приватни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 14:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni/ 32 32 „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sloboda-prevoz-i-makekspres-ne-se-dobredojdeni-na-povikot-za-izbor-na-privatni-prevoznitsi-za-skopje/ Mon, 06 Mar 2023 14:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=616496

Град Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. Од Градот информираа дека јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз, велат од Град Скопје.

На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, велат од Град Скопје.

The post „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје appeared first on Република.

]]>

Град Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. Од Градот информираа дека јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз, велат од Град Скопје. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина. Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси, велат од Град Скопје.

The post „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ не се добредојдени на повикот за избор на приватни превозници за Скопје appeared first on Република.

]]>
Пропадна огласот на Арсовска за нови приватни автобуси – нема пријавени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/propadna-oglasot-na-arsovska-za-novi-privatni-avtobusi-nema-prijaveni/ Mon, 09 Jan 2023 14:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=594976

Ниеден приватен превозник не се пријавил на огласот за приватни автобуси и возачи на линиите 20 и 22. Градот беше уверен дека по раскинувањето на договорите и штрајкот на приватните превозници, брзо ќе го реши проблемот со нов оглас и наоѓање нови. Ама, тоа не се случи… И сега, додека приватните превозници уште чекаат да бидат примени од премиерот, и не им е исплатен долгот, најдебелиот крај го извлекуваат граѓаните – кои со часови чекаат на автобуските станици.

Од „Слобода превоз“ за Алфа велат дека Град Скопје свесно оди контра приватните превозници, а сиот товар паѓа врз грбот на патниците кои и долго време чекаат автобус. Велат дека нема шанси Градот да најде превозници за толку краток рок. Од Град Скопје кој го објави јавниот оглас, откако ги раскина договорите со приватните превозници, нема никаква информација. Како што е наведено во огласот, за „покривање“ на овие линии, потребни се, за 20-ка, десет автобуси и 23 возачи, а за 22-ка, десет автобуси и 21 возач.

Очекувана е состојбата дека нема никој да се пријави на тој т.н. оглас, кој претставува само и само обид за разбивање на единството на приватните превозници. Како и секоја нивна иницијатива, јас би рекол – глупост, како што почна, така и ќе заврши, но тој проблем останува понатаму. Меќејата, односно градоначалничката ги осуди сите граѓани на Скопје со немање превоз, вели за Алфа, Ќемал Муриќ, возач на приватен автобус во „Слобода превоз“.
Што се однесува до средбата со премиерот која превозниците со душа ја чекаат, таа како да се изгуби во маглата што го покри Скопје, велат возачите. Состојбата станува се потешка откако Градот им ги раскина договорите за работа.

Ни останува само надежта со највисоката инстанца на државата – премиерот, господинот Димитар Ковачевски, кој јавно даде ветување дека ќе не прими, секако чекајќи ги резултатите од Управата за јавни приходи, додава меѓу другото Муриќ.

И додека приватниците ја чекаат средбата со премиерот, граѓаните се приморани и до еден час да чекаат автобус, односно ретки се 23-ка, 22-ка, а 20-ка речиси и да ја нема, зашто Скопје има голем недостиг на автобуси. Ваква е состојбата на постојките каде граѓаните чекаат автобус.

Инаку, приватните превозници во Скопје во ноември престанаа со работа со обвинување дека Град Скопје и ЈСП им должат околу 1,5 милиони евра. Наместо преговори за да се најде решение, Градот им ги раскина договорите за работа.

The post Пропадна огласот на Арсовска за нови приватни автобуси – нема пријавени appeared first on Република.

]]>

Ниеден приватен превозник не се пријавил на огласот за приватни автобуси и возачи на линиите 20 и 22. Градот беше уверен дека по раскинувањето на договорите и штрајкот на приватните превозници, брзо ќе го реши проблемот со нов оглас и наоѓање нови. Ама, тоа не се случи… И сега, додека приватните превозници уште чекаат да бидат примени од премиерот, и не им е исплатен долгот, најдебелиот крај го извлекуваат граѓаните – кои со часови чекаат на автобуските станици. Од „Слобода превоз“ за Алфа велат дека Град Скопје свесно оди контра приватните превозници, а сиот товар паѓа врз грбот на патниците кои и долго време чекаат автобус. Велат дека нема шанси Градот да најде превозници за толку краток рок. Од Град Скопје кој го објави јавниот оглас, откако ги раскина договорите со приватните превозници, нема никаква информација. Како што е наведено во огласот, за „покривање“ на овие линии, потребни се, за 20-ка, десет автобуси и 23 возачи, а за 22-ка, десет автобуси и 21 возач. Очекувана е состојбата дека нема никој да се пријави на тој т.н. оглас, кој претставува само и само обид за разбивање на единството на приватните превозници. Како и секоја нивна иницијатива, јас би рекол – глупост, како што почна, така и ќе заврши, но тој проблем останува понатаму. Меќејата, односно градоначалничката ги осуди сите граѓани на Скопје со немање превоз, вели за Алфа, Ќемал Муриќ, возач на приватен автобус во „Слобода превоз“. Што се однесува до средбата со премиерот која превозниците со душа ја чекаат, таа како да се изгуби во маглата што го покри Скопје, велат возачите. Состојбата станува се потешка откако Градот им ги раскина договорите за работа. Ни останува само надежта со највисоката инстанца на државата – премиерот, господинот Димитар Ковачевски, кој јавно даде ветување дека ќе не прими, секако чекајќи ги резултатите од Управата за јавни приходи, додава меѓу другото Муриќ. И додека приватниците ја чекаат средбата со премиерот, граѓаните се приморани и до еден час да чекаат автобус, односно ретки се 23-ка, 22-ка, а 20-ка речиси и да ја нема, зашто Скопје има голем недостиг на автобуси. Ваква е состојбата на постојките каде граѓаните чекаат автобус. Инаку, приватните превозници во Скопје во ноември престанаа со работа со обвинување дека Град Скопје и ЈСП им должат околу 1,5 милиони евра. Наместо преговори за да се најде решение, Градот им ги раскина договорите за работа.

The post Пропадна огласот на Арсовска за нови приватни автобуси – нема пријавени appeared first on Република.

]]>