призна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prizna/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 13:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png призна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prizna/ 32 32 Милан Радоичиќ призна: Јас го организирав нападот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/milan-radoichik-prizna-jas-go-organizirav-napadot-na-kosovo/ Fri, 29 Sep 2023 13:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=686406

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово, се вели во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

Ја информирам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во Бањска на 24 септември“, навел Радоичиќ во изјавата, пренесува Н1.

Како што додал, причината за враќањето на Косово била „да се охрабри народот во отпорот кон режимот на Албин Курти“.

Радоичиќ во својата изјава истакнал дека не добил никаква помош од властите во Белград ниту, пак, ги известил за своите намери бидејќи веќе се разделиле во одредени позиции.

Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите и овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. За ова не известив никого од српските власти или локални структури ниту, пак, добив помош од нив бидејќи во тој период веќе имавме несогласувања“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања, Петронијевиќ рече дека, според досегашните информации, не била намерата косовскиот полицаец да умре.

Според досегашните информации, косовскиот полицаец загинал од експлозија, а не од куршум и од експлозија која не била наменета за него или за кој било друг, рекол Петронијевиќ истакнувајќи дека тој самиот не бил таму.

Во неделата, на 24 септември, во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следуваше акција на специјалните единици на косовската полиција против вооружена група која се обиде да се засолни во манастирот Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби од северот на Косово.

Безбедносните власти на Косово го обвинија потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, дека го организирал и учествувал во нападот врз косовската полиција.

 

The post Милан Радоичиќ призна: Јас го организирав нападот на Косово appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово, се вели во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.
Ја информирам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во Бањска на 24 септември“, навел Радоичиќ во изјавата, пренесува Н1.
Како што додал, причината за враќањето на Косово била „да се охрабри народот во отпорот кон режимот на Албин Курти“. Радоичиќ во својата изјава истакнал дека не добил никаква помош од властите во Белград ниту, пак, ги известил за своите намери бидејќи веќе се разделиле во одредени позиции.
Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите и овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. За ова не известив никого од српските власти или локални структури ниту, пак, добив помош од нив бидејќи во тој период веќе имавме несогласувања“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.
Одговарајќи на новинарски прашања, Петронијевиќ рече дека, според досегашните информации, не била намерата косовскиот полицаец да умре.
Според досегашните информации, косовскиот полицаец загинал од експлозија, а не од куршум и од експлозија која не била наменета за него или за кој било друг, рекол Петронијевиќ истакнувајќи дека тој самиот не бил таму.
Во неделата, на 24 септември, во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следуваше акција на специјалните единици на косовската полиција против вооружена група која се обиде да се засолни во манастирот Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби од северот на Косово. Безбедносните власти на Косово го обвинија потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, дека го организирал и учествувал во нападот врз косовската полиција.  

The post Милан Радоичиќ призна: Јас го организирав нападот на Косово appeared first on Република.

]]>