Проѕирен човек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodziren-chovek/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Проѕирен човек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodziren-chovek/ 32 32 Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/intervencijata-prodziren-chovek-im-se-obrakja-na-mladite-za-da-ja-pottikne-nivnata-mediumska-i-informaciska-pismenost/ Thu, 27 Oct 2022 07:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=566117

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн.

Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“.

„Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост.

Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.

Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет.

Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.

Сакавме на младите да им дадеме можност да станат свесни за работите што им претстојат на интернет. Исто така сакавме да понудиме настан и за родителите, за и тие сами да станат активни и затоа повикавме експерти и во соработка со нив, како и невладини организации ќе организираме еден разговор со експерти кадешто ќе можат да им дадат одговор на прашањата, вели Фалк Шлајхер.

Гордана Бабоска вели дека е факт оти младите поминуваат многу време на интернет, а таму ги демнеат многу опасности за кои и тие самите не се свесни во однос на сајбер булингот и другите предизвици.

Сакаме да им понудиме шанса да размислат за тоа да го рефлектираат нивното однесување и во случај да имаат некои предизвици да знаат како да ги решат. Меѓутоа исто така да размислат за позитивните страни, односно за дигиталната иднина во која живеат тие сега, но и ќе продолжат да живеат, додаде Бабоска.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити порача дека е важно да бидат вклучени во овој процес и да помогнат во заштитата на младите лица и да ги едуцираат за тоа што е корисно, а што не.

Тоа што нѐ загрижува е пристапот на младите луѓе до интернетот и тоа што можат да бидат изложени на секакви ризици, вели Алити.

Младите секојдневно користат информации од интернет, без да размислат од кој извор се, дали се веродостојни или не. Целта на проектот е да се зголеми и подобри нивната медиумска писменост и да ги препознаат лажните информации и да се заштитат од нив.

Поголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на нашите мобилни, таблети, компјутери, без разлика дали станува збор за разговор со нашите најблиски, разговор со нашето друштво, можеби пребарување и гледање видеа, едноставно барање информации за нашите најблиски или пак најобични информации на интернет, велат младите.

The post Интервенцијата „Проѕирен човек“ им се обраќа на младите за да ја поттикне нивната медиумска и информациска писменост appeared first on Република.

]]>

Речиси сите деца и млади луѓе на возраст од 6 до 18 години користат паметен телефон или таблет, што е речиси 98 проценти. Дигиталната студија на Пост Банк за млади покажа дека младите од 16 до 18 годишна возраст во 2021 година на неделно ниво биле онлајн 70.4 часа. Во 2020 година биле онлајн 71,5 часа, за разлика од 2019 кога биле само 58 часа онлајн. Интервенцијата „Проѕирен човек“, поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно има за цел да ги прикаже и добрите и лошите страни на интернетот. Интервенцијата што беше отворена е во организација на Гете институтот во Скопје во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Министерството за информатичко општество и администрација и граѓанската организација „Метаморфозис“. „Проѕирниот човек“ е само метафора за сите податоци што ги оставаме на интернет за себе. Преку тие податоци што ги пишуваме лесно може да се дознае сѐ за нас и на таков начин стануваме проѕирни. Токму поради тоа се случува и таа интервенција, Гете институтите од Југоисточна Европа сакаат да им се обратат на младите и нивното опкружување со цел да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост. Настанот го отвори германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.
Се создаваат паралелни универзуми, а во меѓувреме обемот на социјалните, политичките и културни влијанија на овие феномени го одредуваат секојдневието. Стратешката комуникација стана исклучително важен дел во нашата работа, младите се особено изложени на опасностите од социјалните медиуми бидејќи тие од една страна поминуваат многу време на интернет, а од друга страна сѐ уште не можат вистински да ги проценат ситуациите, вели Холштајн.
Информираше дека изложбата опфаќа теми како што се лажните вести, манипулација на интернет, наведувања и идеали за убавина, сајбер булинг и зависност од интернет. Претставниците за образовна соработка од Гете институтот во Скопје, Фалк Шлајхер и Гордана Бабоска истакнаа дека целта на оваа интервенција е младите да добијат јасна слика за работите што им претстојат на интернет, но истовремено да ги вклучат и родителите со цел и тие да бидат дел од овој настан.