приватни автобуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni-avtobusi/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Mar 2023 15:22:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватни автобуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privatni-avtobusi/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ се закани со кривична за Арсовска – Андоновски: Сакам да го видам договорот со приватните превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-se-zakani-so-krivichna-za-arsovska-andonovski-sakam-da-go-vidam-dogovorot-so-privatnite-prevoznitsi/ Sat, 04 Mar 2023 15:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=615865

Никој во Советот на Град Скопје, па дури и оние кои што ја поддржуваат Арсовска не го виделте договорот со приватните превозници, ниту знаат детали. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во гостувањето во емисијата 10 минути, најави дека ќе поднесат кривична пријава против градоначалничката, но и директорот на ЈСП, доколку е договорено да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници.

„Јас сакам да ја видам таа спогодба. Ние како Совет немаме никаква информација, што соддржи, формално спогодбата која што ја постигнале, или дали тоа можеби е уште една нејзина лага дека се спогодила или навистина има нешто. Но, ако таа спогодба соддржи камата, затоа што законски им следува камата од неисплатените фактури, еве јас од оваа емисија можам да најавам дека и јас и ние како Советничка група ќе поднесеме кривична пријава и против градоначалничката и против директорот на ЈСП, ако се договориле да им ги исплатат дополнителните камати. Затоа што тоа е директно општетување на Буџетот на Град Скопје. Затоа што од буџетот на Град Скопје се исплаќаат средства на ЈСП, а ЈСП им исплаќа на приватните превозници“, вели Стефан Андоновски.

Со постигнатата спогодба, Арсовска практично призна дека постои долг кон приватните превозници. Но,кога тие протестираа и го блокираа градот, велеше дека не пости никаков долг.

Арсовска: Еве нека ми одговори еден човек во Македонија, зошто досега доколку тие имале некакви побарувања, една опомена пред тужба не испратиле, ниту една нема. Еве тужба нека прателе, нема не постои, едноставно не поднеле. Дали тоа не е индиција за нешто. Каде долгот доколку не не опоменале.

Новинар: На што се должи нивните тврдења дека ЈСП им должи милион евра, сепак тоа е сериозна сума.

Арсовска: Отпочната е сериозна истрага, ревизија се води активно.

Иако од Град Скопје засега нема конкретни информации за тоа што е постигнато со приватните превозници, сепак тие пред неколку дена излегоа во јавноста и кажаа дека по преговорите постигнат е договор за исплата на долгот.

„До сега бевме изманипулирани од старите претставници, не лажеа. Бидејќи ни се закануваа ние да не зборуваме, бевме изманипулирани од луѓето кои беа досега. Ние веќе ги изолиравме, тие за нас се историја и не постојат. Сега сме нов тим и со барање до Град Скопје не примија и работата е во ред“, вели Мемет Асани.

Приватните превозници велат дека Град Скопје, односно ЈСП ќе им го плати долгот од 1,5 милиони евра, по што околу 200 автобуси кои не сообраќаат 5 месеци ќе почнат да работат со нови услови за кои превозниците велат дека се задоволни.

Потсетуваме дека приватните превозници неколку дена по ред ја блокираа главната крстосница во главниот град во ноември 2022 година.

The post ВМРО-ДПМНЕ се закани со кривична за Арсовска – Андоновски: Сакам да го видам договорот со приватните превозници appeared first on Република.

]]>

Никој во Советот на Град Скопје, па дури и оние кои што ја поддржуваат Арсовска не го виделте договорот со приватните превозници, ниту знаат детали. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во гостувањето во емисијата 10 минути, најави дека ќе поднесат кривична пријава против градоначалничката, но и директорот на ЈСП, доколку е договорено да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници.
„Јас сакам да ја видам таа спогодба. Ние како Совет немаме никаква информација, што соддржи, формално спогодбата која што ја постигнале, или дали тоа можеби е уште една нејзина лага дека се спогодила или навистина има нешто. Но, ако таа спогодба соддржи камата, затоа што законски им следува камата од неисплатените фактури, еве јас од оваа емисија можам да најавам дека и јас и ние како Советничка група ќе поднесеме кривична пријава и против градоначалничката и против директорот на ЈСП, ако се договориле да им ги исплатат дополнителните камати. Затоа што тоа е директно општетување на Буџетот на Град Скопје. Затоа што од буџетот на Град Скопје се исплаќаат средства на ЈСП, а ЈСП им исплаќа на приватните превозници“, вели Стефан Андоновски.
Со постигнатата спогодба, Арсовска практично призна дека постои долг кон приватните превозници. Но,кога тие протестираа и го блокираа градот, велеше дека не пости никаков долг. Арсовска: Еве нека ми одговори еден човек во Македонија, зошто досега доколку тие имале некакви побарувања, една опомена пред тужба не испратиле, ниту една нема. Еве тужба нека прателе, нема не постои, едноставно не поднеле. Дали тоа не е индиција за нешто. Каде долгот доколку не не опоменале. Новинар: На што се должи нивните тврдења дека ЈСП им должи милион евра, сепак тоа е сериозна сума. Арсовска: Отпочната е сериозна истрага, ревизија се води активно. Иако од Град Скопје засега нема конкретни информации за тоа што е постигнато со приватните превозници, сепак тие пред неколку дена излегоа во јавноста и кажаа дека по преговорите постигнат е договор за исплата на долгот.
„До сега бевме изманипулирани од старите претставници, не лажеа. Бидејќи ни се закануваа ние да не зборуваме, бевме изманипулирани од луѓето кои беа досега. Ние веќе ги изолиравме, тие за нас се историја и не постојат. Сега сме нов тим и со барање до Град Скопје не примија и работата е во ред“, вели Мемет Асани.
Приватните превозници велат дека Град Скопје, односно ЈСП ќе им го плати долгот од 1,5 милиони евра, по што околу 200 автобуси кои не сообраќаат 5 месеци ќе почнат да работат со нови услови за кои превозниците велат дека се задоволни. Потсетуваме дека приватните превозници неколку дена по ред ја блокираа главната крстосница во главниот град во ноември 2022 година.

The post ВМРО-ДПМНЕ се закани со кривична за Арсовска – Андоновски: Сакам да го видам договорот со приватните превозници appeared first on Република.

]]>
(Видео) Приватните автобуси паркирани кај Град Скопје, сообраќајот на Илинденска се одвива отежнато https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/video-privatnite-avtobusi-parkirani-kaj-grad-skopje-soobrakjajot-na-ilindenska-se-odviva-oteznato/ Fri, 02 Dec 2022 11:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=580882

Во Скопје трае протестот на приватните автобуски превозници.

Тие ги паркираа своите автобуси на булеварот „Илинден“ во делот кај бараките на Град Скопје.

Автобусите се паркирани на по една лента од двете насоки, со што сообраќајот на булеварот се одвива отежнато.

The post (Видео) Приватните автобуси паркирани кај Град Скопје, сообраќајот на Илинденска се одвива отежнато appeared first on Република.

]]>

Во Скопје трае протестот на приватните автобуски превозници. Тие ги паркираа своите автобуси на булеварот „Илинден“ во делот кај бараките на Град Скопје. Автобусите се паркирани на по една лента од двете насоки, со што сообраќајот на булеварот се одвива отежнато.

The post (Видео) Приватните автобуси паркирани кај Град Скопје, сообраќајот на Илинденска се одвива отежнато appeared first on Република.

]]>
Не чекајте 9, 12, 22, 23 и 45, штрајкуваат приватните автобуси https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-chekajte-9-12-22-23-i-45-shtrajkuvaat-privatnite-avtobusi/ Mon, 21 Nov 2022 06:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=576232

Сопственикот на приватниот автобуски превозник од Скопје, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, соопшти дека нивните автобуси нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. Нема да има приватни градски автобуси ако Град Скопје не најде решение за долгот од близу милион евра.

Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски рече дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката која ја договориле на последниот состанок, а тоа е едно евро по километар, како и месечните аванси за неколку месеци наназад. Во знак на револт наместо на улица, автобусите ќе заминат пред Град Скопје.

На последната средба во Градот се договоривме да има исплати на секои 15 дена, но тоа не се почитува. Пари од продажба на билети и месечни карти секој ден се собираат, но нас не ни се префрлаат пари. Имаме сомневање дека од тие пари кои всушност се наши пари, ние сме ги сработиле, се плаќаат други обврски на претпријатието. Ние треба да возиме и да даваме пари за гориво од наш џеб, а парите што сме ги сработиле да се даваат на друг, вели Ленин Јовановски од превозникот „Слобода превоз“.

Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот, што не сакаат да дојде до сообраќаен хаос.

Јовановски додаде дека доколку не се одржи средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие, ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.

Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија, а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност, затоа што парите наменети за нас се пренасочуваат на друга страна, изјави Јовановски.

Јовановски вели дека со градоначалничката Арсовска, која ја поддржа на локалните избори, не се во блиски односи, па за сите проблеми кои ги има, го упатила да комуницира со градскиот секретар.

Со градоначалничката Арсовска не сме толку блиски за да се слушаме на дневна база. Последниот пат кога ја побарав за проблемите со кои се соочуваме ми рече за сите прашања да комуницирам со секретарот на Градот. Тој е известен за нашата одлука и доколку до крајот на денот не се најде решение, утре дел од автобусите нема да ги има на улиците. Можеби на некој тоа и му е намерата, да престанеме да возиме и како што направија со ‘Макекспрес‘ и со нас да го раскинат договорот. Но, потоа скопјани ќе останат без јавен превоз оти ЈСП немаат плус 200 автобуси за да ги заменат сите линии на кои возиме ние приватниците, вели Јовановски.

Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.

The post Не чекајте 9, 12, 22, 23 и 45, штрајкуваат приватните автобуси appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на приватниот автобуски превозник од Скопје, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, соопшти дека нивните автобуси нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. Нема да има приватни градски автобуси ако Град Скопје не најде решение за долгот од близу милион евра. Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски рече дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката која ја договориле на последниот состанок, а тоа е едно евро по километар, како и месечните аванси за неколку месеци наназад. Во знак на револт наместо на улица, автобусите ќе заминат пред Град Скопје.
На последната средба во Градот се договоривме да има исплати на секои 15 дена, но тоа не се почитува. Пари од продажба на билети и месечни карти секој ден се собираат, но нас не ни се префрлаат пари. Имаме сомневање дека од тие пари кои всушност се наши пари, ние сме ги сработиле, се плаќаат други обврски на претпријатието. Ние треба да возиме и да даваме пари за гориво од наш џеб, а парите што сме ги сработиле да се даваат на друг, вели Ленин Јовановски од превозникот „Слобода превоз“.
Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот, што не сакаат да дојде до сообраќаен хаос. Јовановски додаде дека доколку не се одржи средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие, ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.