прирачници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prirachnici/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 10:22:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прирачници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prirachnici/ 32 32 Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-novata-uchebna-godina-ke-ima-novi-protokoli-prirachnitsi-i-merki-za-bezbednost-vo-uchilishtata-najavi-ministerot-za-obrazovanie-jeton-shakiri/ Mon, 08 May 2023 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=638288

Од септември, кога почнува новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки коии се однесуваат на безбедноста во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој присустуваше на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа, изјави министерот за образование и наука.

Шаќири кажа дека Министертвото за образование и наука (МОН) ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.

Денеска ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири.

Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР.  Ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација.

Шаќири вели дека сите институции треба да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.

Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.

 

 

The post Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири appeared first on Република.

]]>

Од септември, кога почнува новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки коии се однесуваат на безбедноста во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој присустуваше на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа, изјави министерот за образование и наука.
Шаќири кажа дека Министертвото за образование и наука (МОН) ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.
Денеска ќе продолжиме со состаноци со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири.
Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР.  Ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација. Шаќири вели дека сите институции треба да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.
Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.
   

The post Од новата учебна година ќе има нови протоколи, прирачници и мерки за безбедност во училиштата, најави министерот за образование Јетон Шаќири appeared first on Република.

]]>
Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/novo-spisanie-i-prirachnici-za-preduchilishna-vozrast-vo-izdanie-na-ars-lamina/ Thu, 01 Sep 2022 08:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=546329

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст. Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите изданија се со одобрение за употреба од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).

Новото литературно и едукативно списание „Ѕвезди“ е вистинско освежување во понудата на списанија за предучилишна возраст. Предвидено е да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Наменето е за деца од четири до шест години. Содржините концепциски се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој.

Списанието „Ѕвезди“ е извор на знаења за децата, но и корисно дополнително средство за воспитувачите при реализирање на програмата за ран детски развој во воспитните групи. На децата им се овозможува интеракција низ цртање, доцртување, боење, поврзување, раскажување и логичко подредување на даденото дејство. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на македонскиот јазик како препознавање на буквите и поимите, совладувањето и користењето на лесни математички операции, како и пристапот во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината.

Составен дел од списанието „Ѕвезди“ е и подлистокот „Ѕвездички“, преку кој децата имаат можност низ игра да се стекнат со нови знаења и вештини, да бојат, да пополнуваат, да дополнуваат и да изработуваат. Во секој број вметнат е и дополнителен додаток за креативни изработки, со кој преку боење, сечење и лепење кај децата се развиваат моторичките вештини. „Ѕвезди“ има и свој додаток и на интернет – специјално конципирана интернет-страница Zvezdi.mk, каде што ќе се објавуваат материјали за аудио и визуелно дополнување на содржините од списанието.

Новите прирачници: Математика – прирачник за предучилишна возраст (4-5 години), Математика – прирачник за предучилишна возраст (5-6 години) и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години) се со содржини подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата.

Со помош на овие прирачници децата ќе се оспособат за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите; да ги препознаваат цифрите од 1 до 5 и од 5 до 10, исто така и да бројат до 10 и да поврзуваат количество со број. Ќе научат за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род; за одредување и препознавање на временските релации; за воочување, препознавање и именување круг, квадрат, триаголник, топка и коцка; за процена на количество и должина и проверка со мерење и со броење. Содржините ќе им помогнат да ги развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите; преку систем од графички вежби постепено да изведуваат координирани движења и да ракуваат со приборот за пишување; да почнат активности како чкртање, цртање и боење, кои понатаму се развиваат во вештини за пишување.

При изборот на задачите и вежбите и другите содржини секогаш се зема предвид возраста на децата и нивните психофизички способности. Преку активностите се поттикнува формирање особини на личноста кај детето: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност, како и задоволство од успешно решена задача.

Прирачниците по математика ги рецензираше стручен тим во состав: д-р Слаѓана Јакимовиќ (професор по математика на Педагошки факултет, УКИМ), д-р Методи Главче (професор по методика на математика, Педагошки факултет, УКИМ), д-р Кирил Барбареев (професор на Факултетот за образовни науки, УГД, Штип), Иванка Петров (воспитувачка во ЈДГ „Весели цветови“, Скопје). Барбареев и Петров се јавуваат како рецензенти и на Прирачникот по графомоторика.

Содржините на списанието и на прирачниците ги подготви високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од воспитно-образовниот процес.

Списанието „Ѕвезди“ и прирачниците се модерно дизајнирани и веќе на прв поглед се издвојуваат од постојните прирачници на пазарот и истовремено одговара на потребите на денешните деца. Во нивното ликовно-графичко обликување се следат најновите концепти при обликување на изданијата за деца, следејќи го принципот на испраќање воспитно-образовна порака преку илустрациите што се создаваат и се одбираат соодветно за возраста на децата.

Во овие изданија се користени внимателно избрани фонтови што се приспособени за фазата на описменување на децата, вклучително и децата со дислексија. Кирилскиот фонт DyslexicFZF е специјално развиен од Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

The post Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст. Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите изданија се со одобрение за употреба од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Новото литературно и едукативно списание „Ѕвезди“ е вистинско освежување во понудата на списанија за предучилишна возраст. Предвидено е да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Наменето е за деца од четири до шест години. Содржините концепциски се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој. Списанието „Ѕвезди“ е извор на знаења за децата, но и корисно дополнително средство за воспитувачите при реализирање на програмата за ран детски развој во воспитните групи. На децата им се овозможува интеракција низ цртање, доцртување, боење, поврзување, раскажување и логичко подредување на даденото дејство. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на македонскиот јазик како препознавање на буквите и поимите, совладувањето и користењето на лесни математички операции, како и пристапот во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината. Составен дел од списанието „Ѕвезди“ е и подлистокот „Ѕвездички“, преку кој децата имаат можност низ игра да се стекнат со нови знаења и вештини, да бојат, да пополнуваат, да дополнуваат и да изработуваат. Во секој број вметнат е и дополнителен додаток за креативни изработки, со кој преку боење, сечење и лепење кај децата се развиваат моторичките вештини. „Ѕвезди“ има и свој додаток и на интернет – специјално конципирана интернет-страница Zvezdi.mk, каде што ќе се објавуваат материјали за аудио и визуелно дополнување на содржините од списанието. Новите прирачници: Математика – прирачник за предучилишна возраст (4-5 години), Математика – прирачник за предучилишна возраст (5-6 години) и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години) се со содржини подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата. Со помош на овие прирачници децата ќе се оспособат за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите; да ги препознаваат цифрите од 1 до 5 и од 5 до 10, исто така и да бројат до 10 и да поврзуваат количество со број. Ќе научат за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род; за одредување и препознавање на временските релации; за воочување, препознавање и именување круг, квадрат, триаголник, топка и коцка; за процена на количество и должина и проверка со мерење и со броење. Содржините ќе им помогнат да ги развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите; преку систем од графички вежби постепено да изведуваат координирани движења и да ракуваат со приборот за пишување; да почнат активности како чкртање, цртање и боење, кои понатаму се развиваат во вештини за пишување. При изборот на задачите и вежбите и другите содржини секогаш се зема предвид возраста на децата и нивните психофизички способности. Преку активностите се поттикнува формирање особини на личноста кај детето: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност, како и задоволство од успешно решена задача. Прирачниците по математика ги рецензираше стручен тим во состав: д-р Слаѓана Јакимовиќ (професор по математика на Педагошки факултет, УКИМ), д-р Методи Главче (професор по методика на математика, Педагошки факултет, УКИМ), д-р Кирил Барбареев (професор на Факултетот за образовни науки, УГД, Штип), Иванка Петров (воспитувачка во ЈДГ „Весели цветови“, Скопје). Барбареев и Петров се јавуваат како рецензенти и на Прирачникот по графомоторика. Содржините на списанието и на прирачниците ги подготви високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од воспитно-образовниот процес. Списанието „Ѕвезди“ и прирачниците се модерно дизајнирани и веќе на прв поглед се издвојуваат од постојните прирачници на пазарот и истовремено одговара на потребите на денешните деца. Во нивното ликовно-графичко обликување се следат најновите концепти при обликување на изданијата за деца, следејќи го принципот на испраќање воспитно-образовна порака преку илустрациите што се создаваат и се одбираат соодветно за возраста на децата. Во овие изданија се користени внимателно избрани фонтови што се приспособени за фазата на описменување на децата, вклучително и децата со дислексија. Кирилскиот фонт DyslexicFZF е специјално развиен од Филозофскиот факултет при УКИМ и Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

The post Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“ appeared first on Република.

]]>