Принцеза Дајана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princeza-dajana/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 11:00:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Принцеза Дајана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princeza-dajana/ 32 32 Потона јахтата на која принцезата Дијана го помина последниот одмор https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/potona-jahtata-na-koja-printsezata-dijana-go-pomina-posledniot-odmor/ Thu, 03 Aug 2023 11:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=668231

Јахтата на која Дијана, принцезата од Велс, помина дел од своето последно лето потона во Медитеранот.

Се верува дека јахтата „Куџо“, некогашна сопственост на Доди ал-Фајед, удрила во неидентификуван објект во близина на Болие-сур-Мер на француската ривиера.

Седум лица на бродот биле евакуирани со гумени чамци на надувување, но јахтата потонала и завршила на длабочина од најмалку 2.430 метри и покрај обидите за спасување, пишува магазинот „Тајмс“.

Последниот сопственик на јахтата бил Италијанец со куќа на францускиот брег. Во моментот кога се случила несреќата тој се обидел и не успеал да ја испумпа водата, јавуваат француските медиуми. Втор обид бил направен со влечење, кое било испратено на местото на настанот, но безуспешно.

„Куџо“ се најде на насловните страници во летото 1997 година кога принцезата Дијана беше фотографирана на тој брод во друштво на Ал-Фајед. Неколку недели подоцна тие загинаа во сообраќајна несреќа во Париз кога нивниот автомобил управуван од шофер удри во столб во тунелот „Алма“ додека бегаа од папараците.

Тоа лето Дијана беше фотографирана и на „Сокар“, јахта што тогаш беше во сопственост на таткото на Ал-Фајед, Мохамед.

„Куџо“ е изградена во Италија во 1972 година за Џон фон Нојман, бизнисмен кој своето богатство го заработил продавајќи автомобили „порше“ и „фолксваген“ во САД.

The post Потона јахтата на која принцезата Дијана го помина последниот одмор appeared first on Република.

]]>

Јахтата на која Дијана, принцезата од Велс, помина дел од своето последно лето потона во Медитеранот. Се верува дека јахтата „Куџо“, некогашна сопственост на Доди ал-Фајед, удрила во неидентификуван објект во близина на Болие-сур-Мер на француската ривиера. Седум лица на бродот биле евакуирани со гумени чамци на надувување, но јахтата потонала и завршила на длабочина од најмалку 2.430 метри и покрај обидите за спасување, пишува магазинот „Тајмс“. Последниот сопственик на јахтата бил Италијанец со куќа на францускиот брег. Во моментот кога се случила несреќата тој се обидел и не успеал да ја испумпа водата, јавуваат француските медиуми. Втор обид бил направен со влечење, кое било испратено на местото на настанот, но безуспешно. „Куџо“ се најде на насловните страници во летото 1997 година кога принцезата Дијана беше фотографирана на тој брод во друштво на Ал-Фајед. Неколку недели подоцна тие загинаа во сообраќајна несреќа во Париз кога нивниот автомобил управуван од шофер удри во столб во тунелот „Алма“ додека бегаа од папараците. Тоа лето Дијана беше фотографирана и на „Сокар“, јахта што тогаш беше во сопственост на таткото на Ал-Фајед, Мохамед. „Куџо“ е изградена во Италија во 1972 година за Џон фон Нојман, бизнисмен кој своето богатство го заработил продавајќи автомобили „порше“ и „фолксваген“ во САД.

The post Потона јахтата на која принцезата Дијана го помина последниот одмор appeared first on Република.

]]>
Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/princezata-dajana-nikogash-ne-mu-prostila-na-princot-charls-za-toa-shto-go-napravil-na-nivniot-meden-mesec-i-zasekogash-go-unishti-nivniot-odnos/ Sun, 11 Sep 2022 09:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=549644

И по 25 години од нејзината смрт, судбината на принцезата Дајана продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот.

Принцезата Дајана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа.

Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила.

Принцезата Дајана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар.

Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна.

Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила:

Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден.

Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но решила да остане со него.

Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања.

Тој е момче, па дури има и црвена коса - рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло.

Дајана била скршена од таквото однесување.

Сепак, и денес, долго време по смртта на Дајана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.

The post Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос appeared first on Република.

]]>

И по 25 години од нејзината смрт, судбината на принцезата Дајана продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот. Принцезата Дајана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа. Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила. Принцезата Дајана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар. Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна. Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила:
Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден.
Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но решила да остане со него. Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања.
Тој е момче, па дури има и црвена коса - рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло.
Дајана била скршена од таквото однесување. Сепак, и денес, долго време по смртта на Дајана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.

The post Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос appeared first on Република.

]]>