природен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priroden-gas/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 07:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png природен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priroden-gas/ 32 32 Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/anketa-na-eko-svest-nad-80-protsenti-od-graganite-nemaat-pristap-do-gasovodna-mrezha/ Fri, 10 Nov 2023 07:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=700072

Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици?

Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија.

Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го сметаат за поевтино и почисто споредено со нафтата, јагленот и огревното дрво. Кај една третина постои сомнеж и страв во поглед на безбедноста на користењето, но сепак доминантен дел би се приклучиле веднаш доколку имаат пристап до гасоводна мрежа. А, пристап до овој енергенс имаат само 12% од анкетираните. Најголема примена на гасот граѓаните гледаат во готвењето и загревањето во домовите.

Природниот гас како енергетска опција

Многумина го сметаат природниот гас за евтино гориво. Но, енергетската криза покажа дека цената на гасот може драстично да варира и сега со сигурност знаеме дека никогаш нема да биде ефтин како во минатото. Според истражувањето, 74% од испитаниците гасот го гледаат како најповолно гориво во споредба со други слични опции, како нафтата и јагленот. Најмалку 67% од граѓаните се согласуваат дека тој е најеколошко фосилно гориво, кое помага во намалувањето на штетните емисии. Од аспект на користењето, 67% го сметаат за подобар избор отколку огревното дрво, што значи помалку чад и ситни честички во воздухот. Точно е дека гасот при согорување не емитува честички прашина и чад, но исто како и нафтата и јагленот е одговорен за емисиите на јаглерод диоксид- причинителот на климатските промени. Оттука можеби посоодветен назив за природниот гас е – Фосилен гас.

Дали граѓаните се свесни за ризиците и безбедноста на природниот гас?

На прашањето дали природниот гас е безбеден за животната средина и луѓето, 64% од испитаниците одговорија позитивно, но скоро една третина од испитаниците не е уверена во тоа. Ова може да се толкува како потреба за подобра едукација и свест меѓу граѓаните. Можеби, некои се неинформирани за потенцијалните ризици и безбедносни мерки при користењето на природниот гас. А, можеби е потребно подобро да се запознаат со ефектите од изградбата на гасоводите врз животната средина. Други можеби имаат прашања за евентуалните ризици, како можни експлозии во домаќинствата и индустријата или други хаварии при изградбата на гасоводите.
Особено важно е да се нагласи дека безбедноста на гасот за корисниците зависи од правилната инсталација, употреба, но и редовно одржување на инсталираната опрема, што изискува значителни финансиски средства, но и технички капацитети на операторите.

Колкав е пристапот на граѓаните до гасоводна мрежа?

Анкетата открива и голема разлика во пристапот до гасоводната мрежа, што има важни импликации за користењето на природниот гас како извор на енергија.
Скромни 12% од испитаниците се изјасниле дека имаат пристап до гасот како енергенс во нивната општина или околина, додека 81% ја немаат оваа можност. Мора да се земе предвид и дека граѓаните честопати природниот, односно фосилниот гас го поистоветуваат со гасот во таканаречените „плински боци“ или гас кој се користи во возилата. Поради недостиг од традиција во користењето на фосилниот гас во Македонија, граѓаните немаат доволно познавање да ги разликуваат овие значително различни фосилни продукти. Необично, иако 75% од испитаниците кои немаат пристап до природниот гас изразиле желба дека веднаш би се приклучиле, но, само 3% во моментов користат фосилен гас. Ова може да се толкува на неколку начини. Една од можностите е дека фосилниот гас едноставно не е достапен за домаќинствата во најголем број од нашите општини. Втората можност е дека немаат доволна финансиска моќ за приклучување бидејќи инсталирањето на гасоводната инфраструктура како и замена на главните уреди (греалки, бојлер, шпорет) се скапа инвестиција. Трета можност е постоењето на определен страв или недоверба во однос на безбедноста и употребата на природниот гас.

Ако не гас, кои се алтернативните извори на енергија?

Според испитаниците, фосилниот гас би наоѓал разни примени во
секојдневниот живот. Голем дел од граѓаните би го користеле во кујната за приготвување на оброк, загревање на вода, како и затоплување на домаќинствата. Во моментот, фосилниот гас во нашата држава се користи главно во индустријата и како енергенс за производство на електрична и топлинска енергија. Поради малиот број на жители, фосилниот гас е најисплатлив за поголемите индустриски капацитети, но не и за поголем број од домаќинствата.
Истражувањето дава податоци и за ставовите околу потенцијалните алтернативни извори на енергија, вклучувајќи ги соларната и ветерната енергија, хидроенергијата, биомасата и иновативните методи кои испитаниците ги сметаат за релевантни. Според анкетата, голем број на испитаници (91%) изразиле поддршка за соларната енергија, сметајќи ја за еден од најсоодветните алтернативни извори на енергија за целата држава. Ветерната енергија следува со 76% што покажува значителна поддршка на овие два обновливи извори. Ова е индикатор дека како држава сме подготвени за зелената транзиција кон обновливи извори со кои располагаме, без притоа да создаваме зависност од други држави и од увозот на енергенси.

Анкетата ја спроведоа Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго, со цел да се истражат ставовите на граѓаните во Македонија за фосилниот гас како извор на енергија.

The post Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа appeared first on Република.

]]>

Дали природниот гас е енергетски спасител или скриен извор на ризици? Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго спроведе анкета која ги открива ставовите на граѓаните во Македонија за гасот како извор на енергија. Поголем дел од испитаниците иако не знаат дека гасот е фосилно гориво кое придонесува значително за глобалното затоплување и климатските промени го сметаат за поевтино и почисто споредено со нафтата, јагленот и огревното дрво. Кај една третина постои сомнеж и страв во поглед на безбедноста на користењето, но сепак доминантен дел би се приклучиле веднаш доколку имаат пристап до гасоводна мрежа. А, пристап до овој енергенс имаат само 12% од анкетираните. Најголема примена на гасот граѓаните гледаат во готвењето и загревањето во домовите. Природниот гас како енергетска опција Многумина го сметаат природниот гас за евтино гориво. Но, енергетската криза покажа дека цената на гасот може драстично да варира и сега со сигурност знаеме дека никогаш нема да биде ефтин како во минатото. Според истражувањето, 74% од испитаниците гасот го гледаат како најповолно гориво во споредба со други слични опции, како нафтата и јагленот. Најмалку 67% од граѓаните се согласуваат дека тој е најеколошко фосилно гориво, кое помага во намалувањето на штетните емисии. Од аспект на користењето, 67% го сметаат за подобар избор отколку огревното дрво, што значи помалку чад и ситни честички во воздухот. Точно е дека гасот при согорување не емитува честички прашина и чад, но исто како и нафтата и јагленот е одговорен за емисиите на јаглерод диоксид- причинителот на климатските промени. Оттука можеби посоодветен назив за природниот гас е – Фосилен гас. Дали граѓаните се свесни за ризиците и безбедноста на природниот гас? На прашањето дали природниот гас е безбеден за животната средина и луѓето, 64% од испитаниците одговорија позитивно, но скоро една третина од испитаниците не е уверена во тоа. Ова може да се толкува како потреба за подобра едукација и свест меѓу граѓаните. Можеби, некои се неинформирани за потенцијалните ризици и безбедносни мерки при користењето на природниот гас. А, можеби е потребно подобро да се запознаат со ефектите од изградбата на гасоводите врз животната средина. Други можеби имаат прашања за евентуалните ризици, како можни експлозии во домаќинствата и индустријата или други хаварии при изградбата на гасоводите. Особено важно е да се нагласи дека безбедноста на гасот за корисниците зависи од правилната инсталација, употреба, но и редовно одржување на инсталираната опрема, што изискува значителни финансиски средства, но и технички капацитети на операторите. Колкав е пристапот на граѓаните до гасоводна мрежа? Анкетата открива и голема разлика во пристапот до гасоводната мрежа, што има важни импликации за користењето на природниот гас како извор на енергија. Скромни 12% од испитаниците се изјасниле дека имаат пристап до гасот како енергенс во нивната општина или околина, додека 81% ја немаат оваа можност. Мора да се земе предвид и дека граѓаните честопати природниот, односно фосилниот гас го поистоветуваат со гасот во таканаречените „плински боци“ или гас кој се користи во возилата. Поради недостиг од традиција во користењето на фосилниот гас во Македонија, граѓаните немаат доволно познавање да ги разликуваат овие значително различни фосилни продукти. Необично, иако 75% од испитаниците кои немаат пристап до природниот гас изразиле желба дека веднаш би се приклучиле, но, само 3% во моментов користат фосилен гас. Ова може да се толкува на неколку начини. Една од можностите е дека фосилниот гас едноставно не е достапен за домаќинствата во најголем број од нашите општини. Втората можност е дека немаат доволна финансиска моќ за приклучување бидејќи инсталирањето на гасоводната инфраструктура како и замена на главните уреди (греалки, бојлер, шпорет) се скапа инвестиција. Трета можност е постоењето на определен страв или недоверба во однос на безбедноста и употребата на природниот гас. Ако не гас, кои се алтернативните извори на енергија? Според испитаниците, фосилниот гас би наоѓал разни примени во секојдневниот живот. Голем дел од граѓаните би го користеле во кујната за приготвување на оброк, загревање на вода, како и затоплување на домаќинствата. Во моментот, фосилниот гас во нашата држава се користи главно во индустријата и како енергенс за производство на електрична и топлинска енергија. Поради малиот број на жители, фосилниот гас е најисплатлив за поголемите индустриски капацитети, но не и за поголем број од домаќинствата. Истражувањето дава податоци и за ставовите околу потенцијалните алтернативни извори на енергија, вклучувајќи ги соларната и ветерната енергија, хидроенергијата, биомасата и иновативните методи кои испитаниците ги сметаат за релевантни. Според анкетата, голем број на испитаници (91%) изразиле поддршка за соларната енергија, сметајќи ја за еден од најсоодветните алтернативни извори на енергија за целата држава. Ветерната енергија следува со 76% што покажува значителна поддршка на овие два обновливи извори. Ова е индикатор дека како држава сме подготвени за зелената транзиција кон обновливи извори со кои располагаме, без притоа да создаваме зависност од други држави и од увозот на енергенси. Анкетата ја спроведоа Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест Скопје, во соработка со истражувачката агенција Индаго, со цел да се истражат ставовите на граѓаните во Македонија за фосилниот гас како извор на енергија.

The post Анкета на Еко-свест: Над 80 проценти од граѓаните немаат пристап до гасоводна мрежа appeared first on Република.

]]>
Запрено производството на гас во најголемото наоѓалиште на гас во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapreno-proizvodstvoto-na-gas-vo-najgolemoto-naogalishte-na-gas-vo-evropa/ Thu, 05 Oct 2023 20:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=688262

Производството на гас во холандски Гронинген, каде што се наоѓа најголемото наоѓалиште на природен гас во Европа, е прекинато. Одлуката за прекин на производството на гас е донесена поради ризик од земјотрес.

Како што пишува порталот „NL Times“, одлуката предвидува можност, во исклучителни околности производството да може да се рестартира следната година.

Според таа можност, наоѓалиштата на гас нема да бидат трајно затворени до 1 октомври 2024 година, доколку биде неопходно да се продолжи со производство поради многу студена зима или други непредвидени околности.

Одлуката допрва треба да ја потврди долниот дом на парламентот.

The post Запрено производството на гас во најголемото наоѓалиште на гас во Европа appeared first on Република.

]]>

Производството на гас во холандски Гронинген, каде што се наоѓа најголемото наоѓалиште на природен гас во Европа, е прекинато. Одлуката за прекин на производството на гас е донесена поради ризик од земјотрес. Како што пишува порталот „NL Times“, одлуката предвидува можност, во исклучителни околности производството да може да се рестартира следната година. Според таа можност, наоѓалиштата на гас нема да бидат трајно затворени до 1 октомври 2024 година, доколку биде неопходно да се продолжи со производство поради многу студена зима или други непредвидени околности. Одлуката допрва треба да ја потврди долниот дом на парламентот.

The post Запрено производството на гас во најголемото наоѓалиште на гас во Европа appeared first on Република.

]]>
Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/romanija-podgotvuva-ambiziozen-proekt-za-vadene-priroden-gas-od-tsrnoto-more/ Tue, 27 Jun 2023 18:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=653797

Во Романија повторно серизоно се разгледува прашањето за развој на полиња за природен гас во Црното Море. Енергетските компании ОМВ Петром и Ромгаз планираат инвестиции до 4 милијарди евра во проектот Нептун Дип, кој ќе произведе околу 100 милијарди кубни метри природен гас за десет години.

Извршниот директор на Ромгаз, Разван Попеску, понуди гас за извоз во целиот регион, вклучително и Молдавија, чии власти во последно време се обидуваат да ја намалат зависноста од руски Газпром.

За наоѓалишта на енергетски ресурси во Црното Море, во Министерството за енергетика на Романија, првпат се разговараше во мај минатата година.

Романија ќе произведува повеќе гас отколку што троши и ќе го извезува во Бугарија, Грција, Унгарија, но пред се во Молдавија“, вети тогаш Попеску.

Проектот за истражување и производство на јаглеводороди во Романија почна пред неколку години од австриската ОМВ Петром и американскиот Ексон Мобил. Сепак, по првичните испитувања, проектот беше оценет како економски нецелисходен, а производството на гас од Црното Море непрофитабилно, на што влијашепе и локалното законодавство.

Конечната одлука за инвестирање беше одложена, а Американците почнаа да бараат некој да го преземе нивниот удел (50%) во полето на Нептун. Романската државна енергетска компанија Ромгаз минатата година се согласи да купи акции за 1,06 милијарди долари, а како дел од конзорциумот со ОМВ Петром вети дека ќе обезбеди „енергетска сигурност“ за цела Европа.

Романија го зазема второто место на листата на земји-членки на ЕУ кои самостојно произведуваат природен гас. Земјата произведува околу 10,5 милијарди кубни метри гас годишно, а најголемиот дел го произведува на копно. Истовремено, троши околу 12 милијарди кубни метри, односно за разлика од соседите во источна Европа, земјата е практично независна од увоз.

Површината на романските полиња е 22 илјади квадратни километри, а под Црното Море, наводно, лежат од 170 до 200 милијарди кубни метри неоткриени резерви - и теоретски, тие можат да се експлозтираат до 2040 година. Самото поле Нептун се проценува на 50 милијарди кубни метри вели романскиот министер за енергетика. Сепак, во споредба со копненото дупчење, морските проекти се многу поскапи и вклучуваат долгорочно планирање. Покрај тоа, тие носат голем број специфични ризици, особено во првата фаза на истражување.

Романскиот национален ГТС е дизајниран во 60-тите години на минатиот век и теоретски е дизајниран за испораки на сино гориво кои се трипати повисоки од денешните волумени. Но, Романија сè уште нема развиена инфраструктура за производство, транспорт, подземно складирање и дистрибуција. А, планот за модернизација на мрежата за пренос на гас е дизајниран за период до 2027 година.

Во случајот со Молдавија и нејзиното напуштање на гасот од Русија преку гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев, за кој романските власти имаа намера да понудат алтернатива, тој беше пуштен во употреба во октомври 2021 година. Овој гасовод може да транспортира 6,5 милиони кубни метри гас дневно, што теоретски ги покрива потребите на Молдавија, со исклучок на Придњестровје. Сепак, засега нема начин како да се напушти руската испорака на природен гас по атрактивни цени, а, засега, на ниво на разговор останува и снабдувањето со романски гас за целиот регион.

The post Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море appeared first on Република.

]]>

Во Романија повторно серизоно се разгледува прашањето за развој на полиња за природен гас во Црното Море. Енергетските компании ОМВ Петром и Ромгаз планираат инвестиции до 4 милијарди евра во проектот Нептун Дип, кој ќе произведе околу 100 милијарди кубни метри природен гас за десет години. Извршниот директор на Ромгаз, Разван Попеску, понуди гас за извоз во целиот регион, вклучително и Молдавија, чии власти во последно време се обидуваат да ја намалат зависноста од руски Газпром. За наоѓалишта на енергетски ресурси во Црното Море, во Министерството за енергетика на Романија, првпат се разговараше во мај минатата година.
Романија ќе произведува повеќе гас отколку што троши и ќе го извезува во Бугарија, Грција, Унгарија, но пред се во Молдавија“, вети тогаш Попеску.
Проектот за истражување и производство на јаглеводороди во Романија почна пред неколку години од австриската ОМВ Петром и американскиот Ексон Мобил. Сепак, по првичните испитувања, проектот беше оценет како економски нецелисходен, а производството на гас од Црното Море непрофитабилно, на што влијашепе и локалното законодавство. Конечната одлука за инвестирање беше одложена, а Американците почнаа да бараат некој да го преземе нивниот удел (50%) во полето на Нептун. Романската државна енергетска компанија Ромгаз минатата година се согласи да купи акции за 1,06 милијарди долари, а како дел од конзорциумот со ОМВ Петром вети дека ќе обезбеди „енергетска сигурност“ за цела Европа. Романија го зазема второто место на листата на земји-членки на ЕУ кои самостојно произведуваат природен гас. Земјата произведува околу 10,5 милијарди кубни метри гас годишно, а најголемиот дел го произведува на копно. Истовремено, троши околу 12 милијарди кубни метри, односно за разлика од соседите во источна Европа, земјата е практично независна од увоз. Површината на романските полиња е 22 илјади квадратни километри, а под Црното Море, наводно, лежат од 170 до 200 милијарди кубни метри неоткриени резерви - и теоретски, тие можат да се експлозтираат до 2040 година. Самото поле Нептун се проценува на 50 милијарди кубни метри вели романскиот министер за енергетика. Сепак, во споредба со копненото дупчење, морските проекти се многу поскапи и вклучуваат долгорочно планирање. Покрај тоа, тие носат голем број специфични ризици, особено во првата фаза на истражување. Романскиот национален ГТС е дизајниран во 60-тите години на минатиот век и теоретски е дизајниран за испораки на сино гориво кои се трипати повисоки од денешните волумени. Но, Романија сè уште нема развиена инфраструктура за производство, транспорт, подземно складирање и дистрибуција. А, планот за модернизација на мрежата за пренос на гас е дизајниран за период до 2027 година. Во случајот со Молдавија и нејзиното напуштање на гасот од Русија преку гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев, за кој романските власти имаа намера да понудат алтернатива, тој беше пуштен во употреба во октомври 2021 година. Овој гасовод може да транспортира 6,5 милиони кубни метри гас дневно, што теоретски ги покрива потребите на Молдавија, со исклучок на Придњестровје. Сепак, засега нема начин како да се напушти руската испорака на природен гас по атрактивни цени, а, засега, на ниво на разговор останува и снабдувањето со романски гас за целиот регион.

The post Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-prirodniot-gas-za-potrebite-na-toplanite-za-mart-ke-se-nabavi-po-tsena-od-60-10-evra/ Sat, 25 Feb 2023 13:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=613097

АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, а се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евра.

Како што додаде Ковачевски, Макпетрол, како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.

 

The post Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, а се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евра. Како што додаде Ковачевски, Макпетрол, како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.  

The post Ковачевски: Природниот гас за потребите на топланите за март ќе се набави по цена од 60,10 евра appeared first on Република.

]]>
„Макпетрол“: 40 отсто пониска цена на природниот гас во февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makpetrol-40-otsto-poniska-tsena-na-prirodniot-gas-vo-fevruari/ Wed, 01 Feb 2023 21:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=603540

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената наприродниот гас на светските берзи, од „Макпетрол“ АД Скопје известуваат дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар, велат од „Макпетрол“.

The post „Макпетрол“: 40 отсто пониска цена на природниот гас во февруари appeared first on Република.

]]>

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената наприродниот гас на светските берзи, од „Макпетрол“ АД Скопје известуваат дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година. Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,50денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58.40 денари за литар, велат од „Макпетрол“.

The post „Макпетрол“: 40 отсто пониска цена на природниот гас во февруари appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не кажува кој ќе сноси одговорност за склучениот договор за јануари со фиксна цена на гасот, а вредноста на енергенсот паѓа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-ne-kazhuva-koj-ke-snosi-odgovornost-za-sklucheniot-dogovor-za-januari-so-fiksna-tsena-na-gasot-a-vrednosta-na-energensot-paga/ Wed, 11 Jan 2023 13:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=595803

Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“, Ковачевски не одговори дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор со фиксна цена за јануари, а цената на природниот гас паѓа.

Набавката на природен гас во ЕСМ е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Беа доставени две понуди и беше избрана поевтината цена на гас за набавка за јануари. Таа постапка ќе биде спроведена и за февруари и сите компании кои имаат обезбедено гас, а можат да го продадат на ЕСМ, тоа можат и да го направат - рече Ковачевски.

Прашан зошто се форсира фиксна цена, Ковачевски со одговор дека секоја компанија која сака да им понуди на своите корисници пониска цена од онаа што ја купува на берза, може тоа да го вкалкулира во крајната цена.

Секоја компанија која тргува на берза и која има 20-годишно тргување доколку сака на своите корисници да им пренесе пониска цена на енергенс што го купува на берза тогаш тоа може да го вкалкулира во крајната цена доколку сака и доколку како компанија има интерес - истакна Ковачевски.

Додаде дека со брзата реакција на Владата, државните компании ЕСМ, НЕР и ГАМА и земјите партнери на државава, навремено е обезбеден гас за јануари во момент кога при крајот на декември единствениот увозник на природен гас информираше дека од 1 јануари ќе прекине со испораката на овој енергенс.

The post Ковачевски не кажува кој ќе сноси одговорност за склучениот договор за јануари со фиксна цена на гасот, а вредноста на енергенсот паѓа appeared first on Република.

]]>

Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“, Ковачевски не одговори дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор со фиксна цена за јануари, а цената на природниот гас паѓа.
Набавката на природен гас во ЕСМ е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Беа доставени две понуди и беше избрана поевтината цена на гас за набавка за јануари. Таа постапка ќе биде спроведена и за февруари и сите компании кои имаат обезбедено гас, а можат да го продадат на ЕСМ, тоа можат и да го направат - рече Ковачевски.
Прашан зошто се форсира фиксна цена, Ковачевски со одговор дека секоја компанија која сака да им понуди на своите корисници пониска цена од онаа што ја купува на берза, може тоа да го вкалкулира во крајната цена.
Секоја компанија која тргува на берза и која има 20-годишно тргување доколку сака на своите корисници да им пренесе пониска цена на енергенс што го купува на берза тогаш тоа може да го вкалкулира во крајната цена доколку сака и доколку како компанија има интерес - истакна Ковачевски.
Додаде дека со брзата реакција на Владата, државните компании ЕСМ, НЕР и ГАМА и земјите партнери на државава, навремено е обезбеден гас за јануари во момент кога при крајот на декември единствениот увозник на природен гас информираше дека од 1 јануари ќе прекине со испораката на овој енергенс.

The post Ковачевски не кажува кој ќе сноси одговорност за склучениот договор за јануари со фиксна цена на гасот, а вредноста на енергенсот паѓа appeared first on Република.

]]>
Владата уверува дека ќе има гас од 1 јануари, повикот на „ЕСМ“ истече https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-uveruva-deka-ke-ima-gas-od-1-januari-povikot-na-esm-isteche/ Mon, 26 Dec 2022 17:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=590244

Две компании веќе доставиле понуди за да ја снабдуваат Македонија со природен гас по Нова Година. Министерот за економија потврди дека веќе има фирми кои се подготвени да го преземат бизнисот на Макпетрол според новите услови со кои државата планира да го либерализира пазарот на гас во земјава.

Бектеши изјави дека по Нова Година ќе има гас за греење на главниот град, но и за
училиштата, болниците и бизнисот. Тој изрази надеж дека ќе се пријават голем број
компании кои се подготвени да работат на пазарот под новите услови.

Но, новите услови се уште не се познати. Нив, Регулаторната комисија за енергетика
ќе ги официјализира веројатно денеска, пишува „Експрес“.

Либерализацијата на пазарот со природен гас треба да почне по Нова Година. Новите
услови кои беа поставени го натераа Макпетрол да се повлече од бизнисот поради
неисплатливост, оставајќи го редовното снабдување во неизвесност. Во медиумите
веќе се шпекулираше дека либерализацијата се готви за да им се овозможи на две
компании блиски на СДСМ и ДУИ да го преземат бизнисот, наводи кои надлежните
експресно ги демантираа.

The post Владата уверува дека ќе има гас од 1 јануари, повикот на „ЕСМ“ истече appeared first on Република.

]]>

Две компании веќе доставиле понуди за да ја снабдуваат Македонија со природен гас по Нова Година. Министерот за економија потврди дека веќе има фирми кои се подготвени да го преземат бизнисот на Макпетрол според новите услови со кои државата планира да го либерализира пазарот на гас во земјава. Бектеши изјави дека по Нова Година ќе има гас за греење на главниот град, но и за училиштата, болниците и бизнисот. Тој изрази надеж дека ќе се пријават голем број компании кои се подготвени да работат на пазарот под новите услови. Но, новите услови се уште не се познати. Нив, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги официјализира веројатно денеска, пишува „Експрес“. Либерализацијата на пазарот со природен гас треба да почне по Нова Година. Новите услови кои беа поставени го натераа Макпетрол да се повлече од бизнисот поради неисплатливост, оставајќи го редовното снабдување во неизвесност. Во медиумите веќе се шпекулираше дека либерализацијата се готви за да им се овозможи на две компании блиски на СДСМ и ДУИ да го преземат бизнисот, наводи кои надлежните експресно ги демантираа.

The post Владата уверува дека ќе има гас од 1 јануари, повикот на „ЕСМ“ истече appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-mnogu-poblisku-sme-do-reshenie-so-srbija-za-priroden-gas-za-nashata-gasna-centrala/ Thu, 17 Nov 2022 13:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=574967

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија.

На тој начин нашата индустрија ќе добие пониска енергија од онаа што ја добива на берзите, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци за електрична енергија особено во јужниот дел од земјата. Многу пати не прашуваа дали имаме решение за тоа. Нашите тимови не престанаа да работат и мислам дека во моментот сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот - рече Ковачевски на крајот од своето обраќање на заедничката прес-конференција со лидерите на Западен Балкан.

The post Ковачевски: Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија.
На тој начин нашата индустрија ќе добие пониска енергија од онаа што ја добива на берзите, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци за електрична енергија особено во јужниот дел од земјата. Многу пати не прашуваа дали имаме решение за тоа. Нашите тимови не престанаа да работат и мислам дека во моментот сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот - рече Ковачевски на крајот од своето обраќање на заедничката прес-конференција со лидерите на Западен Балкан.

The post Ковачевски: Многу поблиску сме до решение со Србија за природен гас за нашата гасна централа appeared first on Република.

]]>
Грција ќе бара природен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-kje-bara-priroden-gas/ Tue, 08 Nov 2022 10:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=571327

Сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, што ќе ги врши американската компанија „ExxonMobil“, а ќе почнат набргу, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашата земја, како што многупати имам кажано, без оглед на нејзината посветеност на брзата зелена транзиција, мора да истражи дали во моментов има можност да извлекува природен гас, што ќе придонесе не само за нашата енергетска безбедност, туку и за енергетската безбедност на Европа. Затоа, овие истраги ќе ги иницира „ExxonMobil“ во наредните денови, рече Мицотакис.

Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), денеска ги објави следните чекори во програмата за истражување на полињата на природен гас во земјата, со реализација на 3Д геофизички истражувања во северниот дел на Јонското море и 2Д геофизички истражувања во концесиите западно и југозападно од Крит.

Во соопштението истакнаа дека геофизичките истражувања ќе се вршат во претстојните зимски месеци со цел да се минимизира секое влијание врз животната средина и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на животната средина.

The post Грција ќе бара природен гас appeared first on Република.

]]>

Сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, што ќе ги врши американската компанија „ExxonMobil“, а ќе почнат набргу, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашата земја, како што многупати имам кажано, без оглед на нејзината посветеност на брзата зелена транзиција, мора да истражи дали во моментов има можност да извлекува природен гас, што ќе придонесе не само за нашата енергетска безбедност, туку и за енергетската безбедност на Европа. Затоа, овие истраги ќе ги иницира „ExxonMobil“ во наредните денови, рече Мицотакис. Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), денеска ги објави следните чекори во програмата за истражување на полињата на природен гас во земјата, со реализација на 3Д геофизички истражувања во северниот дел на Јонското море и 2Д геофизички истражувања во концесиите западно и југозападно од Крит. Во соопштението истакнаа дека геофизичките истражувања ќе се вршат во претстојните зимски месеци со цел да се минимизира секое влијание врз животната средина и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на животната средина.

The post Грција ќе бара природен гас appeared first on Република.

]]>
Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-deneska-kje-odrzi-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/ Fri, 07 Oct 2022 06:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=558190

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата.

Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.

Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.

Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.

Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.

Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.

Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.

Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.

 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата. Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.
Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.
Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.
Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.
Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.
Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.
Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.
Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.
 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/megjunarodnata-agencija-za-energija-i-sovetuva-na-eu-da-go-shtedi-prirodniot-gas/ Mon, 03 Oct 2022 17:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=556965

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја советува ЕУ да штеди со потрошувачката на гас, за да избегне празни складишта и ризик од прекини во снабдувањето оваа зима, јави ДПА.

За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отсто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз.

На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас (ЛНГ), се вели во извештајот.

Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето гас од Русија од наредниот месец, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, што би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на постудени временски бранови.

Според анализата на ИЕА, со висок прилив на ЛНГ складиштата би биле исполнети околу 20 проценти.

Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и цели економии – не само во Европа, туку и во земјите во развој, рече директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.

 

The post Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја советува ЕУ да штеди со потрошувачката на гас, за да избегне празни складишта и ризик од прекини во снабдувањето оваа зима, јави ДПА. За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отсто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз. На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас (ЛНГ), се вели во извештајот. Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето гас од Русија од наредниот месец, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, што би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на постудени временски бранови. Според анализата на ИЕА, со висок прилив на ЛНГ складиштата би биле исполнети околу 20 проценти.
Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и цели економии – не само во Европа, туку и во земјите во развој, рече директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.
 

The post Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас appeared first on Република.

]]>
Бектеши го прашува Мицкоски како да се донесе природен гас од Унгарија и Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-go-prashuva-mickoski-kako-da-se-donese-priroden-gas-od-ungarija-i-avstrija/ Mon, 29 Aug 2022 11:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=545244

-Предлогот за мене како министер, верувам и за Владата е прифатлив, само треба да ни покаже како да носиме природен гас од Унгарија и Австрија во Македонија, знаејќи дека имаме само еден цевковод што му припаѓа на природен гас, а тоа е со Република Бугарија, вака министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Клик 21“ на ТВ21 одговори на предлогот на Христијан Мицкоски за осигурување на природен гас.

Бектеши рече дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е апсурден, но доколку тој има информации како да се транспортира гас во Македонија, тогаш Владата е подготвена да разговара за ова прашање.

„За мене понудата на господинот Мицкоски беше прифатлива. Може да седнеме денес, да ни кажеме кои терминали имаат слободни капацитети, ќе најдеме легален начин и средства од буџетот и ќе ги резервираме тие капацитети, но колку што воопшто знаат граѓаните, Македонија технички не може да се снабдува со природен гас од гасни терминали во Унгарија и Австрија“, рече меѓу другото Бектеши на ТВ21.

The post Бектеши го прашува Мицкоски како да се донесе природен гас од Унгарија и Австрија appeared first on Република.

]]>

-Предлогот за мене како министер, верувам и за Владата е прифатлив, само треба да ни покаже како да носиме природен гас од Унгарија и Австрија во Македонија, знаејќи дека имаме само еден цевковод што му припаѓа на природен гас, а тоа е со Република Бугарија, вака министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Клик 21“ на ТВ21 одговори на предлогот на Христијан Мицкоски за осигурување на природен гас.
Бектеши рече дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е апсурден, но доколку тој има информации како да се транспортира гас во Македонија, тогаш Владата е подготвена да разговара за ова прашање.
„За мене понудата на господинот Мицкоски беше прифатлива. Може да седнеме денес, да ни кажеме кои терминали имаат слободни капацитети, ќе најдеме легален начин и средства од буџетот и ќе ги резервираме тие капацитети, но колку што воопшто знаат граѓаните, Македонија технички не може да се снабдува со природен гас од гасни терминали во Унгарија и Австрија“, рече меѓу другото Бектеши на ТВ21.

The post Бектеши го прашува Мицкоски како да се донесе природен гас од Унгарија и Австрија appeared first on Република.

]]>
Шолц убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-ubeden-deka-germanija-uspeshno-kje-se-spravi-so-gasnata-kriza/ Thu, 11 Aug 2022 08:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=538947

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас.

Ние донесовме одлуки на самиот почеток на кризата. Се подготвуваме за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка - ијави Шолц на состанокот во неговата изборна единица Михендорф во покраината Бранденбург, во близина на главниот град Берлин.

Во врска со можноста Германија да престане да добива испораки на руски гас, Шолц истакна дека „затоа донеле многу, многу важни одлуки“.

Германскиот канцелар додаде дека Германија има шанса „успешно да ја помине оваа тешка ситуација“.

Како примери за конкретните подготовки на федералната влада за посериозни сценарија, Шолц ги наведе изградбата на цевководи долж северниот брег на Германија, изградбата на терминали за течен природен гас и полнењето складишта за гас.

Што се однесува до високите цени на енергенсите, Шолц порача дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.

The post Шолц убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, е убеден дека неговата земја успешно ќе ја надмине кризата со природен гас.
Ние донесовме одлуки на самиот почеток на кризата. Се подготвуваме за фактот дека ситуацијата може да стане многу тешка - ијави Шолц на состанокот во неговата изборна единица Михендорф во покраината Бранденбург, во близина на главниот град Берлин.
Во врска со можноста Германија да престане да добива испораки на руски гас, Шолц истакна дека „затоа донеле многу, многу важни одлуки“. Германскиот канцелар додаде дека Германија има шанса „успешно да ја помине оваа тешка ситуација“. Како примери за конкретните подготовки на федералната влада за посериозни сценарија, Шолц ги наведе изградбата на цевководи долж северниот брег на Германија, изградбата на терминали за течен природен гас и полнењето складишта за гас. Што се однесува до високите цени на енергенсите, Шолц порача дека состојбата на граѓаните ќе се олесни по усвоените мерки на сојузно ниво за поддршка на населението.

The post Шолц убеден дека Германија успешно ќе се справи со гасната криза appeared first on Република.

]]>
Се планира ограничување на греењето и ладењето во зградите: ЕУ забрзано прави план за можен прекин на испораките на руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-planira-ogranichuvanje-na-greenjeto-i-ladenjeto-vo-zgradite-eu-zabrzano-pravi-plan-za-mozen-prekin-na-isporakite-na-ruski-gas/ Wed, 20 Jul 2022 10:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=531367

Земјите од ЕУ ги забрзуваат подготовките за евентуален целосен прекин на снабдувањето со руски гас, а Европската комисија денеска треба да го претстави својот кризен план.

Според планот на ЕК, би се заштедиле околу 11 милијарди кубни метри гас со ограничување на греењето и ладењето во зградите, меѓу четири и 40 милијарди кубни метри би се заштедиле со намалување на потрошувачката на гас за производство на електрична енергија и околу 10 милијарди со намалување на индустриската побарувачка.

Предлогот на Комисијата ќе биде основа за дискусија на вонредниот состанок на министрите за енергетика, на 26 јули.

Агенциите ДПА, АФП,Агенпрес, Хина, СТА, ЕФЕ и АНСА пишуваат за начините на заштеда и состојбата со полнењето на гас во Германија, Франција, Романија, Хрватска, Словенија, Шпанија и Италија.

Клаудија Кемферт, експерт за енергија во Германскиот институт за економски истражувања (DIW), вели дека германската влада ќе може да избегне недостиг ако ги отвори односите со добавувачите на гас, освен со Русија, ако продолжи да ги полни складиштата и ја охрабри јавноста да заштеди гас.

Ако се исполнат три услови, не гледам дека всушност ќе треба да се соочиме со недостиг на гас - вели Кемферт.

Досега, алтернативните извори на Германија за конвенционален природен гас беа главно Холандија и Норвешка.

Во однос на течниот природен гас (ЛНГ), германскиот министер за економија, Роберт Хабек, се обиде да воспостави нови односи за снабдување за време на пролетната посета на Катар. Нивото на искористеност на германските складишта за гас полека, но постојано се зголемува. Сега е на околу 65 проценти. Германската влада постојано ги повика потрошувачите и индустријата да штедат енергија.

Во меѓувреме, француската влада се подготвува за можноста за целосен прекин на испораките на руски гас, соопшти на 10 јули министерот за економија Бруно Ле Мер. За да избегне недостиг, владата побара до почетокот на есента националните складишта за гас да се наполнат „речиси 100 проценти“.

Во случај на недостиг на електрична енергија, француската влада подготвува низа мерки за зимата за да им даде приоритет на приватните домаќинства и одредени индустрии.

Според регулативата на ЕУ, капацитетите за складирање гас мора да бидат полни најмалку 80 отсто до 1 ноември 2022 година. Романскиот премиер Николае Чиука најави дека неговата земја ќе може да ја исполни таа цел пред предвиденото.

Хрватска најави дека во актуелната енергетска криза двојно ќе го зголеми капацитетот на ЛНГ на островот Крк од 2,9 милијарди на 6,1 милијарди кубни метри. Владата сака да ја позиционира Хрватска како регионален енергетски центар во Централна Европа за да може да ги покрие енергетските потреби на соседите – Словенија, Босна и Херцеговина и Унгарија.

Хрватска, исто така, планира да го удвои капацитетот на Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ), кој со постоечкиот капацитет може да ги задоволи сите потреби на Унгарија.

Државното подземно складиште за природен гас „Околи“ е исполнето со 38 проценти, а се очекува до 1 октомври да биде полн со 90 проценти. Словенечката агенција за енергетика ја почна првата фаза од планот за криза во снабдувањето со гас. Агенцијата го следи снабдувањето со гас на правците кои влијаат на снабдувањето во Словенија, вклучувајќи го и гасоводот „Северен поток 1“.

Таа ги повика своите потрошувачи да користат природен гас со претпазливост. Агенцијата објави дека снабдувањето со гас за потрошувачите во Словенија во моментов е непречено, но предупредува на потенцијални прекини во иднина доколку се намали протокот на руски гас.

Иако Шпанија не е меѓу најзависните земји од руската енергија, владата најави дека ќе промовира работа на далечина, а ќе го поттикнува и јавниот транспорт.

Шпанскиот потпретседател и министер за транзиција во животната средина, Тереза ​​Рибера, повика на „разумно користење на енергијата“ во актуелниот топлотен бран. Со 72 отсто полни складишта, Рибера изјави дека Шпанија е „многу добро позиционирана“ за природен гас.

Италијанската влада подготвува голема едукативна кампања за заштеда на гас и вода, но ситуацијата не е алармантна што се однесува до гасот.

Залихите за зимата, според официјалните податоци, веќе достигнале 64 отсто од вкупниот капацитет од 6,1 милијарди кубни метри. Целните нивоа од 90 проценти до крајот на годината се на дофат, наведуваат новинските агенции.

The post Се планира ограничување на греењето и ладењето во зградите: ЕУ забрзано прави план за можен прекин на испораките на руски гас appeared first on Република.

]]>

Земјите од ЕУ ги забрзуваат подготовките за евентуален целосен прекин на снабдувањето со руски гас, а Европската комисија денеска треба да го претстави својот кризен план. Според планот на ЕК, би се заштедиле околу 11 милијарди кубни метри гас со ограничување на греењето и ладењето во зградите, меѓу четири и 40 милијарди кубни метри би се заштедиле со намалување на потрошувачката на гас за производство на електрична енергија и околу 10 милијарди со намалување на индустриската побарувачка. Предлогот на Комисијата ќе биде основа за дискусија на вонредниот состанок на министрите за енергетика, на 26 јули. Агенциите ДПА, АФП,Агенпрес, Хина, СТА, ЕФЕ и АНСА пишуваат за начините на заштеда и состојбата со полнењето на гас во Германија, Франција, Романија, Хрватска, Словенија, Шпанија и Италија. Клаудија Кемферт, експерт за енергија во Германскиот институт за економски истражувања (DIW), вели дека германската влада ќе може да избегне недостиг ако ги отвори односите со добавувачите на гас, освен со Русија, ако продолжи да ги полни складиштата и ја охрабри јавноста да заштеди гас.
Ако се исполнат три услови, не гледам дека всушност ќе треба да се соочиме со недостиг на гас - вели Кемферт.
Досега, алтернативните извори на Германија за конвенционален природен гас беа главно Холандија и Норвешка. Во однос на течниот природен гас (ЛНГ), германскиот министер за економија, Роберт Хабек, се обиде да воспостави нови односи за снабдување за време на пролетната посета на Катар. Нивото на искористеност на германските складишта за гас полека, но постојано се зголемува. Сега е на околу 65 проценти. Германската влада постојано ги повика потрошувачите и индустријата да штедат енергија. Во меѓувреме, француската влада се подготвува за можноста за целосен прекин на испораките на руски гас, соопшти на 10 јули министерот за економија Бруно Ле Мер. За да избегне недостиг, владата побара до почетокот на есента националните складишта за гас да се наполнат „речиси 100 проценти“. Во случај на недостиг на електрична енергија, француската влада подготвува низа мерки за зимата за да им даде приоритет на приватните домаќинства и одредени индустрии. Според регулативата на ЕУ, капацитетите за складирање гас мора да бидат полни најмалку 80 отсто до 1 ноември 2022 година. Романскиот премиер Николае Чиука најави дека неговата земја ќе може да ја исполни таа цел пред предвиденото. Хрватска најави дека во актуелната енергетска криза двојно ќе го зголеми капацитетот на ЛНГ на островот Крк од 2,9 милијарди на 6,1 милијарди кубни метри. Владата сака да ја позиционира Хрватска како регионален енергетски центар во Централна Европа за да може да ги покрие енергетските потреби на соседите – Словенија, Босна и Херцеговина и Унгарија. Хрватска, исто така, планира да го удвои капацитетот на Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ), кој со постоечкиот капацитет може да ги задоволи сите потреби на Унгарија. Државното подземно складиште за природен гас „Околи“ е исполнето со 38 проценти, а се очекува до 1 октомври да биде полн со 90 проценти. Словенечката агенција за енергетика ја почна првата фаза од планот за криза во снабдувањето со гас. Агенцијата го следи снабдувањето со гас на правците кои влијаат на снабдувањето во Словенија, вклучувајќи го и гасоводот „Северен поток 1“. Таа ги повика своите потрошувачи да користат природен гас со претпазливост. Агенцијата објави дека снабдувањето со гас за потрошувачите во Словенија во моментов е непречено, но предупредува на потенцијални прекини во иднина доколку се намали протокот на руски гас. Иако Шпанија не е меѓу најзависните земји од руската енергија, владата најави дека ќе промовира работа на далечина, а ќе го поттикнува и јавниот транспорт. Шпанскиот потпретседател и министер за транзиција во животната средина, Тереза ​​Рибера, повика на „разумно користење на енергијата“ во актуелниот топлотен бран. Со 72 отсто полни складишта, Рибера изјави дека Шпанија е „многу добро позиционирана“ за природен гас. Италијанската влада подготвува голема едукативна кампања за заштеда на гас и вода, но ситуацијата не е алармантна што се однесува до гасот. Залихите за зимата, според официјалните податоци, веќе достигнале 64 отсто од вкупниот капацитет од 6,1 милијарди кубни метри. Целните нивоа од 90 проценти до крајот на годината се на дофат, наведуваат новинските агенции.

The post Се планира ограничување на греењето и ладењето во зградите: ЕУ забрзано прави план за можен прекин на испораките на руски гас appeared first on Република.

]]>
Грција во моментов не стравува од опасност за снабдувањето со природен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-vo-momentov-ne-stravuva-od-opasnost-za-snabduvanjeto-so-priroden-gas/ Mon, 11 Jul 2022 16:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=527110

Портпаролот на грчката влада, Јанис Иконому, на редовен брифинг со новинарите, порачла дека во моментов, во земјата нема непосредна опасност во снабдувањето со природен гас.

Иконому додаде дека со разработка на сите сценарија кои повремено ги спроведуваат надлежните органи, постои оптимизам дека Грција нема да се соочи со опасности во однос на снабдување со природен гас.

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека Владата има национален план и конкретни мерки во случај целосно да се прекине протокот на природен гас од Русија.

Скрекас објасни дека за замена на природниот гас што околу 40-50 отсто доаѓа од Русија, постои можност за пренесување на течен природен гас (ЛНГ) во терминалот на островот Ревитуса за рекордно време истовремено со два брода, но и дека дополнителен течен природен гас би можел да дојде преку гасоводот ТАП, но во спротивна насока од Италија кон Грција.

The post Грција во моментов не стравува од опасност за снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на грчката влада, Јанис Иконому, на редовен брифинг со новинарите, порачла дека во моментов, во земјата нема непосредна опасност во снабдувањето со природен гас. Иконому додаде дека со разработка на сите сценарија кои повремено ги спроведуваат надлежните органи, постои оптимизам дека Грција нема да се соочи со опасности во однос на снабдување со природен гас. Министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека Владата има национален план и конкретни мерки во случај целосно да се прекине протокот на природен гас од Русија. Скрекас објасни дека за замена на природниот гас што околу 40-50 отсто доаѓа од Русија, постои можност за пренесување на течен природен гас (ЛНГ) во терминалот на островот Ревитуса за рекордно време истовремено со два брода, но и дека дополнителен течен природен гас би можел да дојде преку гасоводот ТАП, но во спротивна насока од Италија кон Грција.

The post Грција во моментов не стравува од опасност за снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>
Последни проценки велат дека Грција „седи“ на 600 милијарди кубни метри природен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/posledni-procenki-velat-deka-grcija-sedi-na-600-milijardi-kubni-metri-priroden-gas/ Tue, 19 Apr 2022 06:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=490313

Грција би можела да има повеќе од 600 милијарди кубни метри резерви на природен гас, соопшти високиот извршен директор на грчката комисија за јаглеводороди, Аристофан Стефатос.

Додека Грција го забрзува истражувањето на гасот за да ја намали зависноста од руската енергија, Стефатос за „Ројтерс“ вели дека „во однос на количината, моментално се проценува дека 85 отсто од вкупните резерви за тестирање се всушност природен гас“.

Прелиминарните проценки на целите сугерираат повеќе од 600 милијарди кубни метри - вели Стефатос.

The post Последни проценки велат дека Грција „седи“ на 600 милијарди кубни метри природен гас appeared first on Република.

]]>

Грција би можела да има повеќе од 600 милијарди кубни метри резерви на природен гас, соопшти високиот извршен директор на грчката комисија за јаглеводороди, Аристофан Стефатос. Додека Грција го забрзува истражувањето на гасот за да ја намали зависноста од руската енергија, Стефатос за „Ројтерс“ вели дека „во однос на количината, моментално се проценува дека 85 отсто од вкупните резерви за тестирање се всушност природен гас“.
Прелиминарните проценки на целите сугерираат повеќе од 600 милијарди кубни метри - вели Стефатос.

The post Последни проценки велат дека Грција „седи“ на 600 милијарди кубни метри природен гас appeared first on Република.

]]>
Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-gi-intenzivira-istrazuvanjata-za-priroden-gas-na-shest-lokacii/ Tue, 12 Apr 2022 12:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=487397

Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород, јави дописничката на МИА од Атина.

Истражувањата ќе се спроведат во шест делови на Грција, од кои пет се во море, а еден дел е на копно, а Мицотакис истакна дека постојат знаци што влеваат умерен оптимизам, но резултатите од истражувањата, следната година ќе покажат дали постојат резерви.

Мораме како земја со сигурност да знаеме дали има резерви на гас кои се економски исплатливи. Ова сигурно ќе го знаеме на крајот на 2023 година и потоа ќе донесеме одлуки за тоа што ќе правиме понатаму - рече Мицотакис.

Истакна дека „секоја криза претставува и можност“, објаснувајќи дека во пракса, постепеното ослободување од зависноста од рускиот природен гас значи и зголемување на снабдувањето од алтернативни извори преку LNG и други гасоводи, но и зголемување на капацитетите за складирање на течниот природен гас.

Не постои сомнеж дека Грција има важна улога да одигра во новата енергетска мапа што се создава. Ние сме регионална земја – центар за транспорт и складирање на природен гас до Балканот, до остатокот од Европа, преку гасоводот ΤΑΡ, преку гасоводот IGB кој наскоро ќе биде завршен и ќе ја снабдува Бугарија со гас, преку нови можни интерконекции со земјите од Блискиот Исток - порача Мицотакис.

Истражувањата за природен гас во Грција ќе се водат на шест локации: на копно во областа Епир, две се во Јонското море, две западно и јужно од Крит и една во морскиот дел во близина на Пелопонез.

The post Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации appeared first on Република.

]]>

Денеска најавуваме забрзување на истражувањата за природен гас, за кој знаеме дека нашата земја можно е, нагласувам, не сме сигурни, но можно е да го има во значителни количини врз основа на прелиминарните студии, како на копно, така и во море, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот во грчката Компанија за управување со јаглеводород, јави дописничката на МИА од Атина. Истражувањата ќе се спроведат во шест делови на Грција, од кои пет се во море, а еден дел е на копно, а Мицотакис истакна дека постојат знаци што влеваат умерен оптимизам, но резултатите од истражувањата, следната година ќе покажат дали постојат резерви.
Мораме како земја со сигурност да знаеме дали има резерви на гас кои се економски исплатливи. Ова сигурно ќе го знаеме на крајот на 2023 година и потоа ќе донесеме одлуки за тоа што ќе правиме понатаму - рече Мицотакис.
Истакна дека „секоја криза претставува и можност“, објаснувајќи дека во пракса, постепеното ослободување од зависноста од рускиот природен гас значи и зголемување на снабдувањето од алтернативни извори преку LNG и други гасоводи, но и зголемување на капацитетите за складирање на течниот природен гас.
Не постои сомнеж дека Грција има важна улога да одигра во новата енергетска мапа што се создава. Ние сме регионална земја – центар за транспорт и складирање на природен гас до Балканот, до остатокот од Европа, преку гасоводот ΤΑΡ, преку гасоводот IGB кој наскоро ќе биде завршен и ќе ја снабдува Бугарија со гас, преку нови можни интерконекции со земјите од Блискиот Исток - порача Мицотакис.
Истражувањата за природен гас во Грција ќе се водат на шест локации: на копно во областа Епир, две се во Јонското море, две западно и јужно од Крит и една во морскиот дел во близина на Пелопонез.

The post Грција ги интензивира истражувањата за природен гас на шест локации appeared first on Република.

]]>
„Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blumberg-rusija-kje-zaraboti-golemi-pari-so-prodazba-na-nafta-i-gas-i-pokraj-sankciite/ Wed, 06 Apr 2022 08:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=483898

Руските енергетски приходи нагло ќе пораснат оваа година доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од земјата погодена од западните санкции, пишува „Блумберг“.

Се проценува дека Русија во 2022 година ќе извезе енергија во износ од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата.

Со сегашните санкции, се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи - се наведува во извештајот на економисти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ), што го цитира го цитира „Блумберг“.

Сепак, аналитичарите на ИФФ посочуваат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе доведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20% и може да ја чини Русија големо намалување на приходите од извоз на енергенси, во зависност од промени на цените.

Наводно, земјата е на пат и до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари.

Русија е најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, го забранија увозот на руска енергија како дел од санкциите поради конфликтот во Украина. Сепак, ЕУ одби да го стори тоа, додека САД и Велика Британија продолжуваат да купуваат руска нафта и гас.

Глобалните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 30 отсто досега оваа година, а цените надминаа 100 долари за барел поради загриженоста дека ќе има недостиг на испораки од Русија во време на висока глобална побарувачка. Цените на бензинот исто така достигнаа повеќегодишни максимални вредности.

Во март, рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија ќе прифаќа плаќања за извоз на енергија само во рубли од земји кои Кремљ ги смета за „непријателски“ поради нивната политика на санкции, што предизвика бес на Западот, каде што се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да се откаже од својата воена операција во Украина.

The post „Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите appeared first on Република.

]]>

Руските енергетски приходи нагло ќе пораснат оваа година доколку трговските партнери продолжат да купуваат нафта и гас од земјата погодена од западните санкции, пишува „Блумберг“. Се проценува дека Русија во 2022 година ќе извезе енергија во износ од 321 милијарда долари, што е зголемување за повеќе од една третина во однос на минатата година, се вели во анализата.
Со сегашните санкции, се чини дека значителниот прилив на цврсти валути во Русија ќе продолжи - се наведува во извештајот на економисти од Институтот за меѓународни финансии (ИФФ), што го цитира го цитира „Блумберг“.
Сепак, аналитичарите на ИФФ посочуваат дека потенцијалното енергетско ембарго од страна на ЕУ, Велика Британија и САД ќе доведе до неизбежен пад на производството за повеќе од 20% и може да ја чини Русија големо намалување на приходите од извоз на енергенси, во зависност од промени на цените. Наводно, земјата е на пат и до рекорден суфицит на тековната сметка, кој според експертите може да достигне и до 240 милијарди долари. Русија е најголемиот светски извозник на природен гас и трет по големина извозник на нафта. Некои земји, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, го забранија увозот на руска енергија како дел од санкциите поради конфликтот во Украина. Сепак, ЕУ одби да го стори тоа, додека САД и Велика Британија продолжуваат да купуваат руска нафта и гас. Глобалните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 30 отсто досега оваа година, а цените надминаа 100 долари за барел поради загриженоста дека ќе има недостиг на испораки од Русија во време на висока глобална побарувачка. Цените на бензинот исто така достигнаа повеќегодишни максимални вредности. Во март, рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија ќе прифаќа плаќања за извоз на енергија само во рубли од земји кои Кремљ ги смета за „непријателски“ поради нивната политика на санкции, што предизвика бес на Западот, каде што се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да се откаже од својата воена операција во Украина.

The post „Блумберг“: Русија ќе заработи големи пари со продажба на нафта и гас и покрај санкциите appeared first on Република.

]]>
Европа во опасност во следните два месеца да остане без гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropa-vo-opasnost-vo-slednite-dva-meseca-da-ostane-bez-gas/ Wed, 05 Jan 2022 08:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=440742

Европа ризикува во следните два месеца да остане без гас поради студеното време и малите резерви од синото гориво, пишува Блумберг.

Авторите на написот забележуваат дека предусловите за кризата со горивото се преминот кон обновливите извори на енергија и намалувањето на локалното производство на природен гас. Како резултат на тоа, производството на електрична енергија во европските земји минатата година падна поради нестабилната енергија на ветерот и сончевата енергија.

Ни претстојат два од најстудените месеци во зимата и затоа постојат стравувања дека Европа може да остане без гас - се наведува во написот.

Од своја страна, Масимо Ди Одоардо, потпретседател на консултантската фирма „Вуд Мекензи“, го посочи, според него, единствениот излез од ситуацијата.

Не е сосема јасно како може да се надополнат резервите на гас без дополнителни испораки од Русија преку „Северен тек 2“ или преку сегашните рути“ - истакна Ди Одардо.

Цената на гасот во Европа од изминатата пролет нагло порасна, при што просечната цена на TTF се движеше меѓу 250 и 300 долари за илјада кубни метри. Во последните денови од летото, цената за договорот за ден надмина 600 долари, а на почетокот на октомври на повеќе од илјада долари. Веќе во декември цитатите се удвоија. Вака постојано високите цени не се забележани во историјата на гасните центри од 1996 година.

Експертите растот на цените го припишуваат на неколку фактори: ниските нивоа на вработеност во подземните капацитети за складирање гас во Европа, ограничувањата во снабдувањето од страна на главните добавувачи и големата побарувачка за течен природен гас (LNG) во Азија.

The post Европа во опасност во следните два месеца да остане без гас appeared first on Република.

]]>

Европа ризикува во следните два месеца да остане без гас поради студеното време и малите резерви од синото гориво, пишува Блумберг. Авторите на написот забележуваат дека предусловите за кризата со горивото се преминот кон обновливите извори на енергија и намалувањето на локалното производство на природен гас. Како резултат на тоа, производството на електрична енергија во европските земји минатата година падна поради нестабилната енергија на ветерот и сончевата енергија.
Ни претстојат два од најстудените месеци во зимата и затоа постојат стравувања дека Европа може да остане без гас - се наведува во написот.
Од своја страна, Масимо Ди Одоардо, потпретседател на консултантската фирма „Вуд Мекензи“, го посочи, според него, единствениот излез од ситуацијата.
Не е сосема јасно како може да се надополнат резервите на гас без дополнителни испораки од Русија преку „Северен тек 2“ или преку сегашните рути“ - истакна Ди Одардо.
Цената на гасот во Европа од изминатата пролет нагло порасна, при што просечната цена на TTF се движеше меѓу 250 и 300 долари за илјада кубни метри. Во последните денови од летото, цената за договорот за ден надмина 600 долари, а на почетокот на октомври на повеќе од илјада долари. Веќе во декември цитатите се удвоија. Вака постојано високите цени не се забележани во историјата на гасните центри од 1996 година. Експертите растот на цените го припишуваат на неколку фактори: ниските нивоа на вработеност во подземните капацитети за складирање гас во Европа, ограничувањата во снабдувањето од страна на главните добавувачи и големата побарувачка за течен природен гас (LNG) во Азија.

The post Европа во опасност во следните два месеца да остане без гас appeared first on Република.

]]>
Протести во Казахстан поради зголемување на цената на природниот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-kazahstan-poradi-zgolemuvanje-na-cenata-na-prirodniot-gas/ Tue, 04 Jan 2022 07:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=440256

Поради зголемувањето на цената на природниот гас во повеќе градови во Казахстан беа организирани протести.

Цената на природниот гас е зголемена за 50 проценти поради што граѓаните излегоа на улица во Жанаозен и во најголемиот казахстански град Алмата.

Протести имаше и во главниот град на Казахстан, Нур Султан, каде имаше судири помеѓу демонстрантите, при што се приведени повеќе лица.

The post Протести во Казахстан поради зголемување на цената на природниот гас appeared first on Република.

]]>

Поради зголемувањето на цената на природниот гас во повеќе градови во Казахстан беа организирани протести. Цената на природниот гас е зголемена за 50 проценти поради што граѓаните излегоа на улица во Жанаозен и во најголемиот казахстански град Алмата. Протести имаше и во главниот град на Казахстан, Нур Султан, каде имаше судири помеѓу демонстрантите, при што се приведени повеќе лица.

The post Протести во Казахстан поради зголемување на цената на природниот гас appeared first on Република.

]]>