо од владините институции во кое ја известуваат дека конечно ѝ е одобрено посвојување на сираче од Украина. Хала долго чекала на овој момент и животот ќе ѝ се промени од корен: дали мајчинскиот инстикт ќе биде посилен од нејзините радикални еколошки убедувања?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ

(Indes Galantes / Gallant Indies)

Документарен филм, Франција

2020, 108 мин., колор, блуреј

Режија: Филип Безија (Philippe Béziat)

Учесници: Клемон Кожиторе, Бинту Дембеле, Леонардо Гарсија Аларкон (Clément Cogitore, Bintou Dembélé, Leonardo García Alarcón)

Музичкиот документарец ја прикажува поставката на познатата балетска опера ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ (Les Indes galantes) на композиторот Жан - Филип Рамо (Jean-Philippe Rameau) на сцената на легендарната „Опера Бастиља“ (Opéra Bastille) во Париз.

30 танчери од алтернативните жанрови, во сценската поставка на Клемон Кожиторе и кореографијата на Бинту Дембеле, го репризираат и ремиксираат барокното ремек - дело на Жан - Филип Рамо, нудејќи динамичен поглед на оваа значајна опера.

Создавајќи дијалог помеѓу урбаниот танц и лирската песна, тие заедно повторно го измислуваат барокното ремек - дело на Рамо, ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ. Од проби до јавни настапи, тоа е човечка авантура и средба со политички прашања што ги следиме: дали новата генерација уметници може да ја преземе Бастилја денес?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

 

The post „Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон и документарниот филм „Галантните Индијци“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во рамките на априлската програма во Кинотека денеска може да се погледнат проекциите на „Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон, во 18 часот и документарниот филм „Галантните Индијци“ во 20 часот. ЖЕНА ВО ВОЈНА (Kona fer í stríð / Woman at War) Игран филм, Исланд / Франција / Украина 2018, 100 мин., колор, ДЦП Режија: Бенедикт Ерлингсон (Benedikt Erlingsson) Сценарио: Бенедикт Ерлингсон, Олафур Егилсон (Benedikt Erlingsson, Ólafur Egilsson) Улоги: Халдора Геирхардсдотир, Јохан Сигурдарсон, Хуан Камило Роман Естрада, Јорундур Рагнарсон (Halldóra Geirharðsdóttir, Jóhann Sigurðarson, Juan Camillo Roman Estrada, Jörundur Ragnarsson) Хала е активистка на тајната еко-герила која се бори против корпорацијата за производство на енергија во Исланд. Таа е подготвена да ризикува сè за да ги заштити недопрената природа и планини на Исланд кои ги сака неизмерно. Во знак на протест против загадувањето на природата Хала врши саботажи на електричните водови: со циркулар ги сече носечките столбови на електричната мрежа, а со лук и стрела предизвикува кратки споеви на каблите. Никој не се сомнева дека овие саботажи ги прави плашливата Хала, па полицијата започнува да го следи туристот со сомнителен изглед, верувајќи дека тој ги создава проблемите. Но, едно сираче ќе влезе во нејзиниот живот. Еден ден Хала добива писмо од владините институции во кое ја известуваат дека конечно ѝ е одобрено посвојување на сираче од Украина. Хала долго чекала на овој момент и животот ќе ѝ се промени од корен: дали мајчинскиот инстикт ќе биде посилен од нејзините радикални еколошки убедувања? Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари   ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ (Indes Galantes / Gallant Indies) Документарен филм, Франција 2020, 108 мин., колор, блуреј Режија: Филип Безија (Philippe Béziat) Учесници: Клемон Кожиторе, Бинту Дембеле, Леонардо Гарсија Аларкон (Clément Cogitore, Bintou Dembélé, Leonardo García Alarcón) Музичкиот документарец ја прикажува поставката на познатата балетска опера ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ (Les Indes galantes) на композиторот Жан - Филип Рамо (Jean-Philippe Rameau) на сцената на легендарната „Опера Бастиља“ (Opéra Bastille) во Париз. 30 танчери од алтернативните жанрови, во сценската поставка на Клемон Кожиторе и кореографијата на Бинту Дембеле, го репризираат и ремиксираат барокното ремек - дело на Жан - Филип Рамо, нудејќи динамичен поглед на оваа значајна опера. Создавајќи дијалог помеѓу урбаниот танц и лирската песна, тие заедно повторно го измислуваат барокното ремек - дело на Рамо, ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ. Од проби до јавни настапи, тоа е човечка авантура и средба со политички прашања што ги следиме: дали новата генерација уметници може да ја преземе Бастилја денес? Возрасна категорија: 12 години Влезница: бесплатен влез      

The post „Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон и документарниот филм „Галантните Индијци“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Две проекции на филмот „Улиште“, косовски кандидат за „Оскар“ денеска во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dve-proekcii-na-filmot-ulishte-kosovski-kandidat-za-oskar-deneska-vo-kinoteka/ Sat, 12 Mar 2022 16:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=471806

Косовскиот игран филм УЛИШТЕ (Hive) на Блерта Башоли (Blerta Basholli) – во кој копродукциски учествуваше и Црна мачка продукција – предизвика голем интерес кај публиката.

Кинотеката ќе го прикаже УЛИШТЕ дополнително во два термини, на 12 МАРТ (САБОТА), од 18:00 ч. и  од 20:00 ч. 

УЛИШТЕ е дебитантски филм на авторката Башоли и е трикратен добитник на награда на 38 филмски фестивал „Санденс“ во САД годинава, како и официјален косовски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Главната улога во УЛИШТЕ ја толкува извонредната актерка Јилка Гаши (Yllka Gashi).

 

УЛИШТЕ

(Hive)

Игран филм, Косово / Македонија / Чешка / Луксембург / Албанија

2021, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Сценарио: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Улоги: Јилка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, Адриана Матоши (Yllka Gashi, Çun Lajçi, Aurita Agushi, Kumrije Hoxha, Adriana Matoshi)

Фахрије е жена чиј сопруг e исчезнат уште од војната во Косово. Таа започнува мал земјоделски бизнис за да го прехрани своето семејство во традиционалното патријархално опкружување каде на нејзината амбиција да биде еманципирана не се гледа како на позитивна работа. Нејзиниот потфат започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своето патување да се помири со пчелите, таа започнува да прави мир и со самата себе, за да може да живее и да се зајакне во новата ситуација за да се соочи со многу непријателска реалност… Филмот се базира на вистинска приказна.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post Две проекции на филмот „Улиште“, косовски кандидат за „Оскар“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Косовскиот игран филм УЛИШТЕ (Hive) на Блерта Башоли (Blerta Basholli) – во кој копродукциски учествуваше и Црна мачка продукција – предизвика голем интерес кај публиката.

Кинотеката ќе го прикаже УЛИШТЕ дополнително во два термини, на 12 МАРТ (САБОТА), од 18:00 ч. и  од 20:00 ч. 

УЛИШТЕ е дебитантски филм на авторката Башоли и е трикратен добитник на награда на 38 филмски фестивал „Санденс“ во САД годинава, како и официјален косовски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Главната улога во УЛИШТЕ ја толкува извонредната актерка Јилка Гаши (Yllka Gashi).

 

УЛИШТЕ

(Hive)

Игран филм, Косово / Македонија / Чешка / Луксембург / Албанија

2021, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Сценарио: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Улоги: Јилка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, Адриана Матоши (Yllka Gashi, Çun Lajçi, Aurita Agushi, Kumrije Hoxha, Adriana Matoshi)

Фахрије е жена чиј сопруг e исчезнат уште од војната во Косово. Таа започнува мал земјоделски бизнис за да го прехрани своето семејство во традиционалното патријархално опкружување каде на нејзината амбиција да биде еманципирана не се гледа како на позитивна работа. Нејзиниот потфат започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своето патување да се помири со пчелите, таа започнува да прави мир и со самата себе, за да може да живее и да се зајакне во новата ситуација за да се соочи со многу непријателска реалност… Филмот се базира на вистинска приказна.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post Две проекции на филмот „Улиште“, косовски кандидат за „Оскар“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Поради голем интерес нови две проекции на филмот „Улиште“ викендов во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-golem-interes-novi-dve-proekcii-na-filmot-ulishte-vikendov-vo-kinoteka/ Wed, 09 Mar 2022 10:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=470005

Косовскиот игран филм УЛИШТЕ (Hive) на Блерта Башоли (Blerta Basholli) – во кој копродукциски учествуваше и Црна мачка продукција – предизвика голем интерес кај публиката.

Кинотеката ќе го прикаже УЛИШТЕ дополнително во два термини, на 12 МАРТ (САБОТА), од 18:00 ч. и  од 20:00 ч. 

УЛИШТЕ е дебитантски филм на авторката Башоли и е трикратен добитник на награда на 38 филмски фестивал „Санденс“ во САД годинава, како и официјален косовски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Главната улога во УЛИШТЕ ја толкува извонредната актерка Јилка Гаши (Yllka Gashi).

 

УЛИШТЕ

(Hive)

Игран филм, Косово / Македонија / Чешка / Луксембург / Албанија

2021, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Сценарио: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Улоги: Јилка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, Адриана Матоши (Yllka Gashi, Çun Lajçi, Aurita Agushi, Kumrije Hoxha, Adriana Matoshi)

Фахрије е жена чиј сопруг e исчезнат уште од војната во Косово. Таа започнува мал земјоделски бизнис за да го прехрани своето семејство во традиционалното патријархално опкружување каде на нејзината амбиција да биде еманципирана не се гледа како на позитивна работа. Нејзиниот потфат започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своето патување да се помири со пчелите, таа започнува да прави мир и со самата себе, за да може да живее и да се зајакне во новата ситуација за да се соочи со многу непријателска реалност… Филмот се базира на вистинска приказна.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post Поради голем интерес нови две проекции на филмот „Улиште“ викендов во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Косовскиот игран филм УЛИШТЕ (Hive) на Блерта Башоли (Blerta Basholli) – во кој копродукциски учествуваше и Црна мачка продукција – предизвика голем интерес кај публиката.

Кинотеката ќе го прикаже УЛИШТЕ дополнително во два термини, на 12 МАРТ (САБОТА), од 18:00 ч. и  од 20:00 ч. 

УЛИШТЕ е дебитантски филм на авторката Башоли и е трикратен добитник на награда на 38 филмски фестивал „Санденс“ во САД годинава, како и официјален косовски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Главната улога во УЛИШТЕ ја толкува извонредната актерка Јилка Гаши (Yllka Gashi).

 

УЛИШТЕ

(Hive)

Игран филм, Косово / Македонија / Чешка / Луксембург / Албанија

2021, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Сценарио: Блерта Башоли (Blerta Basholli)

Улоги: Јилка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, Адриана Матоши (Yllka Gashi, Çun Lajçi, Aurita Agushi, Kumrije Hoxha, Adriana Matoshi)

Фахрије е жена чиј сопруг e исчезнат уште од војната во Косово. Таа започнува мал земјоделски бизнис за да го прехрани своето семејство во традиционалното патријархално опкружување каде на нејзината амбиција да биде еманципирана не се гледа како на позитивна работа. Нејзиниот потфат започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своето патување да се помири со пчелите, таа започнува да прави мир и со самата себе, за да може да живее и да се зајакне во новата ситуација за да се соочи со многу непријателска реалност… Филмот се базира на вистинска приказна.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post Поради голем интерес нови две проекции на филмот „Улиште“ викендов во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, денеска и утре во Центарот за култура во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcii-na-filmot-nadez-vo-rezija-na-maria-sodal-deneska-i-utre-vo-centarot-za-kultura-vo-ohrid/ Wed, 09 Mar 2022 08:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=469891

Филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, денеска и утре ќе има проекции во Центарот за култура во Охрид.

Проекциите се закажани за во среда (09.03.2022) и четврток (10.03.2022) со почеток во 19.00 часот, а цената на картата 100 денари.

The post Проекции на филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, денеска и утре во Центарот за култура во Охрид appeared first on Република.

]]>

Филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, денеска и утре ќе има проекции во Центарот за култура во Охрид. Проекциите се закажани за во среда (09.03.2022) и четврток (10.03.2022) со почеток во 19.00 часот, а цената на картата 100 денари.

The post Проекции на филмот „Надеж” во режија на Мариа Содал, денеска и утре во Центарот за култура во Охрид appeared first on Република.

]]>