пристаништа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pristanishta/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 19:46:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пристаништа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pristanishta/ 32 32 Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-go-podrzha-shtrajkot-na-pristanishnite-rabotnitsi-vo-sad/ Wed, 02 Oct 2024 19:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=821933

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, ги повика компаниите кои управуваат со пристаништата во САД да ги зголемат платите на пристанишните работници кои штрајкуваат веќе втор ден.

Морските превозници остварија рекордни профити за време на пандемијата, кога пристанишните работници беа изложени на опасност во нивните напори пристаништата да останат отворени. Време е овие морски превозници да понудат силен и фер договор што годразува придонесот на работниците на ИЛА (International Longshoremen’s Association) за нашата економија и нивните рекордни профити“, соопшти Бајден во синоќа на Икс.

Тој наложи администрацијата да следи можни зголемувања на цените што би им одело во прилог на морските превозници, соопштија од Белата куќа.

Штрајкот на синдикатот на ИЛА деновиве го блокира снабдувањето со стоки, од храна до автомобили, во десетици пристаништа од Мејн до Тексас, и ова, велат аналитичарите, ќе ја чини економијата на САД милијарди долари дневно.

Националната федерација за малопродажба ја повика администрацијата во Вашингтон да ги искористи своите федерални овластувања за да го прекине штрајкот, изјавувајќи дека може да има „разорни последици“ за економијата. Републиканците, вклучувајќи го и гувернерот на Вирџинија Глен Јангкин, исто така го повикаа Бајден да преземе мерки, но тој повтори дека нема да го стори тоа.

Според „Everstream Analytics“, во американските пристаништа вчера веќе стоеле повеќе од 38 контејнерски бродови, додека во неделата пред штрајкот на простој биле само три.

Синдикатот на ИЛА, кој претставува 45.000 пристанишни работници, го започна штрајкот синоќа на полноќ, откако преговорите со групата на работодавачи „United States Maritime Alliance“ (USMX) за нов шестгодишен договор завршија неуспешно.

„USMX“ му понуди на синдикатот зголемување на платите за 50 отсто, но лидерот на ИЛА, Херолд Дагет, изјави дека синдикатот бара повеќе, вклучувајќи зголемување на платите за пет долари по час за секоја година од новиот шестгодишен договор и прекинување на проектите за автоматизација на пристаништата, кои ги загрозуваат работните места.

Стотици пристанишни работници вчера излегоа на протест пред товарниот терминал во во близина на Њујорк во Елизабет, Њу Џерси.

Економистите на Morgan Stanley изјавија дека штрајкот може да влијае на економскиот раст и да ја зголеми инфлацијата, „но само ако трае подолго“. Според нив, ако штрајкот не трае долго, неговото влијание врз транспортот ќе биде минимално.

Околу половина од американскиот увоз и 37% од извозот се врши по морски пат, потсетува „Морган Стенли“.

Според проценките на аналитичарите на „ЏП Морган“, штрајкот може да ја чини американската економија околу 5 милијарди долари дневно.

The post Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, ги повика компаниите кои управуваат со пристаништата во САД да ги зголемат платите на пристанишните работници кои штрајкуваат веќе втор ден.
Морските превозници остварија рекордни профити за време на пандемијата, кога пристанишните работници беа изложени на опасност во нивните напори пристаништата да останат отворени. Време е овие морски превозници да понудат силен и фер договор што годразува придонесот на работниците на ИЛА (International Longshoremen’s Association) за нашата економија и нивните рекордни профити“, соопшти Бајден во синоќа на Икс.
Тој наложи администрацијата да следи можни зголемувања на цените што би им одело во прилог на морските превозници, соопштија од Белата куќа. Штрајкот на синдикатот на ИЛА деновиве го блокира снабдувањето со стоки, од храна до автомобили, во десетици пристаништа од Мејн до Тексас, и ова, велат аналитичарите, ќе ја чини економијата на САД милијарди долари дневно. Националната федерација за малопродажба ја повика администрацијата во Вашингтон да ги искористи своите федерални овластувања за да го прекине штрајкот, изјавувајќи дека може да има „разорни последици“ за економијата. Републиканците, вклучувајќи го и гувернерот на Вирџинија Глен Јангкин, исто така го повикаа Бајден да преземе мерки, но тој повтори дека нема да го стори тоа. Според „Everstream Analytics“, во американските пристаништа вчера веќе стоеле повеќе од 38 контејнерски бродови, додека во неделата пред штрајкот на простој биле само три. Синдикатот на ИЛА, кој претставува 45.000 пристанишни работници, го започна штрајкот синоќа на полноќ, откако преговорите со групата на работодавачи „United States Maritime Alliance“ (USMX) за нов шестгодишен договор завршија неуспешно. „USMX“ му понуди на синдикатот зголемување на платите за 50 отсто, но лидерот на ИЛА, Херолд Дагет, изјави дека синдикатот бара повеќе, вклучувајќи зголемување на платите за пет долари по час за секоја година од новиот шестгодишен договор и прекинување на проектите за автоматизација на пристаништата, кои ги загрозуваат работните места. Стотици пристанишни работници вчера излегоа на протест пред товарниот терминал во во близина на Њујорк во Елизабет, Њу Џерси. Економистите на Morgan Stanley изјавија дека штрајкот може да влијае на економскиот раст и да ја зголеми инфлацијата, „но само ако трае подолго“. Според нив, ако штрајкот не трае долго, неговото влијание врз транспортот ќе биде минимално. Околу половина од американскиот увоз и 37% од извозот се врши по морски пат, потсетува „Морган Стенли“. Според проценките на аналитичарите на „ЏП Морган“, штрајкот може да ја чини американската економија околу 5 милијарди долари дневно.

The post Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД appeared first on Република.

]]>
До крајот годинава Кина ќе има девет од 20-те најголеми контејнерски пристаништа во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/do-krajot-godinava-kina-kje-ima-devet-od-20-te-najgolemi-kontejnerski-pristanishta-vo-svetot/ Wed, 27 Jul 2022 11:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=533702

До крајот на оваа година се очекува дека Кина ќе има девет од 20-те најголеми пристаништа за контејнери во светот. Ваков е прогнозниот извештај објавен од Кинеската академија на науките (CAS).

Во прогнозата се вели дека меѓу 20-те најголеми пристаништа, пристаништето во Шангај ќе има најголем пропусен капацитет во 2022 година, при што се додава дека повеќето пристаништа за контејнери во Кина имаат зголемена побарувачка за транспортни услуги, вклучително и пристаништата Нингбо-Жоушан, во Кингдао и Тијанџин.

Многу фактори влијаат на транспортниот волумен на контејнерите. Во споредба со регресивната анализа и економетриските модели, истражувачите ги разгледаа глобалните пристаништа како целина, земајќи ја предвид глобалната економија, трговските ситуации и развојот на бродската индустрија - вели Ванг Шујанг, директор на Центарот за прогнозирање на науки при Кинеската академија на науките.

 

Иако глобалната индустрија за транспорт со контејнери забави во 2022 година, транспортот со контејнери во Кина останува основа за стабилен глобален развој - вели Ксие Ганг, професор на Кинеската академија на науките.

The post До крајот годинава Кина ќе има девет од 20-те најголеми контејнерски пристаништа во светот appeared first on Република.

]]>

До крајот на оваа година се очекува дека Кина ќе има девет од 20-те најголеми пристаништа за контејнери во светот. Ваков е прогнозниот извештај објавен од Кинеската академија на науките (CAS). Во прогнозата се вели дека меѓу 20-те најголеми пристаништа, пристаништето во Шангај ќе има најголем пропусен капацитет во 2022 година, при што се додава дека повеќето пристаништа за контејнери во Кина имаат зголемена побарувачка за транспортни услуги, вклучително и пристаништата Нингбо-Жоушан, во Кингдао и Тијанџин.
Многу фактори влијаат на транспортниот волумен на контејнерите. Во споредба со регресивната анализа и економетриските модели, истражувачите ги разгледаа глобалните пристаништа како целина, земајќи ја предвид глобалната економија, трговските ситуации и развојот на бродската индустрија - вели Ванг Шујанг, директор на Центарот за прогнозирање на науки при Кинеската академија на науките.
 
Иако глобалната индустрија за транспорт со контејнери забави во 2022 година, транспортот со контејнери во Кина останува основа за стабилен глобален развој - вели Ксие Ганг, професор на Кинеската академија на науките.

The post До крајот годинава Кина ќе има девет од 20-те најголеми контејнерски пристаништа во светот appeared first on Република.

]]>
Британија забранува пристап на руски бродови до нивни пристаништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-zabranuva-pristap-na-ruski-brodovi-do-nivni-pristanishta/ Mon, 28 Feb 2022 17:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=465445

Британскиот секретар за транспорт Грант Шапс им нареди на сите поморски пристаништа во Велика Британија да не им се дозволли пристап на руските бродови, како одговор на инвазијата на земјата на Украина.

Наредбата за забрана се однесува на „секој брод за кој тие имаат причина да веруваат дека е во сопственост, контролиран или управуван од кое било лице поврзано со Русија“ или на списокот со санкции, „со руско знаме; регистриран во Русија“, објави тој на Твитер.

The post Британија забранува пристап на руски бродови до нивни пристаништа appeared first on Република.

]]>

Британскиот секретар за транспорт Грант Шапс им нареди на сите поморски пристаништа во Велика Британија да не им се дозволли пристап на руските бродови, како одговор на инвазијата на земјата на Украина. Наредбата за забрана се однесува на „секој брод за кој тие имаат причина да веруваат дека е во сопственост, контролиран или управуван од кое било лице поврзано со Русија“ или на списокот со санкции, „со руско знаме; регистриран во Русија“, објави тој на Твитер.

The post Британија забранува пристап на руски бродови до нивни пристаништа appeared first on Република.

]]>