проблеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/problemi/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 20:07:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проблеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/problemi/ 32 32 Префрлени се средствата на АД Водостопанство за заостанатите плати: Се решаваат проблемите кои ги создаде претходната Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prefrleni-se-sredstvata-na-ad-vodostopanstvo-za-zaostanatite-plati-se-reshavaat-problemite-koi-gi-sozdade-prethodnata-vlada/ Fri, 23 Aug 2024 20:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=809613

„Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина.“ истакна  Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата.

Министерот го  потенцираше сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата,  во наредниот период  во фокусот ќе бидат  задоволни земјоделците како и  вработените во државните институции. За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со Премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада.

The post Префрлени се средствата на АД Водостопанство за заостанатите плати: Се решаваат проблемите кои ги создаде претходната Влада appeared first on Република.

]]>

„Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина.“ истакна  Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата.

Министерот го  потенцираше сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата,  во наредниот период  во фокусот ќе бидат  задоволни земјоделците како и  вработените во државните институции. За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со Премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада.

The post Префрлени се средствата на АД Водостопанство за заостанатите плати: Се решаваат проблемите кои ги создаде претходната Влада appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ne-se-prijaveni-problemi-vo-kompjuterskite-sistemi-na-drzhavnite-institutsii/ Fri, 19 Jul 2024 11:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=798446

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.

 

Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.

 

– Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот.

Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.

 

Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува.

Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.

 

Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот.

Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.

 

– Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати.

Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават.

Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот.
  Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт.   – Тоа е нивното известување, и дека одредени институции коишто биле поврзани на таа платформа преку нивните сервиси, имало некои недостаток и предизвикале некој пад на системот. Што се однесува до државните институции, во постојана комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица, не се пријавени до сегашни падови на системите во државните институции.   Има некоја информација за приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи и веќе се надминува. Дополнителни информации може да имаме во текот на утрешниот ден, но како што ја гледам ситуацијата во моментот, станува изолиран инцидент во Мајкрософт и со него поврзани системи, така што не очекувам да има повеќе проблем во државните институции, истакна Андоновски, кој во тетовско Јегуновце потпиша меморандум за соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, со цел отворање на административна канцеларија за „Една точка за услуги“.   Според министерот државата има стратегија за работа во областа на заштита во сајбер просторот. Се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.   – Можам да кажам дека од најголемиот дел од институциите веќе ги одобривме номинациите од сите државни институции засегнати. Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност, закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои можат да се појават. Видите, овој свет е под напад, постојано се развива и постојано трпи напади, но кога имате јасен одговор од страната на државите, проблемите со кои ќе се соочите и последиците со кои ќе се соочите, се секогаш помали но многу е важно да имаме системски пристап и стратешки да се позиционираме за да се заштитиме, изјави Андоновски.

The post Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции appeared first on Република.

]]>
Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-nashite-pratenitsi-ke-gi-reshat-problemite-na-mladite/ Mon, 13 May 2024 20:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=777760

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.

И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа, заклучи тој.

Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа.

ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој.

Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ.

Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов.

„УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој.

Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент.

The post Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите appeared first on Република.

]]>

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.
И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа, заклучи тој.
Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа.
ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој.
Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ.
Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов.
„УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој. Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент.

The post Попов: Нашите пратеници ќе ги решат проблемите на младите appeared first on Република.

]]>
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-pochnato-navreme-glasane-na-edno-mesto-vo-tetovo-poradi-aparatot-za-identifikatsija/ Wed, 08 May 2024 06:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=775195

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.

The post Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација appeared first on Република.

]]>

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација. Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија. Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.

The post Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација appeared first on Република.

]]>
Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/problemi-vo-sdsm-nesoglasuvane-okolu-nositelite-na-pratenichkite-listi/ Mon, 18 Mar 2024 15:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=755990

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“.

Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи.

Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска.

Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“. Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи. Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска. Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>
Очите говорат за проблемите со срцето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ochite-govorat-za-problemite-so-srtseto/ Fri, 01 Mar 2024 10:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=749928

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно навреме да се забележате предзнаците на овие болести. Постојат повеќе симптоми со чија помош може да се дознае можната присутна опасност – следат три од нив.

Според офталмологот д-р Одри Тај oд Калифорнија (САД), пред сѐ, треба да се внимава на жолтите испакнатини околу очите. Оваа појава медицински се нарекува ксантелазма. Поточно, тие жолти меури обично се признак на висок холестерол, којшто ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести и може да предизвика мозочен, како и срцев удар, но и други состојби.

Жолтите грутки најмногу се појавуваат на и околу очните капаци, а можат да се појават и во средината на лицето. Сепак, тие не се болни и не влијаат на видот. Сепак, тие се знак дека можеби имате многу високо ниво триглицериди во крвта, па дури може да биде знак дека имате генетско нарушување кое предизвикува абнормални нивоа на липиди.

Ширењето на зениците поврзано со отчукувањата на срцето, може да биде знак за протекување на срцевиот залисток. Затоа, д-р Тај вели дека ова се случува кога крвта се испумпува од срцето преку аортната валвула, којашто ако не е цврсто затворена, дел од крвта истекува назад во срцето.

– Ова предизвикува поголема разлика меѓу Вашиот крвен притисок кога срцето ви се собира и крвниот притисок кога тоа се отпушта. Кога срцето се собира, зеницата се намалува, а кога се отпушта, таа се шири, појаснува докторката.

Ако се забележи пулсирање на зениците, треба да се посети лекар, поточно кардиолог, а пожелно е и првично консултирање со офталмолог кој ќе утврди дали окото пулсира.

– Од друга страна, и промените во мрежницата се симптом, но не можат да се видат „со голо око“. Оваа појава може да ја види само офталмолог при преглед. Многу е важно да правите редовни очни прегледи, особено ако имате над 40 години, боледувате од дијабетес или какви било фактори на ризик за или болести на срцето или крвните садови, дополни Тај.

Промената на мрежницата може да биде знак за ран дијабетес или висок крвен притисок, што се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.

 

The post Очите говорат за проблемите со срцето appeared first on Република.

]]>

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па затоа е важно навреме да се забележате предзнаците на овие болести. Постојат повеќе симптоми со чија помош може да се дознае можната присутна опасност – следат три од нив. Според офталмологот д-р Одри Тај oд Калифорнија (САД), пред сѐ, треба да се внимава на жолтите испакнатини околу очите. Оваа појава медицински се нарекува ксантелазма. Поточно, тие жолти меури обично се признак на висок холестерол, којшто ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести и може да предизвика мозочен, како и срцев удар, но и други состојби. Жолтите грутки најмногу се појавуваат на и околу очните капаци, а можат да се појават и во средината на лицето. Сепак, тие не се болни и не влијаат на видот. Сепак, тие се знак дека можеби имате многу високо ниво триглицериди во крвта, па дури може да биде знак дека имате генетско нарушување кое предизвикува абнормални нивоа на липиди. Ширењето на зениците поврзано со отчукувањата на срцето, може да биде знак за протекување на срцевиот залисток. Затоа, д-р Тај вели дека ова се случува кога крвта се испумпува од срцето преку аортната валвула, којашто ако не е цврсто затворена, дел од крвта истекува назад во срцето. – Ова предизвикува поголема разлика меѓу Вашиот крвен притисок кога срцето ви се собира и крвниот притисок кога тоа се отпушта. Кога срцето се собира, зеницата се намалува, а кога се отпушта, таа се шири, појаснува докторката. Ако се забележи пулсирање на зениците, треба да се посети лекар, поточно кардиолог, а пожелно е и првично консултирање со офталмолог кој ќе утврди дали окото пулсира. – Од друга страна, и промените во мрежницата се симптом, но не можат да се видат „со голо око“. Оваа појава може да ја види само офталмолог при преглед. Многу е важно да правите редовни очни прегледи, особено ако имате над 40 години, боледувате од дијабетес или какви било фактори на ризик за или болести на срцето или крвните садови, дополни Тај. Промената на мрежницата може да биде знак за ран дијабетес или висок крвен притисок, што се главни фактори на ризик за срцеви заболувања.  

The post Очите говорат за проблемите со срцето appeared first on Република.

]]>
Падна Инстаграм: За многу корисници апликацијата не работи https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/padna-instagram-za-mnogu-korisnici-aplikacijata-ne-raboti/ Mon, 31 Oct 2022 17:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=567909

Ако имате проблеми со отворањето на Инстаграм и пристапот до вашата сметка, не сте сами, бидејќи многу корисници ширум светот пријавуваат проблеми и се прашуваат како да ја вратат својата сметка.

Инстаграм престана да работи, многу луѓе не можат да се логираат и добија порака дека нивните сметки се суспендирани, но тоа не е затоа што прекршиле некои правила, тоа е технички проблем, или така изгледа.

Она што збуни многу корисници е тоа што во пораката се вели дека ги прекршиле правилата на оваа мрежа и повеќе нема да можат да ја користат. Ова го потврдија многу креатори на содржини на Инстаграм, кои забележаа драстичен пад на следбениците во последните неколку часа.Инстаграм сè уште нема објавено јавно соопштение во врска со овој пад и заклучување на сметката, па не е познато дали ова е техничка грешка што може да се поправи или дали овие сметки се изгубени. Ако ова ви се случило и се прашувате како да ја вратите вашата сметка, контактирајте го контакт центарот на Инстаграм преку овој линк.

Ова е само најновото во серијата технички проблеми во Мета неодамна, бидејќи корисниците на WhatsApp имаа многу проблеми изминатава недела.

 

The post Падна Инстаграм: За многу корисници апликацијата не работи appeared first on Република.

]]>

Ако имате проблеми со отворањето на Инстаграм и пристапот до вашата сметка, не сте сами, бидејќи многу корисници ширум светот пријавуваат проблеми и се прашуваат како да ја вратат својата сметка. Инстаграм престана да работи, многу луѓе не можат да се логираат и добија порака дека нивните сметки се суспендирани, но тоа не е затоа што прекршиле некои правила, тоа е технички проблем, или така изгледа. Она што збуни многу корисници е тоа што во пораката се вели дека ги прекршиле правилата на оваа мрежа и повеќе нема да можат да ја користат. Ова го потврдија многу креатори на содржини на Инстаграм, кои забележаа драстичен пад на следбениците во последните неколку часа.Инстаграм сè уште нема објавено јавно соопштение во врска со овој пад и заклучување на сметката, па не е познато дали ова е техничка грешка што може да се поправи или дали овие сметки се изгубени. Ако ова ви се случило и се прашувате како да ја вратите вашата сметка, контактирајте го контакт центарот на Инстаграм преку овој линк. Ова е само најновото во серијата технички проблеми во Мета неодамна, бидејќи корисниците на WhatsApp имаа многу проблеми изминатава недела.  

The post Падна Инстаграм: За многу корисници апликацијата не работи appeared first on Република.

]]>
Владата и МОН без слух за огромниот проблем со набавка на енергенси во училиштата во Ѓорче Петров, Стојкоски апелира на соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vladata-i-mon-bez-sluh-za-ogromniot-problem-so-nabavka-na-energensi-vo-uchilishtata-vo-gjorche-petrov-stojkoski-apelira-na-sorabotka/ Fri, 02 Sep 2022 11:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=546737

Сериозен проблем имаме во делот на основните училишта и таму мораме да го антиципираме тој проблем и да добиеме поголема поддршка од Министерството за образование и од владата, бидејќи дотациите кои биле предвидени од претходно во буџетот за енергенси апсолутно нема да ги задоволат потребите на училиштата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

За овој сериозен проблем со кој ќе се соочат оваа грејна сезона тој вели дека парите не се доволни и тие изнесуваат еден милион и седумстотини денари само до крајот на годината.

Овие пари не се доволни и би требало од сопствениот буџет да дополниме за да ги покриеме трошоците. И кога сме кај училиштата морам да истакнам дека и дотациите кои што се во делот за плати кои што беа најавувани дека се зголемени платите на наставниците и тие се зголемени, општина Ѓорче Петров за еден милион денари има помала вредност на дотација за еден милион денари кои што ги добива за да се исплатат тие покачени плати на наставниот кадар. Проблемот е комплексен тука и треба токму на владата сериозен фокус во наредниот период, вели Стојкоски.

Тој додава дека не би сакал децата да следат онлајн настава иако се вратени и нормализирани по пандемијата поради тоа што ќе немаат услови за греење во училиштата.

Ова е проблем број 1 во државава што треба да се разгледува, бидејќи децата се столбот на едно општество. Повторно ќе повторам во општина Ѓорче Петров во делот на енергенси фалат милион и седумстотини денари, а во делот на плати милион денари, за да ни помогне државата, но не само на нас и на децата и родителите потребно е и училиштата како градинките да се вратат под итно на регулиран пазар и да плаќаат струја барем како што плаќаат домаќинствата, па макар биле и во таа највисока тарифа и таа највисока тарифа е поевтина верувајте од тоа што ние како општини и училиштата го плаќаат. Училиштата во моментов плаќаат најскапа струја, вели Стојкоски.

https://youtu.be/qqhYomhvirE

The post Владата и МОН без слух за огромниот проблем со набавка на енергенси во училиштата во Ѓорче Петров, Стојкоски апелира на соработка appeared first on Република.

]]>

Сериозен проблем имаме во делот на основните училишта и таму мораме да го антиципираме тој проблем и да добиеме поголема поддршка од Министерството за образование и од владата, бидејќи дотациите кои биле предвидени од претходно во буџетот за енергенси апсолутно нема да ги задоволат потребите на училиштата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. За овој сериозен проблем со кој ќе се соочат оваа грејна сезона тој вели дека парите не се доволни и тие изнесуваат еден милион и седумстотини денари само до крајот на годината.
Овие пари не се доволни и би требало од сопствениот буџет да дополниме за да ги покриеме трошоците. И кога сме кај училиштата морам да истакнам дека и дотациите кои што се во делот за плати кои што беа најавувани дека се зголемени платите на наставниците и тие се зголемени, општина Ѓорче Петров за еден милион денари има помала вредност на дотација за еден милион денари кои што ги добива за да се исплатат тие покачени плати на наставниот кадар. Проблемот е комплексен тука и треба токму на владата сериозен фокус во наредниот период, вели Стојкоски.
Тој додава дека не би сакал децата да следат онлајн настава иако се вратени и нормализирани по пандемијата поради тоа што ќе немаат услови за греење во училиштата.
Ова е проблем број 1 во државава што треба да се разгледува, бидејќи децата се столбот на едно општество. Повторно ќе повторам во општина Ѓорче Петров во делот на енергенси фалат милион и седумстотини денари, а во делот на плати милион денари, за да ни помогне државата, но не само на нас и на децата и родителите потребно е и училиштата како градинките да се вратат под итно на регулиран пазар и да плаќаат струја барем како што плаќаат домаќинствата, па макар биле и во таа највисока тарифа и таа највисока тарифа е поевтина верувајте од тоа што ние како општини и училиштата го плаќаат. Училиштата во моментов плаќаат најскапа струја, вели Стојкоски.
https://youtu.be/qqhYomhvirE

The post Владата и МОН без слух за огромниот проблем со набавка на енергенси во училиштата во Ѓорче Петров, Стојкоски апелира на соработка appeared first on Република.

]]>