продолжен кабел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodolzen-kabel/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продолжен кабел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodolzen-kabel/ 32 32 Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар https://arhiva3.republika.mk/zivot/greshki-so-prodolzheniot-kabel-shto-mozhe-da-predizvikaat-pozhar/ Fri, 22 Nov 2024 10:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=840760

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.

Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.

Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел.

Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.

Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба.

Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина.

Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар.

Исто така:

– Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот.

– Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош.

– Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање.

– Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури.

– Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.
Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.
Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел. Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.
Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба. Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина. Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар. Исто така: – Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот. – Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош. – Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање. – Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури. – Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>
Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/s-odi-kon-toa-i-za-onkologija-vinoven-da-bide-prodolzheniot-kabel/ Fri, 03 Nov 2023 09:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=697698

Скандалот „Диво Месо“ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага. Тоа покажува дека власта на СДС и ДУИ го води и овој случај исто како и процесот со трагедијата со модуларната болница, со трагедијата кај Ласкарци или трагедијата со Беса транс. Се оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Монструозноста во овој случај е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту министерството за здравство, ниту МВР, ниту ЈО. Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги “оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/

Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребена.

Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.

За овој случај не смее да нема одговорност. Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-za-germancite-vinoven-e-kabelot-shto-izgorea-14-lugje-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница appeared first on Република.

]]>

Скандалот „Диво Месо“ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага. Тоа покажува дека власта на СДС и ДУИ го води и овој случај исто како и процесот со трагедијата со модуларната болница, со трагедијата кај Ласкарци или трагедијата со Беса транс. Се оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Монструозноста во овој случај е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту министерството за здравство, ниту МВР, ниту ЈО. Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги “оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/
Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребена.
Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. За овој случај не смее да нема одговорност. Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-za-germancite-vinoven-e-kabelot-shto-izgorea-14-lugje-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post Сѐ оди кон тоа и за Онкологија виновен да биде продолжениот кабел како за модуларната болница appeared first on Република.

]]>
И за Германците виновен е кабелот што изгореа 14 луѓе во тетовската модуларна болница?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-za-germancite-vinoven-e-kabelot-shto-izgorea-14-lugje-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ Tue, 25 Jan 2022 07:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=448989

Во тетовското Обвинителство пристигна преводот на извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември минатата година. Како што дознава Алсат од свои извори во обвинителството, во извештајот на германските експерти се наведува дека причина за ширењето на пожарот во тетовската монтажна болница можеби е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти.

Извештајот, според обвинителството, е доставен на анализа на пет обвинители вклучени во истрагата за случајот, кој, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од овој извештај ќе произлезе правно мислење, за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега. Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците.

Од тетовското обвинителство не соопштуваат повеќе детали за содржината на преведениот извештај, со образложение дека е дел од истрагата за случајот, додека од обвинителството велат дека извештајот на германските експерти е исклучително важен бидејќи, од овој извештај ќе може да се отвори нова истрага.

The post И за Германците виновен е кабелот што изгореа 14 луѓе во тетовската модуларна болница?! appeared first on Република.

]]>

Во тетовското Обвинителство пристигна преводот на извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември минатата година. Како што дознава Алсат од свои извори во обвинителството, во извештајот на германските експерти се наведува дека причина за ширењето на пожарот во тетовската монтажна болница можеби е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти. Извештајот, според обвинителството, е доставен на анализа на пет обвинители вклучени во истрагата за случајот, кој, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од овој извештај ќе произлезе правно мислење, за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега. Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците. Од тетовското обвинителство не соопштуваат повеќе детали за содржината на преведениот извештај, со образложение дека е дел од истрагата за случајот, додека од обвинителството велат дека извештајот на германските експерти е исклучително важен бидејќи, од овој извештај ќе може да се отвори нова истрага.

The post И за Германците виновен е кабелот што изгореа 14 луѓе во тетовската модуларна болница?! appeared first on Република.

]]>