Принц Вилјам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princ-viljam/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 06:55:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Принц Вилјам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/princ-viljam/ 32 32 Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/printsot-vilijam-pochna-da-sproveduva-petgodishna-programa-za-pomosh-na-bezdomnitsite/ Mon, 26 Jun 2023 06:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=655100

Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници.

„Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на нашите шест локации за да ја направиме нашата амбиција реалност“, рече 41-годишниот Вилијам.

Проектот е поддржан од Кралската фондација, а секоја од избраните локации ќе добие по 500 илјади фунти. Според проценките на хуманитарните здруженија, дури 270.000 домаќинства во Велика Британија немаат дом, односно семејства меѓу кои и децата спијат на отворено, во автомобили или имаат привремено сместување во хостели или кај роднини. Поради зголемените трошоци за живот, се очекува таа бројка да расте.

The post Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците appeared first on Република.

]]>

Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/hari-i-megan-mora-da-se-izvinat-pred-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Sun, 18 Sep 2022 17:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=552038

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мора пред погребот на кралицата Елизабета Втора да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор.

Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју.

Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела да ги задржи солзите.

Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и изразија сочувство по смртта на кралицата Елизабета. По излегувањето од замокот, насобраните граѓани со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија Вилијам и Хари и нивните сопруги со аплауз.

Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.

The post Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл мора пред погребот на кралицата Елизабета Втора да ги решат несогласувањата со Вилијам и Кејт кои настанаа по интервјуто со Опра Винфри, пишува Мирор. Извори блиски до палатата тврдат дека интервјуто „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. На Меган и Хари, наводно, им било кажано да се извинат и да ги признаат мотивите зад нивното интервју. Имено, во минатогодишното интервју со познатата водителка, војводата и војвотката од Сасекс зборувале за напуштањето на кралското семејство. Тие ги искажале своите ставови за семејните проблеми, ја обвиниле палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела да ги задржи солзите. Вилијам и Хари со своите сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл неодамна дојдоа пред замокот Виндзор и изразија сочувство по смртта на кралицата Елизабета. По излегувањето од замокот, насобраните граѓани со едноминутно молчење ја изразија својата почит кон кралицата, а потоа ги поздравија Вилијам и Хари и нивните сопруги со аплауз. Ова беше прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.

The post Хари и Меган мора да се извинат пред погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>