притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pritisok/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 18:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pritisok/ 32 32 Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrshi-li-pritisok-drzhavniot-obvinitel-kotsevski-vrz-vishoto-obvinitelstvo-za-bonusite-vo-sjo/ Wed, 16 Oct 2024 14:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=827716

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски.

Неколку дена откако стигна предметот по жалба од страна на ОЈО ГОКК, РЈО Коцевски телефонски ми се јави и во разговорот што го имав со него во кабинетот ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не трбеа да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени. Јас на тоа оидвоорови дека предметот е во фаза на ЈО кој е задолежн со иститот предмет и по проучување иститот ќе биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителкот а јас не можам да се мешат во работата на ЈО. “Мустафа Хајрулахи – Виш јавен обвинител.

Целиот текст овде.

The post Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Пезешкијан: САД мора да сфатат дека Техеран нема да потклекне на притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pezeshkijan-sad-mora-da-sfatat-deka-teheran-nema-da-potklekne-na-pritisotsi/ Sat, 13 Jul 2024 11:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=796340

Новозибраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан изјави дека ќе води прагматична надворешна политика, ќе гради пријателски односи со Кина и Русија, ќе се обиде да ги продолжи нуклеарните преговори со светските сили, но оти САД мора сфатат дека Иран нема да потклекне на притисоци.

Во пишаната изјава за „Техеран Тајмс“ со наслов „Мојата порака до новиот свет“, Пезешкијан нагласува дека Иран нема за цел да развие нуклеарно оружје и ќе се стреми да ги прошири односите со своите соседи и со Европа.

За политиката кон САД наведува дека Вашингтон „мора да ја сфати реалноста и еднаш засекогаш да разбере дека Иран не потклекнува под притисок и нема да се наведнува, а исто така и дека одбранбената доктрина на Иран не вклучува нуклеарно оружје“.

Масуд Пезешкијан ја опишува Русија како „вреден стратешки сојузник“ и изразува подготвеност да ја продлабочи соработката со Кина.

Што се однесува до земјите од регионот, Пезешкијан ги повика Турција, Саудиска Арабија, Оман, Ирак, Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати да ги зајакнат трговските односи со Иран и да соработуваат со Техеран за да се надминат „заедничките предизвици“

The post Пезешкијан: САД мора да сфатат дека Техеран нема да потклекне на притисоци appeared first on Република.

]]>

Новозибраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан изјави дека ќе води прагматична надворешна политика, ќе гради пријателски односи со Кина и Русија, ќе се обиде да ги продолжи нуклеарните преговори со светските сили, но оти САД мора сфатат дека Иран нема да потклекне на притисоци. Во пишаната изјава за „Техеран Тајмс“ со наслов „Мојата порака до новиот свет“, Пезешкијан нагласува дека Иран нема за цел да развие нуклеарно оружје и ќе се стреми да ги прошири односите со своите соседи и со Европа. За политиката кон САД наведува дека Вашингтон „мора да ја сфати реалноста и еднаш засекогаш да разбере дека Иран не потклекнува под притисок и нема да се наведнува, а исто така и дека одбранбената доктрина на Иран не вклучува нуклеарно оружје“. Масуд Пезешкијан ја опишува Русија како „вреден стратешки сојузник“ и изразува подготвеност да ја продлабочи соработката со Кина. Што се однесува до земјите од регионот, Пезешкијан ги повика Турција, Саудиска Арабија, Оман, Ирак, Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати да ги зајакнат трговските односи со Иран и да соработуваат со Техеран за да се надминат „заедничките предизвици“

The post Пезешкијан: САД мора да сфатат дека Техеран нема да потклекне на притисоци appeared first on Република.

]]>
Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-josipovik-od-brza-pomosh-sovetuva-shto-prvo-da-se-napiete-ako-na-zheshtinite-vi-padne-pritisokot/ Sat, 08 Jun 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=785681

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот.

Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок.

Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.

Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.

The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот. Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок. Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.
Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.
 
The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>
Притисокот врз судската власт мора да престане, за судиите да можат да го практикуваат правото, порача Агелер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pritisokot-vrz-sudskata-vlast-mora-da-prestane-za-sudiite-da-mozhat-da-go-praktikuvaat-pravoto-poracha-ageler/ Fri, 15 Mar 2024 12:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=755139

Притисоци врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа – порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Таа ја нагласи како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.

– Во САД и тука во Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави. Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инстистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења – рече Агелер.

Таа се осврна и на улогата на овој суд во контекст на претстојните избори.

– Од аспект на претстојните избори судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега. Само независни судии можат да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата. Судиите мора да делуваат објективно и правично. Јас имам слушнато многу од вас за притисоците кои се ставени врз вас. Притисоци врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа – потенцира Агелер.

Во текот на изминатите шест декади, додаде таа, преку различни правни мислења, толкувања и промени Уставниот суд продолжил со својот мандат да ги заштитува правата на сите граѓани во оваа земја и ветил продолжување на поддршката на САД во овие напори.

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер во своето обраќање посочи дека додека се слави 60-годишнината од Уставниот суд на Македонија, во Германија оваа година, се одбележуваат 75 години од германскиот Устав и потсети дека по тој повод пред неколку дена, сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја започнал прославата со дебата за состојба на демократија во Германија – под провокативен наслов „Испадна добро, но не гарантирано“.

-Да, можно е да се изгуби демократијата. За да се спречи ерозијата на политичката култура на отвореност и различност, претседателот Штајнмаер на споменатата дебата повика на „широка алијанса на демократите“. Уставните судови се чини дека се меѓу очигледните партнери за таков сојуз. Како чувари на почитувањето на уставите и со нивната способност да ја ограничат државната власт, уставните судови се од фундаментално значење за обезбедување владеење на правото и се неопходни за секоја демократија. Има три основни елементи, кои се од суштинско значење за исполнување на овој висок политички стандард: независност од политиката, функционален капацитет како институција и професионален интегритет – нагласи амбасадорката Дрекслер.

Според неа, очигледно е дека тие критериуми не зависат само од можностите на судот и од неговите судии сами по себе. Во Германија, дебатата за тоа како да се подобрат долгорочните гаранции за независноста на Сојузниот уставен суд се фокусираат на поцврсто закотвување во самиот Устав. Важна е нагласи и ангажираноста во меѓународната дебата за предвизвикот на демократската отпорност и ја поздрави одлуката на Уставниот суд својата 60-годишнина да ја одбележи со организирање на оваа меѓународна конференција, наместо со обична церемонија.

-За Германија, правната соработка и размената со Уставниот суд е важен столб во германско-македонските односи долги години. Ја цениме оваа соработка и ќе продолжиме да соработуваме – рече Дрекслер придружувајќи се кон повикот за понатамошно зајакнување на Уставен суд на Македонија, како начин на зајакнување, вели, на нашиот широк сојуз на демократите.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал, меѓу другото, го истакна јакнењето на Уставниот суд преку воведувањето на ефикасниот механизам на вложување жалби, кој е присутен веќе подолго време и вети продолжување на поддршката на овој суд означувајќи го како столб на човековите права, владеењето на правото, демократијата.

-Наместо потпирање само на ЕСЧП ние ја правиме правдата подостапна и подопирлива за сите граѓани на Република Македонија. Ние сме на оваа пресвртница кога го прославуваме минатото и гледаме со оптимизам кон минатото и колективно се залагаме за успешно патешетствие на Уставниот суд во идинина. Мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш била и ќе биде ваш стабилен партнер што се потврдува со потпишувањето на Меморандумот за соработка склучен со Уставниот суд за да се зајакнат капацитетите на овој суд. Со вашите партнери кои се тука заедно ќе го поддржуваме Судот, кој ќе продолжи да служи како цврст столб за владеење на правото, заштита на човековите права и демократијата во Македонија – рече амбасадорот Вал.

Заменик шефот на Мисијата на ЕУ Бен Нупнау, оцени дека Уставниот суд ја зголемил својата транспарентност и се осврна на евроинтегративниот пат на земјата.

-Навраќајќи се на амбицијата за евроинтеграција Македонија успешно го заврши процесот на скрининг во 2023 година. Земјата изготви патоказ кој што ќе биде водилка за усогласувањето на законодавството и од тогаш со задоволство можеме да констатираме назначување дополнителни судии во Уставниот суд што е многу важен елемент за функцијата на оваа институција – рече Нупнау.

Тој се осврна особено на законската регулатива во сферата на медиумите каде, вели, се бележи напредок.

-Зачувувањето на слободата на изразувањето е суштински концепт не само во Македонија туку и во светот. При тоа новинарите продолжуваат да бидат жртви на напади како онлајн и офлајн. Постојано се жртви на попречување на нивната работа. Но, нападите на новинарите се всушност напади на демократијата и општо на општеството, особено во време на предизборието. Со задоволство можам да констатирам дека има подобрување на законската рамка во однос на зголемување на заштитата на новинарите. Македонија ги усогласи своите правни регулативи и прописи во однос на заштитата на медиумите и новинарите. Ќе продолжиме со поддршка тука, во регионот на ЗБ. ЕУ се фокусира на зајакнување на капацитетите на поддршка на граѓанското општество и на професионалните организации. Се надевам дека ова партнерство ќе обезбеди капацитети за да се заштитат фундаменталните слободи во годините кои претстојат – нагласи Нупнау.

На конференцијата се обратија и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Јован Митрески, претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога.

The post Притисокот врз судската власт мора да престане, за судиите да можат да го практикуваат правото, порача Агелер appeared first on Република.

]]>

Притисоци врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа – порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа ја нагласи како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот. – Во САД и тука во Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави. Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инстистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења – рече Агелер. Таа се осврна и на улогата на овој суд во контекст на претстојните избори. – Од аспект на претстојните избори судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега. Само независни судии можат да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата. Судиите мора да делуваат објективно и правично. Јас имам слушнато многу од вас за притисоците кои се ставени врз вас. Притисоци врз судската власт во Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа – потенцира Агелер. Во текот на изминатите шест декади, додаде таа, преку различни правни мислења, толкувања и промени Уставниот суд продолжил со својот мандат да ги заштитува правата на сите граѓани во оваа земја и ветил продолжување на поддршката на САД во овие напори. Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер во своето обраќање посочи дека додека се слави 60-годишнината од Уставниот суд на Македонија, во Германија оваа година, се одбележуваат 75 години од германскиот Устав и потсети дека по тој повод пред неколку дена, сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја започнал прославата со дебата за состојба на демократија во Германија – под провокативен наслов „Испадна добро, но не гарантирано“. -Да, можно е да се изгуби демократијата. За да се спречи ерозијата на политичката култура на отвореност и различност, претседателот Штајнмаер на споменатата дебата повика на „широка алијанса на демократите“. Уставните судови се чини дека се меѓу очигледните партнери за таков сојуз. Како чувари на почитувањето на уставите и со нивната способност да ја ограничат државната власт, уставните судови се од фундаментално значење за обезбедување владеење на правото и се неопходни за секоја демократија. Има три основни елементи, кои се од суштинско значење за исполнување на овој висок политички стандард: независност од политиката, функционален капацитет како институција и професионален интегритет – нагласи амбасадорката Дрекслер. Според неа, очигледно е дека тие критериуми не зависат само од можностите на судот и од неговите судии сами по себе. Во Германија, дебатата за тоа како да се подобрат долгорочните гаранции за независноста на Сојузниот уставен суд се фокусираат на поцврсто закотвување во самиот Устав. Важна е нагласи и ангажираноста во меѓународната дебата за предвизвикот на демократската отпорност и ја поздрави одлуката на Уставниот суд својата 60-годишнина да ја одбележи со организирање на оваа меѓународна конференција, наместо со обична церемонија. -За Германија, правната соработка и размената со Уставниот суд е важен столб во германско-македонските односи долги години. Ја цениме оваа соработка и ќе продолжиме да соработуваме – рече Дрекслер придружувајќи се кон повикот за понатамошно зајакнување на Уставен суд на Македонија, како начин на зајакнување, вели, на нашиот широк сојуз на демократите. Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал, меѓу другото, го истакна јакнењето на Уставниот суд преку воведувањето на ефикасниот механизам на вложување жалби, кој е присутен веќе подолго време и вети продолжување на поддршката на овој суд означувајќи го како столб на човековите права, владеењето на правото, демократијата. -Наместо потпирање само на ЕСЧП ние ја правиме правдата подостапна и подопирлива за сите граѓани на Република Македонија. Ние сме на оваа пресвртница кога го прославуваме минатото и гледаме со оптимизам кон минатото и колективно се залагаме за успешно патешетствие на Уставниот суд во идинина. Мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш била и ќе биде ваш стабилен партнер што се потврдува со потпишувањето на Меморандумот за соработка склучен со Уставниот суд за да се зајакнат капацитетите на овој суд. Со вашите партнери кои се тука заедно ќе го поддржуваме Судот, кој ќе продолжи да служи како цврст столб за владеење на правото, заштита на човековите права и демократијата во Македонија – рече амбасадорот Вал. Заменик шефот на Мисијата на ЕУ Бен Нупнау, оцени дека Уставниот суд ја зголемил својата транспарентност и се осврна на евроинтегративниот пат на земјата. -Навраќајќи се на амбицијата за евроинтеграција Македонија успешно го заврши процесот на скрининг во 2023 година. Земјата изготви патоказ кој што ќе биде водилка за усогласувањето на законодавството и од тогаш со задоволство можеме да констатираме назначување дополнителни судии во Уставниот суд што е многу важен елемент за функцијата на оваа институција – рече Нупнау. Тој се осврна особено на законската регулатива во сферата на медиумите каде, вели, се бележи напредок. -Зачувувањето на слободата на изразувањето е суштински концепт не само во Македонија туку и во светот. При тоа новинарите продолжуваат да бидат жртви на напади како онлајн и офлајн. Постојано се жртви на попречување на нивната работа. Но, нападите на новинарите се всушност напади на демократијата и општо на општеството, особено во време на предизборието. Со задоволство можам да констатирам дека има подобрување на законската рамка во однос на зголемување на заштитата на новинарите. Македонија ги усогласи своите правни регулативи и прописи во однос на заштитата на медиумите и новинарите. Ќе продолжиме со поддршка тука, во регионот на ЗБ. ЕУ се фокусира на зајакнување на капацитетите на поддршка на граѓанското општество и на професионалните организации. Се надевам дека ова партнерство ќе обезбеди капацитети за да се заштитат фундаменталните слободи во годините кои претстојат – нагласи Нупнау. На конференцијата се обратија и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Јован Митрески, претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога.  

The post Притисокот врз судската власт мора да престане, за судиите да можат да го практикуваат правото, порача Агелер appeared first on Република.

]]>
Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-bara-kina-da-izvrshi-pritisok-vrz-rusija-da-ja-zapre-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 19 Sep 2023 09:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=683104

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина, беше соопштено по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое претседава со Г7, се наведува дека членките се надеваат дека Кина ќе инсистира на итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина.

Соопштението доаѓа додека директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји се во четиридневна посета на Русија, за време на која се очекува двете земји да ги подобрат политичките односи.

Земјите-членки на Г7, исто така, го поздравија учеството на Пекинг на состанокот во Џеда предводен од Украина и „дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и директен дијалог со Украина“, се вели во соопштението.

Во заедничката изјава на Г7 не се наведува ниту една земја, но се посочува дека членките „го повториле својот повик до трети страни да престанат со каква било помош за руската агресивна војна или ќе се соочат со големи трошоци“.

The post Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина, беше соопштено по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое претседава со Г7, се наведува дека членките се надеваат дека Кина ќе инсистира на итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина. Соопштението доаѓа додека директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји се во четиридневна посета на Русија, за време на која се очекува двете земји да ги подобрат политичките односи. Земјите-членки на Г7, исто така, го поздравија учеството на Пекинг на состанокот во Џеда предводен од Украина и „дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и директен дијалог со Украина“, се вели во соопштението. Во заедничката изјава на Г7 не се наведува ниту една земја, но се посочува дека членките „го повториле својот повик до трети страни да престанат со каква било помош за руската агресивна војна или ќе се соочат со големи трошоци“.

The post Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-ovaa-pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-nema-da-potklekne-na-pritisotsite-na-vlasta/ Tue, 11 Jul 2023 19:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=660216

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне.

„Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски.

Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош.

„Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски.

Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има.

„Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски.

„Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Андоновски додаде дека не би бил изненаден ако не види притисок од страна на власта, но пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне. „Пратеничката група е цврста, соработката помеѓу пратеничката група, духот на пратеничката група е многу цврст. А, не би бил изненаден ако не видам притисок од страна на власта“, рече Андоновски. Тој потсети дека сите предллози на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени власта ги одби не сакаше соработка ниту помош. „Даваме предлози, бевме одбивани и затоа тие сите предлози ги повлекуваме од масата и во моментот еден единствен предлог кој што е ставен на масата за кој што сме подготвени да разговараме е избори“, укажа Андоновски. Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктата и под вакви услови нема да има. „Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски. „Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

The post Андоновски: Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне на притисоците на власта appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ вршат притисок Eрмон Незири да ја наследи Рускоска во Организиран криминал, тврдат обвинителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-vrshat-pritisok-da-ermon-neziri-da-ja-nasledi-ruskoska-vo-organiziran-kriminal-tvrdat-obvinitelite/ Sat, 05 Nov 2022 14:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=570073

ЛоМакедонски обвинител(к)и тврдат дека во текот на вчерашниот ден започнала жестока неформална кампања која што ја водат функционери на СДСМ и ДУИ и нивни блиски вработени во правосудството кои се обидуваат да влијаат на изборите за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал.

Целта на луѓето кои лобираат во име на СДСМ и ДУИ е да се елиминира Вилма Русковска која ако добие над 50 гласови од своите колеги ќе може меѓу другите да ги гони и четирите високи функционери или луѓе блиски на СДСМ и ДУИ за кои веќе има покренато предистраги.

Според извори во обвинителството луѓето на СДСМ и ДУИ ги контактираат лично сите обвинители со цел да не гласаат за Вилма Русковска, пишува „Експрес“.

Обвинителите под контрола на ДУИ според насоките од Мала Речица треба да гласаат за Ислам Абази, додека СДСМ на оваа позиција сака да го види Ермон Незири за кого ДУИ, особено некои пратеници на оваа партија, нема против тој да стане шеф на ЈООК.

Според информациите на Експрес, кампањата и притисоците на владејачките партии веќе вродиле со плод и Ермон Незири, кој сега работи во Скопското обвинителство веќе ги има гласовите од доволен број обвинители и речиси извесно ќе биде нов шеф на обвинителството за организиран криминал.

На листата се четворица кандидати: Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и Вилма Рускоска, откако Енѓелуше Кадриу-Леши ја повлече пријавата.

Според избирачкиот список, 163 јавни обвинители од земјава в понеделник на 7 ноември ќе гласаат за избор на нов шеф на ОГО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

На притисокот кон обвинителите што треба да гласат за нов шеф на ЈООК му предходеше дебата.

The post СДСМ и ДУИ вршат притисок Eрмон Незири да ја наследи Рускоска во Организиран криминал, тврдат обвинителите appeared first on Република.

]]>

ЛоМакедонски обвинител(к)и тврдат дека во текот на вчерашниот ден започнала жестока неформална кампања која што ја водат функционери на СДСМ и ДУИ и нивни блиски вработени во правосудството кои се обидуваат да влијаат на изборите за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал.
Целта на луѓето кои лобираат во име на СДСМ и ДУИ е да се елиминира Вилма Русковска која ако добие над 50 гласови од своите колеги ќе може меѓу другите да ги гони и четирите високи функционери или луѓе блиски на СДСМ и ДУИ за кои веќе има покренато предистраги. Според извори во обвинителството луѓето на СДСМ и ДУИ ги контактираат лично сите обвинители со цел да не гласаат за Вилма Русковска, пишува „Експрес“. Обвинителите под контрола на ДУИ според насоките од Мала Речица треба да гласаат за Ислам Абази, додека СДСМ на оваа позиција сака да го види Ермон Незири за кого ДУИ, особено некои пратеници на оваа партија, нема против тој да стане шеф на ЈООК. Според информациите на Експрес, кампањата и притисоците на владејачките партии веќе вродиле со плод и Ермон Незири, кој сега работи во Скопското обвинителство веќе ги има гласовите од доволен број обвинители и речиси извесно ќе биде нов шеф на обвинителството за организиран криминал. На листата се четворица кандидати: Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и Вилма Рускоска, откако Енѓелуше Кадриу-Леши ја повлече пријавата. Според избирачкиот список, 163 јавни обвинители од земјава в понеделник на 7 ноември ќе гласаат за избор на нов шеф на ОГО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. На притисокот кон обвинителите што треба да гласат за нов шеф на ЈООК му предходеше дебата.

The post СДСМ и ДУИ вршат притисок Eрмон Незири да ја наследи Рускоска во Организиран криминал, тврдат обвинителите appeared first on Република.

]]>
Знаци што укажуваат на смрт 14 години однапред: Сите мислат дека оваа промена е добра, но може да биде опасна по здравјето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/znaci-shto-ukazuvaat-na-smrt-14-godini-odnapred-site-mislat-deka-ovaa-promena-e-dobra-no-moze-da-bide-opasna-po-zdravjeto/ Mon, 24 Oct 2022 20:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=564933

Крвниот притисок игра многу важна улога и честопати ја диктира здравствената состојба на човекот. Според научните истражувања, крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува полека да паѓа, и тоа околу 14 години пред да настапи смртта.

Овој заклучок настанал како резултат на научното набљудување на здравствената состојба на 46.634 Британци, кои починале во 60-тата година од животот или подоцна, а испитувањето опфатило луѓе кои биле здрави, како и такви што имале деменција и болести на срцето.

Според овие истражувања, крвниот притисок најмногу паѓал кај пациенти што боледувале од деменција, застој на срцето, губење тежина, како и кај оние што имале висок притисок. Интересно е што намалувањето било забележано и кај пациентите што немале ниту една од наведените болести.

Нашето истражување потенцира колку е важно да се следи состојбата на повозрасните пациенти. Би бил многу вознемирен кога некој би го протолкувал нашиот труд како мотив да не се третира хипертензијата во подоцните години со лекови, изјавил авторот на истражувањето.

Се наведува и дека лекарите би требало да обрнат внимание на тоа што значи падот на крвниот притисок за постарите пациенти. Постојат многу знаци што укажуваат на тоа дека смртта наближува, а вистината на притисокот и сите промени поврзани со него може да бидат еден од нив.

Извор: Убавина и здравје

The post Знаци што укажуваат на смрт 14 години однапред: Сите мислат дека оваа промена е добра, но може да биде опасна по здравјето appeared first on Република.

]]>

Крвниот притисок игра многу важна улога и честопати ја диктира здравствената состојба на човекот. Според научните истражувања, крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува полека да паѓа, и тоа околу 14 години пред да настапи смртта. Овој заклучок настанал како резултат на научното набљудување на здравствената состојба на 46.634 Британци, кои починале во 60-тата година од животот или подоцна, а испитувањето опфатило луѓе кои биле здрави, како и такви што имале деменција и болести на срцето. Според овие истражувања, крвниот притисок најмногу паѓал кај пациенти што боледувале од деменција, застој на срцето, губење тежина, како и кај оние што имале висок притисок. Интересно е што намалувањето било забележано и кај пациентите што немале ниту една од наведените болести. Нашето истражување потенцира колку е важно да се следи состојбата на повозрасните пациенти. Би бил многу вознемирен кога некој би го протолкувал нашиот труд како мотив да не се третира хипертензијата во подоцните години со лекови, изјавил авторот на истражувањето. Се наведува и дека лекарите би требало да обрнат внимание на тоа што значи падот на крвниот притисок за постарите пациенти. Постојат многу знаци што укажуваат на тоа дека смртта наближува, а вистината на притисокот и сите промени поврзани со него може да бидат еден од нив.
Извор: Убавина и здравје

The post Знаци што укажуваат на смрт 14 години однапред: Сите мислат дека оваа промена е добра, но може да биде опасна по здравјето appeared first on Република.

]]>
Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-nachini-da-go-namalite-krvniot-pritisok-na-letnata-zeshtina-2/ Wed, 24 Aug 2022 20:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=543812

Драстичните промени на температурата, наизменичното сончево и врнежливо време не се невообичаени за летото, а сето тоа влијае на нашето здравје. Промените во атмосферскиот притисок влијаат и на нерамнотежата на крвниот притисок, што е особено опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми, како и за хронично болните и постарите лица.

Хипертензијата е сериозна и опасна состојба која може да има фатални последици доколку не се лекува навреме.

Сепак, лекари препорачуваат неколку постапки кои може да ви помогнат да го намалите крвниот притисок кога надвор е топло, без притоа да земате лекови.

Најбрзиот, најефективниот и најлесниот начин за намалување на притисокот е користење ладна вода. Кога велиме употреба, мислиме и на потрошувачка, но и на бањи кои помагаат. Можете да ги натопите стапалата и рацете во ладна вода, да се измиете, да се истуширате, а сето тоа помага да се намали крвниот притисок.

Ако нема начин да се истуширате целосно, тогаш ставете ја внатрешноста на задниот дел од рацете под млаз ладна вода. Чувајте го така 2-3 минути. Доколку сте во можност, можете да ги изладите рацете до лактите, а секако и да го освежите лицето.

Третиот начин е да подготвите ладна бања за раце. Температурата на водата треба да биде 45 степени, а рацете држете ги потопени најмалку 10 минути.

Исто така, за да го намалите притисокот, можете да пиете чај од нане или минерална вода со мед и сок од лимон. Чаша од овој напиток ќе го врати притисокот во нормала за 20 минути. Притисокот треба да се намали за 15-20 единици.

Ако вашиот крвен притисок е зголемен, обидете се да се опуштите. Задржете го здивот при секое издишување 8-10 минути, повторете 3 минути. Ова ќе помогне да се намалат вредностите на 30 единици.

Штом почувствувате дека притисокот почнал да се менува и да се зголемува, не паничете. Легнете на креветот, пијте чај од валеријана или некоја друга смирувачка билка. Ако имате цвекло во домот, исцедете го сокот и испијте го, ова е уште еден добар начин да го намалите крвниот притисок.

The post Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина appeared first on Република.

]]>

Драстичните промени на температурата, наизменичното сончево и врнежливо време не се невообичаени за летото, а сето тоа влијае на нашето здравје. Промените во атмосферскиот притисок влијаат и на нерамнотежата на крвниот притисок, што е особено опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми, како и за хронично болните и постарите лица. Хипертензијата е сериозна и опасна состојба која може да има фатални последици доколку не се лекува навреме. Сепак, лекари препорачуваат неколку постапки кои може да ви помогнат да го намалите крвниот притисок кога надвор е топло, без притоа да земате лекови. Најбрзиот, најефективниот и најлесниот начин за намалување на притисокот е користење ладна вода. Кога велиме употреба, мислиме и на потрошувачка, но и на бањи кои помагаат. Можете да ги натопите стапалата и рацете во ладна вода, да се измиете, да се истуширате, а сето тоа помага да се намали крвниот притисок. Ако нема начин да се истуширате целосно, тогаш ставете ја внатрешноста на задниот дел од рацете под млаз ладна вода. Чувајте го така 2-3 минути. Доколку сте во можност, можете да ги изладите рацете до лактите, а секако и да го освежите лицето. Третиот начин е да подготвите ладна бања за раце. Температурата на водата треба да биде 45 степени, а рацете држете ги потопени најмалку 10 минути. Исто така, за да го намалите притисокот, можете да пиете чај од нане или минерална вода со мед и сок од лимон. Чаша од овој напиток ќе го врати притисокот во нормала за 20 минути. Притисокот треба да се намали за 15-20 единици. Ако вашиот крвен притисок е зголемен, обидете се да се опуштите. Задржете го здивот при секое издишување 8-10 минути, повторете 3 минути. Ова ќе помогне да се намалат вредностите на 30 единици. Штом почувствувате дека притисокот почнал да се менува и да се зголемува, не паничете. Легнете на креветот, пијте чај од валеријана или некоја друга смирувачка билка. Ако имате цвекло во домот, исцедете го сокот и испијте го, ова е уште еден добар начин да го намалите крвниот притисок.  

The post Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина appeared first on Република.

]]>
Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-pritisokot-doagja-od-poraneshna-vlada/ Fri, 19 Aug 2022 12:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=542047

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета.

„Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.

Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета. „Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.
Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>
Рускоска: Претставката е поднесена минатиот вторник, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен притисок врз обвинителството и судот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-pretstavkata-e-podnesena-minatiot-vtornik-nejzinoto-soopshtuvanje-sega-vo-javnosta-go-smetam-za-direkten-pritisok-vrz-obvinitelstvoto-i-sudot/ Mon, 25 Jul 2022 16:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=533090

Обвинителката Вилма Русковска, денес изјави за Дојче Веле дека претставката од Управата за финансиска полиција била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во оваа институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа.

Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен притисок врз работата на обвинителството и судот“, рече Русковска за ДВ.

Таа е изненадена од реакцијата на Управата за финансиска полиција и директорот Арафат Муареми.

Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, вели Русковска.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudir-vo-policisko-obvinitelniot-vrv-finansiskata-policija-na-arafat-muaremi-luta-na-jo-na-vilma-ruskovska/?fbclid=IwAR2T_2i94yQVPtHGIdrH7Xf5m1Eed1SDxNP4VUNwnu_BdphTjpc3zT2rMgE

The post Рускоска: Претставката е поднесена минатиот вторник, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен притисок врз обвинителството и судот appeared first on Република.

Петков: Во врска со Македонија ништо нема да правиме под притисок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-vo-vrska-so-makedonija-nishto-nema-da-pravime-pod-pritisok/ Tue, 07 Jun 2022 10:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=512118

Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија.

Ништо нема да правиме под притисок, изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град.

Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барање и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантираат преку европскиот процес.

Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков.

The post Петков: Во врска со Македонија ништо нема да правиме под притисок appeared first on Република.

Дачиќ: Србија нема да ја усогласи својата политика со ЕУ за санкциите против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachikj-srbija-nema-da-ja-usoglasi-svojata-politika-so-eu-za-sankciite-protiv-rusija/ Wed, 02 Mar 2022 10:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=466375

Претседателот на Собранието на Србија во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави земјата се наоѓа по притисок, по повод случувањата во Украина „да застане на нечија страна“, вклучително и да ја усогласи надворешната политика со ЕУ.

Сепак, Дачиќ оценува дека тоа не е во интерес на Србија.

Сега сме во ситуација кога од нас се очекува да застанеме на нечија страната. Секој тргнува од своите интереси. Логично е Србија да тргнува од своите интереси. Ние немаме интерес да водиме политика во согласност со очекувањата на Истокот или Западот, туку се водиме од нашите интереси. Го почитувам она што го велат од Брисел, но наша обврска е да ја усогласуваме надворешната политика со политиката на ЕУ постепено додека не влеземе во ЕУ - изјави Дачиќ за РТС.

Тој додаде дека Србија не го очекува тоа во блиска иднина.

Дали гарантираат дека утре ќе влеземе во ЕУ? Не, туку за десет, 15, 20 години. Па добро, тогаш и ние ќе ја усогласиме нашата надворешна политика за десет, 15, 20 години. Од друга страна, дали ќе го повлечат признавањето на Косово и Метохија? Дали ќе престанат да го нарушуваат територијалниот интегритет на Србија, а не да ја тераат Србија да воведе санкции против земјата која најмногу ги штити нашите национални и државни интереси - изјави Дачиќ.

Тој оценува дека Србија ги уважува позициите на ЕУ за „почитување на принципите на територијалниот интегритет“, како и дека „не е добро“ што Русија го нарушила територијалниот интегритет на Украина.

Дачиќ оцени дека тоа е „лицемерие, недозволиво и неприфатливо за Србија“ и дека „тој што сака Србија да воведе санкции кон Русија не е против Русија, туку против Србија“.

Утре ќе бараат Косово да влезе во НАТО, утре ќе бараат Косово да влезе во ОН. А, на кого ние ќе се обратиме, на Русија. Ако им воведеме санкции, немаме кому да се обратиме. Почитувајте го принципот на територијален интегритет, поништите го признавањето на Косово, подготвени сме да разговараме - изјави Дачиќ.

Тој наведе дека Албанија е 100 отсто усогласена со политиката на ЕУ, а не добила ниту почеток на преговорите.

The post Дачиќ: Србија нема да ја усогласи својата политика со ЕУ за санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Србија во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави земјата се наоѓа по притисок, по повод случувањата во Украина „да застане на нечија страна“, вклучително и да ја усогласи надворешната политика со ЕУ. Сепак, Дачиќ оценува дека тоа не е во интерес на Србија.
Сега сме во ситуација кога од нас се очекува да застанеме на нечија страната. Секој тргнува од своите интереси. Логично е Србија да тргнува од своите интереси. Ние немаме интерес да водиме политика во согласност со очекувањата на Истокот или Западот, туку се водиме од нашите интереси. Го почитувам она што го велат од Брисел, но наша обврска е да ја усогласуваме надворешната политика со политиката на ЕУ постепено додека не влеземе во ЕУ - изјави Дачиќ за РТС.
Тој додаде дека Србија не го очекува тоа во блиска иднина.
Дали гарантираат дека утре ќе влеземе во ЕУ? Не, туку за десет, 15, 20 години. Па добро, тогаш и ние ќе ја усогласиме нашата надворешна политика за десет, 15, 20 години. Од друга страна, дали ќе го повлечат признавањето на Косово и Метохија? Дали ќе престанат да го нарушуваат територијалниот интегритет на Србија, а не да ја тераат Србија да воведе санкции против земјата која најмногу ги штити нашите национални и државни интереси - изјави Дачиќ.
Тој оценува дека Србија ги уважува позициите на ЕУ за „почитување на принципите на територијалниот интегритет“, како и дека „не е добро“ што Русија го нарушила територијалниот интегритет на Украина. Дачиќ оцени дека тоа е „лицемерие, недозволиво и неприфатливо за Србија“ и дека „тој што сака Србија да воведе санкции кон Русија не е против Русија, туку против Србија“.
Утре ќе бараат Косово да влезе во НАТО, утре ќе бараат Косово да влезе во ОН. А, на кого ние ќе се обратиме, на Русија. Ако им воведеме санкции, немаме кому да се обратиме. Почитувајте го принципот на територијален интегритет, поништите го признавањето на Косово, подготвени сме да разговараме - изјави Дачиќ.
Тој наведе дека Албанија е 100 отсто усогласена со политиката на ЕУ, а не добила ниту почеток на преговорите.

The post Дачиќ: Србија нема да ја усогласи својата политика со ЕУ за санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Толку од правото на другите самостојно да одлучуваат, Србија е под огромен притисок, но нема да се приклучи на санкциите кон Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-tolku-od-pravoto-na-drugite-samostojno-da-odluchuvaat-srbija-e-pod-ogromen-pritisok-no-nema-da-se-prikluchi-na-sankciite-kon-rusija/ Tue, 01 Mar 2022 12:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=465839

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија.

Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денесka имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна - изјави Вучиќ.

На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.

До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку важат декларациите за големото почитување на независноста и правото на другите земји сами да одлучуваат - кажа Вучиќ.

На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали „Спутник“ и „Русија Тудеј“, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што зборуваат поинаку од нивиот став“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи“.

The post Вучиќ: Толку од правото на другите самостојно да одлучуваат, Србија е под огромен притисок, но нема да се приклучи на санкциите кон Русија appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија.
Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денесka имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна - изјави Вучиќ.
На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.
До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку важат декларациите за големото почитување на независноста и правото на другите земји сами да одлучуваат - кажа Вучиќ.
На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали „Спутник“ и „Русија Тудеј“, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што зборуваат поинаку од нивиот став“. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи“.

The post Вучиќ: Толку од правото на другите самостојно да одлучуваат, Србија е под огромен притисок, но нема да се приклучи на санкциите кон Русија appeared first on Република.

]]>
Петир ги повика евро-пратениците да ги осудат притисоците што се вршат врз Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petir-gi-povika-evro-pratenicite-da-gi-osudat-pritisocite-shto-se-vrshat-vrz-makedonija/ Fri, 28 Jan 2022 10:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=450631

Пратеничката на хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир ги повика евро-пратениците да застанат на страната на Македонија, и во одбрана на македонскиот национален идентитет и култура.

Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојам со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат, изјави Петир во изјава која ја пренесе Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права од Канада.

Оваа организација се придружува на повикот на Петир, и повика "сите евро-пратеници и политичари - кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права - да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја".

Петир беше претседателка на групата за пријателство со Македонија во Европскиот Парламент, се до доаѓањето на Заев на власт. Хрватската десничарка е позната како гласен поддржувач на Македонија.

The post Петир ги повика евро-пратениците да ги осудат притисоците што се вршат врз Македонија appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир ги повика евро-пратениците да застанат на страната на Македонија, и во одбрана на македонскиот национален идентитет и култура.
Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојам со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат, изјави Петир во изјава која ја пренесе Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права од Канада.
Оваа организација се придружува на повикот на Петир, и повика "сите евро-пратеници и политичари - кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права - да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја". Петир беше претседателка на групата за пријателство со Македонија во Европскиот Парламент, се до доаѓањето на Заев на власт. Хрватската десничарка е позната како гласен поддржувач на Македонија.

The post Петир ги повика евро-пратениците да ги осудат притисоците што се вршат врз Македонија appeared first on Република.

]]>
Германско предупредување за Русија: Гасоводот може да биде средство за притисок врз Русија доколку ја нападне Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germansko-predupreduvanje-za-rusija-gasovodot-moze-da-bide-sredstvo-za-pritisok-vrz-rusija-dokolku-ja-napadne-ukraina/ Tue, 18 Jan 2022 12:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=446334

Претседателот на германскиот Комитет за надворешни работи, Михаел Рот, изјави дека Германија не може да исклучи дека можноста гасоводот Северен тек 2 да биде искористен како средство за политички притисок врз Кремљ во случај на руска агресија врз Украина.

Очекуваме дипломатско-политичко решение, а дипломатските алатки вклучуваат и санкции. Ако навистина дојдеме до санкции, а јас сепак се надевам дека ќе успееме да го избегнеме тоа, тогаш не можеме однапред да ги исклучиме работите што можеби ги бараат нашите партнери во Европската Унија - истакна Рот за германската телевизија АРД

Гасоводот Северен тек 2, кој веќе е завршен, но се уште не добил дозвола за работа, има за цел да ја зголеми испораката на руски гас во Западна Европа, но противниците на проектот, вклучително Украина и САД, велат дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од Русија.

The post Германско предупредување за Русија: Гасоводот може да биде средство за притисок врз Русија доколку ја нападне Украина appeared first on Република.