приземјен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prizemjen/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 11:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приземјен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prizemjen/ 32 32 Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pijan-se-obidel-da-ja-otvori-vratata-za-vreme-na-let-avionot-itno-bil-prizemjen-vo-shpanija/ Fri, 31 May 2024 11:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=783534

На летот на „EasyJet“ настанал хаос откако пијан патник се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил во воздух.

Полицијата чекала на пистата на аеродромот во Аликанте во Шпанија и уапсила 28-годишен маж кој бил толку пијан што не сфатил дека авионот се уште е во воздух.

Други патници му помогнале на екипажот со задржување на разбеснетиот маж за време на тепачката во која тој се заканувал на безбедноста на летот.

Според извештаите, патникот веќе бил пијан кога се качил во авионот, но неговата состојба „се влошила за време на летот“.

Ситуацијата ескалирала кога тој се степал со другите патници откако ги навредувал. Тој се обидел да удри член на персоналот, но потоа сите присутни се обиделе да го спречат хаосот.

Во средина на тепачката, пијаниот маж се обидел да ја отвори вратата од авионот за да излезе, несвесен дека тие летаат, а потоа се обидел да добие пристап до пилотската кабина.

Според тамошните медиуми, капетанот стапил во контакт со контролната кула на Аликанте за да ги предупреди дека во летот имаат пијан патник, кој во неколку наврати морале да го имобилизираат поради безбедносни закани.

По слетувањето на авионот, пијаниот маж е уапсен.

Аеродромот Аликанте е еден од оние кои регистрираат најмногу конфликти со патниците, пишуваат медиумите во регионот.

The post Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија appeared first on Република.

]]>

На летот на „EasyJet“ настанал хаос откако пијан патник се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил во воздух. Полицијата чекала на пистата на аеродромот во Аликанте во Шпанија и уапсила 28-годишен маж кој бил толку пијан што не сфатил дека авионот се уште е во воздух. Други патници му помогнале на екипажот со задржување на разбеснетиот маж за време на тепачката во која тој се заканувал на безбедноста на летот. Според извештаите, патникот веќе бил пијан кога се качил во авионот, но неговата состојба „се влошила за време на летот“. Ситуацијата ескалирала кога тој се степал со другите патници откако ги навредувал. Тој се обидел да удри член на персоналот, но потоа сите присутни се обиделе да го спречат хаосот. Во средина на тепачката, пијаниот маж се обидел да ја отвори вратата од авионот за да излезе, несвесен дека тие летаат, а потоа се обидел да добие пристап до пилотската кабина. Според тамошните медиуми, капетанот стапил во контакт со контролната кула на Аликанте за да ги предупреди дека во летот имаат пијан патник, кој во неколку наврати морале да го имобилизираат поради безбедносни закани. По слетувањето на авионот, пијаниот маж е уапсен. Аеродромот Аликанте е еден од оние кои регистрираат најмногу конфликти со патниците, пишуваат медиумите во регионот.

The post Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Франција приземји авион со над 300 Индијци поради „криумчарење луѓе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-prizemji-avion-so-nad-300-indijtsi-poradi-kriumcharene-luge/ Fri, 22 Dec 2023 19:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=725810

Авион за Никарагва со повеќе од 300 индиски патници е приземјен во Франција поради сомневање за „шверц со луѓе“, соопштија денеска француските власти.

Авионот бил задржан вчера по анонимна дојава, соопштија париските обвинители.

Локални медиуми јавуваат дека авионот полетал од Обединетите Арапски Емирати и дека веќе е започната судска истрага за условите и целите на патувањето.

Летот го извршила романска чартер компанија. Тој слетал на малиот аеродром Ватри заради техничка проверка, кога интервенирала полицијата.

„Сала на аеродромот Ватри е претворена во чекална со индивидуални кревети за да им се обезбедат на патниците најдобри можни услови“, соопшти полицијата.

The post Франција приземји авион со над 300 Индијци поради „криумчарење луѓе“ appeared first on Република.

]]>

Авион за Никарагва со повеќе од 300 индиски патници е приземјен во Франција поради сомневање за „шверц со луѓе“, соопштија денеска француските власти. Авионот бил задржан вчера по анонимна дојава, соопштија париските обвинители. Локални медиуми јавуваат дека авионот полетал од Обединетите Арапски Емирати и дека веќе е започната судска истрага за условите и целите на патувањето. Летот го извршила романска чартер компанија. Тој слетал на малиот аеродром Ватри заради техничка проверка, кога интервенирала полицијата. „Сала на аеродромот Ватри е претворена во чекална со индивидуални кревети за да им се обезбедат на патниците најдобри можни услови“, соопшти полицијата.

The post Франција приземји авион со над 300 Индијци поради „криумчарење луѓе“ appeared first on Република.

]]>