прислушување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prislushuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 10:10:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прислушување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prislushuvanje/ 32 32 Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-dali-eden-mobilen-operator-dozvolil-da-se-stavi-vo-upotreba-nezakonski-nabavenata-oprema-za-masovno-prislushkuvane/ Mon, 26 Jun 2023 09:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=655236

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани, рече Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.

За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава.

Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување?

Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО, прашува Петрушевски.

Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив.

Недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

The post Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? appeared first on Република.

]]>

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани, рече Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.
За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава. Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување? Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО, прашува Петрушевски.
Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив. Недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

The post Петрушевски: Дали еден мобилен оператор дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување? appeared first on Република.

]]>
Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-spasovski-dal-naredba-ota-da-nabavi-sistem-za-prislushuvane-tokmu-koga-se-turkaat-ustavnite-izmeni-prashuva-petrushevski/ Sat, 17 Jun 2023 12:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=652429

Пратеникот Бране Петуршевски на денешната прес-конференција упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали тој лично издал наредба ОТА да набави систем за следење на комуникациите на сите граѓани на Македонија и тоа во чувствителен момент кога власта се обидува да истурка уставни измени за кои нема поддршка.

Тој информира дека постојат сомнежи дека ОТА – Агенцијата која е надлежна да спроведува следење на комуникациите, набавила средства, со кои им се загрозуваат елементарните човекови права на граѓаните.

Приватноста на граѓаните е загрозена. Доведена е во прашање кредибилноста на институцијата. Затоа Собранието кое е надлежно за надзор, поточно Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, заседаваше и на својата 15-та седница, одржана во пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција утврдивме сомнение дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, односно дека извршила незаконска набавка на средства кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Комисијата едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесе заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. И истиот го известивме.

Очекуваме ЈО да постапи согласно закон. А земајќи го во предвид случајот, и штета која што може да настане доколку не се интервенира навремено, апелираме што побргу да биде отворена истрага.

Интервенцијата треба да биде експресна имајќи го предвид моментот во кој е настанат проблемот, кој се поклопува со периодот кога власта се обидува да турка уставни измени за кои нема поддршка, рече Петрушевски на денешната прес-конференција.

 

The post Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Бране Петуршевски на денешната прес-конференција упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали тој лично издал наредба ОТА да набави систем за следење на комуникациите на сите граѓани на Македонија и тоа во чувствителен момент кога власта се обидува да истурка уставни измени за кои нема поддршка. Тој информира дека постојат сомнежи дека ОТА – Агенцијата која е надлежна да спроведува следење на комуникациите, набавила средства, со кои им се загрозуваат елементарните човекови права на граѓаните.
Приватноста на граѓаните е загрозена. Доведена е во прашање кредибилноста на институцијата. Затоа Собранието кое е надлежно за надзор, поточно Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, заседаваше и на својата 15-та седница, одржана во пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција утврдивме сомнение дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите, односно дека извршила незаконска набавка на средства кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член. Комисијата едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесе заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. И истиот го известивме. Очекуваме ЈО да постапи согласно закон. А земајќи го во предвид случајот, и штета која што може да настане доколку не се интервенира навремено, апелираме што побргу да биде отворена истрага. Интервенцијата треба да биде експресна имајќи го предвид моментот во кој е настанат проблемот, кој се поклопува со периодот кога власта се обидува да турка уставни измени за кои нема поддршка, рече Петрушевски на денешната прес-конференција.
 

The post Дали Спасовски дал наредба ОТА да набави систем за прислушување токму кога се туркаат уставните измени, прашува Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Секој паметен телефон може да биде прислушуван и без инсталирање посебен софтвер https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/sekoj-pameten-telefon-mozhe-da-bide-prislushuvan-i-bez-instalirane-poseben-softver/ Sat, 08 Apr 2023 06:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=628532

Секој паметен телефон може да се прислушува и да се шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата Даст Мобајл (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за кибер безбедност во Лил, на северот на Франција.

„За 500 долари месечно на дарк нет (кој не е видлив на обичните пребарувачи), хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки. “ соопштија од компанијата.

Компанијата прецизира дека хакер може дури и да промени некои пораки и да ги испрати на некој друг од вашиот број. Може да остварува и телефонски повици од вашиот број.

Компанијата разви систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање. Овој систем може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки на SIM-картичките или системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор

Овие недостатоци се присутни уште од самиот почеток, бидејќи овие протоколи за комуникација помеѓу операторите првично беа дизајнирани без заштита бидејќи само операторите имаа пристап до овие протоколи.

Сега секој може потенцијално да има пристап. Мобилната компанија Даст создаде заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад го активира алармот и веднаш го блокира нападот. Ваквата картичка е особено наменета за компании и владини институции.

Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби.

Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, со софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина.

Еден од најпознатите такви софтвери е Пегаз.

The post Секој паметен телефон може да биде прислушуван и без инсталирање посебен софтвер appeared first on Република.

]]>

Секој паметен телефон може да се прислушува и да се шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата Даст Мобајл (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за кибер безбедност во Лил, на северот на Франција.
„За 500 долари месечно на дарк нет (кој не е видлив на обичните пребарувачи), хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки. “ соопштија од компанијата.
Компанијата прецизира дека хакер може дури и да промени некои пораки и да ги испрати на некој друг од вашиот број. Може да остварува и телефонски повици од вашиот број. Компанијата разви систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање. Овој систем може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки на SIM-картичките или системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор Овие недостатоци се присутни уште од самиот почеток, бидејќи овие протоколи за комуникација помеѓу операторите првично беа дизајнирани без заштита бидејќи само операторите имаа пристап до овие протоколи. Сега секој може потенцијално да има пристап. Мобилната компанија Даст создаде заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад го активира алармот и веднаш го блокира нападот. Ваквата картичка е особено наменета за компании и владини институции. Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби. Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, со софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина. Еден од најпознатите такви софтвери е Пегаз.

The post Секој паметен телефон може да биде прислушуван и без инсталирање посебен софтвер appeared first on Република.

]]>
Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchki-vesnik-micotakis-prislushuval-ministri-poraneshni-ministri-poraneshen-premier-biznismeni-novinari/ Sun, 06 Nov 2022 13:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=570339

Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“ објави листа со 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП.

На листата, меѓу другите се и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена.

За методите што се користеле, весникот пишува дека од кабинетот на грчкиот премиер се давале директни наредби до Националната служба за разузнавање (ЕИП) и „ова беше и причината зошто лично премиерот Кирјакос Мицотакис ја презеде ЕИП“, а со одлука од обвинител „поради национална безбедност“ било давано зелено светло за прислушување, кое траело кратко за потоа следењето се преземало со софтверот „Предатор“.

-Целта на официјалното прислушување беше да се лоцира со кого има контакти следениот, односно да се откријат неговите чести контакти, а откако ќе се откриеше тоа, следењето го преземаше „Предатор“, пишува весникот.

Повеќето членови на Владата, кои се на листата на „Документо“, во одговор за весникот рекле дека не знаат или дека прв пат слушаат за такво нешто.

Со информациите што денеска ги објавува „Документо“, скандалот со прислушувањата во Грција зазема нови и поголеми размери, со оглед на тоа дека досега, обид за следење со софтверот „Предатор“ имаа пријавено само лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис и пратеникот и поранешен министер од СИРИЗА Христос Спирѕис, како и двајца новинари чии мобилни телефони бил хакирани со конкретната програма.

За текстот и објавената листа во весникот реагираше портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому кој рече дека потребна е темелна истрага од надлежните органи и особено од грчкото правосудство, „иако објавата не е поткрепена со документи“ и „недостасуваат податоци“.

Додава дека новинарот и издавачот на „Документо“ Костас Ваксеванис се обидува да ѝ наштети на Владата и да создаде проблем во Нова демократија.

-Софтвери за следење постојат во Грција, како и во цела Европа, но не се купени и не ги користи ниту еден јавен орган. Владата од првиот момент побара да се истражи овој случај и во тек е отворена судска истрага, рече Иконому во писмената изјава и додаде дека Владата ќе воведе целосна забрана за трговија и користење на малициозни софтвери на нејзината територија.

За случајот со прислушувањата во Грција и употребата на софтверот „Предатор“, минатата седмица во Атина беше истражната комисија ПЕГА од Европскиот Парламент, а на прес конференцијата во петокот побараа итно и целосно да се расчисти случајот пред следните избори во земјата што треба да се одржат пред следното лето.

Претседателот на комисијата Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета на Грција и Кипар дознале многу работи, но и многу прашања останале неодговорени, за што Велд истакна дека си заминуваат можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале.

Во однос на  употребата на софтверот за следење „Предатор“ во Грција, известувачката и европратеничка истакна дека не добиле одговор кој ја користел конкретната програма и порача дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори грчкиот премиер.

Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.

The post Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари appeared first on Република.

]]>

Министри од Владата, сопруги на министри, поранешни министри, поранешен премиер, членови на опозицијата, бизнисмени и новинари биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објави грчкиот весник „Документо“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува весникот изворот на листата се „две личности кои имале важна улога во следењето и освен листата, ги знаат и методите и планот“, а „Документо“ објави листа со 33 лица кои преку софтверот „Предатор“ и Националната служба за разузнавање (ЕИП) биле прислушувани од кабинетот на грчкиот премиер, во чија надлежност е и ЕИП. На листата, меѓу другите се и: поранешниот премиер од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, министрите за развој, туризам и труд, како и нивните сопруги, министерот за финансии, заменик министерот за одбрана, алтернативната владина портпаролка, поранешните министри за заштита на граѓаните итн, но и личности поврзани со големите бизнисмени во Грција, како и лидерот на ПАСОК- Движење на промена. За методите што се користеле, весникот пишува дека од кабинетот на грчкиот премиер се давале директни наредби до Националната служба за разузнавање (ЕИП) и „ова беше и причината зошто лично премиерот Кирјакос Мицотакис ја презеде ЕИП“, а со одлука од обвинител „поради национална безбедност“ било давано зелено светло за прислушување, кое траело кратко за потоа следењето се преземало со софтверот „Предатор“. -Целта на официјалното прислушување беше да се лоцира со кого има контакти следениот, односно да се откријат неговите чести контакти, а откако ќе се откриеше тоа, следењето го преземаше „Предатор“, пишува весникот. Повеќето членови на Владата, кои се на листата на „Документо“, во одговор за весникот рекле дека не знаат или дека прв пат слушаат за такво нешто. Со информациите што денеска ги објавува „Документо“, скандалот со прислушувањата во Грција зазема нови и поголеми размери, со оглед на тоа дека досега, обид за следење со софтверот „Предатор“ имаа пријавено само лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис и пратеникот и поранешен министер од СИРИЗА Христос Спирѕис, како и двајца новинари чии мобилни телефони бил хакирани со конкретната програма. За текстот и објавената листа во весникот реагираше портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому кој рече дека потребна е темелна истрага од надлежните органи и особено од грчкото правосудство, „иако објавата не е поткрепена со документи“ и „недостасуваат податоци“. Додава дека новинарот и издавачот на „Документо“ Костас Ваксеванис се обидува да ѝ наштети на Владата и да создаде проблем во Нова демократија. -Софтвери за следење постојат во Грција, како и во цела Европа, но не се купени и не ги користи ниту еден јавен орган. Владата од првиот момент побара да се истражи овој случај и во тек е отворена судска истрага, рече Иконому во писмената изјава и додаде дека Владата ќе воведе целосна забрана за трговија и користење на малициозни софтвери на нејзината територија. За случајот со прислушувањата во Грција и употребата на софтверот „Предатор“, минатата седмица во Атина беше истражната комисија ПЕГА од Европскиот Парламент, а на прес конференцијата во петокот побараа итно и целосно да се расчисти случајот пред следните избори во земјата што треба да се одржат пред следното лето. Претседателот на комисијата Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета на Грција и Кипар дознале многу работи, но и многу прашања останале неодговорени, за што Велд истакна дека си заминуваат можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале. Во однос на  употребата на софтверот за следење „Предатор“ во Грција, известувачката и европратеничка истакна дека не добиле одговор кој ја користел конкретната програма и порача дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори грчкиот премиер. Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.

The post Грчки весник: Мицотакис прислушувал министри, поранешни министри, поранешен премиер, бизнисмени, новинари appeared first on Република.

]]>
Николоски: Безбедностите служби нелегално се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, нè следат, нè прислушуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bezbednostite-sluzbi-nelegalno-se-zanimavaat-so-vmro-dpmne-ne-sledat-ne-prislushuvaat/ Mon, 31 Oct 2022 22:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=568034

Според мое мислење Управата за безбедност и контраразузнавање поранешна или сега АНБ е сега погребално претпријатие на сите македонски влади до сега. Нема македонска влада која не паднала директно или индеректно заради непринципиелен брак со тајните служби или поради злоупотреба на тајните служби. Всушност оваа влада дојде на власт затоа што масовно беше злопупотребувана УБК затоа што се вршеше масовно прислушување. Тоа е единствената причина зошто падна владата на Груевски, затоа што се злопупотреби системот. Тоа излезе во јавност се создаде политичка криза граѓаните изреагираа како што изреагираа и Заев дојде на власт, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. è

Тој укажа дека оваа влада на СДСМ и ДУИ имаше историска шанса да расчисти со тоа да направи вистинска реформа во безбедносните служби и еднаш засекогаш безбедносните служби да си ја работат својата работа, а тоа е заштита на уставно-правниот поредок на Македонија, а тие кои ја водат владата да си го работат својот дел.

„Но, очигледно многу брзо се опија од моќта на тајните слуби и почнаа повторно да ги злоупотребуваат затоа што моето прислушување, на претседателот Мицкоски, физичкото следење мое, неговото, на партијата, на останати членови е спротивно на законот. Поради траумата од масовното прислушување пак се случи тоа да се прави реформа на безбедносните служби, па така се почна од имињата или дека УБК мора да се реформира почнувајќи од промена на името стана АНБ и требаше физички да се тргне од МВР што не е реализирано. Се создаде и ОТА, Опеартивна технича агенција која треба да е гарант дека нема да има такви нелегални случаи на прислушување“, рече Николоски укажувајќи дека сето тоа е законски добро издизајнирано и дека ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на тоа.

Но, додаде тој, ако ја видите имплементацијата ќе видите дека надлежните, власта не го почитуваат законот кој сами го гласале.

„На пример Агенцијата за разузнавање која работи надвор, или треба да следи дали некој работи против интересите на Македонија за да може да достави информации и државниот врв да креира политика. На пример, треба да даде информација дека еден тајкун од Бугарија сака да отвора и финансира клубови кои ќе прават раздор во Македонија со имиња на профашистички фигури, а таа работи внатре во државата и дава информации и се занимава со опозицијата. Дава информации за нас во странските амбасади“, рече Николоски.

Паралелно со Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност не си ја врши работата, посочи Николоски.

„Оваа институција која треба да се занимава со ситуацијата внатре и да ги спречува другите странските служби кои работат внатре, и таа се занимава со опозицијата. Па така тие праќаат провокатори кои би требало да доаѓаат на состаноци на општински комитети и случајно ви се појавува некој кој случајно е најгласен, а во суштина исто прашуваат или се некреативни“, кажа Николоски.

Со вакви глупости, рече Николоски, се занимаваат безбедносните служби и затоа Македонија е вакво решето, кој сака и што сака прави.

„Како бавча ги работат странските служби и истите никој не ги контролира“, заклучи Николоски.

The post Николоски: Безбедностите служби нелегално се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, нè следат, нè прислушуваат appeared first on Република.

]]>

Според мое мислење Управата за безбедност и контраразузнавање поранешна или сега АНБ е сега погребално претпријатие на сите македонски влади до сега. Нема македонска влада која не паднала директно или индеректно заради непринципиелен брак со тајните служби или поради злоупотреба на тајните служби. Всушност оваа влада дојде на власт затоа што масовно беше злопупотребувана УБК затоа што се вршеше масовно прислушување. Тоа е единствената причина зошто падна владата на Груевски, затоа што се злопупотреби системот. Тоа излезе во јавност се создаде политичка криза граѓаните изреагираа како што изреагираа и Заев дојде на власт, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. è Тој укажа дека оваа влада на СДСМ и ДУИ имаше историска шанса да расчисти со тоа да направи вистинска реформа во безбедносните служби и еднаш засекогаш безбедносните служби да си ја работат својата работа, а тоа е заштита на уставно-правниот поредок на Македонија, а тие кои ја водат владата да си го работат својот дел.
„Но, очигледно многу брзо се опија од моќта на тајните слуби и почнаа повторно да ги злоупотребуваат затоа што моето прислушување, на претседателот Мицкоски, физичкото следење мое, неговото, на партијата, на останати членови е спротивно на законот. Поради траумата од масовното прислушување пак се случи тоа да се прави реформа на безбедносните служби, па така се почна од имињата или дека УБК мора да се реформира почнувајќи од промена на името стана АНБ и требаше физички да се тргне од МВР што не е реализирано. Се создаде и ОТА, Опеартивна технича агенција која треба да е гарант дека нема да има такви нелегални случаи на прислушување“, рече Николоски укажувајќи дека сето тоа е законски добро издизајнирано и дека ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на тоа.
Но, додаде тој, ако ја видите имплементацијата ќе видите дека надлежните, власта не го почитуваат законот кој сами го гласале.
„На пример Агенцијата за разузнавање која работи надвор, или треба да следи дали некој работи против интересите на Македонија за да може да достави информации и државниот врв да креира политика. На пример, треба да даде информација дека еден тајкун од Бугарија сака да отвора и финансира клубови кои ќе прават раздор во Македонија со имиња на профашистички фигури, а таа работи внатре во државата и дава информации и се занимава со опозицијата. Дава информации за нас во странските амбасади“, рече Николоски.
Паралелно со Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност не си ја врши работата, посочи Николоски.
„Оваа институција која треба да се занимава со ситуацијата внатре и да ги спречува другите странските служби кои работат внатре, и таа се занимава со опозицијата. Па така тие праќаат провокатори кои би требало да доаѓаат на состаноци на општински комитети и случајно ви се појавува некој кој случајно е најгласен, а во суштина исто прашуваат или се некреативни“, кажа Николоски.
Со вакви глупости, рече Николоски, се занимаваат безбедносните служби и затоа Македонија е вакво решето, кој сака и што сака прави.
„Како бавча ги работат странските служби и истите никој не ги контролира“, заклучи Николоски.

The post Николоски: Безбедностите служби нелегално се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, нè следат, нè прислушуваат appeared first on Република.

]]>
Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/ Mon, 08 Aug 2022 19:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=538113

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“.

Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“.

– Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“.

И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис.

Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“. Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“. – Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“. И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис. Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>
Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, да знаев немаше да го дозволам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-za-prislushuvanjeto-na-andrulakis-pogreshno-beshe-da-znaev-nemashe-da-go-dozvolam/ Mon, 08 Aug 2022 13:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=538007

Она што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно. Не знаев за тоа, и очигледно, никогаш немаше да го дозволам, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во видео изјавата, грчкиот премиер објасни дека пред неколку дена бил информиран дека од септември 2021 година, три месеци, Националната разузнавачка служба легално го следела мобилниот телефон на Никос Андрулакис, додека сè уште беше европратеник, а пред да биде избран за лидер на партијата.

Постапката за следење, како што посочи Мицотакис, била одобрена од висок обвинител, токму како што е предвидено со одредбата од законот донесена во 2018 година од претходната влада.

Следењето траело три месеци и автоматски било прекинато, како што налага законот, неколку дена откако Андрулакис беше избран за претседател на ПАСОК-КИНАЛ.

Иако сè беше законски, Националната разузнавачка служба ја потцени политичката димензија на конкретната постапка. Тоа формално беше адекватно, но политички неприфатливо. Не требаше да се случи, предизвикувајќи пукнатини во довербата на јавноста во Службите за национална безбедност - рече Мицотакис.

Додаде дека иако целиот процес се однесувал на истакната политичка личност, постоеле недостатоци во управувањето со постапката и затоа беше сменет директорот на Службата, додека пак генералниот секретар на Владата, според Мицотакис, со оставката, „ја презеде објективната политичка одговорност“.

Дополнително, грчкиот премиер, презентираше и промени во работата на Националната служба за разузнавање, што Владата ќе ги предложи.

The post Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, да знаев немаше да го дозволам appeared first on Република.

]]>

Она што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно. Не знаев за тоа, и очигледно, никогаш немаше да го дозволам, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во видео изјавата, грчкиот премиер објасни дека пред неколку дена бил информиран дека од септември 2021 година, три месеци, Националната разузнавачка служба легално го следела мобилниот телефон на Никос Андрулакис, додека сè уште беше европратеник, а пред да биде избран за лидер на партијата. Постапката за следење, како што посочи Мицотакис, била одобрена од висок обвинител, токму како што е предвидено со одредбата од законот донесена во 2018 година од претходната влада. Следењето траело три месеци и автоматски било прекинато, како што налага законот, неколку дена откако Андрулакис беше избран за претседател на ПАСОК-КИНАЛ.
Иако сè беше законски, Националната разузнавачка служба ја потцени политичката димензија на конкретната постапка. Тоа формално беше адекватно, но политички неприфатливо. Не требаше да се случи, предизвикувајќи пукнатини во довербата на јавноста во Службите за национална безбедност - рече Мицотакис.
Додаде дека иако целиот процес се однесувал на истакната политичка личност, постоеле недостатоци во управувањето со постапката и затоа беше сменет директорот на Службата, додека пак генералниот секретар на Владата, според Мицотакис, со оставката, „ја презеде објективната политичка одговорност“. Дополнително, грчкиот премиер, презентираше и промени во работата на Националната служба за разузнавање, што Владата ќе ги предложи.

The post Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, да знаев немаше да го дозволам appeared first on Република.

]]>
Две лица од Центар Жупа неовластено прислушкување и снимале малолетник во автомеханичарска работилница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-lica-od-centar-zupa-neovlasteno-prislushkuvanje-i-snimale-maloletnik-vo-avtomehanicharska-rabotilnica/ Tue, 26 Jul 2022 15:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=533431

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.О. (28) и едно малолетник, двајцата од село Голем Папрадник, Општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“.

Тие, во автомеханичарска работилница, му поставувале недолични прашања на малолетник, неовластено го снимале, по што снимките ги пуштиле на социјалните мрежи - соопшти Министерството за внатрешни работи.

The post Две лица од Центар Жупа неовластено прислушкување и снимале малолетник во автомеханичарска работилница appeared first on Република.

]]>

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.О. (28) и едно малолетник, двајцата од село Голем Папрадник, Општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“.
Тие, во автомеханичарска работилница, му поставувале недолични прашања на малолетник, неовластено го снимале, по што снимките ги пуштиле на социјалните мрежи - соопшти Министерството за внатрешни работи.

The post Две лица од Центар Жупа неовластено прислушкување и снимале малолетник во автомеханичарска работилница appeared first on Република.

]]>
Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlastite-na-zapadni-zemji-urnaa-platforma-za-kupuvanje-i-prodavanje-podatoci-na-milioni-lugje/ Tue, 12 Apr 2022 19:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=487536

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица.

Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите.

Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција.

Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица.

Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија

The post Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица. Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите. Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција. Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица. Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија

The post Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе appeared first on Република.

]]>