проба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proba/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 13:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png проба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/proba/ 32 32 Во МНТ почна пробата за најновата претстава: „12“ со моќна машка актерска екипа, во адаптација и режија на Синиша Евтимов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-mnt-pochna-probata-za-najnovata-pretstava-12-so-mokna-mashka-akterska-ekipa-vo-adaptatsija-i-rezhija-na-sinisha-evtimov/ Thu, 05 Sep 2024 10:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=813444

Како што беше најавено, Македонскиот народен театар, новата театарска сезона 2024/2025 година ќе ја започне со отворање на новата сцена - летната сцена „Славиша Кајевски“, со патувања и гостувања надвор од државата, гостувања во МНТ, како и реализирање на премиерни изведби.
На 4 септември официјално започнаа подготовките за претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.
Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.
Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците.  Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.
Во претставата, која е дел од годишната програма на националната установа МНТ за 2024 година, ќе игра моќна машка актерска екипа: Тони Михајловски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Благој Веселинов.
Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото се на Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.
Премиерата е закажана за октомври.
Списокот на претставите кои ги режирал Евтимов е обемен и разновиден, и во жанровска смисла и во однос на театарските куќи во кои работел. Хронолошки ги издвојуваме претставите кои ги има режирано во МНТ: „Едмонд“ (1996) од Дејвид Мамет, „Венко“ (2000) по текст на Благоја Ристески-Платнар, „Дипломец“ (2004), „Сомнително лице“ (2007) од Бранислав Нушиќ, „Така било пишано“ (2010) по текстот на Сашко Насев, (праизведба), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (2012) според Едвард Олби, и последните две комедии „Не се клади на Енглези“ (2014) според Владимир Гурѓевиќ - претстава која е на репертоарската програма веќе десетта година и сѐ уште ги полни салите, како и претставата „Мој термин“ (2019) по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева.

The post Во МНТ почна пробата за најновата претстава: „12“ со моќна машка актерска екипа, во адаптација и режија на Синиша Евтимов appeared first on Република.

]]>

Како што беше најавено, Македонскиот народен театар, новата театарска сезона 2024/2025 година ќе ја започне со отворање на новата сцена - летната сцена „Славиша Кајевски“, со патувања и гостувања надвор од државата, гостувања во МНТ, како и реализирање на премиерни изведби. На 4 септември официјално започнаа подготовките за претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз. Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците.  Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Во претставата, која е дел од годишната програма на националната установа МНТ за 2024 година, ќе игра моќна машка актерска екипа: Тони Михајловски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Благој Веселинов. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото се на Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив. Премиерата е закажана за октомври. Списокот на претставите кои ги режирал Евтимов е обемен и разновиден, и во жанровска смисла и во однос на театарските куќи во кои работел. Хронолошки ги издвојуваме претставите кои ги има режирано во МНТ: „Едмонд“ (1996) од Дејвид Мамет, „Венко“ (2000) по текст на Благоја Ристески-Платнар, „Дипломец“ (2004), „Сомнително лице“ (2007) од Бранислав Нушиќ, „Така било пишано“ (2010) по текстот на Сашко Насев, (праизведба), „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (2012) според Едвард Олби, и последните две комедии „Не се клади на Енглези“ (2014) според Владимир Гурѓевиќ - претстава која е на репертоарската програма веќе десетта година и сѐ уште ги полни салите, како и претставата „Мој термин“ (2019) по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева.

The post Во МНТ почна пробата за најновата претстава: „12“ со моќна машка актерска екипа, во адаптација и режија на Синиша Евтимов appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ на проба на средношколскиот бенд „Црно Собрание“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pendarovski-vo-skopskata-gimnazija-nikola-karev-na-proba-na-srednoshkolskiot-bend-tsrno-sobranie/ Sun, 05 Mar 2023 14:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=616051

Претседателот Стево Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ присуствуваше на пробата на средношколскиот бенд „Црно Собрание“.

Тој се запозна со Мона, Доротеја, Кирил, Мартин, Павел и Дарија, членовите на рок бендот „Црно Собрание“ чија менторка е професорката по музичка уметност Емилија Ристановска.

Рокерски рифови кои носат младешка енергија и креативност, но и критичко мислење. Браво дечки, бидете секогаш свои и вашите сништа ќе се остварат. Останете на својата патека. Ми ги пренесоа и впечатоците од концерот на средношколски бендови „БГ инвазија“ во Белград, каде освоија награди за најдобри гитаристи и најдобри вокали“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ на проба на средношколскиот бенд „Црно Собрание“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ присуствуваше на пробата на средношколскиот бенд „Црно Собрание“. Тој се запозна со Мона, Доротеја, Кирил, Мартин, Павел и Дарија, членовите на рок бендот „Црно Собрание“ чија менторка е професорката по музичка уметност Емилија Ристановска.
Рокерски рифови кои носат младешка енергија и креативност, но и критичко мислење. Браво дечки, бидете секогаш свои и вашите сништа ќе се остварат. Останете на својата патека. Ми ги пренесоа и впечатоците од концерот на средношколски бендови „БГ инвазија“ во Белград, каде освоија награди за најдобри гитаристи и најдобри вокали“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски во скопската гимназија „Никола Карев“ на проба на средношколскиот бенд „Црно Собрание“ appeared first on Република.

]]>
Андреа ја имаше првата проба во Торино https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrea-ja-imashe-prvata-proba-vo-torino/ Tue, 03 May 2022 10:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=496766

Македонската претставничка Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена во Торино, каде ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај со песната „Circles“.

@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Андреа ја имаше првата проба во Торино appeared first on Република.

]]>

Македонската претставничка Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена во Торино, каде ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12 мај со песната „Circles“.
@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! 👏🇲🇰 #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision

The post Андреа ја имаше првата проба во Торино appeared first on Република.

]]>