приватно здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatno-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватно здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatno-zdravstvo/ 32 32 Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ima-interes-za-vrakane-na-doktori-od-privatno-vo-javno-zdravstvo-nasha-tsel-e-ova-da-stane-praktika-vo-sledniot-period/ Mon, 04 Nov 2024 13:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=834064

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.

Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на националната комисија за скрининг на рак на дојка, рече министерот.

The post Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период appeared first on Република.

]]>

Долгото чекање термин во јавното – ги „брка“ пациентите кон приватното здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dolgoto-chekane-termin-vo-javnoto-gi-brka-patsientite-kon-privatnoto-zdravstvo/ Sun, 25 Feb 2024 08:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=748022

Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побрзо да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство каде услугите се поскапи.

На секој вработен, од платата секој месец му се одземаат по 7,5 проценти за здравствено осигурување, но сепак во одредени ситуации секој е принуден да побара здравствена заштита во приватното здравство поради неможност да најде термин во јавното здравство.

Има пациенти, кои и за основни специјалистички прегледи одат во приватните клиники затоа што за првиот слободен термин во јавното здравство треба да чекаат од една до неколку недели, а со месеци се чека за компјутерска томографија или за ПЕТ скен (Позитрон емисиона томографија).

Пациентка која имала проблем со покачен крвен притисок требала да биде упатена на специјалистички преглед, но првиот слободен термин бил дури по три недели. Загрижена за својата здравствена состојба, а поради неможноста да оствари здравствена услуга во јавното здравство, одлучила да закаже преглед кај лекар од приватното здравство.

Имав покачен крвен притисок и покрај терапијата што пред една година ми ја препиша специјалист интернист. Притисокот не се симнуваше три-четири дена. Се јавив кај матичната да ми даде упат кај истиот лекар кој нели ме води, но ми кажа дека термин може да ми закаже за три недели. На прашањето „што да правам три недели“, ми рече дека ќе ми напише упат, па ако сака специјалистот да ме прими, но без гаранција дека тоа ќе се случи. Поради загриженост за состојбата и постојаниот висок притисок, иако веќе примав терапија, одлучив да заминам на приватен преглед следниот ден, вели за МИА пациентка од Скопје.

И пациенти со хронични болести кои треба да прават редовни контроли, долго чекаат за термин за контрола затоа што понекогаш специјалистот не им закажува термин за следната контрола, туку ги враќа тоа да го сторат преку матичните лекари. Пациент од Скопје кој има заболување на срце сведочи дека понекогаш чека со месеци за следниот преглед, а доколку не може да најде термин, бара приоритетен упат за да ја направи редовната контрола.

Во слична ситуација се и онколошките пациенти кои укажуваат дека поради немањето термин се губи драгоцено време, па понекогаш се принудени потребните испитувања да ги направат во приватните здравствени установи каде услугите се поскапи.

Ќе тргнам од себеси. Како онколошки пациент пет години, еко и мамографија правам исклучиво приватно. Прво затоа што и верувам на докторката, а второ кај оние докторки кај кои ми беше препорачано, немаше термин. Тоа е постојан проблем. Каде се јавува уште поголем проблем. Мамографијата и ехо на дојка е нешто што е поевтино и сите ние можеме да си дозволиме на шест месеци или еднаш годишно да одиме приватно, но скен на коски, ПЕТ скен, компјутерски преглед, во приватните клиники цените се навистина високи. Познавам пациентки кои земаат кредит или позајмуваат пари доколку докторот сугерирал или се сомневал во нешто и рекол ова мора да се направи побрзо. И секој на кого животот му е доведен во прашање ќе најде начин да се снајде за да направи преглед на приватно ако тоа значи навремено добивање на дијагноза и терапија, вели за МИА Ана Марјановиќ.

Според Марјановиќ, проблемот со пациентите кај кои веќе е дијагностицирана болеста,би се надминал со тоа што во моментот кога се прави контролата, веднаш да се закажува термин за следната контрола.

И претседателката на Здружението на приватни матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова, се согласува со тоа дека специјалистите сами треба да ги закажуваат контролните прегледи кај пациентите со хронични болести.

Мора да се направат неколку моменти. Прво специјалистот да си го закаже сам контролниот преглед. Има опција ако е некој итен случај, специјалистите сами да креираат термин. За ехо на дојка и мамографија направен е посебен начин на упатување, но имаме случај кај пациентка со наод пратена по сите протоколи како што вели Министерството за здравство, најдено е чворче на дојка, а специјалистот од Скопје ја враќа назад кај матичната докторка за упат за биопсија. Зошто да се враќа пациентката. Новиот начин го правивме за да нема враќање по градови, вели Чолакова-Дервишова.

Според Чолакова-Дервишова, итноста на дијагнозата некогаш ги принудува пациентите да побараат помош во приватното здравство кое, како што вели, е брзо, ефикасно, но и поскапо.

Точно е тоа дека се губи многу време за одредени   дијагнози. Ако отидете во една од реномираните приватни   болници, ќе добиете дијагноза, ќе добиете грижа и пристапот во приватното здравство е многу почовечен, похуман. Навистина е поскапо, но многу брзо се доаѓа до   дијагноза, додека во јавното здравство платата е загарантирана и моментот на грижа кон пациентот е  опаднат, оценува Чолакова-Дервишова.

Таа се согласува со тоа дека платите на здравствените   работници во јавното здравство треба да се поголеми, но смета дека малку поголема треба да е и грижата кон пациентите. Причините за проблемите во јавното здравство, според Чолакова-Дервишова, се лошото менаџирање со јавните здравствени установи низ годините.

Секој министер треба да се запраша како може една приватна болница да е рентабилна и да има врвни апарати и како може во јавното здравство парите од Фондот да одат за покривање на дупките во јавното здравство, вели Чолакова-Дервишова.

Од Министерството за здравство велат дека прават напори за да има доволно термини за пациентите. Според заменик-министерката за здравство Маја Манолева, за магнетна резонaнца на Институтот за радиологија, како институција од терцијалното здравство, се воведени т.н. урнеци за термини за одредени пациенти кои се упатуваат од друга институција.

На пример, пациенти од Онкологија имаат свои термини во вкупниот број на термини на Институтот за радиологија или пациенти од дигестивна хирургија или неврохирургија. Практично, сите термини што се на Институтот за радиологија се за институции од другите клиники односно за институции од секундарното ниво на здравствена заштита со цел лекарите специјалисти да можат полесно да ги испратат пациентите на кои сметаат дека им е потребна соодветна дијагностичка процедура, вели Манолева.

Според неа, евентуалното рефундирање на средствата во ситуација кога поради немање термин пациентите се принудени да одат по приватните клиники, е комплексна тема која опфаќа повеќе сегменти од функционирањето на здравствениот систем и потребен е мултисекторски пристап.

Потребен е широк мултисекторски пристап во разгледувањето на овој начин на рефундирање на средствата од сите аспекти со цел изнаоѓање на најоптимално решение кое би било издржливо пред се за Фондот за здравствено осигурување, за Министерството за здравство, Министерството за финансии, вели Манолева.

Во Законот за здравствено осигурување, Член 8, стои дека на осигурените лица им се обезбедува право на основни здравствени услуги во примарното, секундарното и терцијалното ниво под услови утврдени со овој закон.

Испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба и спроведување на специјализирани дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки, се дел од работите што се наведени во делот на секундарно-консултативната здравствена заштита во Член 8 од Законот за здравствено осигурување, вели Манолева.

The post Долгото чекање термин во јавното – ги „брка“ пациентите кон приватното здравство appeared first on Република.

]]>

Долгото чекање за да се дојде до закажаниот термин за специјалистички прегледи во јавното здравство, честопати поради итноста на болеста, ги принудува пациентите да побараат помош преку пријатели за побрзо да го направат потребното снимање, а дел од нив „спасот“ го бараат во приватното здравство каде услугите се поскапи. На секој вработен, од платата секој месец му се одземаат по 7,5 проценти за здравствено осигурување, но сепак во одредени ситуации секој е принуден да побара здравствена заштита во приватното здравство поради неможност да најде термин во јавното здравство. Има пациенти, кои и за основни специјалистички прегледи одат во приватните клиники затоа што за првиот слободен термин во јавното здравство треба да чекаат од една до неколку недели, а со месеци се чека за компјутерска томографија или за ПЕТ скен (Позитрон емисиона томографија). Пациентка која имала проблем со покачен крвен притисок требала да биде упатена на специјалистички преглед, но првиот слободен термин бил дури по три недели. Загрижена за својата здравствена состојба, а поради неможноста да оствари здравствена услуга во јавното здравство, одлучила да закаже преглед кај лекар од приватното здравство.
Имав покачен крвен притисок и покрај терапијата што пред една година ми ја препиша специјалист интернист. Притисокот не се симнуваше три-четири дена. Се јавив кај матичната да ми даде упат кај истиот лекар кој нели ме води, но ми кажа дека термин може да ми закаже за три недели. На прашањето „што да правам три недели“, ми рече дека ќе ми напише упат, па ако сака специјалистот да ме прими, но без гаранција дека тоа ќе се случи. Поради загриженост за состојбата и постојаниот висок притисок, иако веќе примав терапија, одлучив да заминам на приватен преглед следниот ден, вели за МИА пациентка од Скопје.
И пациенти со хронични болести кои треба да прават редовни контроли, долго чекаат за термин за контрола затоа што понекогаш специјалистот не им закажува термин за следната контрола, туку ги враќа тоа да го сторат преку матичните лекари. Пациент од Скопје кој има заболување на срце сведочи дека понекогаш чека со месеци за следниот преглед, а доколку не може да најде термин, бара приоритетен упат за да ја направи редовната контрола. Во слична ситуација се и онколошките пациенти кои укажуваат дека поради немањето термин се губи драгоцено време, па понекогаш се принудени потребните испитувања да ги направат во приватните здравствени установи каде услугите се поскапи.
Ќе тргнам од себеси. Како онколошки пациент пет години, еко и мамографија правам исклучиво приватно. Прво затоа што и верувам на докторката, а второ кај оние докторки кај кои ми беше препорачано, немаше термин. Тоа е постојан проблем. Каде се јавува уште поголем проблем. Мамографијата и ехо на дојка е нешто што е поевтино и сите ние можеме да си дозволиме на шест месеци или еднаш годишно да одиме приватно, но скен на коски, ПЕТ скен, компјутерски преглед, во приватните клиники цените се навистина високи. Познавам пациентки кои земаат кредит или позајмуваат пари доколку докторот сугерирал или се сомневал во нешто и рекол ова мора да се направи побрзо. И секој на кого животот му е доведен во прашање ќе најде начин да се снајде за да направи преглед на приватно ако тоа значи навремено добивање на дијагноза и терапија, вели за МИА Ана Марјановиќ.
Според Марјановиќ, проблемот со пациентите кај кои веќе е дијагностицирана болеста,би се надминал со тоа што во моментот кога се прави контролата, веднаш да се закажува термин за следната контрола. И претседателката на Здружението на приватни матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова, се согласува со тоа дека специјалистите сами треба да ги закажуваат контролните прегледи кај пациентите со хронични болести.
Мора да се направат неколку моменти. Прво специјалистот да си го закаже сам контролниот преглед. Има опција ако е некој итен случај, специјалистите сами да креираат термин. За ехо на дојка и мамографија направен е посебен начин на упатување, но имаме случај кај пациентка со наод пратена по сите протоколи како што вели Министерството за здравство, најдено е чворче на дојка, а специјалистот од Скопје ја враќа назад кај матичната докторка за упат за биопсија. Зошто да се враќа пациентката. Новиот начин го правивме за да нема враќање по градови, вели Чолакова-Дервишова.
Според Чолакова-Дервишова, итноста на дијагнозата некогаш ги принудува пациентите да побараат помош во приватното здравство кое, како што вели, е брзо, ефикасно, но и поскапо.
Точно е тоа дека се губи многу време за одредени   дијагнози. Ако отидете во една од реномираните приватни   болници, ќе добиете дијагноза, ќе добиете грижа и пристапот во приватното здравство е многу почовечен, похуман. Навистина е поскапо, но многу брзо се доаѓа до   дијагноза, додека во јавното здравство платата е загарантирана и моментот на грижа кон пациентот е  опаднат, оценува Чолакова-Дервишова.
Таа се согласува со тоа дека платите на здравствените   работници во јавното здравство треба да се поголеми, но смета дека малку поголема треба да е и грижата кон пациентите. Причините за проблемите во јавното здравство, според Чолакова-Дервишова, се лошото менаџирање со јавните здравствени установи низ годините.
Секој министер треба да се запраша како може една приватна болница да е рентабилна и да има врвни апарати и како може во јавното здравство парите од Фондот да одат за покривање на дупките во јавното здравство, вели Чолакова-Дервишова.
Од Министерството за здравство велат дека прават напори за да има доволно термини за пациентите. Според заменик-министерката за здравство Маја Манолева, за магнетна резонaнца на Институтот за радиологија, како институција од терцијалното здравство, се воведени т.н. урнеци за термини за одредени пациенти кои се упатуваат од друга институција.
На пример, пациенти од Онкологија имаат свои термини во вкупниот број на термини на Институтот за радиологија или пациенти од дигестивна хирургија или неврохирургија. Практично, сите термини што се на Институтот за радиологија се за институции од другите клиники односно за институции од секундарното ниво на здравствена заштита со цел лекарите специјалисти да можат полесно да ги испратат пациентите на кои сметаат дека им е потребна соодветна дијагностичка процедура, вели Манолева.
Според неа, евентуалното рефундирање на средствата во ситуација кога поради немање термин пациентите се принудени да одат по приватните клиники, е комплексна тема која опфаќа повеќе сегменти од функционирањето на здравствениот систем и потребен е мултисекторски пристап.
Потребен е широк мултисекторски пристап во разгледувањето на овој начин на рефундирање на средствата од сите аспекти со цел изнаоѓање на најоптимално решение кое би било издржливо пред се за Фондот за здравствено осигурување, за Министерството за здравство, Министерството за финансии, вели Манолева.
Во Законот за здравствено осигурување, Член 8, стои дека на осигурените лица им се обезбедува право на основни здравствени услуги во примарното, секундарното и терцијалното ниво под услови утврдени со овој закон.
Испитување и утврдување на заболувањата, повредите и здравствената состојба и спроведување на специјализирани дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки, се дел од работите што се наведени во делот на секундарно-консултативната здравствена заштита во Член 8 од Законот за здравствено осигурување, вели Манолева.

The post Долгото чекање термин во јавното – ги „брка“ пациентите кон приватното здравство appeared first on Република.

]]>
За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-pcr-testovi-na-privatno-gragjanite-deneska-platile-100-000-evra/ Sun, 09 Jan 2022 19:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=442255

Граѓаните денеска само за ПЦР тестови платиле над 95.000 евра во приватните лаборатории. Од спроведените 11479 тестови, дури 4771 граѓаните си ги платиле сами во приватните лаборатории. Имајќи предвид дека еден ПЦР тест чини околу 20 евра, пресметките покажуваат дека само за ПЦР тестови се потрошени близу 100.000 евра само во последните 24 часа.
Најголем дел од овие близу 11500 спроведени тестови или над една третина од нив се брзи антигенски тестови кои се правеле во приватните и јавните здравствени установи. И тука има дел кој граѓаните си го платиле сами.

Останува нејасно, зошто граѓаните плаќаат здравствено осигурување кога мораат целиот товар на пандемијата да го поднесат сами.
Од почетокот на пандемијата само за тестови во приватните лаборатории граѓаните имаат потрошено десетици милиони евра.

The post За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра appeared first on Република.

]]>

Граѓаните денеска само за ПЦР тестови платиле над 95.000 евра во приватните лаборатории. Од спроведените 11479 тестови, дури 4771 граѓаните си ги платиле сами во приватните лаборатории. Имајќи предвид дека еден ПЦР тест чини околу 20 евра, пресметките покажуваат дека само за ПЦР тестови се потрошени близу 100.000 евра само во последните 24 часа. Најголем дел од овие близу 11500 спроведени тестови или над една третина од нив се брзи антигенски тестови кои се правеле во приватните и јавните здравствени установи. И тука има дел кој граѓаните си го платиле сами. Останува нејасно, зошто граѓаните плаќаат здравствено осигурување кога мораат целиот товар на пандемијата да го поднесат сами. Од почетокот на пандемијата само за тестови во приватните лаборатории граѓаните имаат потрошено десетици милиони евра.