привремен премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privremen-premier/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Aug 2023 14:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png привремен премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privremen-premier/ 32 32 Пакистан назначи привремен премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pakistan-naznachi-privremen-premier/ Sat, 12 Aug 2023 14:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=671429

Пакистан денеска го именуваше Анварул Хак Какар за привремен премиер кој ќе го надгледува спроведувањето на општите избори, јави ДПА.

„Премиерот Шахбаз Шариф и лидерот на опозицијата во Националното собрание Раџа Ријаз Ахмад го финализираа името на привремениот премиер“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Шариф.

Двајцата лидери одржаа неколку состаноци за да изберат неутрална личност која ќе ја води земјата на избори.

Документ потпишан од двајцата лидери е испратен до претседателот на официјално одобрување и објавување.

Какар потекнува од најнестабилната провинција во земјата, Балучистан, и моментално е сенатор.

Во четвртокот, претседателот Ариф Алви го распушти 15-тото Национално собрание, означувајќи го крајот на петгодишниот мандат на законодавниот дом.

Тоа беше трето по ред собрание што го заврши својот мандат, што ниту еден премиер не го постигнал во 75-годишната историја на земјата.

Општите избори треба да се одржат во рок од 90 дена од распуштањето на парламентот.

Како што јави ДПА, изборите во Пакистан, нуклеарна сила со население од повеќе од 240 милиони луѓе и кревка демократија, секогаш се со контроверзи и обвинувања за манипулација со гласовите. паг/

 

The post Пакистан назначи привремен премиер appeared first on Република.

]]>

Пакистан денеска го именуваше Анварул Хак Какар за привремен премиер кој ќе го надгледува спроведувањето на општите избори, јави ДПА. „Премиерот Шахбаз Шариф и лидерот на опозицијата во Националното собрание Раџа Ријаз Ахмад го финализираа името на привремениот премиер“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на Шариф. Двајцата лидери одржаа неколку состаноци за да изберат неутрална личност која ќе ја води земјата на избори. Документ потпишан од двајцата лидери е испратен до претседателот на официјално одобрување и објавување. Какар потекнува од најнестабилната провинција во земјата, Балучистан, и моментално е сенатор. Во четвртокот, претседателот Ариф Алви го распушти 15-тото Национално собрание, означувајќи го крајот на петгодишниот мандат на законодавниот дом. Тоа беше трето по ред собрание што го заврши својот мандат, што ниту еден премиер не го постигнал во 75-годишната историја на земјата. Општите избори треба да се одржат во рок од 90 дена од распуштањето на парламентот. Како што јави ДПА, изборите во Пакистан, нуклеарна сила со население од повеќе од 240 милиони луѓе и кревка демократија, секогаш се со контроверзи и обвинувања за манипулација со гласовите. паг/  

The post Пакистан назначи привремен премиер appeared first on Република.

]]>