приватно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatno/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatno/ 32 32 Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-doktorite-od-privatnoto-mozhe-da-se-vratat-vo-javnoto-zdravstvo-vladata-ja-ukina-zabranata-od-2022-godina/ Fri, 04 Oct 2024 10:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=822585

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“.

Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.

Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.

Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.

Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.

Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.

„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“. Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.
Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.
Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.
Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.
Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.
„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>
Само за ПЦР-тестови од граѓаните во приватното здравство се прелеани најмалку 19,9 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/samo-za-ptsr-testovi-od-graganite-vo-privatnoto-zdravstvo-se-preleani-najmalku-19-9-milioni-evra/ Fri, 10 Feb 2023 10:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=607284

За три години од граѓаните во Македонија во приватното здравство, само за ПЦР-тестоови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, покажа ревизијата на Државниот завод.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2021 година.

Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.

Ова се клучни системски слабости кои ги воочува ДЗР.

Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.

Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.

Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.

Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.

Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби, се наведува во соопштението.

ДЗР изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

The post Само за ПЦР-тестови од граѓаните во приватното здравство се прелеани најмалку 19,9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

За три години од граѓаните во Македонија во приватното здравство, само за ПЦР-тестоови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, покажа ревизијата на Државниот завод. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2021 година.
Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.
Ова се клучни системски слабости кои ги воочува ДЗР. Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива. Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.
Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.
Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти. Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.