принцот Хари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princot-hari/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 17:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png принцот Хари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princot-hari/ 32 32 Кралското семејство му го честиташе роденденот на принцот Хари за прв пат по 3 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kralskoto-semejstvo-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-printsot-hari-za-prv-pat-po-3-godini/ Sun, 15 Sep 2024 18:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=816592

Кралското семејство му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, за прв пат од 2021 година.Британското кралско семејство денеска му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, првпат од 2021 година.

Роденденската честитка беше испратена од официјалниот профил на Бакингемската палата на социјалните мрежи, иако не беше потпишана од кралот Чарлс.

Истата порака беше објавена неколку часа подоцна на официјалната страница на принцот Вилијам и принцезата Кејт, пренесува BFM, шпекулирајќи дека тоа би можело да биде навестување за „затоплување“ на односите меѓу принцот Хари и кралското семејство.

Во последните три години нема роденденски желби за принцот Хари на ниту една страница на членови на кралското семејство, забележува француската телевизија.

Принцот Хари го слави својот 40-ти роденден со децата и сопругата Меган во Калифорнија, далеку од Велика Британија и кралското семејство.

Во 2020 година, Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија.

Извор: Пулс 24

The post Кралското семејство му го честиташе роденденот на принцот Хари за прв пат по 3 години appeared first on Република.

]]>

Кралското семејство му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, за прв пат од 2021 година.Британското кралско семејство денеска му го честиташе 40-тиот роденден на принцот Хари, првпат од 2021 година. Роденденската честитка беше испратена од официјалниот профил на Бакингемската палата на социјалните мрежи, иако не беше потпишана од кралот Чарлс. Истата порака беше објавена неколку часа подоцна на официјалната страница на принцот Вилијам и принцезата Кејт, пренесува BFM, шпекулирајќи дека тоа би можело да биде навестување за „затоплување“ на односите меѓу принцот Хари и кралското семејство. Во последните три години нема роденденски желби за принцот Хари на ниту една страница на членови на кралското семејство, забележува француската телевизија. Принцот Хари го слави својот 40-ти роденден со децата и сопругата Меган во Калифорнија, далеку од Велика Британија и кралското семејство. Во 2020 година, Хари и Меган се откажаа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија. Извор: Пулс 24

The post Кралското семејство му го честиташе роденденот на принцот Хари за прв пат по 3 години appeared first on Република.

]]>
И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-printsot-hari-se-spomnuva-vo-tuzhbata-protiv-didi-za-seksualno-zlostavuvane-vojvodata-od-saseks-vo-nov-skandal-od-30-milioni-dolari/ Tue, 26 Mar 2024 17:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=759060

Куќите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами беа претресени од вработени во Одделот за домашна безбедност на САД, откако музичарот се најде во центарот на скандал по пријавата на неговата поранешна девојка за насилство и сексуална злоупотреба.

Пејачката Кеси Вентура, поранешната партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја покрена лавината обвинувања против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува „Дејли мејл“.

По овие тешки обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на куќата во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите.

Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Кеси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговите вили, целиот случај е во рацете на правосудниот систем.

Но, она што го изненади светот, е дека принцот Хари се спомнува во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс.

Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД поради „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува„Дејли мејл“.

Продуцентот „Родни“ Лил Род Џонс поднесе тужба против Диди, тврдејќи дека неговата поврзаност со принцот Хари и другите ѕвезди му дала „легитимитет“ нему и на неговите соработници.

Адвокатите на Лил Род тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално злоставувал мажи и жени поради неговиот „пристап до познати личности како што се познати спортисти, политички личности, уметници, музичари и меѓународни угледни лица, како што е британскиот принц Хари“, стои во судските документи, пишува споменатиот медиум.

Судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво кривично дело сторено од страна на принцот Хари, наведува „Дејли мејл“.

The post И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Куќите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами беа претресени од вработени во Одделот за домашна безбедност на САД, откако музичарот се најде во центарот на скандал по пријавата на неговата поранешна девојка за насилство и сексуална злоупотреба. Пејачката Кеси Вентура, поранешната партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја покрена лавината обвинувања против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува „Дејли мејл“. По овие тешки обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на куќата во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите. Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Кеси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговите вили, целиот случај е во рацете на правосудниот систем. Но, она што го изненади светот, е дека принцот Хари се спомнува во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс. Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД поради „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува„Дејли мејл“. Продуцентот „Родни“ Лил Род Џонс поднесе тужба против Диди, тврдејќи дека неговата поврзаност со принцот Хари и другите ѕвезди му дала „легитимитет“ нему и на неговите соработници. Адвокатите на Лил Род тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално злоставувал мажи и жени поради неговиот „пристап до познати личности како што се познати спортисти, политички личности, уметници, музичари и меѓународни угледни лица, како што е британскиот принц Хари“, стои во судските документи, пишува споменатиот медиум. Судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво кривично дело сторено од страна на принцот Хари, наведува „Дејли мејл“.

The post И принцот Хари се спомнува во тужбата против Диди за сексуално злоставување: Војводата од Сасекс во нов скандал од 30 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари итно пристигна во Лондон https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-itno-pristigna-vo-london/ Tue, 06 Feb 2024 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=741108

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак.

Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.

Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус.

Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.

 

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак. Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот. Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста. Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон. Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус. Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.  

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ја повлече тужбата за клевета против британски таблоид https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-ja-povleche-tuzhbata-za-kleveta-protiv-britanski-tabloid/ Sat, 20 Jan 2024 17:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=734976

Британскиот принц Хари вчера ја повлече тужбата за клевета против весникот „Мејл он Сандеј“ поради напис за неговото лично осигурување, објави „Дејли мејл“.

Минатата година, помладиот син на кралот Чарлс го тужеше издавачот Associated Newspapers поради напис од 2022 година, во кој се тврди дека се обидел да го задржи во тајност правниот спор со британската влада за полициската заштита што завршил откако тој се повлекол од кралските должности во 2020 година. Написот објаснува дека Хари го обвинува обидот да ја заведе јавноста велејќи дека е подготвен сам да плати за заштита.

Во декември тој побарал од судот да не ја разгледува одбраната на весникот, но судијата заклучил дека има шанси да успее. Во резимето на одлуката на судот, тогаш пишувало дека „тужбата на војводата од Сасекс ќе помине низ други фази на предистражната постапка, како и судење во 2024 година“. Ова значи дека тој веројатно ќе мора да сведочи пред Високиот суд во Лондон подоцна во 2024 година.

Високиот суд во Лондон пресудил дека извештајот на Мејл е клеветнички, што му го отворило патот на Хари да покрене случај против еден од најголемите британски издавачи на медиуми, но обидот да се реши случајот во негова корист без судење пропадна.

Дејли Мејл објави дека војводата од Сасекс ја повлекол тужбата неколку часа пред неговите адвокати да ги предадат соодветните документи. Весникот, исто така, објави дека Хари сега ќе мора да ги плати сите трошоци за весникот, кои изнесуваат околу 250.000 фунти, како и сите други трошоци, кои се проценува дека се вкупно 500.000 фунти.

Адвокатот на Хари и портпаролот на Асошиејтед одбиле да го коментираат случајот. Ова е еден од низата судски случаи што ги покрена кралското семејство против британските таблоиди. Тој и уште шест лица, меѓу кои и пејачот Елтон Џон, го тужат Асошиетед прес.

The post Принцот Хари ја повлече тужбата за клевета против британски таблоид appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари вчера ја повлече тужбата за клевета против весникот „Мејл он Сандеј“ поради напис за неговото лично осигурување, објави „Дејли мејл“. Минатата година, помладиот син на кралот Чарлс го тужеше издавачот Associated Newspapers поради напис од 2022 година, во кој се тврди дека се обидел да го задржи во тајност правниот спор со британската влада за полициската заштита што завршил откако тој се повлекол од кралските должности во 2020 година. Написот објаснува дека Хари го обвинува обидот да ја заведе јавноста велејќи дека е подготвен сам да плати за заштита. Во декември тој побарал од судот да не ја разгледува одбраната на весникот, но судијата заклучил дека има шанси да успее. Во резимето на одлуката на судот, тогаш пишувало дека „тужбата на војводата од Сасекс ќе помине низ други фази на предистражната постапка, како и судење во 2024 година“. Ова значи дека тој веројатно ќе мора да сведочи пред Високиот суд во Лондон подоцна во 2024 година. Високиот суд во Лондон пресудил дека извештајот на Мејл е клеветнички, што му го отворило патот на Хари да покрене случај против еден од најголемите британски издавачи на медиуми, но обидот да се реши случајот во негова корист без судење пропадна. Дејли Мејл објави дека војводата од Сасекс ја повлекол тужбата неколку часа пред неговите адвокати да ги предадат соодветните документи. Весникот, исто така, објави дека Хари сега ќе мора да ги плати сите трошоци за весникот, кои изнесуваат околу 250.000 фунти, како и сите други трошоци, кои се проценува дека се вкупно 500.000 фунти. Адвокатот на Хари и портпаролот на Асошиејтед одбиле да го коментираат случајот. Ова е еден од низата судски случаи што ги покрена кралското семејство против британските таблоиди. Тој и уште шест лица, меѓу кои и пејачот Елтон Џон, го тужат Асошиетед прес.

The post Принцот Хари ја повлече тужбата за клевета против британски таблоид appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ги победи британските таблоиди на суд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-gi-pobedi-britanskite-tabloidi-na-sud/ Sat, 11 Nov 2023 10:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=700491

Принцот Хари, пејачот Елтон Џон, актерката Лиз Харли и другите познати Британци во петокот добија правна битка против издавачите на таблоидите Дејли Меил и Мејл Он Сандеј, обвинувајќи ги за незаконско собирање информации.

Publisher Associated Newspapers (ANL) побара случајот да биде отфрлен на сослушувањето во март, тврдејќи дека наводите од октомври 2022 година ја надминале шестгодишната временска рамка за преземање правна постапка. Седумте тужители ја обвинуваат АНЛ за ангажирање во нелегални практики на собирање информации, вклучително и ангажирање приватни детективи, прислушување или лажно претставување за пристап до медицинските досиеја и други практики за кршење на приватноста кои датираат од пред 30 години.

Ново рочиште за 11 дена Најголем дел од незаконските дејствија се однесуваат на периодот од 1993 до 2011 година, а дел се и од 2018 година.

ANL тврдеше дека барањата биле поднесени „премногу доцна“, но судијата Метју Никлин пресуди дека секој од барателите имал можност да докаже дека наводното прекршување не можело да биде откриено пред октомври 2016 година.

Ново рочиште е закажано за 21 ноември и на него ќе биде изречена пресудата.

The post Принцот Хари ги победи британските таблоиди на суд appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари, пејачот Елтон Џон, актерката Лиз Харли и другите познати Британци во петокот добија правна битка против издавачите на таблоидите Дејли Меил и Мејл Он Сандеј, обвинувајќи ги за незаконско собирање информации. Publisher Associated Newspapers (ANL) побара случајот да биде отфрлен на сослушувањето во март, тврдејќи дека наводите од октомври 2022 година ја надминале шестгодишната временска рамка за преземање правна постапка. Седумте тужители ја обвинуваат АНЛ за ангажирање во нелегални практики на собирање информации, вклучително и ангажирање приватни детективи, прислушување или лажно претставување за пристап до медицинските досиеја и други практики за кршење на приватноста кои датираат од пред 30 години. Ново рочиште за 11 дена Најголем дел од незаконските дејствија се однесуваат на периодот од 1993 до 2011 година, а дел се и од 2018 година. ANL тврдеше дека барањата биле поднесени „премногу доцна“, но судијата Метју Никлин пресуди дека секој од барателите имал можност да докаже дека наводното прекршување не можело да биде откриено пред октомври 2016 година. Ново рочиште е закажано за 21 ноември и на него ќе биде изречена пресудата.

The post Принцот Хари ги победи британските таблоиди на суд appeared first on Република.

]]>
На принцот Хари му е одземена титулата Негово кралско височество https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-printsot-hari-mu-e-odzemena-titulata-negovo-kralsko-visochestvo/ Fri, 11 Aug 2023 09:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=671050

На принцот Хари, војводата од Сасекс, му е отстранета титулата Негово Кралско Височество на веб-страницата на британското кралско семејство, три години откако тој прекина да ја врши должноста како член на кралското семејство.

„Royal.uk“ сега ги наведува принцот Хари и Меган како војвода од Сасекс и војвотката од Сасекс на страниците со нивна биографија, додека другите членови на кралското семејство ги имаат титулите Негово или Нејзино кралско височество, објави британски „Times“.

Портпаролот на Бакингемската палата за „Дејли мејл“ изјави дека страницата содржи над 5.000 страници со информации за животот и работата на кралското семејство, дека по смртта на британската кралица Елизабета Втора, содржината била преиспитувана и повремено ажурирана.

 

The post На принцот Хари му е одземена титулата Негово кралско височество appeared first on Република.

]]>

На принцот Хари, војводата од Сасекс, му е отстранета титулата Негово Кралско Височество на веб-страницата на британското кралско семејство, три години откако тој прекина да ја врши должноста како член на кралското семејство. „Royal.uk“ сега ги наведува принцот Хари и Меган како војвода од Сасекс и војвотката од Сасекс на страниците со нивна биографија, додека другите членови на кралското семејство ги имаат титулите Негово или Нејзино кралско височество, објави британски „Times“. Портпаролот на Бакингемската палата за „Дејли мејл“ изјави дека страницата содржи над 5.000 страници со информации за животот и работата на кралското семејство, дека по смртта на британската кралица Елизабета Втора, содржината била преиспитувана и повремено ажурирана.  

The post На принцот Хари му е одземена титулата Негово кралско височество appeared first on Република.

]]>
Хари ќе седи дури десет реда зад неговото семејство за време на крунисувањето на Чарлс https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/hari-ke-sedi-duri-deset-reda-zad-negovoto-semejstvo-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls/ Tue, 02 May 2023 21:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=636206

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое ќе се слави со грандиозна прослава на 6 мај, е еден од овогодинешните најзначајни настани во Велика Британија, кој светските медиуми ќе го следат од секунда во секунда и до најмал детал.

Сепак, се чини дека голем интерес привлекува и доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко доаѓа сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Според досега протеченото во јавноста, може да се заклучи дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора повторно ќе добие „болен шамар“ од семејството, што би можело целосно уништи секаква надеж во помирувањето, пишуваат медиумите.

Имено, иако се работи за крунисување на неговиот татко, тој нема да биде во негова близина. Според британските медиуми, принцот Хари, војводата од Сасекс, на церемонијата ќе седне дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство.

Ова е и, како што велат, главната причина поради која брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето. На некој начин, положбата во која ќе седи ќе му олесни – ќе може да ја напушти церемонијата релативно незабележано и брзо кога ќе посака.

Се предвидува дека во Британија ќе остане само 24 часа, но тоа засега никој не го потврдил. Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема да има ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.

Покрај тоа, со него не доаѓа неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството. Како што изјавила двојката, таа ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата – Лилибет и Арчи.

Инаку, двајцата последен пат заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора. И тогаш оваа брачна двојка беше брутално понижена. Имено, иако целиот свет очекуваше дека смртта на кралицата Елизабета ќе влијае на Хари и Меган да ги закопаат секирите со Бакингемската палата и повторно да станат дел од семејството – тоа не се случи, а овој пар изгледаше поосамено од кога било за време на погребот на кралицата, пишуваат британските медиуми.

The post Хари ќе седи дури десет реда зад неговото семејство за време на крунисувањето на Чарлс appeared first on Република.

]]>

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое ќе се слави со грандиозна прослава на 6 мај, е еден од овогодинешните најзначајни настани во Велика Британија, кој светските медиуми ќе го следат од секунда во секунда и до најмал детал. Сепак, се чини дека голем интерес привлекува и доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко доаѓа сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Според досега протеченото во јавноста, може да се заклучи дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора повторно ќе добие „болен шамар“ од семејството, што би можело целосно уништи секаква надеж во помирувањето, пишуваат медиумите. Имено, иако се работи за крунисување на неговиот татко, тој нема да биде во негова близина. Според британските медиуми, принцот Хари, војводата од Сасекс, на церемонијата ќе седне дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство. Ова е и, како што велат, главната причина поради која брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето. На некој начин, положбата во која ќе седи ќе му олесни – ќе може да ја напушти церемонијата релативно незабележано и брзо кога ќе посака. Се предвидува дека во Британија ќе остане само 24 часа, но тоа засега никој не го потврдил. Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема да има ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон. Покрај тоа, со него не доаѓа неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството. Како што изјавила двојката, таа ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата – Лилибет и Арчи. Инаку, двајцата последен пат заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора. И тогаш оваа брачна двојка беше брутално понижена. Имено, иако целиот свет очекуваше дека смртта на кралицата Елизабета ќе влијае на Хари и Меган да ги закопаат секирите со Бакингемската палата и повторно да станат дел од семејството – тоа не се случи, а овој пар изгледаше поосамено од кога било за време на погребот на кралицата, пишуваат британските медиуми.

The post Хари ќе седи дури десет реда зад неговото семејство за време на крунисувањето на Чарлс appeared first on Република.

]]>
Тој ден ќе слави нешто друго: Еве зошто Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/toj-den-ke-slavi-neshto-drugo-eve-zoshto-megan-nema-da-prisustvuva-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls/ Fri, 14 Apr 2023 13:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=630801

Меган Маркл ќе го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс III за да го прослави 4-тиот роденден на синот Арчи, додека работите остануваат „незгодни“ меѓу нив и кралското семејство, изјавија извори за Page Six.

Војвотката од Сасекс ќе остане дома во Монтесито, Калифорнија, додека принцот Хари ќе лета за Лондон за да присуствува на крунисувањето на неговиот татко на 6-ти мај.

Церемонијата во Вестминстерската опатија се совпаѓа со роденденот на Арчи, а извор изјави за Page Six дека нема шанси Меган да го пропушти роденденот на нејзиниот син.

 

The post Тој ден ќе слави нешто друго: Еве зошто Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>

Меган Маркл ќе го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс III за да го прослави 4-тиот роденден на синот Арчи, додека работите остануваат „незгодни“ меѓу нив и кралското семејство, изјавија извори за Page Six. Војвотката од Сасекс ќе остане дома во Монтесито, Калифорнија, додека принцот Хари ќе лета за Лондон за да присуствува на крунисувањето на неговиот татко на 6-ти мај. Церемонијата во Вестминстерската опатија се совпаѓа со роденденот на Арчи, а извор изјави за Page Six дека нема шанси Меган да го пропушти роденденот на нејзиниот син.  

The post Тој ден ќе слави нешто друго: Еве зошто Меган нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-ke-dojde-na-krunisuvaneto-na-negoviot-tatko-megan-ke-gi-chuva-detsata-vo-sad/ Thu, 13 Apr 2023 12:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=630590

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија.

До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето.

Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.

 

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија. До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето. Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет. Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.  

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>
Отсекогаш се чувствував поразличен: Хари уште еднаш си ја отвори душата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otsekogash-se-chuvstvuvav-porazlichen-hari-ushte-ednash-si-ja-otvori-dushata/ Sun, 05 Mar 2023 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=616006

Британскиот принц Хари вели дека отсекогаш се чувствувал малку поразличен од неговата фамилија и дека неговата мајка се чувствувала исто. Во онлајн разговор за тагата, војводата од Сасекс кажа дека се плашел дека ќе ги изгуби сеќавањата за неговата мајка Дијана кога почнал да оди на терапија.

Тој кажа дека постојано ги опсипува своите деца со љубов и внимание за да не им пренесе дел од неговите „трауми“ и „негативни искуства“ од неговото детство.

Принцот Хари зборуваше за реакциите во јавноста по објавувањето на неговите мемоари и инсистира дека не е жртва, ниту бара сожалување.

„Многу ми олесна“, кажа Хари, опишувајќи ја книгата како „помош“ за другите да почнат да зборуваат за своите проблеми со менталното здравје.

Тој опиша дека растел, чувствувајќи се малку поразлично од остатокот од неговата фамилија и имал чувство дека живее во „меур“, а терапијата му помогнала да излезе од „меурот“.

The post Отсекогаш се чувствував поразличен: Хари уште еднаш си ја отвори душата appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари вели дека отсекогаш се чувствувал малку поразличен од неговата фамилија и дека неговата мајка се чувствувала исто. Во онлајн разговор за тагата, војводата од Сасекс кажа дека се плашел дека ќе ги изгуби сеќавањата за неговата мајка Дијана кога почнал да оди на терапија. Тој кажа дека постојано ги опсипува своите деца со љубов и внимание за да не им пренесе дел од неговите „трауми“ и „негативни искуства“ од неговото детство. Принцот Хари зборуваше за реакциите во јавноста по објавувањето на неговите мемоари и инсистира дека не е жртва, ниту бара сожалување. „Многу ми олесна“, кажа Хари, опишувајќи ја книгата како „помош“ за другите да почнат да зборуваат за своите проблеми со менталното здравје. Тој опиша дека растел, чувствувајќи се малку поразлично од остатокот од неговата фамилија и имал чувство дека живее во „меур“, а терапијата му помогнала да излезе од „меурот“.

The post Отсекогаш се чувствував поразличен: Хари уште еднаш си ја отвори душата appeared first on Република.

]]>
Згрозени од одлуката на кралот: Меган и Хари имаат само рок од две недели да се отселат од одземениот имот во Британија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zgrozeni-od-odlukata-na-kralot-megan-i-hari-imaat-samo-rok-od-dve-nedeli-da-se-otselat-od-odzemeniot-imot-vo-britanija/ Thu, 02 Mar 2023 09:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=614981

Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги исфрлил од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата во која живееја во Обединетото Кралство.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.

Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследила по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Резерва“ во јануари. Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било.

Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот. Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до лето, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.

The post Згрозени од одлуката на кралот: Меган и Хари имаат само рок од две недели да се отселат од одземениот имот во Британија appeared first on Република.

]]>

Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги исфрлил од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата во која живееја во Обединетото Кралство. „Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите. Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследила по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Резерва“ во јануари. Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било. Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот. Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до лето, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.

The post Згрозени од одлуката на кралот: Меган и Хари имаат само рок од две недели да се отселат од одземениот имот во Британија appeared first on Република.

]]>
Јас сум резерва на наследникот, да му донирам бубрег или коскена срцевина ако е потребно https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/jas-sum-rezerva-na-naslednikot-da-mu-doniram-bubreg-ili-koskena-srtsevina-ako-e-potrebno/ Sun, 15 Jan 2023 20:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=597242

Принцот Хари во своите мемоари опиша како етикетите на „наследник“ и „резерва“ имале негативно влијание врз односот со неговиот брат Вилијам.

Хари појаснува дека постојано имал чувство дека „дошол на овој свет за секој случај, ако му се случи нешто на Вилијам“.

Наследник и резерва. Немаше осуда за таа поделба, но немаше ни двосмисленост. Јас бев само сенка, поддршка, план Б. Бев тука за да дадам поддршка, да бидам дистракција, и ако е потребно – да донирам. Бубрег, можеби. Трансфузија на крв. Коскена срцевина. Сѐ тоа ми беше јасно уште од почетокот на животот, пишува принцот.

Тој, во разговор за „Телеграф“, изјави дека е загрижен за децата на принцот Вилијам и принцезата Катерина и за тоа дека динамиката „престолонаследник-резерва“ ќе се рефлектира и врз нивниот однос во иднина.

Принцот Вилијам и принцезата Катерина имаат три деца – деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлота и четиригодишниот Луи.

Иако јас и Вилијам разговаравме за тоа еднаш или двапати, и тој многу јасно ми кажа дека неговите деца не се моја одговорност, сепак чувствувам одговорност, знаејќи дека од тие три деца, барем едно ќе заврши како јас – резерва. И ме боли, ме загрижува, изјави принцот Хари.

The post Јас сум резерва на наследникот, да му донирам бубрег или коскена срцевина ако е потребно appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари во своите мемоари опиша како етикетите на „наследник“ и „резерва“ имале негативно влијание врз односот со неговиот брат Вилијам. Хари појаснува дека постојано имал чувство дека „дошол на овој свет за секој случај, ако му се случи нешто на Вилијам“.
Наследник и резерва. Немаше осуда за таа поделба, но немаше ни двосмисленост. Јас бев само сенка, поддршка, план Б. Бев тука за да дадам поддршка, да бидам дистракција, и ако е потребно – да донирам. Бубрег, можеби. Трансфузија на крв. Коскена срцевина. Сѐ тоа ми беше јасно уште од почетокот на животот, пишува принцот.
Тој, во разговор за „Телеграф“, изјави дека е загрижен за децата на принцот Вилијам и принцезата Катерина и за тоа дека динамиката „престолонаследник-резерва“ ќе се рефлектира и врз нивниот однос во иднина. Принцот Вилијам и принцезата Катерина имаат три деца – деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлота и четиригодишниот Луи.
Иако јас и Вилијам разговаравме за тоа еднаш или двапати, и тој многу јасно ми кажа дека неговите деца не се моја одговорност, сепак чувствувам одговорност, знаејќи дека од тие три деца, барем едно ќе заврши како јас – резерва. И ме боли, ме загрижува, изјави принцот Хари.

The post Јас сум резерва на наследникот, да му донирам бубрег или коскена срцевина ако е потребно appeared first on Република.

]]>
Лаже исто како Меган: Колку може да му се верува на Хари по овие фотографии? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lazhe-isto-kako-megan-kolku-mozhe-da-mu-se-veruva-na-hari-po-ovie-fotografii/ Fri, 13 Jan 2023 13:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=596455

Во јавноста не престанува да се зборува за принцот Хари и неговата автобиографија „Spare“, но читателите наоѓаат многу контрадикторни тврдења во неа. Со последните фотограффи, пак, се доведени во прашање и неговите сеќавања. Според пишувањето на Хари, кога починала неговата прабаба, мајката на кралицата Елизабета, на 30 март 2002 година, тој го добил повикот за нејзината смрт додека бил во интернатот на колеџот Итон.

Бев во Итон кога го добив повикот. Би сакал да се сетам чиј глас беше на другиот крај, верувам дека беше некој од дворецот. Се сеќавам дека беше непосредно пред Велигден, времето беше ведро и топло, светлината паѓаше низ мојот прозорец, исполнета со живи бои, пишува Хари.

Меѓутоа, фотографиите направени во тој период покажуваат дека Хари тој викенд бил на скијање во швајцарското село Клостерс заедно со татко му Чарлс и брат му Вилијам. Тој на фотографиите позира со двајцата, а ова било негово прво појавување во јавноста откако признал дека пушел канабис и малолетен пиел алкохол, како што тогаш извести „BBC“.

Се чини од доказите дека принцот Хари без сомнеж бил во Клостерс кога мајката на кралицата починала. Поради тоа неговиот опис дека бил во Итон е неточен, истакнал кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс за „Daily Mail“.

Тој смета дека тоа е „сериозна грешка“ на принцот Хари, иако некои негови сеќавања би можеле да се измешаат како и кај секој друг човек.

Грешки како овие фрлаат сомнеж на вистинитоста на другите детали. Ако ангажирате писател да пишува за вас и не ги проверувате фактите како што треба, може да се случи ова. Книгата е толку контроверзна што не може да си дозволи вакви грешки. Голем дел од привлечноста на прозата лежи во описните делови. Но, постојат ли други неточности? Грешка како оваа го поставува прашањето, вели Фицвилијамс.

Останува прашањето како ќе реагира издавачката куќа на принцот бидејќи веќе е познато дека биографијата треба да има уште две продолженија, а досега има заработено 20 милиони долари. Наводно за секоја книга ќе добие толкав хонорар, што изнесува вкупно 60 милиони долари.

The post Лаже исто како Меган: Колку може да му се верува на Хари по овие фотографии? appeared first on Република.

]]>

Во јавноста не престанува да се зборува за принцот Хари и неговата автобиографија „Spare“, но читателите наоѓаат многу контрадикторни тврдења во неа. Со последните фотограффи, пак, се доведени во прашање и неговите сеќавања. Според пишувањето на Хари, кога починала неговата прабаба, мајката на кралицата Елизабета, на 30 март 2002 година, тој го добил повикот за нејзината смрт додека бил во интернатот на колеџот Итон.
Бев во Итон кога го добив повикот. Би сакал да се сетам чиј глас беше на другиот крај, верувам дека беше некој од дворецот. Се сеќавам дека беше непосредно пред Велигден, времето беше ведро и топло, светлината паѓаше низ мојот прозорец, исполнета со живи бои, пишува Хари.
Меѓутоа, фотографиите направени во тој период покажуваат дека Хари тој викенд бил на скијање во швајцарското село Клостерс заедно со татко му Чарлс и брат му Вилијам. Тој на фотографиите позира со двајцата, а ова било негово прво појавување во јавноста откако признал дека пушел канабис и малолетен пиел алкохол, како што тогаш извести „BBC“.
Се чини од доказите дека принцот Хари без сомнеж бил во Клостерс кога мајката на кралицата починала. Поради тоа неговиот опис дека бил во Итон е неточен, истакнал кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс за „Daily Mail“.
Тој смета дека тоа е „сериозна грешка“ на принцот Хари, иако некои негови сеќавања би можеле да се измешаат како и кај секој друг човек.
Грешки како овие фрлаат сомнеж на вистинитоста на другите детали. Ако ангажирате писател да пишува за вас и не ги проверувате фактите како што треба, може да се случи ова. Книгата е толку контроверзна што не може да си дозволи вакви грешки. Голем дел од привлечноста на прозата лежи во описните делови. Но, постојат ли други неточности? Грешка како оваа го поставува прашањето, вели Фицвилијамс.
Останува прашањето како ќе реагира издавачката куќа на принцот бидејќи веќе е познато дека биографијата треба да има уште две продолженија, а досега има заработено 20 милиони долари. Наводно за секоја книга ќе добие толкав хонорар, што изнесува вкупно 60 милиони долари.

The post Лаже исто како Меган: Колку може да му се верува на Хари по овие фотографии? appeared first on Република.

]]>
Вистински јатрви: Кејт и Меган партал се направиле заради фустан https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vistinski-jatrvi-kejt-i-megan-partal-se-napravile-zaradi-fustan/ Tue, 10 Jan 2023 16:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=595515

Во книгата „Spare“, која од денес е во продажба, принцот Хари зборува за големата кавга меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл пред неговата венчавка со американската актерка и ги открива деталите од нивната преписка.

Хари вели дека расправијата е предизвикана од фустанот што принцезата Шарлот го носеше на неговата венчавка со Меган во 2018 година во Виндзор, а Дејли Меил пишува дека принцот Вилијам може да биде многу лут што е вмешано малото девојче.

Принцот инсистира дека инцидентот го предизвикала Кејт, која била разочарана од одговорот на Меган на нејзината порака еден ден подоцна.

Кејт ѝ напишала на Меган во порака - четири дена пред свадбата - дека фустанот на Шарлот мора да се смени, а Хари откри дека малата принцеза плачела дома кога го пробала фустанот.

Тој нагласи дека фустаните се дизајнирани од француски дизајнери и дека се рачно шиени, па не е „голем шок“ што не одговараат на сите.

„Мег не ѝ одговори на Кејт веднаш. Да, добиваше бескрајни пораки за венчавката, но главно се справуваше со хаосот околу нејзиниот татко. Така следното утро ѝ испрати порака на Кејт дека нашиот кројач е тука“, рече Хари.

Меган ја известила Кејт дека нивниот кројач Еј Џеј е во палатата, но тоа не било доволно за принцезата од Велс, додаде принцот.

Преписката меѓу Кејт и Меган одела вака:

КЕЈТ: „Фустанот за Шарлот е преголем, предолг, премногу широк. Плачеше кога го проба дома".

МЕГАН: „Ти реков дека кројачот чека од осум часот наутро. Еве. Во палатата. Можеш ли да ја однесеш Шарлот да ѝ го сменат фустанот како другите мајки?

КЕЈТ: „Не, сите фустани треба да се променат“.

МЕГАН: „Не знам што друго да кажам. Ако фустанот не ѝ стои на Шарлот, однесете го кај кројачот. Тој чека цел ден.

КЕЈТ: „Добро“.

За време на преписката, Меган ја прашала Кејт дали е свесна што се случува со нејзиниот татко Томас Марк. Принцезата од Велс изјавила дека е свесна за тоа, но се вратила на темата за фустаните, истакнувајќи дека венчавката е за четири дена.

МЕГАН: „Да, Кејт, знам“.

Војвотката од Сасекс била остра, а Хари напомена дека проблемите настанале и поради плановите за церемонијата за момчињата кои ги придружувале младенците, односно дека на Кејт не ѝ се допаднала идејата на Меган Маркл.

Кога стигнал дома, Хари ја нашол Меган згрчена на подот и плачела. Тој ѝ кажал дека Кејт сигурно не мислела ништо лошо.

За таа кавга се пишуваше со години, Меган беше етикетирана како виновник во британските медиуми, а потоа во 2020 година во емисијата на Опра Винфри изјави дека Кејт го започнала конфликтот.

 

Извор: женаблиц

The post Вистински јатрви: Кејт и Меган партал се направиле заради фустан appeared first on Република.

]]>

Во книгата „Spare“, која од денес е во продажба, принцот Хари зборува за големата кавга меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл пред неговата венчавка со американската актерка и ги открива деталите од нивната преписка. Хари вели дека расправијата е предизвикана од фустанот што принцезата Шарлот го носеше на неговата венчавка со Меган во 2018 година во Виндзор, а Дејли Меил пишува дека принцот Вилијам може да биде многу лут што е вмешано малото девојче. Принцот инсистира дека инцидентот го предизвикала Кејт, која била разочарана од одговорот на Меган на нејзината порака еден ден подоцна. Кејт ѝ напишала на Меган во порака - четири дена пред свадбата - дека фустанот на Шарлот мора да се смени, а Хари откри дека малата принцеза плачела дома кога го пробала фустанот. Тој нагласи дека фустаните се дизајнирани од француски дизајнери и дека се рачно шиени, па не е „голем шок“ што не одговараат на сите.
„Мег не ѝ одговори на Кејт веднаш. Да, добиваше бескрајни пораки за венчавката, но главно се справуваше со хаосот околу нејзиниот татко. Така следното утро ѝ испрати порака на Кејт дека нашиот кројач е тука“, рече Хари.
Меган ја известила Кејт дека нивниот кројач Еј Џеј е во палатата, но тоа не било доволно за принцезата од Велс, додаде принцот. Преписката меѓу Кејт и Меган одела вака: КЕЈТ: „Фустанот за Шарлот е преголем, предолг, премногу широк. Плачеше кога го проба дома". МЕГАН: „Ти реков дека кројачот чека од осум часот наутро. Еве. Во палатата. Можеш ли да ја однесеш Шарлот да ѝ го сменат фустанот како другите мајки? КЕЈТ: „Не, сите фустани треба да се променат“. МЕГАН: „Не знам што друго да кажам. Ако фустанот не ѝ стои на Шарлот, однесете го кај кројачот. Тој чека цел ден. КЕЈТ: „Добро“. За време на преписката, Меган ја прашала Кејт дали е свесна што се случува со нејзиниот татко Томас Марк. Принцезата од Велс изјавила дека е свесна за тоа, но се вратила на темата за фустаните, истакнувајќи дека венчавката е за четири дена. МЕГАН: „Да, Кејт, знам“. Војвотката од Сасекс била остра, а Хари напомена дека проблемите настанале и поради плановите за церемонијата за момчињата кои ги придружувале младенците, односно дека на Кејт не ѝ се допаднала идејата на Меган Маркл. Кога стигнал дома, Хари ја нашол Меган згрчена на подот и плачела. Тој ѝ кажал дека Кејт сигурно не мислела ништо лошо. За таа кавга се пишуваше со години, Меган беше етикетирана како виновник во британските медиуми, а потоа во 2020 година во емисијата на Опра Винфри изјави дека Кејт го започнала конфликтот.   Извор: женаблиц

The post Вистински јатрви: Кејт и Меган партал се направиле заради фустан appeared first on Република.

]]>
По грешка: Мемоарите на принцот Хари се пуштени во продажба во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/po-greshka-memoarite-na-printsot-hari-se-pushteni-vo-prodazhba-vo-shpanija/ Fri, 06 Jan 2023 18:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=594087

Мемоарите на принцот Хари по грешка беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред премиерата.

Пет дена претходно, неколку книжарници во земјава веќе продадоа десетици примероци од долгоочекуваната автобиографија. Беше извлечен од полиците неколку часа подоцна, но некои продавници ги распродадоа сите достапни тома.

Грешката се случи и покрај строгите мерки што требаше да ги следат издавачите. Локалните медиуми во Шпанија објавија дека испораките до книжарниците биле закажани до 24 часа пред официјалната премиера за да се избегне протекување на неовластени копии.

The post По грешка: Мемоарите на принцот Хари се пуштени во продажба во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Мемоарите на принцот Хари по грешка беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред премиерата. Пет дена претходно, неколку книжарници во земјава веќе продадоа десетици примероци од долгоочекуваната автобиографија. Беше извлечен од полиците неколку часа подоцна, но некои продавници ги распродадоа сите достапни тома. Грешката се случи и покрај строгите мерки што требаше да ги следат издавачите. Локалните медиуми во Шпанија објавија дека испораките до книжарниците биле закажани до 24 часа пред официјалната премиера за да се избегне протекување на неовластени копии.

The post По грешка: Мемоарите на принцот Хари се пуштени во продажба во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-im-dozvoli-na-princovite-hari-i-endru-da-gi-oblechat-voenite-uniformi-na-bdeenjeto-na-kralicata/ Sat, 17 Sep 2022 07:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=551642

Принцот Хари ќе ја носи својата воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, која ќе биде опкружена со сите нејзини внуци.

Кралот Чарлс му дал специјална дозвола на својот син Хари и му дозволил да се појави во униформа за време на 15-минутното бдеење во Вестминстерската сала.

Според извор близок до кралското семејство, тој рекол дека одлуката ќе важи само во овој случај.

„Кралот ги покани внуците на кралицата Елизабета и му дозволи на Хари да ја носи својата воена униформа. Кралот Чарлс го направи истиот потег во случајот со својот брат, принцот Ендру, кој ги загуби воените титули откако за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн стана јавно познато,“ изјави тој.

Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје со синот Хари и неговата сопруга Меган, кои се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во САД.

The post Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари ќе ја носи својата воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, која ќе биде опкружена со сите нејзини внуци. Кралот Чарлс му дал специјална дозвола на својот син Хари и му дозволил да се појави во униформа за време на 15-минутното бдеење во Вестминстерската сала. Според извор близок до кралското семејство, тој рекол дека одлуката ќе важи само во овој случај.
„Кралот ги покани внуците на кралицата Елизабета и му дозволи на Хари да ја носи својата воена униформа. Кралот Чарлс го направи истиот потег во случајот со својот брат, принцот Ендру, кој ги загуби воените титули откако за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн стана јавно познато,“ изјави тој.
Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје со синот Хари и неговата сопруга Меган, кои се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во САД.

The post Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата appeared first on Република.

]]>
Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/princot-so-kameno-srce-za-sinot-imal-samo-15-minuti/ Sat, 16 Apr 2022 20:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=489434

Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува дејли меил.

Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија кралицата Елизабета Втора ја пречекала со раширени раце.

Принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко Чарлс, но кралицата инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и Камила биле во Виндзор во тоа време, се се поклопило. Освен, слободното време на „презафатениот“ татко. Принцот Чарлс од своето скапоцено време за помладиот син одвоил само 15 минути, а на неа присуствувала и Камила.

Наводно, Чарлс се уште не може да му го прости на Хари интервјуто кај Опра Винфри

Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.

„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.

The post Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути appeared first on Република.

]]>

Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува дејли меил. Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија кралицата Елизабета Втора ја пречекала со раширени раце. Принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко Чарлс, но кралицата инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и Камила биле во Виндзор во тоа време, се се поклопило. Освен, слободното време на „презафатениот“ татко. Принцот Чарлс од своето скапоцено време за помладиот син одвоил само 15 минути, а на неа присуствувала и Камила. Наводно, Чарлс се уште не може да му го прости на Хари интервјуто кај Опра Винфри Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.
„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.

The post Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути appeared first on Република.

]]>