приватни специјализанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni-specijalizanti/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 12:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватни специјализанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni-specijalizanti/ 32 32 Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shtipskata-klinichka-bolnitsa-ke-otvori-urgenten-tsentar-ke-se-spojat-timovi-od-brza-pomosh-i-bolnitsata-ke-ordiniraat-i-privatnite-spetsijalizanti/ Sun, 22 Sep 2024 12:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=818728

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток.

Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.

Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион.

Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>

Клиничка болница - Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.
Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица - ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.
Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион. Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.  

The post Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар, ќе се спојат тимови од Брза помош и болницата, ќе ординираат и приватните специјализанти appeared first on Република.

]]>
Министерот Таравари предлага приватните специјализанти да добијат решение, а да работат каде што има дефицит на кадар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-taravari-predlaga-privatnite-spetsijalizanti-da-dobijat-reshenie-a-da-rabotat-kade-shto-ima-defitsit-na-kadar/ Mon, 01 Jul 2024 11:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=792393

Лекари приватни-специјализанти да добијат решенија за вработување, но да работат таму каде што има потреба по нив, предлог е на министерот за здравство Арбен Таравари. Тој денеска рече дека сме единствената држава во светот сме каде што има приватни специјализанти. Најави дека ќе се сретне со нив за да се обидат да изнајдат вин-вин решение за проблемите кои ги имаат.

На приватните специјализанти да им дадеме решение за работа, а тие да работат некаде каде што има дефицит на кадар, тие места да бидат пополнети. Сепак, ќе треба да се договориме, рече Таравари.

Истовремено, како што додаде, ќе треба и со деканот на Медицинскиот факултет да се изнајде стратегија со која одредени специјализации ќе бидат во мирување, а другите ќе бидат фаворизирани.

Ќе размислиме и начин за мотивација на помладите доктори да одат анестезиологија, радиологија, педијатрија и други специјализации, рече Таравари.

Во предизборитето, приватните специјализанти во повеќе наврати протестираа незадоволни од својот нерешен статус. Бараа покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и здравствено и пензиско осигурување.

Таравари денеска додаде дека почнува да се решава проблемот со хируршките сали во Клиничкиот центар и дека е објавен тендер за компресорите.

Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Во меѓувреме ќе инсистираме ако може што поскоро да се случи тоа, рече Таравари.

The post Министерот Таравари предлага приватните специјализанти да добијат решение, а да работат каде што има дефицит на кадар appeared first on Република.

]]>

Лекари приватни-специјализанти да добијат решенија за вработување, но да работат таму каде што има потреба по нив, предлог е на министерот за здравство Арбен Таравари. Тој денеска рече дека сме единствената држава во светот сме каде што има приватни специјализанти. Најави дека ќе се сретне со нив за да се обидат да изнајдат вин-вин решение за проблемите кои ги имаат.
На приватните специјализанти да им дадеме решение за работа, а тие да работат некаде каде што има дефицит на кадар, тие места да бидат пополнети. Сепак, ќе треба да се договориме, рече Таравари.
Истовремено, како што додаде, ќе треба и со деканот на Медицинскиот факултет да се изнајде стратегија со која одредени специјализации ќе бидат во мирување, а другите ќе бидат фаворизирани.
Ќе размислиме и начин за мотивација на помладите доктори да одат анестезиологија, радиологија, педијатрија и други специјализации, рече Таравари.
Во предизборитето, приватните специјализанти во повеќе наврати протестираа незадоволни од својот нерешен статус. Бараа покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и здравствено и пензиско осигурување. Таравари денеска додаде дека почнува да се решава проблемот со хируршките сали во Клиничкиот центар и дека е објавен тендер за компресорите.
Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Во меѓувреме ќе инсистираме ако може што поскоро да се случи тоа, рече Таравари.
 
The post Министерот Таравари предлага приватните специјализанти да добијат решение, а да работат каде што има дефицит на кадар appeared first on Република.

]]>
Многу е важно младите лекари да не заминуваат од државата, рекоа приватните специјализанти кои побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/mnogu-e-vazhno-mladite-lekari-da-ne-zaminuvaat-od-drzhavata-rekoa-privatnite-spetsijalizanti-koi-pobaraa-prviot-priem-na-idniot-minister-za-zdravstvo-da-bide-za-reshavane-na-nivnite-barana/ Tue, 30 Apr 2024 10:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=772560

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања.

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета.

Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава.

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања фото миа

На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари.

Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција.

Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа.

The post Многу е важно младите лекари да не заминуваат од државата, рекоа приватните специјализанти кои побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања appeared first on Република.

]]>

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања. Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета.
Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава.
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања фото миа На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари. Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција.
Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа.
 
The post Многу е важно младите лекари да не заминуваат од државата, рекоа приватните специјализанти кои побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shtrajkot-na-privatnite-spetsijalizanti-vremeno-staven-vo-miruvane/ Mon, 22 Apr 2024 12:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=769296

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува, бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.

Во знак на изразување на револт што нашите барања сѐ уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.

И претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева нагласи дека ставањето на штрајкот во времено мирување никако не значи откажување од било кое барање.

Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на новата Влада, дека сите барања ќе бидат решени – здравствено осигурување, плата на ниво на просечен лекар и вработување на сите колеги кои се на специјализација, нагласи таа.

Георгиева рече дека податоците покажуваат оти над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. Според статистиките на Македонското лекарско друштво, над 250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети.

Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

The post Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување appeared first on Република.

]]>

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања. Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува, бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.
Во знак на изразување на револт што нашите барања сѐ уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска, изразувајќи благодарност до колегите државни специјализанти и специјалисти кои им даваат поддршка.
И претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева нагласи дека ставањето на штрајкот во времено мирување никако не значи откажување од било кое барање.
Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на новата Влада, дека сите барања ќе бидат решени – здравствено осигурување, плата на ниво на просечен лекар и вработување на сите колеги кои се на специјализација, нагласи таа.
Георгиева рече дека податоците покажуваат оти над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. Според статистиките на Македонското лекарско друштво, над 250 лекари секоја година ја напуштаат државата што е еднакво на бројот на студенти што се запишуваат на Медицинскиот факултети. Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.  

The post Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и утре https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shtrajkot-na-privatnite-spetsijalizanti-prodolzhuva-i-utre/ Mon, 15 Apr 2024 18:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=766415

Приватните специјализанти ќе продолжат со генералниот штрајк и во текот на утрешниот ден. Како што информираат оттаму, времетраењето на штрајкот е во зависност од утрешниот одоговор на Министерството за здравство во врска со барањето на специјализантите за покачување на нивните плати и регулирање на статусот.

Ја информираме јавноста дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, сѐ додека Министерството за здравство после утрешната седница на Влада не излезе со официјален став и соопштение. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за своите понатамошни чекори, стои во нивната објава на Фејсбук.

Нивни претставници попладнево имаа средба во Владата со министерот за здравство, Илир Демири, заменик министерката за здравство, Маја Манолева и професор д-р Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека по утрешната владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот.

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа, во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело.

The post Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и утре appeared first on Република.

]]>

Приватните специјализанти ќе продолжат со генералниот штрајк и во текот на утрешниот ден. Како што информираат оттаму, времетраењето на штрајкот е во зависност од утрешниот одоговор на Министерството за здравство во врска со барањето на специјализантите за покачување на нивните плати и регулирање на статусот.
Ја информираме јавноста дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, сѐ додека Министерството за здравство после утрешната седница на Влада не излезе со официјален став и соопштение. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за своите понатамошни чекори, стои во нивната објава на Фејсбук.
Нивни претставници попладнево имаа средба во Владата со министерот за здравство, Илир Демири, заменик министерката за здравство, Маја Манолева и професор д-р Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека по утрешната владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот. Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа, во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело.

The post Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и утре appeared first on Република.

]]>
Приватните специјализанти вечер ќе соопштат дали ќе продолжат со генералниот штрајк https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/privatnite-spetsijalizanti-vecher-ke-soopshtat-dali-ke-prodolzhat-so-generalniot-shtrajk/ Mon, 15 Apr 2024 14:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=766357

Приватните специјализанти вечер ќе соопштат дали ќе продолжат со генералниот штрајк што го почнаа изутрина. Нивни претставници попладнево имаа средба во Владата со министерот за здравство Илир Демири, заменик министерката за здравство Маја Манолева и проф. Ана Данева Маркова советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека утре по владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот.

-Најглавното што беше кажано на средбата е дека утре на владина седница ќе има информација во однос на покачувањето, по што ќе добиеменекаква писмена форма за одговорот на Владата во однос на покачувањата на платите. Нивен главен аргумент е дека ова е предизборен период и во предизборен период не можеле да постапат, во смисла, да дадат покачување. Истиот одговор го добивме и за другите наши барања, дека е предизборен период. Сега ние ќе ги информираме колегите за средбата и ќе побараме мислење на групата. Вечер ќе соопштиме што е одлучено околу штрајкот, изјави д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Таа нагласи дека го негираат тврдењето дека штрајкот има некаков политички контекст.

Морам да потенцирам дека имаше разговор дека сето ова, поради предизборниот период, дава политички контекст. Ние тоа остро го негираме. Приватните специјализанти не се наклонети на која било политичка опција, туку едноставно бараат решавање на нивниот проблем, како што бараат и многу години наназад. Четиристотини колеги на приватна специјализација се од различни етнички групи и така натаму, навистина не сметаме дека сите тие би биле гласачи за една политичка опција, подвлече Георгиева.

Министерот за здравство претходно денеска на прес-конференција побара трпение од приватните специјализанти најави дека по изборите ќе се избори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.

На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.

Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите, рече министерот Демири, на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.

The post Приватните специјализанти вечер ќе соопштат дали ќе продолжат со генералниот штрајк appeared first on Република.

]]>

Приватните специјализанти вечер ќе соопштат дали ќе продолжат со генералниот штрајк што го почнаа изутрина. Нивни претставници попладнево имаа средба во Владата со министерот за здравство Илир Демири, заменик министерката за здравство Маја Манолева и проф. Ана Данева Маркова советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека утре по владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот.
-Најглавното што беше кажано на средбата е дека утре на владина седница ќе има информација во однос на покачувањето, по што ќе добиеменекаква писмена форма за одговорот на Владата во однос на покачувањата на платите. Нивен главен аргумент е дека ова е предизборен период и во предизборен период не можеле да постапат, во смисла, да дадат покачување. Истиот одговор го добивме и за другите наши барања, дека е предизборен период. Сега ние ќе ги информираме колегите за средбата и ќе побараме мислење на групата. Вечер ќе соопштиме што е одлучено околу штрајкот, изјави д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.
Таа нагласи дека го негираат тврдењето дека штрајкот има некаков политички контекст.
Морам да потенцирам дека имаше разговор дека сето ова, поради предизборниот период, дава политички контекст. Ние тоа остро го негираме. Приватните специјализанти не се наклонети на која било политичка опција, туку едноставно бараат решавање на нивниот проблем, како што бараат и многу години наназад. Четиристотини колеги на приватна специјализација се од различни етнички групи и така натаму, навистина не сметаме дека сите тие би биле гласачи за една политичка опција, подвлече Георгиева.
Министерот за здравство претходно денеска на прес-конференција побара трпение од приватните специјализанти најави дека по изборите ќе се избори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи. На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.
Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите, рече министерот Демири, на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.
 
The post Приватните специјализанти вечер ќе соопштат дали ќе продолжат со генералниот штрајк appeared first on Република.

]]>
Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-bara-trpenie-od-privatnite-spetsijalizanti-koi-stapija-vo-shtrajk-im-vetuva-povisoki-primana-po-izborite/ Mon, 15 Apr 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=766345

Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од приватните специјализанти кои денеска стапија во штрајк и најавува дека по изборите ќе се избори со ребаланс на буџетот, за да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.

На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.

Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите – рече Демири на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.

Демири дополни дека е потребно трпение од специјализантите.

После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи.

Мислам дека е ова коректно, подвлече Демири. Претставниците на приватните специјализанти претходно информираа дека од Министерството за здравство биле повикани на средба во Владата во 14 часот.

Како што најавија, петмина нивни претставници ќе бидат на средбата, а штрајкот ќе продолжи се додека не добијат писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети.

The post Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од приватните специјализанти кои денеска стапија во штрајк и најавува дека по изборите ќе се избори со ребаланс на буџетот, за да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи. На новинарско прашање за генералниот штрајк на приватните специјализанти, Демири рече дека е промотор за реализација на нивните барања и ја истакна тенденцијата за задржување на лекарите во државава.
Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика. Оти, до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите – рече Демири на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.
Демири дополни дека е потребно трпение од специјализантите. После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи. Мислам дека е ова коректно, подвлече Демири. Претставниците на приватните специјализанти претходно информираа дека од Министерството за здравство биле повикани на средба во Владата во 14 часот. Како што најавија, петмина нивни претставници ќе бидат на средбата, а штрајкот ќе продолжи се додека не добијат писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети.  

The post Демири бара трпение од приватните специјализанти кои стапија во штрајк, им ветува повисоки примања по изборите appeared first on Република.

]]>
МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mz-za-privatnite-spetsijalizanti-izgotven-izveshtaj-i-dostaven-na-vlada-na-nekoja-od-sednitsite-ke-dojde-na-razgleduvane/ Thu, 11 Apr 2024 10:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=764925

Министерството за здравство преку соопштение информира дека секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.

По средбата со приватните специјализанти е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период. Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.

Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти“, велат од таму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-privatnite-spetsijalizanti-od-ponedelnik/

The post МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство преку соопштение информира дека секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти кои се важни во здравствениот систем.
По средбата со приватните специјализанти е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период. Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти.
Во изминативе години платите на здравствените работници се покачија неколку пати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап ќе им се помогне и на приватните специјализанти“, велат од таму. https://republika.mk/vesti/makedonija/generalen-shtrajk-na-privatnite-spetsijalizanti-od-ponedelnik/

The post МЗ за приватните специјализанти: Изготвен извештај и доставен на Влада, на некоја од седниците ќе дојде на разгледување appeared first on Република.

]]>
Георгиева: МЗ ќе испрати информација за од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/georgieva-mz-ke-isprati-informatsija-za-od-naredniot-mesets-da-bide-korigirana-platata-na-privatnite-spetsijalizanti/ Wed, 27 Mar 2024 14:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=759386

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари-специјализанти, информираше дека на денешната средба во Министерството за здравство им било кажано дека МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти.

Бевме примени од страна на советници на министерот, тој присуствувал на друг настан во соработка со СЗО. Еден од советниците беше правен советник и ја извлековме одлуката, врз која всушност се исплаќаат надоместоците за приватните специјализанти од 2018 гоодина. И во неа, како одлука на Влада, децидно стои дека платата на приватните специјализанти треба да е во висина на плата на општ доктор за дадена година. Ни беше ветено дека МЗ ќе прати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец, да биде коригирана платата на приватните специјализанти – да биде на ниво на просечна плата на општ доктор, појасни таа.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа додаде дека износот на просечна плата на општ доктор сега е околу 44.000 денари.

Ние треба да ја земаме таа плата според владината одлука, истакна Георгиева.

Добиле и ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено, односно ќе се пратело информација до јавно здравствените установи оти треба сите на приватна специјализација да бидат здравствено осигурани.

Околу трансформација на договор на дело – во договор на неопределено, добивме информација дека всушност 1.117 согласности пристигнале од Владата во месец февруари, но не биле реализирани поради оној мораториум што го налага изборниот период и фактот, дека не можат да бидат отворени конкурси за вработување. Беше дадено ветување за масовни конкурси отворени во јавно здравствените установи по завршувањето на изборниот циклус, а ние дадовме забелешка, баравме да има измена на законот во критериуми за вработување – да биде дадена предност на колегите на специјализација, бидејќи сега таков критериум не постои, да бидат акумулирани сите активни доктори, а потоа нормално сите колеги кои се општи доктори, подвлече таа.

The post Георгиева: МЗ ќе испрати информација за од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти appeared first on Република.