Принцезата Кејт Мидлтон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/printsezata-kejt-midlton/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 19:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Принцезата Кејт Мидлтон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/printsezata-kejt-midlton/ 32 32 Како принцезата Кејт „сечела, лепела, монтирала“ фотографија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/printsezata-kejt-sechela-lepela-montirala-fotografija/ Tue, 12 Mar 2024 06:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=753792

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска се извини за збунетоста што ја предизвикала со промената на фотографијата на која таа позира со децата, објавена од Кенсингтонската палата претходниот ден, а која ја емитуваа новинските агенции, а потоа ја повлекоа поради забележаните „манипулации“ на фотографијата.

Во објава на социјалните мрежи, Кејт напиша дека „како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување“.

 

– Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтажата. Сакав да се извинам за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имале среќен Ден на мајката – изјави Кејт Мидлтон.

 

Кенсингтонската палата се соочува со низа критики, но и огромен притисок да ја открие вистината зад повлекувањето на Кејт Мидлтон, откако беше објавена фотографија на Денот на мајката на која таа позира со нејзините три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Голем дел од јавноста тврди дека новата фотографија на Кејт Мидлтон со децата е монтирана или дека е дело на вештачката интелигенција поради бројните грешки во неа.

Внимателните набљудувачи забележале голем број нелогичности на фотографијата, пред сè, Кејт не го носи својот венчален прстен кој никогаш не го симнува, едната рака ѝ е целосно матнакосата изгледа „заматено“, а патентот на нејзиното палто е погрешно поставен. Исто така, кога фотографијата ќе се зумира, јасно се гледа дека недостасува дел од ракавот на џемперот на принцезата Шарлот, а корисниците на социјалните мрежи тврдат дека постои проблем и со аголот во кој стои здолништето, како и со петицата на десната чизма. Тука не е крајот на грешките, набљудувачите истакнуваат дека еден од прстите на принцот Луис изгледа пократок од другите и дека тој ги вкрстува прстите во чудна поза, а сомнителни се и неговите панталони.

The post Како принцезата Кејт „сечела, лепела, монтирала“ фотографија? appeared first on Република.

]]>

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон денеска се извини за збунетоста што ја предизвикала со промената на фотографијата на која таа позира со децата, објавена од Кенсингтонската палата претходниот ден, а која ја емитуваа новинските агенции, а потоа ја повлекоа поради забележаните „манипулации“ на фотографијата. Во објава на социјалните мрежи, Кејт напиша дека „како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување“.   – Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтажата. Сакав да се извинам за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имале среќен Ден на мајката – изјави Кејт Мидлтон.   Кенсингтонската палата се соочува со низа критики, но и огромен притисок да ја открие вистината зад повлекувањето на Кејт Мидлтон, откако беше објавена фотографија на Денот на мајката на која таа позира со нејзините три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Голем дел од јавноста тврди дека новата фотографија на Кејт Мидлтон со децата е монтирана или дека е дело на вештачката интелигенција поради бројните грешки во неа. Внимателните набљудувачи забележале голем број нелогичности на фотографијата, пред сè, Кејт не го носи својот венчален прстен кој никогаш не го симнува, едната рака ѝ е целосно матнакосата изгледа „заматено“, а патентот на нејзиното палто е погрешно поставен. Исто така, кога фотографијата ќе се зумира, јасно се гледа дека недостасува дел од ракавот на џемперот на принцезата Шарлот, а корисниците на социјалните мрежи тврдат дека постои проблем и со аголот во кој стои здолништето, како и со петицата на десната чизма. Тука не е крајот на грешките, набљудувачите истакнуваат дека еден од прстите на принцот Луис изгледа пократок од другите и дека тој ги вкрстува прстите во чудна поза, а сомнителни се и неговите панталони.

The post Како принцезата Кејт „сечела, лепела, монтирала“ фотографија? appeared first on Република.

]]>
Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsezata-kejt-se-izvini-za-objavenata-fotografija-so-detsata-za-denot-na-majkata/ Mon, 11 Mar 2024 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=753663

Откако неколку меѓународни новинарски агенции ја повлекоа фотографијата на принцезата Кејт од Велс и нејзините деца поради загриженост дека таа е монтирана, на оваа тема се огласила и таа извинувајќи се, како што вели, за забуната што ја предизвикала.

Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.

Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката, напиша таа на Икс.

Фотографијата беше објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.

Ова беше прва официјално објавена слика на принцезата откако таа во јануари годинава беше подложена на операција на абдоменот. Изминатите неколку недели во јавноста, особено во Англија, имаше и интензивни шпекулации поврзани со нејзиното здравје.

Неколку новински агенции ја повлекле претходно објавената фотографија со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“.

Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата.

Оттаму велат дека забележале неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот.

 

The post Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката appeared first on Република.

]]>

Откако неколку меѓународни новинарски агенции ја повлекоа фотографијата на принцезата Кејт од Велс и нејзините деца поради загриженост дека таа е монтирана, на оваа тема се огласила и таа извинувајќи се, како што вели, за забуната што ја предизвикала. Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.
Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката, напиша таа на Икс.
Фотографијата беше објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна. Ова беше прва официјално објавена слика на принцезата откако таа во јануари годинава беше подложена на операција на абдоменот. Изминатите неколку недели во јавноста, особено во Англија, имаше и интензивни шпекулации поврзани со нејзиното здравје. Неколку новински агенции ја повлекле претходно објавената фотографија со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“. Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата. Оттаму велат дека забележале неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот.  

The post Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката appeared first on Република.

]]>