продуценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/producenti/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 13:16:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продуценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/producenti/ 32 32 Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан https://arhiva3.republika.mk/scena/film/angela-nestorovska-od-sektor-film-na-listata-na-producers-on-the-move-koe-ke-se-odrzhi-pred-i-za-vreme-na-filmskiot-festival-vo-kan/ Wed, 01 May 2024 13:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=773016

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е дел од овогодинешното 25-то издание на #ProducersOnTheMove кое ќе се одржува пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 - 25 мај 2024 година)

20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.

Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Канскиот филмски фестивал, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Карлови Вари на Меѓународниот филмски фестивал во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.

The post Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>

Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е дел од овогодинешното 25-то издание на #ProducersOnTheMove кое ќе се одржува пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан (14 - 25 мај 2024 година)

20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.

Ангела Несторовска станува дел од „Сектор филм“ во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Канскиот филмски фестивал, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Карлови Вари на Меѓународниот филмски фестивал во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски.

The post Ангела Несторовска од „Сектор филм“ на листата на Producers on the move кое ќе се одржи пред и за време на Филмскиот фестивал во Кан appeared first on Република.

]]>
70 македонски филмски режисери и продуценти бараат повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/70-makedonski-filmski-rezhiseri-i-produtsenti-baraat-povlekuvane-na-predlogot-za-kratene-na-sredstvata-za-filmska-dejnost/ Tue, 19 Sep 2023 15:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=683229

Македонските филмски режисери Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставрески, Даријан Пејовски, Вардан Тозија и уште 65 нивни колеги , режисери и продуценти бараат од Министерството за култура да го повлече предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната година и да овозможи да се користат од посебната сметка на Агенцијата. Во спротивно, тие ќе ги блокираат проектите, велат во отвореното писмо испратено до јавноста.

Ако овие измени се изгласат во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, зашто буџетите се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите, велат филмските продуценти, режисери.

Нивното писмо го објавуваме во целост:

Благодарност до Министерството за култура за брзата реакција. Со овој обид за демант и официјално се потврдија нашите информации дека е предвидено кратење на средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм.

Министерството изјавува дека наводно за финансиските средства кои сега ќе ги земе од Агенцијата за филм ќе преземе активности да ги врати до крајот на годината. Затоа уште еднаш нагласуваме дека средствата предвидени во буџетот за 2023 година ни се потребни веднаш и сега, а не во декември, уште помалку следната година.

Проектите кои се веќе во реализација и оние чие снимање е предвидено да започне овој период не може да го чекаат евентуалното враќање на одземените средства на крајот од годината. На тој начин, колегите кои ги водат и се ангажирани на овие проекти ќе бидат во неизвесност дали и кога ќе ги добијат финансиските средства. Постојат трошоци за непречена реализација на филмовите кои мораат да бидат исплатени во текот на снимањето. Без прецизна и навремена динамика на исплата на ваквите трошоци не може да се одвива снимањето на било кој филмски проект насекаде во светот. Дополнително потсетуваме, филмските работници живеат единствено од хонорари, никаде не се вработени и не примаат плата.

Во изминатите години сведоци сме на најразлични ветувања кои никогаш до крај не се исполнуваат. Буџетот за филм континуирано се крати наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа. Несфатливо е што буџетот за филм се крати и покрај големите успеси на македонскиот филм на интернационално ниво.

Уште еднаш упатуваме барање до Министерството за култура за повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Воедно, упатуваме барање до Министерството за култура и Агенцијата за филм за заедничка средба која треба да се одржи што поскоро, на која ќе се стават на маса сите актуелни прашања и ќе се разговара за правилно проектирање на буџетот за 2024 година, со што ќе се овозможи македонската кинематографија да застане цврство на нозе и да чекори непречено кон нови успеси.

Со почит,

1. Тамара Котевска - режисер
2. Теона Митевска – режисер
3. Ѓорче Ставрески - режисер
4. Даријан Пејовски - режисер
5. Вардан Тозија - режисер
6. Дина Дума - режисер
7. Марија Апчевска - режисер
8. Горан Столевски - режисер
9. Митко Панов - режисер
10. Игор Иванов - режисер
11. Петра Селишкар - режисер и продуцент
12. Георги Унковски - режисер
13. Андреј Волкашин - режисер
14. Срѓан Јанакиевиќ - режисер
15. Игор Алексов - режисер
16. Иван Ивановски - режисер
17. Елеонора Венинова - режисер
18. Николче Поповски - режисер
19. Трифун Ситниковски - режисер
20. Лидија Мојсовска - режисер
21. Марко Ѓоковик - режисер
22. Васил Христов - режисер
23. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент
24. Димитар Оровчанец - режисер
25. Кастриот Абдили - режисер и продуцент
26. Гоце Цветановски - режисер
27. Батухан Ибрахим - режисер
28. Маријан Гавриловски - режисер
29. Ромир Јакупи - режисер
30. Ибрахим Деари - режисер
31. Мирсад Абази - режисер и актер
32. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер
33. Фисник Исмаили - режисер и кинематографер
34. Андреј Георгиев - режисер
35. Гоце Трајковски - режисер
36. Алекс Цветков - режисер
37. Косара Митиќ - режисер
38. Ана Јакимска - режисер
39. Владимир Митревски - режисер
40. Илија Пиперковски - режисер
41. Стојан Вуисиќ - режисер
42. Саша Станишиќ - режисер
43. Лабина Митевска - продуцент
44. Марија Димитрова - продуцент
45. Томи Салковски - продуцент
46. Роберт Насков - продуцент
47. Владимир Анастасов - продуцент
48. Ангела Несторовска - продуцент
49. Дејан Илиев - продуцент
50. Иван Унковски - продуцент
51. Ивана Шекутковска - продуцент
52. Елена Станишева - продуцент
53. Јорданчо Петковски - продуцент
54. Сашо Пешев - продуцент
55. Илија Циривири - продуцент
56. Сара Ферро - продуцент
57. Владимир Стојчевски - продуцент
58. Дарко Попов - продуцент
59. Огнен Антов - продуцент
60. Гоце Кралевски - продуцент
61. Атанас Георгиев - продуцент и режисер
62. Роберт Јазаџиски - продуцент
63. Дејан Крајчевски - продуцент
64. Бунјамин Куртиши - продуцент
65. Душан Ефремов - продуцент
66. Иво Антов - продуцент
67. Сашо Павловски - продуцент и режисер
68. Бранд Ферро - продуцент и кинематографер
69. Илија Тирицовски - продуцент
70. Горан Стоиљковиќ - продуцент

 

The post 70 македонски филмски режисери и продуценти бараат повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност appeared first on Република.

]]>

Македонските филмски режисери Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставрески, Даријан Пејовски, Вардан Тозија и уште 65 нивни колеги , режисери и продуценти бараат од Министерството за култура да го повлече предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната година и да овозможи да се користат од посебната сметка на Агенцијата. Во спротивно, тие ќе ги блокираат проектите, велат во отвореното писмо испратено до јавноста.
Ако овие измени се изгласат во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, зашто буџетите се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите, велат филмските продуценти, режисери.
Нивното писмо го објавуваме во целост: Благодарност до Министерството за култура за брзата реакција. Со овој обид за демант и официјално се потврдија нашите информации дека е предвидено кратење на средства од буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм. Министерството изјавува дека наводно за финансиските средства кои сега ќе ги земе од Агенцијата за филм ќе преземе активности да ги врати до крајот на годината. Затоа уште еднаш нагласуваме дека средствата предвидени во буџетот за 2023 година ни се потребни веднаш и сега, а не во декември, уште помалку следната година. Проектите кои се веќе во реализација и оние чие снимање е предвидено да започне овој период не може да го чекаат евентуалното враќање на одземените средства на крајот од годината. На тој начин, колегите кои ги водат и се ангажирани на овие проекти ќе бидат во неизвесност дали и кога ќе ги добијат финансиските средства. Постојат трошоци за непречена реализација на филмовите кои мораат да бидат исплатени во текот на снимањето. Без прецизна и навремена динамика на исплата на ваквите трошоци не може да се одвива снимањето на било кој филмски проект насекаде во светот. Дополнително потсетуваме, филмските работници живеат единствено од хонорари, никаде не се вработени и не примаат плата. Во изминатите години сведоци сме на најразлични ветувања кои никогаш до крај не се исполнуваат. Буџетот за филм континуирано се крати наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа. Несфатливо е што буџетот за филм се крати и покрај големите успеси на македонскиот филм на интернационално ниво. Уште еднаш упатуваме барање до Министерството за култура за повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата. Воедно, упатуваме барање до Министерството за култура и Агенцијата за филм за заедничка средба која треба да се одржи што поскоро, на која ќе се стават на маса сите актуелни прашања и ќе се разговара за правилно проектирање на буџетот за 2024 година, со што ќе се овозможи македонската кинематографија да застане цврство на нозе и да чекори непречено кон нови успеси. Со почит, 1. Тамара Котевска - режисер 2. Теона Митевска – режисер 3. Ѓорче Ставрески - режисер 4. Даријан Пејовски - режисер 5. Вардан Тозија - режисер 6. Дина Дума - режисер 7. Марија Апчевска - режисер 8. Горан Столевски - режисер 9. Митко Панов - режисер 10. Игор Иванов - режисер 11. Петра Селишкар - режисер и продуцент 12. Георги Унковски - режисер 13. Андреј Волкашин - режисер 14. Срѓан Јанакиевиќ - режисер 15. Игор Алексов - режисер 16. Иван Ивановски - режисер 17. Елеонора Венинова - режисер 18. Николче Поповски - режисер 19. Трифун Ситниковски - режисер 20. Лидија Мојсовска - режисер 21. Марко Ѓоковик - режисер 22. Васил Христов - режисер 23. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент 24. Димитар Оровчанец - режисер 25. Кастриот Абдили - режисер и продуцент 26. Гоце Цветановски - режисер 27. Батухан Ибрахим - режисер 28. Маријан Гавриловски - режисер 29. Ромир Јакупи - режисер 30. Ибрахим Деари - режисер 31. Мирсад Абази - режисер и актер 32. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер 33. Фисник Исмаили - режисер и кинематографер 34. Андреј Георгиев - режисер 35. Гоце Трајковски - режисер 36. Алекс Цветков - режисер 37. Косара Митиќ - режисер 38. Ана Јакимска - режисер 39. Владимир Митревски - режисер 40. Илија Пиперковски - режисер 41. Стојан Вуисиќ - режисер 42. Саша Станишиќ - режисер 43. Лабина Митевска - продуцент 44. Марија Димитрова - продуцент 45. Томи Салковски - продуцент 46. Роберт Насков - продуцент 47. Владимир Анастасов - продуцент 48. Ангела Несторовска - продуцент 49. Дејан Илиев - продуцент 50. Иван Унковски - продуцент 51. Ивана Шекутковска - продуцент 52. Елена Станишева - продуцент 53. Јорданчо Петковски - продуцент 54. Сашо Пешев - продуцент 55. Илија Циривири - продуцент 56. Сара Ферро - продуцент 57. Владимир Стојчевски - продуцент 58. Дарко Попов - продуцент 59. Огнен Антов - продуцент 60. Гоце Кралевски - продуцент 61. Атанас Георгиев - продуцент и режисер 62. Роберт Јазаџиски - продуцент 63. Дејан Крајчевски - продуцент 64. Бунјамин Куртиши - продуцент 65. Душан Ефремов - продуцент 66. Иво Антов - продуцент 67. Сашо Павловски - продуцент и режисер 68. Бранд Ферро - продуцент и кинематографер 69. Илија Тирицовски - продуцент 70. Горан Стоиљковиќ - продуцент  

The post 70 македонски филмски режисери и продуценти бараат повлекување на предлогот за кратење на средствата за филмска дејност appeared first on Република.

]]>
53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/53-rezhiseri-i-produtsenti-vo-otvoreno-pismo-do-ministerstvoto-za-kultura-reagiraat-na-krateneto-na-godishniot-budhet-za-filmska-dejnost/ Mon, 18 Sep 2023 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=682920

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм.

Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов...

Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори.

Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација.

На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.

Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.

Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.

Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.

Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија.

Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.

 

1. Тамара Котевска - режисер
2. Теона Митевска - режисер
3. Ѓорче Ставрески - режисер
4. Даријан Пејовски - режисер
5. Вардан Тозија - режисер
6. Дина Дума - режисер
7. Марија Апчевска - режисер
8. Игор Иванов - режисер
9. Георги Унковски - режисер
10. Андреј Волкашин - режисер
11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер
12. Игор Алексов - режисер
13. Елеонора Венинова - режисер
14. Николче Поповски - режисер
15. Трифун Ситниковски - режисер
16. Лидија Мојсовска - режисер
17. Марко Ѓоковик - режисер
18. Васил Христов - режисер
19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент
20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент
21. Батухан Ибрахим, режисер
22. Маријан Гавриловски - режисер
23. Ромир Јакупи - режисер
24. Ибрахим Деари - режисер
25. Мирсад Абази - режисер и актер
26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер
27. Фисник Исмаили - режисер и снимател
28. Андреј Георгиев - режисер
29. Гоце Трајковски - режисер
30. Лабина Митевска - продуцент
31. Марија Димитрова - продуцент
32. Томи Салковски - продуцент
33. Роберт Насков - продуцент
34. Владимир Анастасов - продуцент
35. Ангела Несторовска - продуцент
36. Дејан Илиев - продуцент
37. Иван Унковски - продуцент
38. Ивана Шекутковска - продуцент
39. Елена Станишева - продуцент
40. Јорданчо Петковски - продуцент
41. Сашо Пешев - продуцент
42. Илија Циривири - продуцент
43. Сара Ферро - продуцент
44. Владимир Стојчевски - продуцент
45. Дарко Попов - продуцент
46. Огнен Антов - продуцент
47. Гоце Кралевски - продуцент
48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер
49. Роберт Јазаџиски - продуцент
50. Дејан Крајчевски - продуцент
51. Бунјамин Куртиши - продуцент
52. Душан Ефремов - продуцент
53. Сашо Павловски - продуцент и режисер

 

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм. Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов... Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.
Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори. Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.
Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа. Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.
Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво. Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија. Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.
  1. Тамара Котевска - режисер 2. Теона Митевска - режисер 3. Ѓорче Ставрески - режисер 4. Даријан Пејовски - режисер 5. Вардан Тозија - режисер 6. Дина Дума - режисер 7. Марија Апчевска - режисер 8. Игор Иванов - режисер 9. Георги Унковски - режисер 10. Андреј Волкашин - режисер 11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер 12. Игор Алексов - режисер 13. Елеонора Венинова - режисер 14. Николче Поповски - режисер 15. Трифун Ситниковски - режисер 16. Лидија Мојсовска - режисер 17. Марко Ѓоковик - режисер 18. Васил Христов - режисер 19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент 20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент 21. Батухан Ибрахим, режисер 22. Маријан Гавриловски - режисер 23. Ромир Јакупи - режисер 24. Ибрахим Деари - режисер 25. Мирсад Абази - режисер и актер 26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер 27. Фисник Исмаили - режисер и снимател 28. Андреј Георгиев - режисер 29. Гоце Трајковски - режисер 30. Лабина Митевска - продуцент 31. Марија Димитрова - продуцент 32. Томи Салковски - продуцент 33. Роберт Насков - продуцент 34. Владимир Анастасов - продуцент 35. Ангела Несторовска - продуцент 36. Дејан Илиев - продуцент 37. Иван Унковски - продуцент 38. Ивана Шекутковска - продуцент 39. Елена Станишева - продуцент 40. Јорданчо Петковски - продуцент 41. Сашо Пешев - продуцент 42. Илија Циривири - продуцент 43. Сара Ферро - продуцент 44. Владимир Стојчевски - продуцент 45. Дарко Попов - продуцент 46. Огнен Антов - продуцент 47. Гоце Кралевски - продуцент 48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер 49. Роберт Јазаџиски - продуцент 50. Дејан Крајчевски - продуцент 51. Бунјамин Куртиши - продуцент 52. Душан Ефремов - продуцент 53. Сашо Павловски - продуцент и режисер  

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>