приведување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priveduvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 09:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приведување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priveduvanje/ 32 32 Приведен крадец во Тетово за издржување казна затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-kradets-vo-tetovo-za-izdrzhuvane-kazna-zatvor/ Sat, 12 Oct 2024 09:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=825797

Вчера во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба" казниво по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

The post Приведен крадец во Тетово за издржување казна затвор appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба" казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

The post Приведен крадец во Тетово за издржување казна затвор appeared first on Република.

]]>
Криминалната империја под опсада на државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kriminalnata-imperija-pod-opsada-na-drzhavnite-institutsii/ Thu, 12 Sep 2024 14:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=815802

Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја и дали со тоа ќе бидеме конечно сведоци на нејзиниот крах, која нанесе големо зло на македонските граѓани. Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и Управата за јавни приходи, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар.

Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници.

Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присуството на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за институциите на државата.

„Коцката е веќе фрлена“

Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер Заев.

Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Сомнежите се за милионско даночно затајување, перење пари, прикривање докази. Под полициска опсада е и позната Вила парк-Струмица.

Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја координираат акцијата се Министерство за финансии, ОЈО и МВР.

The post Криминалната империја под опсада на државните институции appeared first on Република.

]]>

Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја и дали со тоа ќе бидеме конечно сведоци на нејзиниот крах, која нанесе големо зло на македонските граѓани. Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и Управата за јавни приходи, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар. Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присуството на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за институциите на државата. „Коцката е веќе фрлена“ Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер Заев. Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Сомнежите се за милионско даночно затајување, перење пари, прикривање докази. Под полициска опсада е и позната Вила парк-Струмица. Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја координираат акцијата се Министерство за финансии, ОЈО и МВР.

The post Криминалната империја под опсада на државните институции appeared first on Република.

]]>
Приведени 18 млади странски државјанки: Го злоупотребиле престојот во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-18-mladi-stranski-drzhavjanki-go-zloupotrebile-prestojot-vo-makedonija/ Sun, 04 Aug 2024 09:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=803202

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.

При тоа биле затекнати и приведени 18 странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

The post Приведени 18 млади странски државјанки: Го злоупотребиле престојот во Македонија appeared first on Република.

]]>

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот. При тоа биле затекнати и приведени 18 странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

The post Приведени 18 млади странски државјанки: Го злоупотребиле престојот во Македонија appeared first on Република.

]]>
Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-mazh-od-sveti-nikole-poradi-predizvikuvane-pozhar/ Thu, 01 Aug 2024 17:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=802461

На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информира МВР.

Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.

По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.

The post Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар appeared first on Република.

]]>

На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информира МВР. Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава е изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.

The post Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар appeared first on Република.

]]>
Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила: Хаос во угостителски објект во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-raspravale-napadnale-vraboten-i-oshtetile-vozila-haos-vo-ugostitelski-objekt-vo-struga/ Sat, 13 Apr 2024 13:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=765704

На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга.

Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид.

Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила: Хаос во угостителски објект во Струга appeared first on Република.

]]>

На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Се расправале, нападнале вработен и оштетиле возила: Хаос во угостителски објект во Струга appeared first on Република.

]]>
Интерветната полиција Скопје приведе бегалец од затвор осуден на 15 години казна затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intervetnata-politsija-skopje-privede-begalets-od-zatvor-osuden-na-15-godini-kazna-zatvor/ Sat, 16 Mar 2024 12:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=755376

Денеска (16.03.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободa Е.Л.(32) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

The post Интерветната полиција Скопје приведе бегалец од затвор осуден на 15 години казна затвор appeared first on Република.

]]>

Денеска (16.03.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободa Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

The post Интерветната полиција Скопје приведе бегалец од затвор осуден на 15 години казна затвор appeared first on Република.

]]>
Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-nasilnik-gi-istepal-nevenchanata-sopruga-i-nejzinata-kerka/ Sat, 17 Feb 2024 16:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=745180

На 16.02.2024 во 19:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(33) од Штип затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>

На 16.02.2024 во 19:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(33) од Штип затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>
Приведени двајца странци на „Табановце“ и Меѓународен аеродром Скопје поради фалсификувани документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-dvajtsa-strantsi-na-tabanovtse-i-megunaroden-aerodrom-skopje-poradi-falsifikuvani-dokumenti/ Sat, 20 Jan 2024 13:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=734930

Двајца странци биле приведени во текот на вчерашниот ден поради фалсификувани документи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, во 10:20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М., на возраст од 53 години, од Република Србија.

– При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарски возачка дозвола и лична карта, за кои по извршени проверки, констатирано било дека се фалсификувани. Лицето било предадено во кумановската полициска станица и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик – „фалсификување исправа“, појаснуваат од МВР.

Претходно, во 10:10 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле О.А., на возраст од 39 години, од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговата патна исправа, биле фалсификувани.

Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

The post Приведени двајца странци на „Табановце“ и Меѓународен аеродром Скопје поради фалсификувани документи appeared first on Република.

]]>

Двајца странци биле приведени во текот на вчерашниот ден поради фалсификувани документи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, во 10:20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М., на возраст од 53 години, од Република Србија. – При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарски возачка дозвола и лична карта, за кои по извршени проверки, констатирано било дека се фалсификувани. Лицето било предадено во кумановската полициска станица и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик – „фалсификување исправа“, појаснуваат од МВР. Претходно, во 10:10 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле О.А., на возраст од 39 години, од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговата патна исправа, биле фалсификувани. Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

The post Приведени двајца странци на „Табановце“ и Меѓународен аеродром Скопје поради фалсификувани документи appeared first on Република.

]]>
МВР за синоќешната акција во Чаир: Крадците од Кисела Вода при приведување ги нападнале полицајците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-sinokeshnata-aktsija-vo-chair-kradtsite-od-kisela-voda-pri-priveduvane-gi-napadnale-politsajtsite/ Sun, 07 Jan 2024 10:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=730629

Полицијата вчера во Чаир приведе три лица кои извршиле тешка кражба во Кисела Вода по што се дале во бегство.

Синоќа (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници“ велат од МВР за настанот.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post МВР за синоќешната акција во Чаир: Крадците од Кисела Вода при приведување ги нападнале полицајците appeared first on Република.

]]>

Полицијата вчера во Чаир приведе три лица кои извршиле тешка кражба во Кисела Вода по што се дале во бегство. Синоќа (06.01.2024) во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело “тешка кражба”, по што се дале во бегство. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници“ велат од МВР за настанот. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post МВР за синоќешната акција во Чаир: Крадците од Кисела Вода при приведување ги нападнале полицајците appeared first on Република.

]]>
Претрес во Ѓорче Петров- пронајдена дрога, приведен дилер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-gorche-petrov-pronajdena-droga-priveden-diler-2/ Fri, 28 Jul 2023 08:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=666185

Денеска (28.07.2023) во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во Ѓорче Петров- пронајдена дрога, приведен дилер appeared first on Република.

]]>

Денеска (28.07.2023) во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во Ѓорче Петров- пронајдена дрога, приведен дилер appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски: Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта не враќа во 49-тата година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-priveduvanjeto-na-akterot-mavrovski-ako-vaka-se-zatvoraat-lugje-za-iznesen-stav-vlasta-ne-vrakja-vo-49-tata-godina/ Fri, 04 Nov 2022 15:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=569656

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на  денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи, истакна дека луѓето од власта треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност ќе бидат и предмет на критика и дека ако за изнесен став се затвораат луѓе власта не враќа во 49-тата година.

 

Не е првпат МВР така да постапува насилнички. Јас на дневна основа јавно, што политичари, што граѓани, сум жртва на такви статуси што повикуваат на линч, на физички пресметки на мене на моето семејство и досега еве две години не е постапувано и луѓето треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност дека ќе бидат предмет на критика. Не може секогаш да ве фалат и да велат дека сте најпаметни и дека најдобро работите, некогаш и логично е да ве критикуваат. Впрочем, затоа и преставува плурализмот, демократијата и ако вака за изнесен став се затвораат луѓе се враќаме назад во 49-тата година. Тоа не се европските вредности кои што оваа влада ги промовира. Нели велат европски вредности, полна им е устата со Европа, а се однесуваат како дивјаци од минатиот век“, истакна Мицкоски.

Тој исто така изрази поддршка до актерот Мавровски и го охрабри секој граѓанин без да се грижи да го изрази својот став без разлика на кого се однесува критиката.

Поддршка до Васко и поддршка до слободата на мислата. Секој граѓанин да не се грижи и да си го каже својот став, па нека биде тоа критика дали за ВМРО, за СДСМ, за ДУИ, слободно да го искажат ставот. Ова е веќе втора жртва на приведување на оваа насилничка полиција. Таков беше и случајот во Скопје со лицето кое што беше приведено под сомнеж дека ги испраќа оние мејлови со коишто се испраќаат закани за поставени бомби во училиштата во Скопје, па тоа беше поврзувано со ВМРО-ДПМНЕ, додека пак вистинските криминалци шетаат насекаде во Македонија, односно да бидам уште попрецизен се во коалиција со власта на СДСМ и ДУИ“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Таква една порака упатив од вчера од Прилеп каде што седат со истите тие криминалци кои што имаат возен парк од неколку стотици илјади евра. Доволно е да го проверат возниот парк на тие луѓе, од каде им е  и потекло на парите да им побараат и ќе им стане јасно кои се вистинските криминалци и кои се невини жртви. Истото и тука во Битола, но доаѓа денот, секој ден сме поблиску до денот на одговорност и јас ветувам дека ќе има одговорност“.

The post Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски: Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта не враќа во 49-тата година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на  денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу случајот со приведувањето на актерот во Битолскиот театар, Васко Мавровски по пријава на министерката за култура поради пост на социјалните мрежи, истакна дека луѓето од власта треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност ќе бидат и предмет на критика и дека ако за изнесен став се затвораат луѓе власта не враќа во 49-тата година.  
Не е првпат МВР така да постапува насилнички. Јас на дневна основа јавно, што политичари, што граѓани, сум жртва на такви статуси што повикуваат на линч, на физички пресметки на мене на моето семејство и досега еве две години не е постапувано и луѓето треба да сфатат дека кога се занимаваат со јавна дејност дека ќе бидат предмет на критика. Не може секогаш да ве фалат и да велат дека сте најпаметни и дека најдобро работите, некогаш и логично е да ве критикуваат. Впрочем, затоа и преставува плурализмот, демократијата и ако вака за изнесен став се затвораат луѓе се враќаме назад во 49-тата година. Тоа не се европските вредности кои што оваа влада ги промовира. Нели велат европски вредности, полна им е устата со Европа, а се однесуваат како дивјаци од минатиот век“, истакна Мицкоски. Тој исто така изрази поддршка до актерот Мавровски и го охрабри секој граѓанин без да се грижи да го изрази својот став без разлика на кого се однесува критиката. Поддршка до Васко и поддршка до слободата на мислата. Секој граѓанин да не се грижи и да си го каже својот став, па нека биде тоа критика дали за ВМРО, за СДСМ, за ДУИ, слободно да го искажат ставот. Ова е веќе втора жртва на приведување на оваа насилничка полиција. Таков беше и случајот во Скопје со лицето кое што беше приведено под сомнеж дека ги испраќа оние мејлови со коишто се испраќаат закани за поставени бомби во училиштата во Скопје, па тоа беше поврзувано со ВМРО-ДПМНЕ, додека пак вистинските криминалци шетаат насекаде во Македонија, односно да бидам уште попрецизен се во коалиција со власта на СДСМ и ДУИ“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Таква една порака упатив од вчера од Прилеп каде што седат со истите тие криминалци кои што имаат возен парк од неколку стотици илјади евра. Доволно е да го проверат возниот парк на тие луѓе, од каде им е  и потекло на парите да им побараат и ќе им стане јасно кои се вистинските криминалци и кои се невини жртви. Истото и тука во Битола, но доаѓа денот, секој ден сме поблиску до денот на одговорност и јас ветувам дека ќе има одговорност“.

The post Мицкоски за приведувањето на актерот Мавровски: Ако вака се затвораат луѓе за изнесен став, власта не враќа во 49-тата година appeared first on Република.

]]>
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-tetovo-pronajdena-droga-privedeno-edno-lice/ Wed, 17 Aug 2022 09:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=541300

На 16.08.2022 во 11:20 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец Н.К.

При претрeс извршен со судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

The post Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>

На 16.08.2022 во 11:20 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец Н.К. При претрeс извршен со судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

The post Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>
Приведено лице за издржување на двегодишна казна затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeno-lice-za-izdrzuvanje-na-dvegodishna-kazna-zatvor/ Wed, 17 Aug 2022 08:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=541206

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 18.25 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода К.Џ.(45) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За него, како што информираат од МВР, била распишана централна потерница на барање на Основниот кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во траење од две години.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, посочуваат од МВР.

The post Приведено лице за издржување на двегодишна казна затвор appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 18.25 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода К.Џ.(45) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. За него, како што информираат од МВР, била распишана централна потерница на барање на Основниот кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во траење од две години. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, посочуваат од МВР.

The post Приведено лице за издржување на двегодишна казна затвор appeared first on Република.

]]>
Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeno-lice-od-tetovsko-za-izdrzuvanje-na-zatvorska-kazna/ Sun, 12 Jun 2022 09:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=514056

На 11.06.2022 во 23.00 часот на ул.“Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А. (29) од с. Селце, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, лицето Л.А. се барал по судска наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна.

Л.А. бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

The post Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна appeared first on Република.

]]>

На 11.06.2022 во 23.00 часот на ул.“Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.А. (29) од с. Селце, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, лицето Л.А. се барал по судска наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна. Л.А. бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

The post Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна appeared first on Република.

]]>
За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-nekolku-chasa-vchera-privedeni-osum-lica-poradi-najdena-droga/ Sun, 20 Mar 2022 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=475588

Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога.

Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест лица.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер по претходно извршен претрес во објект сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Сето пронајдено е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Лишените лица задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесетина минути по полноќ, на улица „113″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца жители на Тетово на 40 и 43 години затоа што при преглед им биле пронајдени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот.

The post За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога appeared first on Република.

]]>

Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога. Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест лица. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер по претходно извршен претрес во објект сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Сето пронајдено е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Лишените лица задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Дваесетина минути по полноќ, на улица „113″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца жители на Тетово на 40 и 43 години затоа што при преглед им биле пронајдени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот.

The post За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога appeared first on Република.

]]>
Приведени три лица од Гостиварско за издржување затворски казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-tri-lica-od-gostivarsko-za-izdrzuvanje-zatvorski-kazni/ Mon, 21 Feb 2022 10:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=461387

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 20.02.2022 во периодот од 10:20 часот до 17:50 часот, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од село Балиндол.

Како што соопштија денеска од МВР, за нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.

The post Приведени три лица од Гостиварско за издржување затворски казни appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 20.02.2022 во периодот од 10:20 часот до 17:50 часот, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од село Балиндол. Како што соопштија денеска од МВР, за нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.

The post Приведени три лица од Гостиварско за издржување затворски казни appeared first on Република.

]]>
Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-kavadarci-pronajdena-droga-privedeni-dve-lica/ Mon, 07 Feb 2022 09:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=454995

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци.

Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираа денеска од МВР, после тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираа денеска од МВР, после тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица appeared first on Република.

]]>
Приведен скопјанец за кого била распишана потерница за издржување затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-skopjanec-za-kogo-bila-raspishana-poternica-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna/ Fri, 04 Feb 2022 09:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=453953

На 03.02.2022 на ул.„Речиште“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(28) од Скопје.

За него била распишана потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235-а од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

The post Приведен скопјанец за кого била распишана потерница за издржување затворска казна appeared first on Република.

]]>

На 03.02.2022 на ул.„Речиште“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(28) од Скопје. За него била распишана потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235-а од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.

The post Приведен скопјанец за кого била распишана потерница за издржување затворска казна appeared first on Република.

]]>
Приведен маж од Визбегово откако му бил најден пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-maz-od-vizbegovo-otkako-mu-bil-najden-pishtol/ Fri, 21 Jan 2022 18:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=447893

Полицијата денеска го приведе М.Р. (38) од Визбегово. При извршен преглед кај него е пронајден пиштол со две рамки со вкупно 34 куршуми калибар 9 милиметри.

Како што соопшти МВР, по документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

The post Приведен маж од Визбегово откако му бил најден пиштол appeared first on Република.

]]>

Полицијата денеска го приведе М.Р. (38) од Визбегово. При извршен преглед кај него е пронајден пиштол со две рамки со вкупно 34 куршуми калибар 9 милиметри. Како што соопшти МВР, по документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

The post Приведен маж од Визбегово откако му бил најден пиштол appeared first on Република.

]]>