примирје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/primirje/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 15:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png примирје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/primirje/ 32 32 Меѓународни реакции на примирјето во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodni-reaktsii-na-primirjeto-vo-liban/ Wed, 27 Nov 2024 16:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=842431

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах.

Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот.

Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.

Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.

Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.

Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.

Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН.

Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.

Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“.

Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“.

Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.

Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.

Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.

Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.

Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.

Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер.

Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>

Либанскиот премиер, Наџиб Микати ијави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е „фундаментален чекор“ кон регионалната стабилност. Заблагодарувајќи им се на Париз и Вашингтон за нивниот ангажман, Микати истакна дека либанската влада е посветена на „зајакнување на присуството на армијата на југот на земјата“, упориштето на движењето Хезболах. Палестинските власти денеска го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах и изразија надеж дека тоа „ќе помогне да се запре насилството и нестабилноста“ во регионот. Техеран го поздрави „запирањето на израелската агресија“ во Либан, каде Иран финансиски и воено го поддржува Хезболах.
Иран цврсто ја поддржува владата, нацијата и либанскиот отпор“, изјави иранскиот дипломатски портпарол Есмаил Багај.
Ирачкото Министерство за надворешни работи го поздрави прекинот на огнот во Либан, повикувајќи на дополнителни меѓународни напори за да се избегне каква било понатамошна ескалација.
Меѓународната заедница, исто така, мора да преземе сериозни и итни мерки за да ги запре масакрите и нападите врз Палестинците во Газа, додаде Министерството.
Саудиска Арабија ги поздрави „сите меѓународни напори“ за прекин на огнот, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи. Влијателната монархија на Заливот порача дека се надева оти прекинот на огнот ќе доведе до „зачувување на суверенитетот“ на Либан и спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. Јорданското Министерство за надворешни работи денеска го поздрави „важниот чекор“.
Тој чекор „мора да биде придружен со меѓународни напори насочени кон ставање крај на агресијата врз Појасот Газа, како и израелските напади на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Катар „го поздравува прекинот на огнот склучен во Либан“. Како што се наведува во соопштението, Министерството додаде дека се надева на „сличен договор за ставање крај на тековната војна во Појасот Газа и израелските напади на окупираниот Западен Брег“. Турското Министерство за надворешни работи „го поздрави позитивниот исход од преговорите за прекин на огнот во Либан и се надева дека тој ќе биде постојан“.
Меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Израел строго да го почитува прекинот на огнот и да ја компензира штетата што ја предизвика во Либан, додаде тој.
Пекинг соопшти дека го „поздравува“ прекинот на огнот во Либан меѓу Израел и Хезболах.
Ги поддржуваме сите напори за намалување на тензиите и постигнување мир и го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат од релевантните страни, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека договорот е „трошка надеж за целиот регион“.
Населението од двете страни на границата сака да живее во вистинска безбедност што трае, рече Бербок.
Прекинот на огнот „ќе донесе одредено олеснување за цивилното население на Либан и северен Израел, кои претрпеа незамисливи последици во последните месеци од разорниот конфликт“, рече британскиот премиер, Кир Стармер. Тој додаде дека прекинот на огнот „сега мора да се трансформира во трајно политичко решение во Либан“.

The post Меѓународни реакции на примирјето во Либан appeared first on Република.

]]>
Израел се согласи на примирје со Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-se-soglasi-na-primirje-so-hezbolah/ Tue, 26 Nov 2024 21:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=842061

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран.

Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.

- Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.

Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран. Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток. - Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах. Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hanije-podgotveni-sme-za-seopfaten-dogovor-vo-soglasnost-so-planot-na-sad/ Sun, 16 Jun 2024 11:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=788116

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.

На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази.

Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали.

И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни.

Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД.

Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.

 

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>

Главниот лидер на палестинскиот Хамас, Исмаил Ханијe, денеска изјави дека одговорот на организацијата на последниот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е во согласност со принципите наведени во планот на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Хамас и палестинските групи се подготвени за сеопфатен договор кој бара прекин на огнот, повлекување од Појасот, обнова на уништеното и сеопфатен договор за размена, рече Ханије во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, алудирајќи на размена на израелски заложници за палестински затвореници, пренесе Бета.
На 31 мај, Бајден го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази, кој ќе вклучува преговори за траен прекин на огнот во Газа во замена за израелски заложници за палестински затвореници во израелските затвори во фази. Египет и Катар, кои заедно со САД преговараат меѓу Хамас и Израел, на 11 јуни соопштија дека добиле одговор од палестинските организации за американскиот план, но не открија детали. И иако Израел објави дека Хамас ги отфрлил клучните елементи на американскиот план, лидерот на Хамас изјави дека промените што организацијата ги бара не се значајни. Бајден минатата недела рече дека не очекува во блиска иднина да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување заложници, додавајќи дека Хамас мора да ја промени својата позиција за да биде поблиску до израелскиот предлог поддржан од САД. Посредниците со месеци се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во конфликтот и ослободување на заложниците киднапирани во нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.  

The post Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД appeared first on Република.

]]>
Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/visok-funktsioner-na-hamas-vo-liban-prerano-e-za-primirje-so-izrael/ Sun, 04 Feb 2024 08:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=740124

Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“.

Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, подготвен од катарските, американските и египетските посредници, предвидува ослободување на заложниците кои се држат во Газа во замена за Палестинците држени во Израел.

-Хамас ја повтори својата подготвеност да разговара за секоја иницијатива што ќе стави крај на варварската агресија против нашиот палестински народ во Газа, рече Осама Хамдан на прес-конференција во Бејрут.

Хамдан потврди дека Хамас го добил предлогот за примирје, но рече дека недостасуваат детали.

Тој предлог е „рамковен договор што треба да се проучи... Се уште не можеме да зборуваме за договор, рече тој.

-По разгледувањето, ќе се договориме за позицијата што ќе се заснова на нашата желба да ставиме крај на агресијата врз нашиот народ што е можно поскоро, рече Хамдан.

Според извор од Хамас, првата фаза од нацрт-договорот вклучува шестнеделно примирје за време на кое Израел ќе ослободи меѓу 200 и 300 палестински затвореници, во замена за 35 до 40 заложници држени во Газа.

Израелската армија вчера соопшти дека гаѓала на неколку илјади цели и позиции поврзани со движењето Хезболах во Либан и Сирија од почетокот на војната против палестинското движење Хамас. Војската соопшти дека од октомври погодила повеќе од 3.400 цели поврзани со Хезболах во јужен Либан.

-Од почетокот на војната (против Хамас), нападнавме повеќе од 3.400 цели на Хезболах ширум јужен Либан, изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари, додавајќи дека во тој период биле убиени 200 „терористи и команданти“.

Според него, армијата целела и над 50 цели на Хезболах во Сирија.

-Ја нападнавме инфраструктурата на Хезболах и во Сирија. Нападнавме повеќе од 50 цели по копно и воздух, изјави портпаролот на израелската војска, која ретко ги спомнува нејзините операции во Сирија.

На 7 октомври, војната беше предизвикана од напад на Хамас на израелска територија. Според израелските податоци, тогаш загинале повеќе од 1.160 луѓе, главно цивили.

Како одговор, Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна голема воена офанзива. Според податоците на Хамас, во таа офанзива досега се убиени 27.238 луѓе во Газа, главно цивили.

Претходно, во напад на Хамас, 250 луѓе беа киднапирани и однесени во Газа. Според израелските податоци, 132 заложници се уште се во Газа. Израел тврди дека 27 од нив загинале во меѓувреме, а неколку од нив се ослободени.

The post Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел appeared first on Република.

]]>

Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“. Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, подготвен од катарските, американските и египетските посредници, предвидува ослободување на заложниците кои се држат во Газа во замена за Палестинците држени во Израел. -Хамас ја повтори својата подготвеност да разговара за секоја иницијатива што ќе стави крај на варварската агресија против нашиот палестински народ во Газа, рече Осама Хамдан на прес-конференција во Бејрут. Хамдан потврди дека Хамас го добил предлогот за примирје, но рече дека недостасуваат детали. Тој предлог е „рамковен договор што треба да се проучи... Се уште не можеме да зборуваме за договор, рече тој. -По разгледувањето, ќе се договориме за позицијата што ќе се заснова на нашата желба да ставиме крај на агресијата врз нашиот народ што е можно поскоро, рече Хамдан. Според извор од Хамас, првата фаза од нацрт-договорот вклучува шестнеделно примирје за време на кое Израел ќе ослободи меѓу 200 и 300 палестински затвореници, во замена за 35 до 40 заложници држени во Газа. Израелската армија вчера соопшти дека гаѓала на неколку илјади цели и позиции поврзани со движењето Хезболах во Либан и Сирија од почетокот на војната против палестинското движење Хамас. Војската соопшти дека од октомври погодила повеќе од 3.400 цели поврзани со Хезболах во јужен Либан. -Од почетокот на војната (против Хамас), нападнавме повеќе од 3.400 цели на Хезболах ширум јужен Либан, изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари, додавајќи дека во тој период биле убиени 200 „терористи и команданти“. Според него, армијата целела и над 50 цели на Хезболах во Сирија. -Ја нападнавме инфраструктурата на Хезболах и во Сирија. Нападнавме повеќе од 50 цели по копно и воздух, изјави портпаролот на израелската војска, која ретко ги спомнува нејзините операции во Сирија. На 7 октомври, војната беше предизвикана од напад на Хамас на израелска територија. Според израелските податоци, тогаш загинале повеќе од 1.160 луѓе, главно цивили. Како одговор, Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна голема воена офанзива. Според податоците на Хамас, во таа офанзива досега се убиени 27.238 луѓе во Газа, главно цивили. Претходно, во напад на Хамас, 250 луѓе беа киднапирани и однесени во Газа. Според израелските податоци, 132 заложници се уште се во Газа. Израел тврди дека 27 од нив загинале во меѓувреме, а неколку од нив се ослободени.

The post Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел appeared first on Република.

]]>
Хамас со закана: Нема никој од заложниците да излезе жив ако не ни се исполнат барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-so-zakana-nema-nikoj-od-zalozhnitsite-da-izleze-zhiv-ako-ne-ni-se-ispolnat-baranata/ Mon, 11 Dec 2023 07:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=721614

Додека се разгорува војната во Газа, медијаторот Катар соопшти дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат, но притисокот мора да постои.

Хамас преку соопштение предупредуваат дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе од Газа жив се додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите.

Израелската влада е под се поголем притисок од страна на семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Во меѓувреме, Израел нареди цивилното население да се повлече од Кан Јунис, за да не се најде во средината на тешките борби кои следуваат.

Израелската војска потврди дека неколку милитанти од групата Хамас им се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, ова претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.

The post Хамас со закана: Нема никој од заложниците да излезе жив ако не ни се исполнат барањата appeared first on Република.

]]>

Додека се разгорува војната во Газа, медијаторот Катар соопшти дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат, но притисокот мора да постои. Хамас преку соопштение предупредуваат дека ниту еден од останатите 138 израелски заложници нема да излезе од Газа жив се додека не им се исполнат барањата и продолжат преговорите. Израелската влада е под се поголем притисок од страна на семејствата на заложниците кои останаа во рацете на Хамас, по прекинот на седумдневното примирје. Во меѓувреме, Израел нареди цивилното население да се повлече од Кан Јунис, за да не се најде во средината на тешките борби кои следуваат. Израелската војска потврди дека неколку милитанти од групата Хамас им се предале во изминатите неколку дена. Според премиерот Нетанјаху, ова претставува „почеток на крајот на Хамас“, дополнително го покажува неуспехот на Хамас и неговата борба против Израел. Уапсените се задржани на распит од страна на израелските разузнавачки служби.

The post Хамас со закана: Нема никој од заложниците да излезе жив ако не ни се исполнат барањата appeared first on Република.

]]>
Хамас досега ослободил 40, а Израел 117 палестински жени и деца, примирјето во Газа продолжено за уште два дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-dosega-oslobodil-40-a-izrael-117-palestinski-zheni-i-detsa-primirjeto-vo-gaza-prodolzheno-za-ushte-dva-dena/ Mon, 27 Nov 2023 19:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=716900

Договорот меѓу Израел и Хамас ги постави основите за ослободување на најмалку 50 жени и деца заробени во Газа во замена за ослободување на најмалку 150 палестински жени и деца кои се наоѓаат во израелските затвори.

Досега Хамас ослободи 40 израелски заложници - 13 во петокот и саботата, а 14 во неделата. Некои од нив имаат двојно државјанство. Ослободени се 21 дете на возраст од 18 години и помлади и 11 возрасни жени. Седум жени биле на возраст од 65 или повеќе години. Рони Кривој, маж со израелско и руско државјанство, беше ослободен надвор од договорот меѓу Израел и Хамас.

Ослободени се 18 странски државјани, од кои 17 тајландски и еден филипински државјанин. Ослободените 18 странски државјани од Газа беа ослободени како дел од одделни преговори и не се вклучени во договорот Израел-Хамас.

Израел, пак, ослободи 117 жени и деца: 39 во петок, 39 во сабота и 39 во недела. Ослободени се 28 возрасни жени, две тинејџерки и 87 деца помлади од 18 години.

Од сите палестински затвореници кои се ослободени, 41 биле осудени, а 76 биле во административен притвор, што значи дека тие биле држени без да има обвинение против нив и не биле вклучени во правниот процес на гонење или судење.

Министерство за надворешни работи на Катар денеска соопшти дека четиридневното примирје во Појасот Газа е продолжено за уште два дена.

Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, се наведува во објавата на социјалната мрежа Х.

Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро. Оригиналниот договор меѓу Израел и Хамас предвидуваше дека примирјето ќе трае четири дена се додека Хамас ослободува најмалку 10 израелски заложници на ден.

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека се согласила на договорот постигнат со посредство на Египет и Катар.

Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми.

The post Хамас досега ослободил 40, а Израел 117 палестински жени и деца, примирјето во Газа продолжено за уште два дена appeared first on Република.

]]>

Договорот меѓу Израел и Хамас ги постави основите за ослободување на најмалку 50 жени и деца заробени во Газа во замена за ослободување на најмалку 150 палестински жени и деца кои се наоѓаат во израелските затвори. Досега Хамас ослободи 40 израелски заложници - 13 во петокот и саботата, а 14 во неделата. Некои од нив имаат двојно државјанство. Ослободени се 21 дете на возраст од 18 години и помлади и 11 возрасни жени. Седум жени биле на возраст од 65 или повеќе години. Рони Кривој, маж со израелско и руско државјанство, беше ослободен надвор од договорот меѓу Израел и Хамас. Ослободени се 18 странски државјани, од кои 17 тајландски и еден филипински државјанин. Ослободените 18 странски државјани од Газа беа ослободени како дел од одделни преговори и не се вклучени во договорот Израел-Хамас. Израел, пак, ослободи 117 жени и деца: 39 во петок, 39 во сабота и 39 во недела. Ослободени се 28 возрасни жени, две тинејџерки и 87 деца помлади од 18 години. Од сите палестински затвореници кои се ослободени, 41 биле осудени, а 76 биле во административен притвор, што значи дека тие биле држени без да има обвинение против нив и не биле вклучени во правниот процес на гонење или судење. Министерство за надворешни работи на Катар денеска соопшти дека четиридневното примирје во Појасот Газа е продолжено за уште два дена.
Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, се наведува во објавата на социјалната мрежа Х.
Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро. Оригиналниот договор меѓу Израел и Хамас предвидуваше дека примирјето ќе трае четири дена се додека Хамас ослободува најмалку 10 израелски заложници на ден. Палестинската милитантна група Хамас потврди дека се согласила на договорот постигнат со посредство на Египет и Катар.
Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми.

The post Хамас досега ослободил 40, а Израел 117 палестински жени и деца, примирјето во Газа продолжено за уште два дена appeared first on Република.

]]>
Столтенберг апелира за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-apelira-za-prodolzhuvane-na-primirjeto-pomegu-izrael-i-hamas/ Mon, 27 Nov 2023 12:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=716711

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска упати апел за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас.

Повикувам на продолжување на паузата. Тоа ќе дозволи достава на помош за луѓето во Газа и ослободување на поголем број заложници, истакна Столтенберг.

Примирјето стапи во сила на 24 ноември и денеска е последен ден, но се поголеми се навестувањата дека истото ќе биде продолжено.

The post Столтенберг апелира за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска упати апел за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас.
Повикувам на продолжување на паузата. Тоа ќе дозволи достава на помош за луѓето во Газа и ослободување на поголем број заложници, истакна Столтенберг.
Примирјето стапи во сила на 24 ноември и денеска е последен ден, но се поголеми се навестувањата дека истото ќе биде продолжено.

The post Столтенберг апелира за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето, но штом заврши ќе ги постигнеме нашите цели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-go-poddrzhuvam-prodolzhuvaneto-na-primirjeto-no-shtom-zavrshi-ke-gi-postigneme-nashite-tseli/ Mon, 27 Nov 2023 08:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=716544

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече на американскиот претседател Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас би била добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на десет заложници дневно од Газа.

Вечерва вративме уште една група заложници, жени и деца и трогнати сме од се срце, целата нација, кога го гледаме ова семејно обединување. Тоа само ја допира душата. Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено, рече Нетанјаху.

Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

The post Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето, но штом заврши ќе ги постигнеме нашите цели appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече на американскиот претседател Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас би била добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на десет заложници дневно од Газа. Вечерва вративме уште една група заложници, жени и деца и трогнати сме од се срце, целата нација, кога го гледаме ова семејно обединување. Тоа само ја допира душата. Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено, рече Нетанјаху. Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

The post Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето, но штом заврши ќе ги постигнеме нашите цели appeared first on Република.

]]>
Трет ден од примирјето помеѓу Израел и Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tret-den-od-primirjeto-pomegu-izrael-i-hamas/ Sun, 26 Nov 2023 07:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=716281

На вториот ден од привременото примирје помеѓу Израел и Хамас ослободувањето на заложниците и палестинските затвореници не се одвиваше со предвиденото темпо.

Милитантната група го пролонгираше ослободувањето на заложниците тврдејќи дека Израел не го почитува договореното. Дури доцна синоќа Хамас предаде 13 израелски заложници и четири странци на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ).

Израелските власти ослободија 39 палестински затвореници од кои шест жени и 33 деца до 19 години.

Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори.

И за денеска е предвидено ослободување на заложници и палестински затвореници, но не е познато колкав ќе биде нивниот број и кога тоа ќе се случи.

Тоа е прв прекин на огнот од почетокот на конфликтот на 7 октомври кога Хамас го нападна Израел, при што се киднапирани 240 луѓе. Според израелските власти, во тој напад загинале 1.200 луѓе, од кои најголем број биле цивили.

Како одмазда, Израел го бомбардираше Појасот Газа и на 27 октомври почна копнена офанзива со цел да го „елиминира“ Хамас, кој е на власт во енклавата од 2007 година. Во Појасот Газа, според владата на Хамас, во израелските напади загинале 14.854 луѓе, од кои 6.150 деца.

Четиридневното примирје, постигнато со посредство на Катар, Египет и САД предвидува „целосен прекин на огнот без напади од воздух или земја“ и небо без беспилотни летала за „да се овозможи ослободувањето на заложниците во безбедна средина“.

Договорот, исто така, има за цел да обезбеди дополнителна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, кои се соочуваат со недостиг на основни добра откако Израел ја заостри опсадата на енклавата. Двеста камиони со хуманитарна помош вчера пристигнале во Појасот Газа.

Над 50 камиони се наменети за северниот дел на Појасот Газа, вклучително и за области кои не се евакуирани, со одобрение на Израел.

Израел најави дека ќе ја продолжи својата воена офанзива откако ќе заврши примирјето. Израелската војска проценува дека Хамас киднапирал околу 240 луѓе во напад врз израелска територија на 7 октомври.

The post Трет ден од примирјето помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

На вториот ден од привременото примирје помеѓу Израел и Хамас ослободувањето на заложниците и палестинските затвореници не се одвиваше со предвиденото темпо. Милитантната група го пролонгираше ослободувањето на заложниците тврдејќи дека Израел не го почитува договореното. Дури доцна синоќа Хамас предаде 13 израелски заложници и четири странци на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ). Израелските власти ослободија 39 палестински затвореници од кои шест жени и 33 деца до 19 години. Договорот за четиридневното примирје предвидува ослободување на најмалку 50 од вкупно околу 240 заложници на 150 Палестинци од израелските затвори. И за денеска е предвидено ослободување на заложници и палестински затвореници, но не е познато колкав ќе биде нивниот број и кога тоа ќе се случи. Тоа е прв прекин на огнот од почетокот на конфликтот на 7 октомври кога Хамас го нападна Израел, при што се киднапирани 240 луѓе. Според израелските власти, во тој напад загинале 1.200 луѓе, од кои најголем број биле цивили. Како одмазда, Израел го бомбардираше Појасот Газа и на 27 октомври почна копнена офанзива со цел да го „елиминира“ Хамас, кој е на власт во енклавата од 2007 година. Во Појасот Газа, според владата на Хамас, во израелските напади загинале 14.854 луѓе, од кои 6.150 деца. Четиридневното примирје, постигнато со посредство на Катар, Египет и САД предвидува „целосен прекин на огнот без напади од воздух или земја“ и небо без беспилотни летала за „да се овозможи ослободувањето на заложниците во безбедна средина“. Договорот, исто така, има за цел да обезбеди дополнителна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, кои се соочуваат со недостиг на основни добра откако Израел ја заостри опсадата на енклавата. Двеста камиони со хуманитарна помош вчера пристигнале во Појасот Газа. Над 50 камиони се наменети за северниот дел на Појасот Газа, вклучително и за области кои не се евакуирани, со одобрение на Израел. Израел најави дека ќе ја продолжи својата воена офанзива откако ќе заврши примирјето. Израелската војска проценува дека Хамас киднапирал околу 240 луѓе во напад врз израелска територија на 7 октомври.

The post Трет ден од примирјето помеѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Koj не го почитува примирјето? Сирени за опасност во близина на појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-ne-go-pochituva-primirjeto-sireni-za-opasnost-vo-blizina-na-pojasot-gaza/ Fri, 24 Nov 2023 06:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=715688

Израелската војска ги активирала сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас.

Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.

Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.

Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетни сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата, објави „Тајмс оф Израел

The post Koj не го почитува примирјето? Сирени за опасност во близина на појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската војска ги активирала сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас. Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција. Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар. Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетни сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата, објави „Тајмс оф Израел

The post Koj не го почитува примирјето? Сирени за опасност во близина на појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Хамас: Примирјето стапува на сила утре во 10 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-primirjeto-stapuva-na-sila-utre-vo-10-chasot/ Wed, 22 Nov 2023 12:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=715111

Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук во интервју за Ал Џезира изјави дека привременото примирје меѓу терористичката група и Израел ќе стапи на сила утре во 10 часот.

Соопштението доаѓа откако Израел постигна договор со Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетни и женски затворенички во израелските затвори.

Договорот беше одобрен во текот на ноќта од израелската влада.

Абу Марзук вели дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши. Израел рече дека сите заложници ќе бидат израелски државјани или жители.

The post Хамас: Примирјето стапува на сила утре во 10 часот appeared first on Република.

]]>

Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук во интервју за Ал Џезира изјави дека привременото примирје меѓу терористичката група и Израел ќе стапи на сила утре во 10 часот. Соопштението доаѓа откако Израел постигна договор со Хамас за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетни и женски затворенички во израелските затвори. Договорот беше одобрен во текот на ноќта од израелската влада. Абу Марзук вели дека повеќето од заложниците кои ќе бидат ослободени имаат странско државјанство, без да прецизира дали имаат и израелски пасоши. Израел рече дека сите заложници ќе бидат израелски државјани или жители.

The post Хамас: Примирјето стапува на сила утре во 10 часот appeared first on Република.

]]>
Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-i-jordan-baraat-iten-prekin-na-ognot/ Sat, 04 Nov 2023 16:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=698211

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан.

Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања.

„Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите.

„Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен.

Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.

 

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан. Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања. „Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите. „Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен. Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.  

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Го гранатираа Доњецк: Украинците не го почитуваа примирјето за Божик https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/go-granatiraa-donetsk-ukraintsite-ne-go-pochituvaa-primirjeto-za-bozhik/ Sat, 07 Jan 2023 14:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=594461

Властите во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска соопштија дека украинските сили истрелале 10 проектили од повеќецевни ракетен систем кон Доњецк.

По гранатирањето врз округот Петровск и Кировск во Доњецк  биле истрелани четири проектили од НАТО калибар од 155 милиметри.

Округот Петровск и Кировск и вчера веќе беа мета на гранатирање од страна на украинските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт по повод божиќните празници, но ниту руската ниту украинската страна не го почитуваат примирјето.

The post Го гранатираа Доњецк: Украинците не го почитуваа примирјето за Божик appeared first on Република.

]]>

Властите во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска соопштија дека украинските сили истрелале 10 проектили од повеќецевни ракетен систем кон Доњецк. По гранатирањето врз округот Петровск и Кировск во Доњецк  биле истрелани четири проектили од НАТО калибар од 155 милиметри. Округот Петровск и Кировск и вчера веќе беа мета на гранатирање од страна на украинските сили. Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт по повод божиќните празници, но ниту руската ниту украинската страна не го почитуваат примирјето.

The post Го гранатираа Доњецк: Украинците не го почитуваа примирјето за Божик appeared first on Република.

]]>
Москва објави: Почна божиќното примирје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-objavi-pochna-bozhiknoto-primirje/ Fri, 06 Jan 2023 10:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=594112

Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божиќ официјално започна точно напладне по московско време, тврди руската државна телевизија: „ Денеска напладне на целата борбена линија стапи на сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари”.

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека примирјето е само игра на Путин и дека целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Доњецк и поширокиот источен регион Донбас, а за време на примирјето да се внесат повеќе руски војници во Украина.

The post Москва објави: Почна божиќното примирје appeared first on Република.

]]>

Прекинот на огнот за војниците да го прослават православниот Божиќ официјално започна точно напладне по московско време, тврди руската државна телевизија: „ Денеска напладне на целата борбена линија стапи на сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари”. Украинскиот претседател Зеленски тврди дека примирјето е само игра на Путин и дека целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Доњецк и поширокиот источен регион Донбас, а за време на примирјето да се внесат повеќе руски војници во Украина.

The post Москва објави: Почна божиќното примирје appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-nema-predlozi-za-novogodishno-primirje-vo-ukraina/ Wed, 14 Dec 2022 11:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=585523

Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.

Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

The post Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва. Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

The post Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск бара примирје во Украина по повод православниот Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-francisk-bara-primirje-vo-ukraina-po-povod-pravoslavniot-veligden/ Thu, 21 Apr 2022 12:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=491784

Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.

Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19 април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24 април, се вели во соопштението од Ватикан.

The post Папата Франциск бара примирје во Украина по повод православниот Велигден appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.
Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19 април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24 април, се вели во соопштението од Ватикан.

The post Папата Франциск бара примирје во Украина по повод православниот Велигден appeared first on Република.

]]>
Русија предлага прекин на огнот во Мариупол за евакуација на цивилите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-predlaga-prekin-na-ognot-vo-mariupol-za-evakuacija-na-civilite/ Thu, 31 Mar 2022 08:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=481255

Руското министерство за одбрана соопшти дека во украинското пристаниште Мариупол денеска треба да почне локален прекин на огнот, со цел да се евакуираат цивилите.

Мерката треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор до украинскиот град Запорожје.

За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст - порачаа од руското министерство.

Украинските власти најавата за прекин на огнот во Мариупол ја оценија како манипулација и порачаа дека не веруваат во ветувањата на Русија за намалување на военото присуство.

The post Русија предлага прекин на огнот во Мариупол за евакуација на цивилите appeared first on Република.

]]>

Руското министерство за одбрана соопшти дека во украинското пристаниште Мариупол денеска треба да почне локален прекин на огнот, со цел да се евакуираат цивилите. Мерката треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор до украинскиот град Запорожје.
За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст - порачаа од руското министерство.
Украинските власти најавата за прекин на огнот во Мариупол ја оценија како манипулација и порачаа дека не веруваат во ветувањата на Русија за намалување на военото присуство.

The post Русија предлага прекин на огнот во Мариупол за евакуација на цивилите appeared first on Република.

]]>
Заврши примирјето во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshi-primirjeto-vo-ukraina/ Wed, 09 Mar 2022 22:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=470332

Заврши 12-часовниот прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

Применет е во шест украински региони, вклучувајќи ги областите како Мариупол, Харков и предградијата на Киев, каде што руското гранатирање беше најинтензивно.

Претходно, украински дипломат изјави дека 40.000 цивили успеале да побегнат од завојуваните градови иако хуманитарните коридори во Мариупол и Харков не успеаја, а делумно и во околината на Киев

Коридорите за цивили функционираа во Суми на североистокот на земјата и во делови од регионот на Киев и во Енерходар.

 

The post Заврши примирјето во Украина appeared first on Република.

]]>

Заврши 12-часовниот прекин на огнот меѓу Украина и Русија. Применет е во шест украински региони, вклучувајќи ги областите како Мариупол, Харков и предградијата на Киев, каде што руското гранатирање беше најинтензивно. Претходно, украински дипломат изјави дека 40.000 цивили успеале да побегнат од завојуваните градови иако хуманитарните коридори во Мариупол и Харков не успеаја, а делумно и во околината на Киев Коридорите за цивили функционираа во Суми на североистокот на земјата и во делови од регионот на Киев и во Енерходар.  

The post Заврши примирјето во Украина appeared first on Република.

]]>
Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-e-podgotvena-za-pregovori-za-prekin-na-ognot/ Fri, 25 Feb 2022 22:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=464063

Портпаролот на украинскиот претседател Зеленски штотуку изјави дека земјата е подготвена веднаш да преговара за прекин на огнот, и да почне мировни преговори со Русија.

Тој рече дека руските и украинските власти во моментов разговараат за времето и местото каде разговорите би се одржале.

Серхиј Никифоров на Фејсбук напиша:

Морам да ги демантирам изјавите дека одбивме да разговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за крај на борбите и за мир. Ова е нашата непроменета позиција. Се согласивме на понудата на рускиот претседател. Токму во овој момент страните се консултираат за местото и времето на одржување на преговарачкиот процес. Колку побрзо почнат разговорите, толку повеќе ќе има шанси да се врати нормалниот живот, напиша тој.

Русија соопшти дека ќе разговараат само кога украински вооружени сили ќе се предадат, а лично рускиот претседател Владимир Путин ги повика денеска да ја преземат власта во Киев во свои раце. Актуелната власт ја нарече со зборовите „банда наркомани и неонацисти“.

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина.

Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се:

-Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил.

-Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск.

-Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција.

-На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира.

-Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив.

Американскиот Стејт департмент ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за разговори со Украина со објаснување дека тоа не е можно се додека во тек е воена окупација.

The post Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на украинскиот претседател Зеленски штотуку изјави дека земјата е подготвена веднаш да преговара за прекин на огнот, и да почне мировни преговори со Русија. Тој рече дека руските и украинските власти во моментов разговараат за времето и местото каде разговорите би се одржале. Серхиј Никифоров на Фејсбук напиша:
Морам да ги демантирам изјавите дека одбивме да разговараме. Украина беше и останува подготвена да зборува за крај на борбите и за мир. Ова е нашата непроменета позиција. Се согласивме на понудата на рускиот претседател. Токму во овој момент страните се консултираат за местото и времето на одржување на преговарачкиот процес. Колку побрзо почнат разговорите, толку повеќе ќе има шанси да се врати нормалниот живот, напиша тој.
Русија соопшти дека ќе разговараат само кога украински вооружени сили ќе се предадат, а лично рускиот претседател Владимир Путин ги повика денеска да ја преземат власта во Киев во свои раце. Актуелната власт ја нарече со зборовите „банда наркомани и неонацисти“. Во меѓувреме руското Министерство за одбрана вечерва ги претстави своите погледи или петте начини за решавање на ситуацијата во Украина. Петте клучни точки на руското Министерство за одбрана се: -Целта на руската операција во Украина е да се обезбеди демилитаризација и денацификација на земјата, како и да се изведе марионетскиот режим во Киев пред лицето на правдата за злосторствата што ги направил. -Територијата на „Доњецката народна република“ и „Луганската народна република“ ќе се прошири до големината на регионите Донецк и Луганск. -Русија нема намера да остане во Украина, ќе ги повлече војниците по завршувањето на специјалната воена операција. -На Русија не и е потребна територијата на Украина, никој нема да ја окупира. -Кога ќе бидат можни нови власти во Украина, и ДНР и ЛНР ќе најдат заеднички јазик за преговори со нив. Американскиот Стејт департмент ја отфрли понудата на рускиот претседател Владимир Путин за разговори со Украина со објаснување дека тоа не е можно се додека во тек е воена окупација.

The post Украина е подготвена за преговори за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>