Приштина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prishtina/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 15:27:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Приштина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prishtina/ 32 32 Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objavena-agendata-na-utreshnata-zaednichka-sednitsa-na-vladite-na-kosovo-i-makedonija-vo-prishtina/ Sun, 17 Nov 2024 15:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=838874

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски.

По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот.

По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори.

Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.

 

The post Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од 10:30 до 10:45 часот се очекува пристигнување на делегациите, а потоа и на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски. По официјалната церемонија и заедничката фотографија, претседателите на двете влади се очекува да имаат билатерална средба од 11.20 до 11.50 часот. По оваа средба ќе следат билатерални средби меѓу министрите (колеги) од двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што во 13 часот и 30 минути ќе бидат потпишани предвидените договори. Заедничката прес-конференција на премиерите Курти и Мицкоски е предвидена за во 13:45 часот, по што агендата ќе биде затворена со службен ручек.  

The post Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина appeared first on Република.

]]>
Tрамп, Камала и „слобода за Украина“ висат во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tramp-kamala-i-sloboda-za-ukraina-visat-vo-prishtina/ Tue, 05 Nov 2024 19:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=834473

Со мировна порака за пријателството на Косово со Соединетите Американски Држави, попладнево во центарот на Приштина е поставен голем банер со фотографиите на кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.

Банерот со пораката „Заедно стоиме во земјата на слободата“ кој, дента кога се одржуваат претседателските избори во Америка, е поставен на фасадата на хотелот „Гранд“ во центарот на косовската престолнина, покрај оној за поддршка на Украина со порака „Слобода за Украина“, е дело на Косовскиот институт за студии на хибридната војна „Октопус“.

Вишиот истражувач на „Октопус“, Гуракуќ Кучи за агенцијата КосоваПрес (kosovapress.com) изјави дека народот на Косово секогаш стои покрај Соединетите Американски Држави, притоа нагласувајќи ја важноста за целиот свет на претседателските избори што се одржуваат таму.

Кучи нагласи дека, покрај косовската независноста, „САД и Косово ги обединуваат вредностите, достоинството и опстојноста во самоопределувањето“.

„Поддршката на Косово не изостана ниту од републиканците ниту од демократите, додека беа на власт... САД имаат стабилна демократија, стратегија и систем, со што на светот му обезбедуваат побезбедна иднина“, рече Кучи, додавајќи дека овој банер е порака на благодарност за континуираната помош од Америка.

The post Tрамп, Камала и „слобода за Украина“ висат во Приштина appeared first on Република.

]]>

Со мировна порака за пријателството на Косово со Соединетите Американски Држави, попладнево во центарот на Приштина е поставен голем банер со фотографиите на кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина. Банерот со пораката „Заедно стоиме во земјата на слободата“ кој, дента кога се одржуваат претседателските избори во Америка, е поставен на фасадата на хотелот „Гранд“ во центарот на косовската престолнина, покрај оној за поддршка на Украина со порака „Слобода за Украина“, е дело на Косовскиот институт за студии на хибридната војна „Октопус“. Вишиот истражувач на „Октопус“, Гуракуќ Кучи за агенцијата КосоваПрес (kosovapress.com) изјави дека народот на Косово секогаш стои покрај Соединетите Американски Држави, притоа нагласувајќи ја важноста за целиот свет на претседателските избори што се одржуваат таму. Кучи нагласи дека, покрај косовската независноста, „САД и Косово ги обединуваат вредностите, достоинството и опстојноста во самоопределувањето“. „Поддршката на Косово не изостана ниту од републиканците ниту од демократите, додека беа на власт... САД имаат стабилна демократија, стратегија и систем, со што на светот му обезбедуваат побезбедна иднина“, рече Кучи, додавајќи дека овој банер е порака на благодарност за континуираната помош од Америка.

The post Tрамп, Камала и „слобода за Украина“ висат во Приштина appeared first on Република.

]]>
На 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу Владите на Македонија и Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-18-noemvri-vo-prishtina-ke-se-odrzhi-bilateralna-sredba-megu-vladite-na-makedonija-i-kosovo/ Wed, 30 Oct 2024 18:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=832551

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

На 18 ноември Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со владата на Косово. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.

 

The post На 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу Владите на Македонија и Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

На 18 ноември Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со владата на Косово. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.

 

The post На 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу Владите на Македонија и Косово appeared first on Република.

]]>
Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lajchak-razgovarashe-so-amerikanski-pretstavnitsi-i-so-kurti-za-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/ Fri, 27 Sep 2024 17:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=820379

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касанов.

Лајчак на платформата Х објави дека се приклучил на средбата на двајца американски претставници со косовскиот премиерот  Албин Курти, со цел да се разговара за напредокот во односите меѓу Белград и Приштина.

„Се согласивме дека нема алтернатива за брзото спроведување на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак.

The post Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касанов. Лајчак на платформата Х објави дека се приклучил на средбата на двајца американски претставници со косовскиот премиерот  Албин Курти, со цел да се разговара за напредокот во односите меѓу Белград и Приштина.
„Се согласивме дека нема алтернатива за брзото спроведување на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак.

The post Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/besplatni-kreativni-filmski-rabotilnitsi-za-mladi-na-prifest-vo-prishtina/ Fri, 09 Aug 2024 20:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=804872

Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативнст на Западен Балкан“ објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret која ќе биде дел од 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest што ќе се одржи од 10 до 15 сптември во Приштина, Косово.

Како што информираат организаторите, овој настан на учесниците ќе им понуди интензивно филмско искуство преку креативни аудиовизуелни работилници и кратки филмски проекти.

„Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори“, додаваат оттаму.

На повикот можат да се пријават сите млади кои се на возраст од 15 д 25 години, се државјани на земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и активно да зборуваат англиски јазик.

Повеќе детали може да најдете ТУКА.

Заинтересираните може да се пријават ТУКА.

Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е поддржан од British Council.

 

The post Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина appeared first on Република.

]]>

Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативнст на Западен Балкан“ објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret која ќе биде дел од 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest што ќе се одржи од 10 до 15 сптември во Приштина, Косово. Како што информираат организаторите, овој настан на учесниците ќе им понуди интензивно филмско искуство преку креативни аудиовизуелни работилници и кратки филмски проекти. „Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори“, додаваат оттаму. На повикот можат да се пријават сите млади кои се на возраст од 15 д 25 години, се државјани на земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и активно да зборуваат англиски јазик. Повеќе детали може да најдете ТУКА. Заинтересираните може да се пријават ТУКА. Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е поддржан од British Council.  

The post Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина appeared first on Република.

]]>
Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trilateralni-sredbi-vo-brisel-vo-ramki-na-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/ Tue, 02 Jul 2024 20:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=792888

Во Брисел се одржува заедничка средба како дел од дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и претставникот на Европската унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, јави Радио Слободна Европа.

Билатералните разговори меѓу европската и српската страна траеја повеќе од два часа, двојно повеќе од планираното, па затоа е одложен почетокот на заедничката средба. По разговорите со српската страна, Лајчак оствари билатерална средба со косовската делегација.

РТС јави дека трилатералната средба започнала околу 19 часот, на која учествуваат претставници на двете страни, но и домаќините. Директните разговори се водат по претходниот обид кој пропадна поради предусловите на Приштина кои Белград не ги исполни, пренесе Бета.

Главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими треба да разговараат за планот за имплементација на договорот за нормализација на односите, што лидерите го постигнаа во февруари 2023 година во Брисел, а потоа разговараа на состанокот одржан во март во Охрид го договорија анексот за имплементација.

Претходно, портпаролот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Петер Стано, изјави дека приоритет на средбата ќе биде „итен почеток на имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите“.

The post Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Во Брисел се одржува заедничка средба како дел од дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и претставникот на Европската унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, јави Радио Слободна Европа. Билатералните разговори меѓу европската и српската страна траеја повеќе од два часа, двојно повеќе од планираното, па затоа е одложен почетокот на заедничката средба. По разговорите со српската страна, Лајчак оствари билатерална средба со косовската делегација. РТС јави дека трилатералната средба започнала околу 19 часот, на која учествуваат претставници на двете страни, но и домаќините. Директните разговори се водат по претходниот обид кој пропадна поради предусловите на Приштина кои Белград не ги исполни, пренесе Бета. Главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими треба да разговараат за планот за имплементација на договорот за нормализација на односите, што лидерите го постигнаа во февруари 2023 година во Брисел, а потоа разговараа на состанокот одржан во март во Охрид го договорија анексот за имплементација. Претходно, портпаролот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Петер Стано, изјави дека приоритет на средбата ќе биде „итен почеток на имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите“.

The post Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Билчик: ЗСО е апсолутен приоритет, Приштина мора да го направи своето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bilchik-zso-e-apsoluten-prioritet-prishtina-mora-da-go-napravi-svoeto/ Wed, 05 Jun 2024 14:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=785025

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини е апсолутен приоритет кој мора да се реализира, пренесоа српските медиуми негова изјава дадена за Танјуг.

„ЗСО е важен од перспектива на ЕУ и она што е важно е тоа што може да се види во изјавите на европските политичари“, вели Билчик во интервјуто.

Тој додаде дека Србија има уште многу да направи и верува дека напредокот и поддршката за Србија во поширока смисла би биле полесни доколку се занимава со „своите прашања“.

Билчиик посочи дека Белград имал конструктивна улога во дијалогот и дека е постигнато многу, но ...истовремено изрази надеж дека дијалогот ќе продолжи.

„Друго прашање што треба да се реши се настаните во Бањска. Ова во моментов не е во фокусот, но ова прашање постојано ќе излегува на површина. Од тој настан Србија изгуби дел од својот кредибилитет во очите на своите европски партнери. да се врати преку конструктивно учество во дијалогот, со затворање на случајот во Бањска“, рече Билчик.

Владимир Билчик нагласи дека сега е историска можност за проширување на Европската унија и оти верува дека следното проширување ќе биде кон Западен Балкан.

The post Билчик: ЗСО е апсолутен приоритет, Приштина мора да го направи своето appeared first on Република.

]]>

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини е апсолутен приоритет кој мора да се реализира, пренесоа српските медиуми негова изјава дадена за Танјуг.
„ЗСО е важен од перспектива на ЕУ и она што е важно е тоа што може да се види во изјавите на европските политичари“, вели Билчик во интервјуто.
Тој додаде дека Србија има уште многу да направи и верува дека напредокот и поддршката за Србија во поширока смисла би биле полесни доколку се занимава со „своите прашања“. Билчиик посочи дека Белград имал конструктивна улога во дијалогот и дека е постигнато многу, но ...истовремено изрази надеж дека дијалогот ќе продолжи.
„Друго прашање што треба да се реши се настаните во Бањска. Ова во моментов не е во фокусот, но ова прашање постојано ќе излегува на површина. Од тој настан Србија изгуби дел од својот кредибилитет во очите на своите европски партнери. да се врати преку конструктивно учество во дијалогот, со затворање на случајот во Бањска“, рече Билчик.
Владимир Билчик нагласи дека сега е историска можност за проширување на Европската унија и оти верува дека следното проширување ќе биде кон Западен Балкан.

The post Билчик: ЗСО е апсолутен приоритет, Приштина мора да го направи своето appeared first on Република.

]]>
Ховениер: Акцијата на косовската полиција во Поштанска штедилница не била координирана со партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hovenier-aktsijata-na-kosovskata-politsija-vo-poshtanska-shtedilnitsa-ne-bila-koordinirana-so-partneri/ Tue, 21 May 2024 16:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=780589

Американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер денеска изјави дека полициската операција во филијали на Поштенската штедилница на Србија вчера на северот на Косово не била координирана со меѓународните партнери.

-Таа операција ја зголеми тензијата и ја поткопа перцепцијата за добрата волја на Косово за решавање на отворените прашања со Србија преку дијалог предводен од ЕУ, рече Ховениер, повторувајќи го ставот на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека „американската Влада постојано повикува на координација на нашите влади за поддршка на напредокот на Косово на евроатлантскиот пат, а последен пат тоа го направи потсекретарот Елизабет Ален на средбата со премиерот Курти на 19 мај“.

Американскиот амбасадор изјави дека вчера немало владина координација и дека САД се загрижени и ја повикуваат Владата на Косово да се врати на дијалогот и да одговори на „основните потреби на сите нејзини граѓани, особено на оние кои се директно засегнати од одлуката на Централната банка на Косово да ја прекине употребата на динарите.

КФОР бил информиран за таа акција непосредно пред почетокот на упадот на косовската полиција во филијали на банката Поштанска Штедилница во четири општини на северот на Косово соопшти денеска мисијата.

Како што наведува мисијата во соопштението, припадници на КФОР не биле вклучени во таа акција.

-Мисијата очекува навремени консултации за секоја акција на косовската полиција или КБС што може да влијае на регионалната безбедност. КФОР продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ...неопходно за напредок на дипломатијата, се додава во соопштението.

The post Ховениер: Акцијата на косовската полиција во Поштанска штедилница не била координирана со партнери appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер денеска изјави дека полициската операција во филијали на Поштенската штедилница на Србија вчера на северот на Косово не била координирана со меѓународните партнери.
-Таа операција ја зголеми тензијата и ја поткопа перцепцијата за добрата волја на Косово за решавање на отворените прашања со Србија преку дијалог предводен од ЕУ, рече Ховениер, повторувајќи го ставот на американскиот Стејт департмент.
Тој додаде дека „американската Влада постојано повикува на координација на нашите влади за поддршка на напредокот на Косово на евроатлантскиот пат, а последен пат тоа го направи потсекретарот Елизабет Ален на средбата со премиерот Курти на 19 мај“. Американскиот амбасадор изјави дека вчера немало владина координација и дека САД се загрижени и ја повикуваат Владата на Косово да се врати на дијалогот и да одговори на „основните потреби на сите нејзини граѓани, особено на оние кои се директно засегнати од одлуката на Централната банка на Косово да ја прекине употребата на динарите. КФОР бил информиран за таа акција непосредно пред почетокот на упадот на косовската полиција во филијали на банката Поштанска Штедилница во четири општини на северот на Косово соопшти денеска мисијата. Како што наведува мисијата во соопштението, припадници на КФОР не биле вклучени во таа акција.
-Мисијата очекува навремени консултации за секоја акција на косовската полиција или КБС што може да влијае на регионалната безбедност. КФОР продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ...неопходно за напредок на дипломатијата, се додава во соопштението.

The post Ховениер: Акцијата на косовската полиција во Поштанска штедилница не била координирана со партнери appeared first on Република.

]]>
Американската стопанска комора во Приштина предложи три решенија за динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/amerikanskata-stopanska-komora-vo-prishtina-predlozhi-tri-reshenija-za-dinarot/ Thu, 15 Feb 2024 17:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=744527

Американската стопанска комора во Приштина денеска претстави три алтернативи за решение на прашањето за динарот, објаснувајќи дека ја разбираат потребата од регулаторен надзор со цел да се обезбеди финансиска стабилност, но дека е императив да се разгледаат краткорочните импликации што регулативата ги има врз финансиската благосостојбата на граѓаните на Косово.

Првата алтернатива вклучува користење на институциите за трансфер на пари меѓу Косово и Србија, што се смета за изводливо, но може да биде помалку практично и поскапо за поединци.

Втора алтернатива вклучува отворање банкарска сметка од страна на Владата на Србија во Србија за „меѓудржавни трансакции“ со соодветни динарски сметки во приштинските банки, истакнувајќи дека овој метод нуди практично решение преку постоечките банкарски односи, со сета можна логистичка сложеност.

Третата алтернатива нуди директен трансфер на средства од која било банка во Србија до која било конкретна банка во Косово за распределба на сметките на индивидуалните корисници, за што Комората нагласува дека таа опција го поедноставува процесот и истовремено обезбедува усогласеност со регулаторните барања.

Се нагласува дека во сите алтернативи, клучно е да се занимаваат со лиценцирање на институциите за увоз на валута, за да се обезбеди соодветно снабдување со динари на Косово и се додава дека Комората ја нагласува важноста од балансирани регулаторни мерки, што промовираат финансиско вклучување и олеснување на „меѓудржавните економски активности“.

Комората на САД бара од сите заинтересирани страни да ги разгледаат „импликациите од неодамна усвоената регулатива и да истражат заеднички решенија кои ги поддржуваат регулаторните цели, како и економскиот прагматизам“.

ЦБК донесе уредба со која се забранува употребата на динарот на Косово од 1 февруари, а пред два дена објави дека презела дополнителни мерки во соработка со банките и другите финансиски институции за, како што велат, олеснување на спроведувањето на уредбата за забрана за употреба на српскиот динар.

Рокот што го одредиле, како што наведуваат, не може да биде подолг од три месеци.

Извор: МИА

The post Американската стопанска комора во Приштина предложи три решенија за динарот appeared first on Република.

]]>

Американската стопанска комора во Приштина денеска претстави три алтернативи за решение на прашањето за динарот, објаснувајќи дека ја разбираат потребата од регулаторен надзор со цел да се обезбеди финансиска стабилност, но дека е императив да се разгледаат краткорочните импликации што регулативата ги има врз финансиската благосостојбата на граѓаните на Косово. Првата алтернатива вклучува користење на институциите за трансфер на пари меѓу Косово и Србија, што се смета за изводливо, но може да биде помалку практично и поскапо за поединци. Втора алтернатива вклучува отворање банкарска сметка од страна на Владата на Србија во Србија за „меѓудржавни трансакции“ со соодветни динарски сметки во приштинските банки, истакнувајќи дека овој метод нуди практично решение преку постоечките банкарски односи, со сета можна логистичка сложеност. Третата алтернатива нуди директен трансфер на средства од која било банка во Србија до која било конкретна банка во Косово за распределба на сметките на индивидуалните корисници, за што Комората нагласува дека таа опција го поедноставува процесот и истовремено обезбедува усогласеност со регулаторните барања. Се нагласува дека во сите алтернативи, клучно е да се занимаваат со лиценцирање на институциите за увоз на валута, за да се обезбеди соодветно снабдување со динари на Косово и се додава дека Комората ја нагласува важноста од балансирани регулаторни мерки, што промовираат финансиско вклучување и олеснување на „меѓудржавните економски активности“. Комората на САД бара од сите заинтересирани страни да ги разгледаат „импликациите од неодамна усвоената регулатива и да истражат заеднички решенија кои ги поддржуваат регулаторните цели, како и економскиот прагматизам“. ЦБК донесе уредба со која се забранува употребата на динарот на Косово од 1 февруари, а пред два дена објави дека презела дополнителни мерки во соработка со банките и другите финансиски институции за, како што велат, олеснување на спроведувањето на уредбата за забрана за употреба на српскиот динар. Рокот што го одредиле, како што наведуваат, не може да биде подолг од три месеци. Извор: МИА

The post Американската стопанска комора во Приштина предложи три решенија за динарот appeared first on Република.

]]>
Франција бара од Приштина веднаш да ја суспендира одлуката за забрана на динарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/frantsija-bara-od-prishtina-vednash-da-ja-suspendira-odlukata-za-zabrana-na-dinarot/ Sat, 03 Feb 2024 11:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=739978

Министерството за надворешни работи на Франција побара итно суспендирање на одлуката на Приштина за забрана на користењето на динарот, наведувајќи дека решението за ова прашање треба да се најде во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што го води Европската Унија.

Во соопштението од француското Министерство за надворешни работи, се наведува дека Париз е загрижен поради одлуката на Приштина да одобри само еврото за готовински трансакции на Косово.

Нагласено е дека оваа одлука донесена набрзина и некоординирано ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањето во српски динари, пренесува РТС.

Во недостиг на алтернативни решенија до денес, Франција бара итно суспендирање на оваа мерка за да се обезбеди доволен преоден период. Ги повикуваме косовските власти да најдат решение преку преговори во рамките на дијалогот што го води Европската Унија – се додава во соопштението.

The post Франција бара од Приштина веднаш да ја суспендира одлуката за забрана на динарот appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Франција побара итно суспендирање на одлуката на Приштина за забрана на користењето на динарот, наведувајќи дека решението за ова прашање треба да се најде во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што го води Европската Унија. Во соопштението од француското Министерство за надворешни работи, се наведува дека Париз е загрижен поради одлуката на Приштина да одобри само еврото за готовински трансакции на Косово. Нагласено е дека оваа одлука донесена набрзина и некоординирано ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањето во српски динари, пренесува РТС. Во недостиг на алтернативни решенија до денес, Франција бара итно суспендирање на оваа мерка за да се обезбеди доволен преоден период. Ги повикуваме косовските власти да најдат решение преку преговори во рамките на дијалогот што го води Европската Унија – се додава во соопштението.

The post Франција бара од Приштина веднаш да ја суспендира одлуката за забрана на динарот appeared first on Република.

]]>
Приштина избрана за Европски град на спортот за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prishtina-izbrana-za-evropski-grad-na-sportot-za-2024-godina/ Thu, 07 Dec 2023 18:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=720836

Градоначалникот на Приштина, Прпарим Рама, од пригодна церемонија во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, објави дека косовската престолнина е избрана за „Европски град на спортот“ за 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку видео пораката што ја објави на неговата страница на Фејсбук, Рама порача дека ова ќе ја направи Приштина дестинација и центар на многу спортски активности кои ќе се одржуваат во текот на 2024 година.

Среќен сум што можам да ја споделам со вас фантастичната вест дека Приштина е прогласена за европски град на спортот за 2024 година! Овој наслов е доказ за нашата непоколеблива посветеност да создадеме град кој негува здрав живот, инклузивност и гостопримство. Нè очекува година полна со спортски настани, ангажман на заедницата и инвестиции во спортската инфраструктура, порача Рама.

Заедно со градоначалникот на Приштина, на пригодната церемонија во седиштето на Европскиот парламент во Брисел присуствуваа и општинскиот директор за спорт, Гранит Ругова и првата скијачка од Косово учесничка на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, Киана Криезиу.

The post Приштина избрана за Европски град на спортот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Приштина, Прпарим Рама, од пригодна церемонија во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, објави дека косовската престолнина е избрана за „Европски град на спортот“ за 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку видео пораката што ја објави на неговата страница на Фејсбук, Рама порача дека ова ќе ја направи Приштина дестинација и центар на многу спортски активности кои ќе се одржуваат во текот на 2024 година.
Среќен сум што можам да ја споделам со вас фантастичната вест дека Приштина е прогласена за европски град на спортот за 2024 година! Овој наслов е доказ за нашата непоколеблива посветеност да создадеме град кој негува здрав живот, инклузивност и гостопримство. Нè очекува година полна со спортски настани, ангажман на заедницата и инвестиции во спортската инфраструктура, порача Рама.
Заедно со градоначалникот на Приштина, на пригодната церемонија во седиштето на Европскиот парламент во Брисел присуствуваа и општинскиот директор за спорт, Гранит Ругова и првата скијачка од Косово учесничка на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, Киана Криезиу.

The post Приштина избрана за Европски град на спортот за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Косовците ја исвиркаа израелската химна https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kosovtsite-ja-isvirkaa-izraelskata-himna/ Mon, 13 Nov 2023 07:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=700862

Албанските навивачи ја исвиркаа израелската химна на почетокот на натпреварот меѓу Косово и Израел во Приштина.

https://republika.mk/sport/fudbal/hamas-vo-prishtina-mosad-na-kosovo-sprechuva-napad-na-izraelskite-fudbaleri/

На снимките од почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕП јасно се слушаат навивачи на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина в како свиркаат за време на интонирањето на израелската химна.

Додека се слушаше националната химна, членовите на тимот го имитираа симболот со пола срце во почит на заложниците кои ги држат терористите во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, што покажува дека срцето не е целосно без нивно враќање. Претставниците на тимот се гушкаа и плачеа на крајот на националната химна, но моментот беше нарушен со гласни свирежи од косовските навивачи.

 

The post Косовците ја исвиркаа израелската химна appeared first on Република.

]]>

Албанските навивачи ја исвиркаа израелската химна на почетокот на натпреварот меѓу Косово и Израел во Приштина. https://republika.mk/sport/fudbal/hamas-vo-prishtina-mosad-na-kosovo-sprechuva-napad-na-izraelskite-fudbaleri/ На снимките од почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕП јасно се слушаат навивачи на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина в како свиркаат за време на интонирањето на израелската химна. Додека се слушаше националната химна, членовите на тимот го имитираа симболот со пола срце во почит на заложниците кои ги држат терористите во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, што покажува дека срцето не е целосно без нивно враќање. Претставниците на тимот се гушкаа и плачеа на крајот на националната химна, но моментот беше нарушен со гласни свирежи од косовските навивачи.  

The post Косовците ја исвиркаа израелската химна appeared first on Република.

]]>
Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/hamas-vo-prishtina-mosad-na-kosovo-sprechuva-napad-na-izraelskite-fudbaleri/ Sat, 11 Nov 2023 20:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=700623

На 20 ноември во Приштина се игра фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Израел во квалификациите на ЕП. Овој меч е прогласен за меч од висок ризик поради војната во Газа.

Весникот „Ало.рс“ пишува дека припадници на израелската разузнавачка служба се веќе на Косово да го подготват теренот за доаѓањето на фудбалерите.

Нивите информации покажале дека на Косово има следбеници на Хамас кои би можеле да предизвикаат инциденти.

Мосад врши притисок косовската полиција да ги уапси тие фундаменталисти но нема информации дали се преведени.

 

The post Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери appeared first on Република.

]]>

На 20 ноември во Приштина се игра фудбалскиот натпревар меѓу Косово и Израел во квалификациите на ЕП. Овој меч е прогласен за меч од висок ризик поради војната во Газа. Весникот „Ало.рс“ пишува дека припадници на израелската разузнавачка служба се веќе на Косово да го подготват теренот за доаѓањето на фудбалерите. Нивите информации покажале дека на Косово има следбеници на Хамас кои би можеле да предизвикаат инциденти. Мосад врши притисок косовската полиција да ги уапси тие фундаменталисти но нема информации дали се преведени.  

The post Хамас во Приштина: Mосад на Косово спречува напад на израелските фудбалери appeared first on Република.

]]>
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак викендов во Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spetsijalniot-pratenik-na-eu-za-dijalog-miroslav-lajchak-vikendov-vo-belgrad-i-prishtina/ Tue, 17 Oct 2023 10:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=692039

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби  со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Стано.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано.

Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал, како и американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

Стано додаде дека целта на посетата е да се постигне конкретен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализација и деескалација по последните настани.

Според Стано, ЕУ, нејзините земји-членки и САД остануваат силни поддржувачи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и европската иднина на целиот регион.

The post Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак викендов во Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби  со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Стано.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано. Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал, како и американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. Стано додаде дека целта на посетата е да се постигне конкретен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализација и деескалација по последните настани. Според Стано, ЕУ, нејзините земји-членки и САД остануваат силни поддржувачи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и европската иднина на целиот регион.

The post Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак викендов во Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Во односите меѓу Белград и Приштина има „однапред поделени улоги“ и фактите немаат тежина , тврди српската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina-ima-odnapred-podeleni-ulogi-i-faktite-nemaat-tezhina-tvrdi-srpskata-premierka/ Wed, 04 Oct 2023 08:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=687746

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави денеска дека во односите меѓу Белград и Приштина улогите се однапред поделени - Србија е „постојано негативец“, а Приштина е „бедна беспомошна сила што прави се што може“. Според неа, „фактичката состојба нема тежина“.

Брнабиќ рече дека „не го оправдува“ убиството на никого, дури ни убиството на албанскиот припадник на косовската полиција, но додаде дека Србите на Косово трпат постојан притисок од властите во Приштина, поради што тоа е „ прашање на денови, прашање на минути“ кога ќе се случи инцидент.

„Не можете постојано да живеете под таков терор“, рече Брнабиќ.

Запрашана за коментар за апсењето на Милан Радоичиќ, до неодамна функционер на Српската листа, кој е осомничен за организирање на вооружен инцидент во кој на 24 септември во Бањска на северот на Косово беа убиени косовски полицаец и тројца униформирани и вооружени Срби , Брнабиќ рече дека Србија е „правна држава“. „Ова е правна држава и ќе направиме се што треба согласно законот и Уставот, да ги истражиме сите околности“, рече Брнабиќ.

Таа додаде и дека „мора да ги собереме сите докази и да ја одбраниме апсолутната вистина“, пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово закажана за 18 октомври.

The post Во односите меѓу Белград и Приштина има „однапред поделени улоги“ и фактите немаат тежина , тврди српската премиерка appeared first on Република.

]]>

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави денеска дека во односите меѓу Белград и Приштина улогите се однапред поделени - Србија е „постојано негативец“, а Приштина е „бедна беспомошна сила што прави се што може“. Според неа, „фактичката состојба нема тежина“. Брнабиќ рече дека „не го оправдува“ убиството на никого, дури ни убиството на албанскиот припадник на косовската полиција, но додаде дека Србите на Косово трпат постојан притисок од властите во Приштина, поради што тоа е „ прашање на денови, прашање на минути“ кога ќе се случи инцидент. „Не можете постојано да живеете под таков терор“, рече Брнабиќ. Запрашана за коментар за апсењето на Милан Радоичиќ, до неодамна функционер на Српската листа, кој е осомничен за организирање на вооружен инцидент во кој на 24 септември во Бањска на северот на Косово беа убиени косовски полицаец и тројца униформирани и вооружени Срби , Брнабиќ рече дека Србија е „правна држава“. „Ова е правна држава и ќе направиме се што треба согласно законот и Уставот, да ги истражиме сите околности“, рече Брнабиќ. Таа додаде и дека „мора да ги собереме сите докази и да ја одбраниме апсолутната вистина“, пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово закажана за 18 октомври.

The post Во односите меѓу Белград и Приштина има „однапред поделени улоги“ и фактите немаат тежина , тврди српската премиерка appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Европските патишта на Приштина и Белград зависат од напредокот во дијалогот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-evropskite-patishta-na-prishtina-i-belgrad-zavisat-od-napredokot-vo-dijalogot/ Tue, 19 Sep 2023 07:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=683043

Европската Унија изразува целосна поддршка на напорите на нејзиниот висок претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во својство на олеснувач на дијалогот Белград-Приштина, како и на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, и ги потсетува и Косово и Србија дека нивниот европски пат зависни од напредокот во дијалогот за нормализација на нивните односи, бидејќи и двете страни ризикуваат да ги загубат можностите за напредок на нивните европски патишта, порача денеска Европскиот совет.

Унијата ги повикува Белград и Приштина да се ангажираат конструктивно и со добра волја на имплементација на Предлогот на ЕУ без понатамошно одлагање, што ја подразбира обврската на двете страни целосно да ги спроведат сите претходни договори, вклучително и формирање на заедницата на општините со српско мнозинство без натамошно одлагање или предуслови,

- По состанокот на високо ниво од дијалогот Белград-Приштина на 14 септември во Брисел, ЕУ ја изразува својата загриженост поради недоволната имплементација од страните на нивните обврски од Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс за имплементација, а кои се обврзувачки за нив и играат улога при нивниот европски пат, се посочува во соопштинето, при што се потсетуваат Белград и Приштина на нивната одговорност да го почитуваат принципот на доверливост во дијалогот, како клучна компонента на секој политички чувствителен преговарачки процес, се додава во соопштението.

ЕУ се изразува загриженост поради недостигот на напредок од двете страни во деескалирањето на тензиите на северот на Косово, неколку месеци по последното разгорување на насилството кое остави ранети граѓани, војници на КФОР, органи на редот и претставници на медиумите, некои дури и со тешки и трајни последици.

- И покрај постојаните повици од страна на ЕУ и другите меѓународни партнери, досега преземените чекори остануваат недоволни, а безбедносната ситуација на север останува тензична. Во овој контекст, потезите на Косово, вклучително и за експропријација на земјиште на северот на Косово, наредби за иселување и за употреба на специјални полициски сили за надлежности на локалната полицијата, не се во согласност со владеењето на правото и ризикуваат да придонесат за дополнително зголемување на тензиите. Континуираните напади и заплашувањето од страна на криминалните групи на новорегрутираните полициски припадници косовски Срби се неприфатливи и мора веднаш да престанат. Блокирањето на енергетскиот патоказ од страна на Србија, како и другите постапки кои не се во согласност со Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс, се во спротивност со духот на процесот на дијалог, додава ЕУ.

Во соопштението се посочува дека барањата што ги изнесе на ЕУ од 3 јуни остануваат целосно валидни, при што остануваат во сила преземените мерки, вклучително и суспензијата на состаноците на високо ниво со Косово.

- ЕУ е подготвена да ги укине овие мерки во случај на напредок во исполнувањето на постојните барања или да процени дополнителни мерки кон двете страни, доколку е потребно. ЕУ потсетува на важноста од брзо одржување предвремени локални избори на северот на Косово за да се помогне во смирувањето на тензиите. Неопходно е најбрзо решение за да се овозможи распишување на изборите. Ги охрабруваме косовските Срби целосно да се вклучат во изборниот процес и јавно да го кажат своето безусловно учество, се посочува во соопштението.

Унијата натаму ги повикува сите политички актери, на сите нивоа на власта, и во Косово и во Србија, да се вклучат конструктивно во процесот што води до предвремени локални избори на северот на Косово, да избегнуваат понатамошни чекори на ескалација и да го поддржат напредокот во дијалогот олеснет од ЕУ.

The post ЕУ: Европските патишта на Приштина и Белград зависат од напредокот во дијалогот appeared first on Република.

]]>

Европската Унија изразува целосна поддршка на напорите на нејзиниот висок претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во својство на олеснувач на дијалогот Белград-Приштина, како и на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, и ги потсетува и Косово и Србија дека нивниот европски пат зависни од напредокот во дијалогот за нормализација на нивните односи, бидејќи и двете страни ризикуваат да ги загубат можностите за напредок на нивните европски патишта, порача денеска Европскиот совет. Унијата ги повикува Белград и Приштина да се ангажираат конструктивно и со добра волја на имплементација на Предлогот на ЕУ без понатамошно одлагање, што ја подразбира обврската на двете страни целосно да ги спроведат сите претходни договори, вклучително и формирање на заедницата на општините со српско мнозинство без натамошно одлагање или предуслови, - По состанокот на високо ниво од дијалогот Белград-Приштина на 14 септември во Брисел, ЕУ ја изразува својата загриженост поради недоволната имплементација од страните на нивните обврски од Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс за имплементација, а кои се обврзувачки за нив и играат улога при нивниот европски пат, се посочува во соопштинето, при што се потсетуваат Белград и Приштина на нивната одговорност да го почитуваат принципот на доверливост во дијалогот, како клучна компонента на секој политички чувствителен преговарачки процес, се додава во соопштението. ЕУ се изразува загриженост поради недостигот на напредок од двете страни во деескалирањето на тензиите на северот на Косово, неколку месеци по последното разгорување на насилството кое остави ранети граѓани, војници на КФОР, органи на редот и претставници на медиумите, некои дури и со тешки и трајни последици. - И покрај постојаните повици од страна на ЕУ и другите меѓународни партнери, досега преземените чекори остануваат недоволни, а безбедносната ситуација на север останува тензична. Во овој контекст, потезите на Косово, вклучително и за експропријација на земјиште на северот на Косово, наредби за иселување и за употреба на специјални полициски сили за надлежности на локалната полицијата, не се во согласност со владеењето на правото и ризикуваат да придонесат за дополнително зголемување на тензиите. Континуираните напади и заплашувањето од страна на криминалните групи на новорегрутираните полициски припадници косовски Срби се неприфатливи и мора веднаш да престанат. Блокирањето на енергетскиот патоказ од страна на Србија, како и другите постапки кои не се во согласност со Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс, се во спротивност со духот на процесот на дијалог, додава ЕУ. Во соопштението се посочува дека барањата што ги изнесе на ЕУ од 3 јуни остануваат целосно валидни, при што остануваат во сила преземените мерки, вклучително и суспензијата на состаноците на високо ниво со Косово. - ЕУ е подготвена да ги укине овие мерки во случај на напредок во исполнувањето на постојните барања или да процени дополнителни мерки кон двете страни, доколку е потребно. ЕУ потсетува на важноста од брзо одржување предвремени локални избори на северот на Косово за да се помогне во смирувањето на тензиите. Неопходно е најбрзо решение за да се овозможи распишување на изборите. Ги охрабруваме косовските Срби целосно да се вклучат во изборниот процес и јавно да го кажат своето безусловно учество, се посочува во соопштението. Унијата натаму ги повикува сите политички актери, на сите нивоа на власта, и во Косово и во Србија, да се вклучат конструктивно во процесот што води до предвремени локални избори на северот на Косово, да избегнуваат понатамошни чекори на ескалација и да го поддржат напредокот во дијалогот олеснет од ЕУ.

The post ЕУ: Европските патишта на Приштина и Белград зависат од напредокот во дијалогот appeared first on Република.

]]>
Билчик: ЕУ е подготвена за проширување, Белград и Приштина да ги нормализираат односите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bilchik-eu-e-podgotvena-za-proshiruvane-belgrad-i-prishtina-da-gi-normaliziraat-odnosite/ Wed, 13 Sep 2023 16:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=681672

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека ЕУ е подготвена својата енергија, ресурси и политичка волја да ги насочи кон процесот на проширување и посочи дека проширувањето може да се случи веднаш штом земјите кандидати бидат подготвени и ги исполнуваат условите.

Тој во Брисел изјави дека Белград и Приштина мора да ги нормализираат односите и дека се надева на ветувачки вести од утрешната средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Билчик, коментирајќи го денешниот говор на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со проширувањето на ЕУ, укажа на важноста од спроведување на реформите и усогласување на Србија со политиката на ЕУ.

The post Билчик: ЕУ е подготвена за проширување, Белград и Приштина да ги нормализираат односите appeared first on Република.

]]>

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека ЕУ е подготвена својата енергија, ресурси и политичка волја да ги насочи кон процесот на проширување и посочи дека проширувањето може да се случи веднаш штом земјите кандидати бидат подготвени и ги исполнуваат условите. Тој во Брисел изјави дека Белград и Приштина мора да ги нормализираат односите и дека се надева на ветувачки вести од утрешната средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Билчик, коментирајќи го денешниот говор на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со проширувањето на ЕУ, укажа на важноста од спроведување на реформите и усогласување на Србија со политиката на ЕУ.

The post Билчик: ЕУ е подготвена за проширување, Белград и Приштина да ги нормализираат односите appeared first on Република.

]]>
Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtora-zhrtva-na-pukaneto-vo-prishtina-ima-i-raneti-detsa/ Sat, 05 Aug 2023 10:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=668914

Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха.

Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина.

Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха.

Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.

The post Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца appeared first on Република.

]]>

Триесет и девегодишниот Кастриот Рамадани им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 17 лица, објави Коха. Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди – изјавил доктор Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега во Приштина. Во престрелката што се случи синоќа во ресторан во центарот на Приштина повредени се 17 лица, од кои четворица од огнено оружје. Меѓу повредените има и деца, пишува Коха. Според полицијата, на пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња, а засега се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот.

The post Втора жртва на пукањето во Приштина: Има и ранети деца appeared first on Република.

]]>
Татко, мајка и син пронајдени мртви во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tatko-majka-i-sin-pronajdeni-mrtvi-vo-prishtina/ Fri, 28 Jul 2023 20:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=666457

Во селото Ново Рујце кај Липљан загинаа три лица, потврди полицијата. Таа истакна дека биле убиени членови од исто семејство, а постои сомнеж дека мажот ги убил сопругата и синот, а потоа се застрелал.

Според медиумите во Приштина, полицијата потврдила дека на лице место пронашла три тела.

– Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информации за три жртви во Нови Рујац кај Липљан. Полицијата веднаш по добиеното известување излегла на лице место каде пронашла три тела, чија смрт била констатирана од лекарската екипа. Полицијата во моментов започна истрага за случајот и околностите околу инцидентот – се вели во полициското соопштение.

The post Татко, мајка и син пронајдени мртви во Приштина appeared first on Република.

]]>

Во селото Ново Рујце кај Липљан загинаа три лица, потврди полицијата. Таа истакна дека биле убиени членови од исто семејство, а постои сомнеж дека мажот ги убил сопругата и синот, а потоа се застрелал. Според медиумите во Приштина, полицијата потврдила дека на лице место пронашла три тела.
– Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информации за три жртви во Нови Рујац кај Липљан. Полицијата веднаш по добиеното известување излегла на лице место каде пронашла три тела, чија смрт била констатирана од лекарската екипа. Полицијата во моментов започна истрага за случајот и околностите околу инцидентот – се вели во полициското соопштение.

The post Татко, мајка и син пронајдени мртви во Приштина appeared first on Република.

]]>
Рама: Инцидентот во парламентот е срам кој и штети на Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-intsidentot-vo-parlamentot-e-sram-koj-i-shteti-na-prishtina/ Thu, 13 Jul 2023 11:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=660885

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го оцени инцидентот во приштинскиот парламент како срам кој и штети на Приштина на меѓународен план.

Несогласувањето со премиерот е демократско, вака да го изразите своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата земја со срам, што денес му штети на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција што му се спротивставува на премиерот!, напиша Рама на Твитер.

Замислете колку се чувствуваат незаменливи сојузниците и пријателите на Приштина и Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, каде треба да се бориме со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници, рече Рама.

Навистина сакам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!, посочи албанскиот премиер.

The post Рама: Инцидентот во парламентот е срам кој и штети на Приштина appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го оцени инцидентот во приштинскиот парламент како срам кој и штети на Приштина на меѓународен план. Несогласувањето со премиерот е демократско, вака да го изразите своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата земја со срам, што денес му штети на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција што му се спротивставува на премиерот!, напиша Рама на Твитер. Замислете колку се чувствуваат незаменливи сојузниците и пријателите на Приштина и Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, каде треба да се бориме со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници, рече Рама. Навистина сакам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!, посочи албанскиот премиер.

The post Рама: Инцидентот во парламентот е срам кој и штети на Приштина appeared first on Република.

]]>