пристап Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pristap/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 08:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пристап Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pristap/ 32 32 Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-graganin-zasluzhuva-pristap-do-lekovite-shto-mu-se-potrebni/ Wed, 11 Sep 2024 08:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=815164

Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.

Пристапот до квалитетни лекови не е само приоритет, туку основна владина определба за заштита на граѓаните и поздрава иднина. Мора да се зајакне соработката меѓу сите институции од областа на здравството. Заедничкото делување ќе донесе одржливи решенија, истакна Мицкоски.

Според Таравари, Владата вети дека ќе го подобри пристапот до квалитетни лекови и тоа го реализира.

The post Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни appeared first on Република.

]]>

Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари. Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.
Пристапот до квалитетни лекови не е само приоритет, туку основна владина определба за заштита на граѓаните и поздрава иднина. Мора да се зајакне соработката меѓу сите институции од областа на здравството. Заедничкото делување ќе донесе одржливи решенија, истакна Мицкоски.
Според Таравари, Владата вети дека ќе го подобри пристапот до квалитетни лекови и тоа го реализира.  

The post Мицкоски: Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни appeared first on Република.

]]>
Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pristap-do-internet-imaat-88-otsto-od-domakinstvata-vo-makedonija/ Fri, 10 Nov 2023 14:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=700304

Во првото тримесечје од годинава, 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3 %, а 67.7 % го користеле неколкупати во текот на денот.

Преку интернет во последните 12 месеци нарачале или купиле стоки или услуги 53.5 % од граѓаните во земјава.

The post Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во првото тримесечје од годинава, 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3 %, а 67.7 % го користеле неколкупати во текот на денот. Преку интернет во последните 12 месеци нарачале или купиле стоки или услуги 53.5 % од граѓаните во земјава.  

The post Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshija-strogite-protokoli-politsijata-dozvoli-pristap-za-site-do-grobot-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 11:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=604755

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата.

Видео од пред црквата Свети Спас на следниот линк

The post Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев. Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата. Видео од пред црквата Свети Спас на следниот линк

The post Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Пристапот до лекови во земјава не е еднаков за сите, што особено дојде до израз по пандемијата со Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pristapot-do-lekovi-vo-zemjava-ne-e-ednakov-za-site-shto-osobeno-dojde-do-izraz-po-pandemijata-so-kovid-19/ Fri, 25 Nov 2022 12:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=578208

Конференција „Подобрување на пристапот до лекови за сите”: Непречениот пристап до лекови – фундаментално човеково право

Процентот за здравствено осигурување со години наназад е намален и споредено со соседните земји е многу поголем, иако платите во овие држави се повисоки од оние кај нас, со што во овој дел ние се наоѓаме на дното, истакна заменик министерот за здравство Владимир Рендевски на денешната конференција насловена „Подобрување на пристапот до лекови за сите”.

На конференцијата беше истакнато дека пристапот до лекови во земјава не е еднаков за сите пациенти, што особено дојде до израз по пандемијата со Ковид-19.

Заменик министерот за здравство Рендевски во своето обраќање пред присутните во однос на состојбата со здравствениот систем се осврна на два сегмента – можностите за подобрување на пристапот до лековите за сите пациенти и одржливото финансирање на здравствениот систем во државава.

Едно со друго тие се тесно причинско-последично поврзани. Ако немаме економски одржлив здравствен систем не ќе можеме да имаме еднаков пристап до новите иновативни лекови, рече Рендевски.

Заменик министерот оцени дека се потребни строго одредено пропишани критериуми за давање на лекови, како и усогласеност на здравствената каса со современите европски лекови, со цел воспоставување одржлив здравствен систем.

На конференцијата присуствување и првата дама Елизабета Ѓоргиевска која порача дека фундаменталното човеково право на здравствена заштита подразбира непречен пристап кон неопходните лекови, меѓутоа во нашата држава лековите честопати се скапи споредено со животниот стандард.

Многу лекови се честопати прескапи за животниот стандард, а токму Комората помага со пристапот со лекови. Неусогласеноста со европските директиви и нефункционалноста на системот за утврдување и донесување на позитивната листа на лекови се една од основните причини. Новиот Закон за лекови за жал се уште не е усвоен и оттука не треба да изненадува што во нашата држава имаме многу мала достапност до иновативни лекови за пациентите. Здравствената, економската и енергетската криза ги зголемија трошоците за производство, а со тоа и цените на производите, продлабочувајќи ја нееднаквоста во пристапот на лекови особено за најранливите категории, оцени Ѓоргиевска.

Таа порача дека здравјето на граѓаните никако не смее да биде шанса за профит заради системски слабости, а како што рече таа здравствениот сектор е последниот од кој треба да се штеди.

Институциите не треба да дозволат граѓаните да бидат доведени во состојба да избираат меѓу живот и сиромаштија, меѓу здравје или задолженост. За жал многу често и тоа се случуваше. Дури 40 проценти од трошоците за здравствена заштита пациентите ги плаќаат од својот џеб, рече Ѓоргиевска.

Според неа, долгорочното решение на овој проблем подразбира воспоставување систем за редовно ажурирање на позитивната листа на лекови, нов Закон, нова уредба, па и овозможување на посебни договори за иновативни лекови.

Драган Давитков, директор на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам), која беше организатор на настанот на инцијатива на Комитетот за здравствена заштита при АмЧам, беше децидни дека здравствените политики мора да бидат приоритет на секоја Влада.

Потребна е сеопфатна дискусија на сите засегнати страни, со цел да се идентификуваат најдобрите решенија и да се дадат препораки за креирање на јавни политики базирани на докази. Потребно е јасно и транспарентно идентификување на проблемите, како и воведување на анализи кои ќе овозможат разгледување на различни алтернативи при решавање на проблемите, изјави Давитков.

The post Пристапот до лекови во земјава не е еднаков за сите, што особено дојде до израз по пандемијата со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Конференција „Подобрување на пристапот до лекови за сите”: Непречениот пристап до лекови – фундаментално човеково право Процентот за здравствено осигурување со години наназад е намален и споредено со соседните земји е многу поголем, иако платите во овие држави се повисоки од оние кај нас, со што во овој дел ние се наоѓаме на дното, истакна заменик министерот за здравство Владимир Рендевски на денешната конференција насловена „Подобрување на пристапот до лекови за сите”. На конференцијата беше истакнато дека пристапот до лекови во земјава не е еднаков за сите пациенти, што особено дојде до израз по пандемијата со Ковид-19. Заменик министерот за здравство Рендевски во своето обраќање пред присутните во однос на состојбата со здравствениот систем се осврна на два сегмента – можностите за подобрување на пристапот до лековите за сите пациенти и одржливото финансирање на здравствениот систем во државава.
Едно со друго тие се тесно причинско-последично поврзани. Ако немаме економски одржлив здравствен систем не ќе можеме да имаме еднаков пристап до новите иновативни лекови, рече Рендевски.
Заменик министерот оцени дека се потребни строго одредено пропишани критериуми за давање на лекови, како и усогласеност на здравствената каса со современите европски лекови, со цел воспоставување одржлив здравствен систем. На конференцијата присуствување и првата дама Елизабета Ѓоргиевска која порача дека фундаменталното човеково право на здравствена заштита подразбира непречен пристап кон неопходните лекови, меѓутоа во нашата држава лековите честопати се скапи споредено со животниот стандард.
Многу лекови се честопати прескапи за животниот стандард, а токму Комората помага со пристапот со лекови. Неусогласеноста со европските директиви и нефункционалноста на системот за утврдување и донесување на позитивната листа на лекови се една од основните причини. Новиот Закон за лекови за жал се уште не е усвоен и оттука не треба да изненадува што во нашата држава имаме многу мала достапност до иновативни лекови за пациентите. Здравствената, економската и енергетската криза ги зголемија трошоците за производство, а со тоа и цените на производите, продлабочувајќи ја нееднаквоста во пристапот на лекови особено за најранливите категории, оцени Ѓоргиевска.
Таа порача дека здравјето на граѓаните никако не смее да биде шанса за профит заради системски слабости, а како што рече таа здравствениот сектор е последниот од кој треба да се штеди.
Институциите не треба да дозволат граѓаните да бидат доведени во состојба да избираат меѓу живот и сиромаштија, меѓу здравје или задолженост. За жал многу често и тоа се случуваше. Дури 40 проценти од трошоците за здравствена заштита пациентите ги плаќаат од својот џеб, рече Ѓоргиевска.
Според неа, долгорочното решение на овој проблем подразбира воспоставување систем за редовно ажурирање на позитивната листа на лекови, нов Закон, нова уредба, па и овозможување на посебни договори за иновативни лекови. Драган Давитков, директор на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам), која беше организатор на настанот на инцијатива на Комитетот за здравствена заштита при АмЧам, беше децидни дека здравствените политики мора да бидат приоритет на секоја Влада.