продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodazba/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 08:55:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prodazba/ 32 32 Пад на продажбата на автомобили во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pad-na-prodazhbata-na-avtomobili-vo-evropa/ Tue, 29 Oct 2024 08:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=831929

Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец.

Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. По американскиот електричен теренец следат конвенционалните модели „Рено клио“ „Дачија сандеро“, „Фолксваген тигуан“ и „Киа спортиџ“.

Како што пишува „Ауто стар“ (Auto Star), регистрирани се вкупно 28.876 продадени „Ипсилон“ возила - што е намалување од еден отсто во однос на истиот месец лани.

Најпродаваните автомобили во Европа во септември 2024 година:

„Тесла модел Ипсилон“ - 28.876 продадени возила;
„Рено клио“ - 20.708;
„Дачија сандеро“ - 18.960;
„Фолксваген тигуан“ - 17.670;
„Киа спортиџ“ - 16.697;
„Пежо 208“ - 16.350;
„Фолксваген голф“ - 15.776;
„Тојота јарис крос“ - 15.714;
„Фолксваген поло“ - 15.299;
„Форд пума“ - 15.141;
„Тесла модел 3“ - 14.965;
„Тојота јарис“ - 14.468;
„Опел корса“ - 14.355;
„Шкода октавија“ - 13.895;
„Хјундаи тусон“ - 13.798;
„Пежо 2008“ - 13.203;
„Дачија дастер“ - 12.977;
„Фолксваген Т-рок“ - 12.794;
„Рено каптур“ - 12.686;
„Тојота ЦХР“ - 12.071;
„БМВ Икс-1“ - 11.806;
„Нисан кашкај“ - 11.444;
„Форд Куга“ - 10.653;
„Мини купер“ - 10.386;
„Нисан јук“ - 9.628.

The post Пад на продажбата на автомобили во Европа appeared first on Република.

]]>

Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец. Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. По американскиот електричен теренец следат конвенционалните модели „Рено клио“ „Дачија сандеро“, „Фолксваген тигуан“ и „Киа спортиџ“. Како што пишува „Ауто стар“ (Auto Star), регистрирани се вкупно 28.876 продадени „Ипсилон“ возила - што е намалување од еден отсто во однос на истиот месец лани. Најпродаваните автомобили во Европа во септември 2024 година: „Тесла модел Ипсилон“ - 28.876 продадени возила; „Рено клио“ - 20.708; „Дачија сандеро“ - 18.960; „Фолксваген тигуан“ - 17.670; „Киа спортиџ“ - 16.697; „Пежо 208“ - 16.350; „Фолксваген голф“ - 15.776; „Тојота јарис крос“ - 15.714; „Фолксваген поло“ - 15.299; „Форд пума“ - 15.141; „Тесла модел 3“ - 14.965; „Тојота јарис“ - 14.468; „Опел корса“ - 14.355; „Шкода октавија“ - 13.895; „Хјундаи тусон“ - 13.798; „Пежо 2008“ - 13.203; „Дачија дастер“ - 12.977; „Фолксваген Т-рок“ - 12.794; „Рено каптур“ - 12.686; „Тојота ЦХР“ - 12.071; „БМВ Икс-1“ - 11.806; „Нисан кашкај“ - 11.444; „Форд Куга“ - 10.653; „Мини купер“ - 10.386; „Нисан јук“ - 9.628.

The post Пад на продажбата на автомобили во Европа appeared first on Република.

]]>
Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки https://arhiva3.republika.mk/zivot/ovaa-sabota-vo-javna-soba-bazar-na-second-hand-obleka-nakit-knigi-i-detski-igrachki/ Fri, 10 May 2024 10:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=776727

Трендот во големите градови и култура е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата - толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е “second hand” модата.

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

Оваа сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот “Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:

-           Заштеда на пари

-           Помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси

-           Поддржувате локален и мал бизнис

-           Развивате уникатен стил

-           Имате чувство како да сте во потрага по богатство

The post Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки appeared first on Република.

]]>

Трендот во големите градови и култура е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата - толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е “second hand” модата. Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех. Оваа сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот “Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса. И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака: -           Заштеда на пари -           Помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси -           Поддржувате локален и мал бизнис -           Развивате уникатен стил -           Имате чувство како да сте во потрага по богатство  

The post Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки appeared first on Република.

]]>
Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/napolitankite-kit-kat-povlecheni-od-pazarot/ Thu, 28 Mar 2024 08:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=759624

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

The post Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна. Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр. Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

The post Наполитанките Кит Кат повлечени од пазарот appeared first on Република.

]]>
Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/utre-pochnuva-prodazhbata-na-vleznitsi-za-euro2024/ Mon, 02 Oct 2023 19:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=687249

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети.

Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија.

Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин.

Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.

The post Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети. Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија. Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин. Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.

The post Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>
Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-go-prodade-svojot-avtomobil-reno-4-za-60-000-evra-parite-gi-donirashe-za-detsa-bolni-od-rak/ Thu, 16 Feb 2023 11:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=609704

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Renault 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак.

Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120  пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.

Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Renault 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак. Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120  пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.
Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Пахор го продаде својот автомобил „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>
Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strumichkiot-teatar-ke-gi-donira-parite-od-ednomesechnata-prodazhba-na-biletite-za-nastradanite-vo-turtsija-i-sirija/ Wed, 08 Feb 2023 10:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=606388

Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите пари собрани од продадените билети за месец февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија,  соопшти директорката на НУЦК „Антон Панов“, Танкица Стојанова, која упати апел да публиката да дојде во театарот и на тој начин да ја искаже својата хуманост.

Инаку, овој месец на репертоарот на НТ „Антон Панов“ се седум претстави, а утре на програмата е гостувањето на танцовиот перформанс Вртоглавица“, во кореографија на Тобиас Драгер од Германија. Настапуваат танчерите Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Илина Костовска и Елена Стојкоска, а продукцијата е на Платформа Битрикс-Битрикс Културно-уметнички Центар во соработка со Младински Културен Центар и КСП „Центар Јадро“.

The post Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите пари собрани од продадените билети за месец февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија,  соопшти директорката на НУЦК „Антон Панов“, Танкица Стојанова, која упати апел да публиката да дојде во театарот и на тој начин да ја искаже својата хуманост. Инаку, овој месец на репертоарот на НТ „Антон Панов“ се седум претстави, а утре на програмата е гостувањето на танцовиот перформанс Вртоглавица“, во кореографија на Тобиас Драгер од Германија. Настапуваат танчерите Дејан Битровски, Теодора Ежовска, Сара Тасевска, Нина Петрушевска, Илина Костовска и Елена Стојкоска, а продукцијата е на Платформа Битрикс-Битрикс Културно-уметнички Центар во соработка со Младински Културен Центар и КСП „Центар Јадро“.

The post Струмичкиот театар ќе ги донира парите од едномесечната продажба на билетите за настраданите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Хрватска меѓу земјите на ЕУ со најголем пад во продажбата на мало https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-megju-zemjite-na-eu-so-najgolem-pad-vo-prodazbata-na-malo/ Mon, 05 Dec 2022 17:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=582292

Во октомври, Хрватска беше меѓу земјите на ЕУ со најголем пад на продажбата на мало, значително повисок од европскиот просек, покажа извештајот на Евростат, јави Хина.

Сезонски прилагодениот промет во продажбата на мало во ЕУ во октомври опадна за 1,7 отсто, а во еврозоната за 1,8 отсто во однос на септември, кога според ревидираните податоци е зголемен за 0,8 отсто во двете области, покажуваат проценките.

Извештајот за септември покажува пораст на сообраќајот во двете области за 0,4 отсто, забележува Евростат.

Најголем пад на прометот е забележан во октомври во продавниците за непрехранбени производи, за 2,1 отсто во двете области во однос на септември, кога е зголемен за 1,1 отсто во Унијата и за 1,2 отсто во еврозоната.

Евростат немаше податоци за Чешка, Грција, Италија и Романија. Од земјите-членки за кои Евростат имаше податоци, прометот од трговијата на мало најмногу падна во Австрија, за 4,6 отсто. Следува Хрватска со пад на трговскиот промет на нешто помалку од четири отсто во однос на септември, кога падна за 1,1 отсто. Блиску е и Белгија, каде што месечниот промет е намален за 3,3 отсто.

Раст на прометот е забележан само во пет земји, на чело со Луксембург, каде што е зголемен за 2,6 отсто во однос на септември. Следуваат Кипар, Малта и Португалија, со раст на прометот од 0,5 отсто, а потоа следи Шпанија, каде што е зголемен за 0,4 отсто, се вели во извештајот на Евростат.

На годишно ниво, календарски прилагодениот промет во трговијата на мало во ЕУ во октомври падна за 2,4 отсто, а во еврозоната за 2,7 отсто, покажуваат проценките на Евростат.

Во септември прометот во продажбата на мало во ЕУ се зголеми за ревидирани 0,3 отсто, додека во еврозоната стагнираше, покажуваат ревидираните податоци.

Во октомври прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун падна најмногу во двете области, за 3,6 отсто во ЕУ и за 3,9 отсто во еврозоната. Во септември падна за 1,9 или два отсто. Потоа следи продажбата на мало на непрехранбени производи, со пад на прометот од 2,6 отсто во двете области, откако во септември порасна за 0,7 отсто во ЕУ и за 0,6 отсто во еврозоната.

Прометот во малопродажбата на горива е зголемен, за 3,3 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната, а во септември е зголемен за 4,7 и 3,7 отсто.

Меѓу земјите на ЕУ, прометот во трговијата на мало најмногу падна во октомври во Данска, за 9,5 отсто. Следат Шведска и Белгија, со пад на прометот за 6,4 и 5,7 отсто.

Во Хрватска продажбата на мало во октомври е намалена за 5,1 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат табелите на Евростат. Во септември е намален за 2,3 отсто на годишна основа. Во октомври Словенија забележа најголем раст на прометот на годишна основа, од 8,5 отсто. Малта и Латвија се блиску зад нив, со раст на продажбата на мало од 7,2 и 5,7 проценти.

The post Хрватска меѓу земјите на ЕУ со најголем пад во продажбата на мало appeared first on Република.

]]>

Во октомври, Хрватска беше меѓу земјите на ЕУ со најголем пад на продажбата на мало, значително повисок од европскиот просек, покажа извештајот на Евростат, јави Хина. Сезонски прилагодениот промет во продажбата на мало во ЕУ во октомври опадна за 1,7 отсто, а во еврозоната за 1,8 отсто во однос на септември, кога според ревидираните податоци е зголемен за 0,8 отсто во двете области, покажуваат проценките. Извештајот за септември покажува пораст на сообраќајот во двете области за 0,4 отсто, забележува Евростат. Најголем пад на прометот е забележан во октомври во продавниците за непрехранбени производи, за 2,1 отсто во двете области во однос на септември, кога е зголемен за 1,1 отсто во Унијата и за 1,2 отсто во еврозоната. Евростат немаше податоци за Чешка, Грција, Италија и Романија. Од земјите-членки за кои Евростат имаше податоци, прометот од трговијата на мало најмногу падна во Австрија, за 4,6 отсто. Следува Хрватска со пад на трговскиот промет на нешто помалку од четири отсто во однос на септември, кога падна за 1,1 отсто. Блиску е и Белгија, каде што месечниот промет е намален за 3,3 отсто. Раст на прометот е забележан само во пет земји, на чело со Луксембург, каде што е зголемен за 2,6 отсто во однос на септември. Следуваат Кипар, Малта и Португалија, со раст на прометот од 0,5 отсто, а потоа следи Шпанија, каде што е зголемен за 0,4 отсто, се вели во извештајот на Евростат. На годишно ниво, календарски прилагодениот промет во трговијата на мало во ЕУ во октомври падна за 2,4 отсто, а во еврозоната за 2,7 отсто, покажуваат проценките на Евростат. Во септември прометот во продажбата на мало во ЕУ се зголеми за ревидирани 0,3 отсто, додека во еврозоната стагнираше, покажуваат ревидираните податоци. Во октомври прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун падна најмногу во двете области, за 3,6 отсто во ЕУ и за 3,9 отсто во еврозоната. Во септември падна за 1,9 или два отсто. Потоа следи продажбата на мало на непрехранбени производи, со пад на прометот од 2,6 отсто во двете области, откако во септември порасна за 0,7 отсто во ЕУ и за 0,6 отсто во еврозоната. Прометот во малопродажбата на горива е зголемен, за 3,3 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната, а во септември е зголемен за 4,7 и 3,7 отсто. Меѓу земјите на ЕУ, прометот во трговијата на мало најмногу падна во октомври во Данска, за 9,5 отсто. Следат Шведска и Белгија, со пад на прометот за 6,4 и 5,7 отсто. Во Хрватска продажбата на мало во октомври е намалена за 5,1 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат табелите на Евростат. Во септември е намален за 2,3 отсто на годишна основа. Во октомври Словенија забележа најголем раст на прометот на годишна основа, од 8,5 отсто. Малта и Латвија се блиску зад нив, со раст на продажбата на мало од 7,2 и 5,7 проценти.

The post Хрватска меѓу земјите на ЕУ со најголем пад во продажбата на мало appeared first on Република.

]]>
Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzoni-dep-za-tri-chasa-zarabotil-3-5-milioni-dolari-so-prodazba-na-sliki/ Sun, 31 Jul 2022 08:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=535257

Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно.

Само неколку часа по објавувањето на понудата на Instagram, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.

Колекцијата на актерот, насловена „Пријатели и херои“, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор.

„Отсекогаш сум ги изразувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер.

„Постојано сум опкружен со уметност, но мојата сопствена слика до сега ја чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој.

Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“.

Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот.

Поединечните слики во рамки чинат околу 4.700 долари, а портфолиото од четири слики нешто помалку од 18.000 долари.

Објавата на Деп на Instagram предизвика врева, поради што веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art се урна.

The post Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики appeared first on Република.

]]>

Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно. Само неколку часа по објавувањето на понудата на Instagram, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.
Колекцијата на актерот, насловена „Пријатели и херои“, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор. „Отсекогаш сум ги изразувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер. „Постојано сум опкружен со уметност, но мојата сопствена слика до сега ја чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој. Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“. Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот. Поединечните слики во рамки чинат околу 4.700 долари, а портфолиото од четири слики нешто помалку од 18.000 долари. Објавата на Деп на Instagram предизвика врева, поради што веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art се урна.

The post Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики appeared first on Република.

]]>
Се продава луксузната јахта на Дејвид Боуви https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/se-prodava-luksuznata-jahta-na-dejvid-bouvi/ Sat, 04 Jun 2022 16:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=511150

Се продава луксузната јахта на музичката легенда Дејвид Боуви- моторната јахта долга 39 метри што ја нарачал во 1974 година.

Денеб Стар е изграден од италијанското бродоградилиште Бенети и доставено до Боуви во 1977 година. Оттогаш, челичниот и алуминиумскиот брод е преименуван во Ел Каран и е наведен за продажба од Џулио Риџо во канцеларијата на Фрејзер во Палма за 4,85 милиони евра.

Ел Каран претрпе неколку преправки, а последно во 2020 година, кога беше префарбан и поставена нова палуба од тиково дрво. Но, има многу уметнички процут на Боуви од неговите денови Денеб, вклучително и надреалистичката слика која виси над трпезариската маса.

The post Се продава луксузната јахта на Дејвид Боуви appeared first on Република.

]]>

Се продава луксузната јахта на музичката легенда Дејвид Боуви- моторната јахта долга 39 метри што ја нарачал во 1974 година. Денеб Стар е изграден од италијанското бродоградилиште Бенети и доставено до Боуви во 1977 година. Оттогаш, челичниот и алуминиумскиот брод е преименуван во Ел Каран и е наведен за продажба од Џулио Риџо во канцеларијата на Фрејзер во Палма за 4,85 милиони евра. Ел Каран претрпе неколку преправки, а последно во 2020 година, кога беше префарбан и поставена нова палуба од тиково дрво. Но, има многу уметнички процут на Боуви од неговите денови Денеб, вклучително и надреалистичката слика која виси над трпезариската маса.

The post Се продава луксузната јахта на Дејвид Боуви appeared first on Република.

]]>
Се продава кулата „Генекс“, еден од белезите на Белград https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-prodava-kulata-geneks-eden-od-belezite-na-belgrad/ Fri, 22 Apr 2022 15:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=492346

Кулата „Генекс“, односно Западната порта на Белград, е понудена на продажба по почетна цена од две милијарди динари, соопшти денеска стечајниот управник на „Генералекспорт“.

Кулата се состои од 14.943 метри квадратни во 28 посебни делови од зградата, деловен простор во непријавена сопственост од 1.450 м2 и деловни и гаражни простори како посебен дел од објектот на површина од 6.445 метри квадратни.

Јавниот тендер за западната порта Генекс во Белград е закажан за 23 мај, пренесе Танјуг.
„Генералекспорт“ е во стечај од 2015 година, а во 2017 година е донесена одлука за банкрот.

Како холдинг компанија со статус на општествено претпријатие се занимавала со меѓународна и домашна трговија, хотелиерство, угостителство и воздушен транспорт.

Агенцијата јавува дека на продажба е „Застава камиони“ која се нуди на продажба како правно лице по почетна цена од 71,7 милиони динари, соопшти денеска стечајниот управник.

Продажниот пакет вклучува неколку згради од металопреработувачката индустрија со вкупна површина од околу 6.800 метри квадратни.

Првата продажба ќе биде на јавно наддавање закажано за 24 мај.

Оваа компанија која се занимава со производство на комерцијални возила е во стечај од септември 2018 година.

The post Се продава кулата „Генекс“, еден од белезите на Белград appeared first on Република.

]]>

Кулата „Генекс“, односно Западната порта на Белград, е понудена на продажба по почетна цена од две милијарди динари, соопшти денеска стечајниот управник на „Генералекспорт“. Кулата се состои од 14.943 метри квадратни во 28 посебни делови од зградата, деловен простор во непријавена сопственост од 1.450 м2 и деловни и гаражни простори како посебен дел од објектот на површина од 6.445 метри квадратни. Јавниот тендер за западната порта Генекс во Белград е закажан за 23 мај, пренесе Танјуг. „Генералекспорт“ е во стечај од 2015 година, а во 2017 година е донесена одлука за банкрот. Како холдинг компанија со статус на општествено претпријатие се занимавала со меѓународна и домашна трговија, хотелиерство, угостителство и воздушен транспорт. Агенцијата јавува дека на продажба е „Застава камиони“ која се нуди на продажба како правно лице по почетна цена од 71,7 милиони динари, соопшти денеска стечајниот управник. Продажниот пакет вклучува неколку згради од металопреработувачката индустрија со вкупна површина од околу 6.800 метри квадратни. Првата продажба ќе биде на јавно наддавање закажано за 24 мај. Оваа компанија која се занимава со производство на комерцијални возила е во стечај од септември 2018 година.

The post Се продава кулата „Генекс“, еден од белезите на Белград appeared first on Република.

]]>
Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-kontra-shansa-za-centar-ne-e-prodavano-zemjishte-kaj-treska-nadvor-od-zakonot/ Wed, 23 Mar 2022 17:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=477275

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.

Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.

Понатаму тие додаваат:

Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.

Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.

На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.

https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>

Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.
Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа, велат од Општина Центар.
Понатаму тие додаваат:
Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.
Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување. Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.
На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.
https://republika.mk/vesti/skopje/dali-treska-kje-stane-noviot-holidej-in/

The post Општина Центар контра Шанса за Центар: Не е продавано земјиште кај „Треска“надвор од законот appeared first on Република.

]]>
Ивановски: 7 евра за м2 на ултра атрактивна локација во општина Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ivanovski-7-evra-za-m2-na-ultra-atraktivna-lokacija-vo-opshtina-centar/ Fri, 11 Mar 2022 11:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=471277

Денешново излагање е продолжение на вчерашната прес конференција каде што обелоденивме за продажба на ултра атрактивна локација во општина Центар по цена од неверојатни само 7 евра. Оваа продажба се разбира ја изврши власта предводена од СДСМ, истакна Ивановски.

Ќе ги повторам наводите кои што вчера ги изнесовме:

– Се продава ултра атрактивно земјиште, градежно земјиште во општина Центар за само 7 евра на локација која што е атрактивна, и каде што цената од квадрат достигнува и до 2000 евра за м2.

– На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 спрата каде што цената е 2000 евра по квадрат. Да направиме едноставна математика, 15 ката по 2000 евра добиваме 30.000 евра за м2, а притоа продажна цена е само 7 евра. Значи седум евра овдека за земја би биле околу 30.000 евра изградени горе во деловен простор. А, министерството за финансии, министерството за транспорт и врски и Општина Центар одобруваат продажба од само 7 евра за м2.

Сето ова се случува во очи на Нова година, значи на 29-ти декември 2021 година министерството за финансии дава решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, на ова му претходело договор склучен помеѓу Општина Центар водена од Саша Богдановиќ, во тоа време градоначалник и инвеститорот на втори октомври 2020 година каде што фирмата инвеститор приватизира земјиште по цена од едно евро за м2.

Да поедноставам прво имаме дивоградба, таа дивоградба се легализира, потоа дооформување на земјиште и скоро без пари ја добивате ултра атрактивното градежно земјиште. Тоа се случи, а тоа го овозможи СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз во вчерашна изјава се повикуваше на тоа дека законите биле донесени од претходната влада, дека биле стари и така натака, и тоа е одговор кој што го очекувавме ние, и затоа ќе ги потсетиме на нивните изборни ветувања кои што ги направија 2020-та година:

Прво ветување: „Затоа во изминатите три години ја започнавме најголемата реформа со носење нови закони со кои ќе ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните“.

Дека за седум евра продажба на државно земјиште заштитуваме државен интерес, имаме голем сомнеж.

Второ ветување: „Идната влада предводена од СДСМ ќе продолжи да работи на нови законски решенија во градежниот сектор. Најавуваме целосно усогласување на системските закони што ја регулираат областа на градежништвото и урбанизмот“.

Петта година СДСМ се на власт, ако сметале дека законските решенија не се соодветни, не се добри, а вчера се произнесоа дека не биле соодветни, можеле да извршат измени на законите и да доведат до нивно подобрување. Меѓутоа пет години тие не го сториле тоа. Паралелно Општина Центар можела да го промени ДУП-от на оваа локација, но и тоа не го направиле,  така да тие изговори паѓаат во вода.

Трето ветување:  „Постапките ги правиме потранспарентни за граѓаните, а воедно ја штитиме и унапредуваме животната средина и природата.

Ние не гледаме како 15 катници ја унапредуваат животната средина и природата, а околу транспарентноста, можеме да ги запрашаме жителите овдека на Капиштец дали барем еден од нив знаел дека во неговото маало ќе му никне 15 катница и истата инвеститорот ја платил за 7 евра за м2.

Ќе сумирам, додека граѓаните се соочуваат со драстични поскапувања на станбениот простор во Скопје, додека цената на квадратот пораснува за 20, 25% пораст и надминуваат над 1500 евра за квадрат, СДСМ продаваат градежно земјиште за багателни 7 евра. Коментарот на огромен број на граѓани вчера беше: Ако е за 7 евра и јас можам да го купам, зашто јас кој што немам да плаќам по 1500 евра за м2, а оние што имаат да плаќаат само 7 евра? Нели е тоа неправеден однос кон граѓаните на Република Македонија ?

Ќе одговорам јас место СДСМ –  тоа е неправеден однос кон граѓаните, но не е ништо неочекувано поради тоа што СДСМ е на власт.

The post Ивановски: 7 евра за м2 на ултра атрактивна локација во општина Центар appeared first on Република.

„Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари https://arhiva3.republika.mk/scena/film/peglichkata-na-tom-henks-na-aukcija-dostigna-neverojatni-87-2-iljadi-dolari/ Fri, 11 Mar 2022 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=471196

Во 2017 година Том Хенкс, патувајќи низ Европа случајно се сретнал со полски Fiat 126p, кај нас попознат како „Пегличка“. Тоа беше љубов на прв поглед, а Хенкс се` почесто објавувал фотографии од автомобилот на социјалните мрежи со опис „Добив нов автомобил“.

Граѓаните на Биелско-Бјала, градот од кој потекнува полскиот Fiat 126p, решија да му се заблагодарат на Хенкс за промовирањето на автомобилот, и да му донираат еден примерок. И не каков било, туку навистина посебен. Моника Јасколска организирала акција за собирање средства, а откако биле собрани околу 8.500 полски злоти, купен е половен автомобил. Тука во приказната влегува Carlex Design, кој наводно целосно бесплатно го преуредил автомобилот.

Пегличката е лакирана во бела боја, а по реновирањето, внатрешноста добила зеленикаво-жолта кожа и посвета на познатиот актер преку етикетите на уникатниот модел „Биелско-Биала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“. Бидејќи Хенкс е голем љубител на машините за пишување, Carlex одлучиле да ги заменат прекинувачите со нови што изгледаат како оние од машина за пишување.

Актерот лично се потпишал и на внатрешната страна на возачката врата, а дополнителен детал е црвеното куче под задното стакло кое кимнува со главата на свиоците. Автомобилот го задржал оригиналниот, двоцилиндричен мотор со зафатнина од 594 кубика и 23 КС.

Автомобилот е пренесен во Лос Анџелес и предаден на актерот, кој сега решил да го продаде по пет години и помалку од 500 поминати километри. Се нудел преку платформата Bring A Trailer, а целата сума е донирана на фондацијата Елизабет Дол и нејзината кампања Скриени херои. И тоа е огромна сума бидејќи автомобилот на аукција достигнал неверојатни 87,2 илјади долари.

https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE&feature=emb_logo

The post „Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари appeared first on Република.

]]>

Во 2017 година Том Хенкс, патувајќи низ Европа случајно се сретнал со полски Fiat 126p, кај нас попознат како „Пегличка“. Тоа беше љубов на прв поглед, а Хенкс се` почесто објавувал фотографии од автомобилот на социјалните мрежи со опис „Добив нов автомобил“. Граѓаните на Биелско-Бјала, градот од кој потекнува полскиот Fiat 126p, решија да му се заблагодарат на Хенкс за промовирањето на автомобилот, и да му донираат еден примерок. И не каков било, туку навистина посебен. Моника Јасколска организирала акција за собирање средства, а откако биле собрани околу 8.500 полски злоти, купен е половен автомобил. Тука во приказната влегува Carlex Design, кој наводно целосно бесплатно го преуредил автомобилот. Пегличката е лакирана во бела боја, а по реновирањето, внатрешноста добила зеленикаво-жолта кожа и посвета на познатиот актер преку етикетите на уникатниот модел „Биелско-Биала за Том Хенкс“ и „Еден од еден“. Бидејќи Хенкс е голем љубител на машините за пишување, Carlex одлучиле да ги заменат прекинувачите со нови што изгледаат како оние од машина за пишување. Актерот лично се потпишал и на внатрешната страна на возачката врата, а дополнителен детал е црвеното куче под задното стакло кое кимнува со главата на свиоците. Автомобилот го задржал оригиналниот, двоцилиндричен мотор со зафатнина од 594 кубика и 23 КС. Автомобилот е пренесен во Лос Анџелес и предаден на актерот, кој сега решил да го продаде по пет години и помалку од 500 поминати километри. Се нудел преку платформата Bring A Trailer, а целата сума е донирана на фондацијата Елизабет Дол и нејзината кампања Скриени херои. И тоа е огромна сума бидејќи автомобилот на аукција достигнал неверојатни 87,2 илјади долари. https://www.youtube.com/watch?v=i7bmsiA-QhE&feature=emb_logo

The post „Пегличката“ на Том Хенкс на аукција достигна неверојатни 87,2 илјади долари appeared first on Република.

]]>
Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-struga-ja-prodala-zgradata-na-vodovod-i-sega-plakja-3-000-evra-kirija/ Thu, 10 Feb 2022 08:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=456592

Антикорупциска ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продаде земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3.000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина.

Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина.

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

The post Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продаде земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3.000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина. Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина. Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

The post Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија appeared first on Република.

]]>