принудно слета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prinudno-sleta/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 15:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png принудно слета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prinudno-sleta/ 32 32 Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/helikopterot-so-koj-patuvashe-pretsedateot-na-iran-prinudno-sleta/ Sun, 19 May 2024 15:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=779874

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „трвдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи.

- Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации, посочи Вахиди.

Претходно претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот.

- Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид, додаде Махмуди.

Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот. Додека иранската новинска агенција Фарс ги повика Иранците да се молат за Раиси.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

The post Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди изјави дека еден од хеликоптерите од конвојот со кој патуваше претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, „трвдо слета“, а кон местото на инцидентот испратени се спасувачки екипи. - Хеликоптерот принудно слета поради лошите временски услови. Ќе биде потребно време за спасувачките тимови да стигнат до местото на несреќата. Контактиравме со придружниците на претседателот, но комуникацијата е отежната и немаме точни информации, посочи Вахиди. Претходно претставник на Иранската Црвена полумесечина, Бабак Махмуди изјави дека се испратени дронови кои ќе помогнат во лоцирање на хеликоптерот. - Дронови на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило. Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид, додаде Махмуди. Во меѓувреме, Иранската државна телевизија почна да емитува молитва за претседателот. Додека иранската новинска агенција Фарс ги повика Иранците да се молат за Раиси. Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

The post Хеликоптерот со кој патуваше претседатеот на Иран принудно слета appeared first on Република.

]]>