Прличеви беседи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prlichevi-besedi/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 08:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прличеви беседи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prlichevi-besedi/ 32 32 Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/traditsionalnite-prlichevi-besedi-pochnuvaat-deneska-napladne-vo-bibliotekata-vo-ohrid/ Fri, 03 Feb 2023 08:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=604125

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.

Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13: 00 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката. Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13: 00 часот со традиционалната „Прличева визита“. Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post Традиционалните „Прличеви беседи“ почнуваат денеска напладне во Библиотеката во Охрид appeared first on Република.

]]>
Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-go-chestvuva-makedonskiot-poet-i-prerodbenik-grigor-prlichev/ Thu, 03 Feb 2022 14:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=453666

Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од утре во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

Согласно програмата, манифестацијата почнува утре со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор.

За точно на пладне е предвидена промоција на книгата „Охридски раскажувачи“ на авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во Големата сала на Општина Охрид.

Чествувањата продолжуваат в сабота од 11:45 часот со отворањето на изложбата на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, што ќе се одржи во изложбениот салон.

За напладне е закажан централниот настан, посветен на лауреатот на годинешната награда Трајче Кацаров, чија поема „Цветко“ беше избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што секоја година се распишува во чест на Прличев.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години од одржувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, од 13 часот ќе биде промовирана монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) на авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска.

На 6 февруари во 11 часот ќе се служи панихида на гробот на Прличев, додека напладне кај паметникот на охридскиот Хомер беседа ќе одржи Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија, а ќе бидат и врачени наградите за најдобрите литературни творби по конкурсот распишан од ОУ „Григор Прличев“.

The post Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев appeared first on Република.

]]>

Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од утре во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува утре со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне е предвидена промоција на книгата „Охридски раскажувачи“ на авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во Големата сала на Општина Охрид. Чествувањата продолжуваат в сабота од 11:45 часот со отворањето на изложбата на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, што ќе се одржи во изложбениот салон. За напладне е закажан централниот настан, посветен на лауреатот на годинешната награда Трајче Кацаров, чија поема „Цветко“ беше избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што секоја година се распишува во чест на Прличев. Во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години од одржувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, од 13 часот ќе биде промовирана монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) на авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. На 6 февруари во 11 часот ќе се служи панихида на гробот на Прличев, додека напладне кај паметникот на охридскиот Хомер беседа ќе одржи Зоран Пејковски од Друштвото на писатели на Македонија, а ќе бидат и врачени наградите за најдобрите литературни творби по конкурсот распишан од ОУ „Григор Прличев“.

The post Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев appeared first on Република.

]]>