привлечност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privlechnost/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 10:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png привлечност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privlechnost/ 32 32 Што навистина ги привлекува мажите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/shto-navistina-gi-privlekuva-mazhite/ Sun, 25 Feb 2024 20:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=748280

Ако мислите дека го пали само секси долна облека, црвен кармин, високи потпетици, големи гради… се лажете…

Истражувањата покажаа дека мажите ги привлекуваат и некои работи кои на жените не им се допаѓаат кај себе.

На прво место е лицето без шминка. Без разлика што веројатно изгледате поубаво и се чувствувате посамоуверено дури и со минимум шминка, мажите велат дека „голите“ усни и природниот изглед се неодоливи. Она што најмногу ги одбива е бакнежот со многу кармин на усните, но и лице со слоеви пудра.

На второ место е стомакот, а не стомачните. Мажите не лудуваат по женски „плочки“ туку по стомак кој изгледа природно бидејќи им кажува дека имаат работа со опуштена личност која не е оптоварена со нејзиниот изглед.

Ниту бујните гради не се на приоритетната листа. Без разлика дали тоа е поради верувањето дека жените со мали гради се пожешки или поради тоа што генерално се поцврсти и „постабилни“, само малите гради се навистина, навистина секси за многу мажи.

Кога сме кај градите, драги дами, знајте дека гаќичките и градникот не мора секогаш да одат заедно. Имено, секси долна облека значи дека жената која ја носи се подготвила за секс. Облеката која е „обична“ значи дека мажот успеал да ја заведе спонтано и неочекувано.

Некои мажи ги привлекуваат жени кои носат очила. Меѓу најчестите машки фантазии се учителките и докторките. Зошто? Можеби причината е што само вистински маж може да ги „разоружа“ таквите „строги и опасни“ дами.

И конечно – боси нозе. Штиклите се ок, но босите стапала на жената се знак дека е природна, опуштена, дива…

The post Што навистина ги привлекува мажите? appeared first on Република.

]]>

Ако мислите дека го пали само секси долна облека, црвен кармин, високи потпетици, големи гради… се лажете… Истражувањата покажаа дека мажите ги привлекуваат и некои работи кои на жените не им се допаѓаат кај себе. На прво место е лицето без шминка. Без разлика што веројатно изгледате поубаво и се чувствувате посамоуверено дури и со минимум шминка, мажите велат дека „голите“ усни и природниот изглед се неодоливи. Она што најмногу ги одбива е бакнежот со многу кармин на усните, но и лице со слоеви пудра. На второ место е стомакот, а не стомачните. Мажите не лудуваат по женски „плочки“ туку по стомак кој изгледа природно бидејќи им кажува дека имаат работа со опуштена личност која не е оптоварена со нејзиниот изглед. Ниту бујните гради не се на приоритетната листа. Без разлика дали тоа е поради верувањето дека жените со мали гради се пожешки или поради тоа што генерално се поцврсти и „постабилни“, само малите гради се навистина, навистина секси за многу мажи. Кога сме кај градите, драги дами, знајте дека гаќичките и градникот не мора секогаш да одат заедно. Имено, секси долна облека значи дека жената која ја носи се подготвила за секс. Облеката која е „обична“ значи дека мажот успеал да ја заведе спонтано и неочекувано. Некои мажи ги привлекуваат жени кои носат очила. Меѓу најчестите машки фантазии се учителките и докторките. Зошто? Можеби причината е што само вистински маж може да ги „разоружа“ таквите „строги и опасни“ дами. И конечно – боси нозе. Штиклите се ок, но босите стапала на жената се знак дека е природна, опуштена, дива…

The post Што навистина ги привлекува мажите? appeared first on Република.

]]>
Се им оди од рака, ги воодушевуваат сите околу себе: Шест карактеристики на магнетски привлечните жени https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/se-im-odi-od-raka-gi-voodushevuvaat-site-shto-ke-se-najdat-okolu-niv-shest-karakteristiki-na-magnetski-privlechnite-zheni/ Sun, 07 May 2023 18:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=638089

Постојат некои жени кои како во себе да имаат некој волшебен магнет со кој ги привлекуваат сите што ќе се најдат во нејзина близина.

На ваквите дами, се чини дека се им оди од рака, ги привлекува не само мажите, туку и среќата, добрите пријатели, парите...

Ова се шест лични карактеристики во кои лежи нивната тајна.

Секогаш се позитивни

Позитивниот став е работа на избор кој ваквите жени секојдневно го прават. Да, понекогаш и тие се со лошо расположение и немаат желба за ништо, но генерално, ваквите жени секогаш веруваат во најдобар можен резултат.

Преземаат одговорност

Лесно е да се биде позитивен кога сте сигурни дека сѐ е под ваша контрола. Но, магнетски привлечните жени преземаат одговорност и кога не оди сѐ како што треба. Барањето виновник во другите оддава впечаток дека од вас избива негативност и несигурност.

Вредно работат на својата среќа

Жените кои како магнет привлекуваат сѐ што е најдобро, не мислат по цел ден за позитивниот исход од некоја работа и не се убедуваат себе си дека сѐ ќе се заврши како што треба. Тие се од акција, тие ќе направат сѐ тоа така и да биде, не потпирајќи се на ѕвездите и на туѓата помош.

Не го бараат лошото во другите

Врските генерално се тешки, а уште потешки се кога постојано се обидувате да најдете нешто лошо во луѓето.

Личниот развој и целите им се приоритет

Луѓето некогаш се грижат дека ќе мораат да ги жртвуваат своите соништа поради семејството и врските со своите најблиски. Но, тоа е нешто потполно незамисливо кај овие дами. Тие гледаат да пронајдат личност која ќе ги поддржи во исполнување на нивните соништа. Освен тоа, тие знаат дека страста кон хобито ја спасува врската од монотонија и од досада.

Се грижат за себе – за сопственото добро

Ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, нема да бидете ни сакани ни посакувани. Задоволството ни дава самодоверба која излегува од очите, движењата, гласот... таа е попривлечна од што било друго.

The post Се им оди од рака, ги воодушевуваат сите околу себе: Шест карактеристики на магнетски привлечните жени appeared first on Република.

]]>

Постојат некои жени кои како во себе да имаат некој волшебен магнет со кој ги привлекуваат сите што ќе се најдат во нејзина близина. На ваквите дами, се чини дека се им оди од рака, ги привлекува не само мажите, туку и среќата, добрите пријатели, парите... Ова се шест лични карактеристики во кои лежи нивната тајна.

Секогаш се позитивни

Позитивниот став е работа на избор кој ваквите жени секојдневно го прават. Да, понекогаш и тие се со лошо расположение и немаат желба за ништо, но генерално, ваквите жени секогаш веруваат во најдобар можен резултат.

Преземаат одговорност

Лесно е да се биде позитивен кога сте сигурни дека сѐ е под ваша контрола. Но, магнетски привлечните жени преземаат одговорност и кога не оди сѐ како што треба. Барањето виновник во другите оддава впечаток дека од вас избива негативност и несигурност.

Вредно работат на својата среќа

Жените кои како магнет привлекуваат сѐ што е најдобро, не мислат по цел ден за позитивниот исход од некоја работа и не се убедуваат себе си дека сѐ ќе се заврши како што треба. Тие се од акција, тие ќе направат сѐ тоа така и да биде, не потпирајќи се на ѕвездите и на туѓата помош.

Не го бараат лошото во другите

Врските генерално се тешки, а уште потешки се кога постојано се обидувате да најдете нешто лошо во луѓето.

Личниот развој и целите им се приоритет

Луѓето некогаш се грижат дека ќе мораат да ги жртвуваат своите соништа поради семејството и врските со своите најблиски. Но, тоа е нешто потполно незамисливо кај овие дами. Тие гледаат да пронајдат личност која ќе ги поддржи во исполнување на нивните соништа. Освен тоа, тие знаат дека страста кон хобито ја спасува врската од монотонија и од досада.

Се грижат за себе – за сопственото добро

Ако не се чувствувате добро во сопствената кожа, нема да бидете ни сакани ни посакувани. Задоволството ни дава самодоверба која излегува од очите, движењата, гласот... таа е попривлечна од што било друго.

The post Се им оди од рака, ги воодушевуваат сите околу себе: Шест карактеристики на магнетски привлечните жени appeared first on Република.

]]>
Романтика, секс, изглед… Постојат пет вида привлечност кај луѓето https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/romantika-seks-izgled-postojat-pet-vida-privlechnost-kaj-lugjeto/ Mon, 20 Jun 2022 07:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=517429

Најчестото мислење е дека привлечноста меѓу луѓето е исклучиво физички феномен, но всушност, оваа појава има многу повеќе нивоа. Според голем број истражувања, човечката привлечност може да се сведе на пет основни категории: сексуална, романтична, физичка, емоционална и естетска и секоја има своја улога во меѓучовечките односи.

Сексуалната привлечност се манифестира во сексуална желба и страст кон одредена личност. Може да се појави на повеќе нивоа – од желба да се бакне некого до желба за секс. Кога сексуалната привлечност ќе се појави во пријателски однос, тоа може да ги искомплицира работите, особено ако таа привлечност не е взаемна и не се дискутира за неа. Во контекст на романтичната врска, сексуалната привлечност е клучот за повеќето двојки. Сепак, има и такви на кои тоа не им е толку важно.

Постојат и врски кои се засноваат исклучиво на сексуална привлечност, но по правило, не траат многу долго. Сепак, доколку партнерите се договорат каков вид врска сакаат, таа може да биде сексуално исполнета.

Романтичната привлечност се јавува кога луѓето сакаат да запознаат некого интимно во контекст на љубовниот однос. Романтичните врски можат да траат подолго или пократко, а можат да бидат ексклузивни или отворени.

Во платонските врски, романтичната привлечност постои и кај обајцата. Основата на таквата врска е длабокото пријателство, а тоа може да доведе до здрава, долга врска.

Физичката привлечност не треба да се меша со сексуалната привлечност. Физичката привлечност може да се појави во секаков тип на врска, а се однесува на желбата за физички контакт, како допирање или гушкање. Тоа е природен човечки инстинкт без кој нашиот вид не би опстанал и е важен дел од секаков вид врска.

Клучот кај физичката привлечност е секогаш да имате предвид за тоа што сака другата личност и кои се нејзините граници.

Емоционалната привлечност доаѓа од потсвеста и понекогаш прави луѓето да се чувствуваат како „да нашле сродна душа“. Емоционалната привлечност може да се појави во секаков вид односи и е основа за долга врска. Ако се чувствувате емотивно привлечени кон некого, тоа значи дека може да се поврзете длабоко и интимно.

Естетска привлечност… Многумина имаат одреден „тип“ луѓе кој им е само визуелно привлечен. Оваа привлечност што се темели на физичкиот изглед, се нарекува естетска привлечност. Таа е во голема мера инстинктивна, но се учи и преку социјализација.

Иако е важна за поттикнување сексуален и романтичен интерес, само естетската привлечност не е доволна за долга и стабилна врска. Битно е партнерот да биде барем умерено привлечен, но естетската привлечност, општо земено, не е единствената основа за здрава врска.

The post Романтика, секс, изглед… Постојат пет вида привлечност кај луѓето appeared first on Република.

]]>

Најчестото мислење е дека привлечноста меѓу луѓето е исклучиво физички феномен, но всушност, оваа појава има многу повеќе нивоа. Според голем број истражувања, човечката привлечност може да се сведе на пет основни категории: сексуална, романтична, физичка, емоционална и естетска и секоја има своја улога во меѓучовечките односи. Сексуалната привлечност се манифестира во сексуална желба и страст кон одредена личност. Може да се појави на повеќе нивоа – од желба да се бакне некого до желба за секс. Кога сексуалната привлечност ќе се појави во пријателски однос, тоа може да ги искомплицира работите, особено ако таа привлечност не е взаемна и не се дискутира за неа. Во контекст на романтичната врска, сексуалната привлечност е клучот за повеќето двојки. Сепак, има и такви на кои тоа не им е толку важно. Постојат и врски кои се засноваат исклучиво на сексуална привлечност, но по правило, не траат многу долго. Сепак, доколку партнерите се договорат каков вид врска сакаат, таа може да биде сексуално исполнета. Романтичната привлечност се јавува кога луѓето сакаат да запознаат некого интимно во контекст на љубовниот однос. Романтичните врски можат да траат подолго или пократко, а можат да бидат ексклузивни или отворени. Во платонските врски, романтичната привлечност постои и кај обајцата. Основата на таквата врска е длабокото пријателство, а тоа може да доведе до здрава, долга врска. Физичката привлечност не треба да се меша со сексуалната привлечност. Физичката привлечност може да се појави во секаков тип на врска, а се однесува на желбата за физички контакт, како допирање или гушкање. Тоа е природен човечки инстинкт без кој нашиот вид не би опстанал и е важен дел од секаков вид врска. Клучот кај физичката привлечност е секогаш да имате предвид за тоа што сака другата личност и кои се нејзините граници. Емоционалната привлечност доаѓа од потсвеста и понекогаш прави луѓето да се чувствуваат како „да нашле сродна душа“. Емоционалната привлечност може да се појави во секаков вид односи и е основа за долга врска. Ако се чувствувате емотивно привлечени кон некого, тоа значи дека може да се поврзете длабоко и интимно. Естетска привлечност… Многумина имаат одреден „тип“ луѓе кој им е само визуелно привлечен. Оваа привлечност што се темели на физичкиот изглед, се нарекува естетска привлечност. Таа е во голема мера инстинктивна, но се учи и преку социјализација. Иако е важна за поттикнување сексуален и романтичен интерес, само естетската привлечност не е доволна за долга и стабилна врска. Битно е партнерот да биде барем умерено привлечен, но естетската привлечност, општо земено, не е единствената основа за здрава врска.

The post Романтика, секс, изглед… Постојат пет вида привлечност кај луѓето appeared first on Република.

]]>