приватен детектив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privaten-detektiv/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 09:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приватен детектив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/privaten-detektiv/ 32 32 Тие пораки ќе го уништеа и Филип и бракот на една позната личност: Детективот Браца по 12 години открива нови детали за трагедијата Пајчин-Каписода https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tie-poraki-kje-go-unishtea-i-filip-i-brakot-na-edna-poznata-lichnost-detektivot-braca-po-12-godini-otkriva-novi-detali-za-tragedijata-pajchin-kapisoda/ Wed, 06 Apr 2022 09:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=483922

Пејачката Ксенија Пајчин на 16 март 2010 година беше брутално убиена од нејзиното момче, моделот Филип Каписодa, кој потоа и самиот си пресуди. 12 години подоцна, мотивот за убиството сè уште е нејасен. Низ годините се појавија многу полемики, но најчеста беше таа дека Каписода ја убил Ксенија поради љубомора.

Познатиот српски приватен детектив Браца Здравковиќ детално опишува што всушност се случило таа кобна ноќ.

Мотивот за ова убиство не е љубомора, туку нешто многу помистериозно и многу посериозно. Во печатот беше објавено дека Филип Каписода бил многу љубоморен, но тоа не е точно. Филип бeше момче од светот на модата, со Ксенија одеше по ноќни клубови каде што таа настапуваше, бил сведок кога таа имаше физички контакт со публиката додека пее. Таа се галеше и речиси разменуваше нежности со одбран гостин за време на нејзиното пеење и настапи. Филип сето тоа го сфаќаше и го гледаше како нејзина работа. Дури и таа самата еднаш рече дека Филип е единствениот човек кој ја разбира нејзината работа и дека воопшто не му пречи. Тоа, сепак, беше вистина, па љубомората, која се издвојува како мотив за ова убиство, паѓа во вода, вели детективот Браца за „Еспресо“.

Непосредно пред трагедијата тие раскинале, се смириле ноќта пред убиството, а соседите откриле дека полицијата во неколку наврати морала да интервенира поради нивните бурни караници.

Клучот за оваа хистерија и однесувањето на Филип се наоѓа во неговиот телефон. Тој ден сè беше идилично. Беа во ноќен провод, се смирија, заедно се, се сакаат. И сето тоа траеше до доцна вечерта, додека Ксенија не му го зеде телефонот. Таа, како и секоја љубопитна девојка, погледна во телефонот на Филип и детално испита со кого се допишува нејзиното момче. Ксенија прочита пораки од личност која многу добро ја познава и веќе беше сто проценти сигурна дека тоа е личноста со која Филип ја изневерувал. Таа веднаш го разбудила и почнала да се расправа со него. „Те бара љубовницата“, му рекла. Додека траела кавгата таа цело време се облекувала за да си оди. Филип се обидел да ѝ објасни, да ја смири, но не успеал, вели детективот.

Според детективот, кавгата ексалирала зошто тоа била личност на која Ксенија бескрајно ѝ верувала.

Не можеше да прифати дека Филип е во прегратките на личноста на која Ксенија бескрајно ѝ веруваше. Ништо не можеше да го заузда нејзиниот гнев во тој момент поради ова големо предавство и затоа му рекла: „Одам кај мојот пријател (кој поседува моќна телевизија) да го каже сето ова јавно и ќе им се јавам на сите новинари, ќе видите, ќе ве уништам“, открива Браца.

Според информациите на Здравковиќ, пораките во телефонот на Филип биле толку скандалозни што би го уништиле неговиот углед, но и угледот и бракот на личноста што ги испратила.

Ксенија го зеде телефонот, го стави во чантата и панично се упати кон вратата. Филип испаничил, го грабнал пиштолот, го репетирал и испукал куршум во задниот дел од вратот на Ксенија. Дури кога таа падна, тој сфати што направил, дека станал убиец, и тоа на личноста што ја сакал најмногу на светот. Свесен што направил, брзо го извадил телефонот од чантата на Ксенија и ги избришал сите пораки, па дури тогаш си пресудил со истиот пиштол. Според неговиот татко, тоа е единствената чесна работа што можел да ја направи по убиството. Значи, не бил Филип тој што бил љубоморен, туку Ксенија била таа која била подготвена да направи скандал. Во секој случај, се што е направено не може да го оправда Филип, нема оправдување за тоа што го направи, заклучува детективот Браца.

The post Тие пораки ќе го уништеа и Филип и бракот на една позната личност: Детективот Браца по 12 години открива нови детали за трагедијата Пајчин-Каписода appeared first on Република.

]]>

Пејачката Ксенија Пајчин на 16 март 2010 година беше брутално убиена од нејзиното момче, моделот Филип Каписодa, кој потоа и самиот си пресуди. 12 години подоцна, мотивот за убиството сè уште е нејасен. Низ годините се појавија многу полемики, но најчеста беше таа дека Каписода ја убил Ксенија поради љубомора. Познатиот српски приватен детектив Браца Здравковиќ детално опишува што всушност се случило таа кобна ноќ.
Мотивот за ова убиство не е љубомора, туку нешто многу помистериозно и многу посериозно. Во печатот беше објавено дека Филип Каписода бил многу љубоморен, но тоа не е точно. Филип бeше момче од светот на модата, со Ксенија одеше по ноќни клубови каде што таа настапуваше, бил сведок кога таа имаше физички контакт со публиката додека пее. Таа се галеше и речиси разменуваше нежности со одбран гостин за време на нејзиното пеење и настапи. Филип сето тоа го сфаќаше и го гледаше како нејзина работа. Дури и таа самата еднаш рече дека Филип е единствениот човек кој ја разбира нејзината работа и дека воопшто не му пречи. Тоа, сепак, беше вистина, па љубомората, која се издвојува како мотив за ова убиство, паѓа во вода, вели детективот Браца за „Еспресо“.
Непосредно пред трагедијата тие раскинале, се смириле ноќта пред убиството, а соседите откриле дека полицијата во неколку наврати морала да интервенира поради нивните бурни караници.
Клучот за оваа хистерија и однесувањето на Филип се наоѓа во неговиот телефон. Тој ден сè беше идилично. Беа во ноќен провод, се смирија, заедно се, се сакаат. И сето тоа траеше до доцна вечерта, додека Ксенија не му го зеде телефонот. Таа, како и секоја љубопитна девојка, погледна во телефонот на Филип и детално испита со кого се допишува нејзиното момче. Ксенија прочита пораки од личност која многу добро ја познава и веќе беше сто проценти сигурна дека тоа е личноста со која Филип ја изневерувал. Таа веднаш го разбудила и почнала да се расправа со него. „Те бара љубовницата“, му рекла. Додека траела кавгата таа цело време се облекувала за да си оди. Филип се обидел да ѝ објасни, да ја смири, но не успеал, вели детективот.
Според детективот, кавгата ексалирала зошто тоа била личност на која Ксенија бескрајно ѝ верувала.
Не можеше да прифати дека Филип е во прегратките на личноста на која Ксенија бескрајно ѝ веруваше. Ништо не можеше да го заузда нејзиниот гнев во тој момент поради ова големо предавство и затоа му рекла: „Одам кај мојот пријател (кој поседува моќна телевизија) да го каже сето ова јавно и ќе им се јавам на сите новинари, ќе видите, ќе ве уништам“, открива Браца.
Според информациите на Здравковиќ, пораките во телефонот на Филип биле толку скандалозни што би го уништиле неговиот углед, но и угледот и бракот на личноста што ги испратила.
Ксенија го зеде телефонот, го стави во чантата и панично се упати кон вратата. Филип испаничил, го грабнал пиштолот, го репетирал и испукал куршум во задниот дел од вратот на Ксенија. Дури кога таа падна, тој сфати што направил, дека станал убиец, и тоа на личноста што ја сакал најмногу на светот. Свесен што направил, брзо го извадил телефонот од чантата на Ксенија и ги избришал сите пораки, па дури тогаш си пресудил со истиот пиштол. Според неговиот татко, тоа е единствената чесна работа што можел да ја направи по убиството. Значи, не бил Филип тој што бил љубоморен, туку Ксенија била таа која била подготвена да направи скандал. Во секој случај, се што е направено не може да го оправда Филип, нема оправдување за тоа што го направи, заклучува детективот Браца.

The post Тие пораки ќе го уништеа и Филип и бракот на една позната личност: Детективот Браца по 12 години открива нови детали за трагедијата Пајчин-Каписода appeared first on Република.

]]>
Не им верувајте на жените што плачат без солзи, вели приватен детектив убеден дека девојката на Матеј нешто мати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-im-veruvajte-na-zenite-shto-plachat-bez-solzi-veli-privaten-detektiv-ubeden-deka-devojkata-na-matej-neshto-mati/ Sun, 06 Feb 2022 18:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=454800

Приватниот детектив Браца Здравковиќ се осврна на интервјуто на другарката на исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш, Маја Шопта, во кое таа вели дека не можела да одговори на неговиот повик таа кобна ноќ, бидејќи се обидувала да го паркира автомобилот по снег и мраз. Здравковиќ вели дека го почувствувал недостаток во емоциите кои Маја ѝ ги пласирала на гледачите.

https://republika.mk/vesti/balkan/devojkata-na-matej-fatena-vo-laga-eden-biten-moment-od-nejzinata-izjava-ne-se-poklopuva-so-realnosta/

Во еден момент таа вели дека сите треба да престанат да водат истрага за исчезнувањето на Матеј бидејќи така ја попречуваат полицијата во работата. Не знам дали тоа важи и за неговиот татко кој дојде од Сплит. Со самото тоа што тој е тука и дава изјави за исчезнатиот син како родител, според нејзината приказна, тој ја попречува истрагата на српската полиција, изјави Здравковиќ во емисијата „Чудни приказни“ на Јутјуб.

Тој потенцираше дека право на секој родител е да си го бара своето дете. Нему му е сомнителна и изјавата на Маја дека немала контакт со Матеј во периодот кога исчезнал.

Маја во интервјуто кажа и една чудна работа. Дека имала голем проблем да се паркира пред ресторанот поради снегот и мразот и дека не е навикната на такви услови и дека поради таа причина не му се јавила на Матеј. Меѓутоа, во Белград немаше снег и мраз. Бев во градот, беше сончево и убаво време. Можеби таа беше во Владивосток, зошто во Белград немаше снег, вели тој.

Приватниот детектив инсистира дека емоциите на Маја не изгледаат искрено.

Не ми делуваше како да пати по исчезнатиот пријател. Таа рече дека го познавала од гледање, бидејќи во Сплит се занимавале со истата работа. Цело време зборуваше за себе, ни еднаш не кажа што превзела за тој да биде најден. Зборува како поминала на полиграф, а зошто била на полиграф ако нема нешто сомнително околу неа и нивната врска. Зошто го покажува пасошот? Имам впечаток дека добила режирана приказна што треба да каже за тоа интервју, вели детективот.

Здравковиќ вели дека можеби греши, но дека според неговата интуиција, во приказната на Маја нема искреност или желба да се најде исчезнатиот сплиќанец.

Цело време се правдаше, затоа имам чувство дека нешто крие. Да исчезнше мој пријател, би ми било важно само да знам каде исчезнал, од која причина и дали некогаш ќе биде пронајден. Во ниеден момент од интервјуто не видов знак прашалник што се случи со Матеј и каде исчезна. Никогаш не им верувајте на жените кои плачат без солзи. Таа не пролеа ниту една солза. Ако тоа е болка и тага, тогаш нека ѝ е секоја чест, вели детективот.

The post Не им верувајте на жените што плачат без солзи, вели приватен детектив убеден дека девојката на Матеј нешто мати appeared first on Република.

]]>

Приватниот детектив Браца Здравковиќ се осврна на интервјуто на другарката на исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш, Маја Шопта, во кое таа вели дека не можела да одговори на неговиот повик таа кобна ноќ, бидејќи се обидувала да го паркира автомобилот по снег и мраз. Здравковиќ вели дека го почувствувал недостаток во емоциите кои Маја ѝ ги пласирала на гледачите. https://republika.mk/vesti/balkan/devojkata-na-matej-fatena-vo-laga-eden-biten-moment-od-nejzinata-izjava-ne-se-poklopuva-so-realnosta/