притисок врз медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pritisok-vrz-mediumi/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Aug 2022 17:36:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png притисок врз медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pritisok-vrz-mediumi/ 32 32 Жената која прегазила 11-годишно дете во Неготино ѝ испратила полиција за „опомена“ на новинарката која ја објавила веста https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zenata-koja-pregazila-11-godishno-dete-vo-negotino-ispratila-policija-za-opomena-na-novinarkata-koja-ja-objavila-vesta/ Thu, 11 Aug 2022 17:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=539234

Полициски службеници од Полициската станица Неготино ѝ дошле на домашната адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус“ за да извршат службен разговор со новинарката поради „предупредување поради поплака од страна на жената која пред три дена во центарот на Неготино со автомобил удри 11-годишно дете“, пишува „Фокус”.

Од МВР, за „Фокус“ само накратко одговориле дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и дека ќе бидат преземени соодветни мерки, а новинарката случајот како што им било кажано, треба да го пријави во Внатрешна контрола. „Фокус“ пишува дека според Предупредувањето кое полициските службеници го доставиле на новинарката за потпис, а кое таа не го потпишала, жената возач, која инаку не е именувана во текстот, барала новинарката да биде предупредена дека објавила невистинита содржина за случената сообраќајка.

Мајката на повреденото дете, Билјана Малиминова за ,,Фокус” вели дека е потресена од настанот, и јавно прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали некогаш ќе бидат преземени конкретни мерки за да се обезбеди безбедност на пешаците во градот.

Станува збор за текст објавен во Фокус на 8 август, во кој новинарката пенесува изјава од мајката на повреденото момче. Мајката појаснува дека во тие моменти на страв и вознемиреност по настанот, жената која го удрила нејзиното дете со автомобил, дури и започнала вербална расправија со неа.

-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди!

Кога најверојатно увидела дека станува збор за сериозни повреди, го донесе во итната помош, каде започна вербална расправија со мене. Барав да се повика полиција, но ми рече дека нејзиниот сопруг е полицаец и таа го удрила син ми со брзина од 20 километри на час. Што треба да значи тоа?
Јавно прашувам, дали е важно чиј сопруг е полицаец во ваков случај? Нели сме сите исти пред законот? Јас сум самохрана мајка, треба ли да бидам оставена незаштитена поради тоа? Дали е важно кој е и што е било кој возач кој ќе прегази дете? – прашува мајката.

Додава дека потоа била повикана полиција, а детето било препратено во кавадаречката болница. Од таму, поради сериозноста на повредите, тоа веднаш било пренесено на скопските клиники.

Реакција со осуда за настанот пристигна од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од каде побараа одговорност од службениците и поведување на дисциплинска постапка.

„ЗНМ смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна, бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите. Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Од ЗНМ воедно велат дека ќе поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања и додаваат дека очекуваат санкции за одговорните лица што е можно поскоро.

The post Жената која прегазила 11-годишно дете во Неготино ѝ испратила полиција за „опомена“ на новинарката која ја објавила веста appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица Неготино ѝ дошле на домашната адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус“ за да извршат службен разговор со новинарката поради „предупредување поради поплака од страна на жената која пред три дена во центарот на Неготино со автомобил удри 11-годишно дете“, пишува „Фокус”. Од МВР, за „Фокус“ само накратко одговориле дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и дека ќе бидат преземени соодветни мерки, а новинарката случајот како што им било кажано, треба да го пријави во Внатрешна контрола. „Фокус“ пишува дека според Предупредувањето кое полициските службеници го доставиле на новинарката за потпис, а кое таа не го потпишала, жената возач, која инаку не е именувана во текстот, барала новинарката да биде предупредена дека објавила невистинита содржина за случената сообраќајка. Мајката на повреденото дете, Билјана Малиминова за ,,Фокус” вели дека е потресена од настанот, и јавно прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали некогаш ќе бидат преземени конкретни мерки за да се обезбеди безбедност на пешаците во градот.
Станува збор за текст објавен во Фокус на 8 август, во кој новинарката пенесува изјава од мајката на повреденото момче. Мајката појаснува дека во тие моменти на страв и вознемиреност по настанот, жената која го удрила нејзиното дете со автомобил, дури и започнала вербална расправија со неа.
-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди! Кога најверојатно увидела дека станува збор за сериозни повреди, го донесе во итната помош, каде започна вербална расправија со мене. Барав да се повика полиција, но ми рече дека нејзиниот сопруг е полицаец и таа го удрила син ми со брзина од 20 километри на час. Што треба да значи тоа? Јавно прашувам, дали е важно чиј сопруг е полицаец во ваков случај? Нели сме сите исти пред законот? Јас сум самохрана мајка, треба ли да бидам оставена незаштитена поради тоа? Дали е важно кој е и што е било кој возач кој ќе прегази дете? – прашува мајката.