Прилепски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilepski-teatar/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 08:07:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прилепски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilepski-teatar/ 32 32 Премиера на „Хамлет“ во прилепскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-hamlet-vo-prilepskiot-teatar/ Fri, 20 Oct 2023 08:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=693112

На сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер од 20 часот, ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет“ според Вилјам Шекспир во режија на Бранко Брезовец.

Претставата секој агол од прилепскиот театар ко претвора во драмска сцена. Нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда,. „Хамлет“ на режисерот Бранко Брезовец се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.

Хамлет можете да го гледате од најразлични аспекти. Можете да ги критикувате неговите неамбизиозност и неактивност или можете тоа да го пофалите. Овде е обидот сето тоа да се покаже во сите свои скокови и со сите свои можности. Тоа за луѓето кои очекуваат цврста карактерност на ликот, може да им се чини необично, рече режисерот Брезовец на синоќешната прес-конференција.

За актерската екипа фасцинантна е прецизноста на секој елемент во претставата и тоа дека секој дел од објектот е драмска сцена.

Фасцинантно е тоа што го прави режисерот со кого ни е трета соработка. Секол елемент во претставата е прецизен, филигрантски дотеран, а секој дел од прилепскиот театар се вклопува како сцена без да му наштети на квалитетот на дејството, рече актерката марија Спиркоска Илијеска.

Публиката има единствена можност да го види театарот како цела сцена. Па и да види во какви услови играме, зашто објектот е речиси руиниран, а сепак создаваме уметност, рече актерот Зоран Иваноски кој во претставата го игра Хамлет.

Во претставаат играат и Димитар Ѓорѓиевски,, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска.

Режисерот Брезовец ја направи и адаптацијата, сценографијата е на Пеце Ристески, а костимите на Сузана Брезовец.

По претставите „Антица“ и „Глембаеви“ ова е трета соработка на хрватскиот режисер со ансамблот на прилепскиот театар и трета премиера на театарот годинава.

The post Премиера на „Хамлет“ во прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>

На сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер од 20 часот, ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет“ според Вилјам Шекспир во режија на Бранко Брезовец. Претставата секој агол од прилепскиот театар ко претвора во драмска сцена. Нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда,. „Хамлет“ на режисерот Бранко Брезовец се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.
Хамлет можете да го гледате од најразлични аспекти. Можете да ги критикувате неговите неамбизиозност и неактивност или можете тоа да го пофалите. Овде е обидот сето тоа да се покаже во сите свои скокови и со сите свои можности. Тоа за луѓето кои очекуваат цврста карактерност на ликот, може да им се чини необично, рече режисерот Брезовец на синоќешната прес-конференција.
За актерската екипа фасцинантна е прецизноста на секој елемент во претставата и тоа дека секој дел од објектот е драмска сцена.
Фасцинантно е тоа што го прави режисерот со кого ни е трета соработка. Секол елемент во претставата е прецизен, филигрантски дотеран, а секој дел од прилепскиот театар се вклопува како сцена без да му наштети на квалитетот на дејството, рече актерката марија Спиркоска Илијеска.
Публиката има единствена можност да го види театарот како цела сцена. Па и да види во какви услови играме, зашто објектот е речиси руиниран, а сепак создаваме уметност, рече актерот Зоран Иваноски кој во претставата го игра Хамлет. Во претставаат играат и Димитар Ѓорѓиевски,, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански и Ана Митоска. Режисерот Брезовец ја направи и адаптацијата, сценографијата е на Пеце Ристески, а костимите на Сузана Брезовец. По претставите „Антица“ и „Глембаеви“ ова е трета соработка на хрватскиот режисер со ансамблот на прилепскиот театар и трета премиера на театарот годинава.

The post Премиера на „Хамлет“ во прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>
„Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dekameron-pretstava-za-chovekovata-krevkost-no-i-za-silata-na-chovechkiot-duh/ Tue, 15 Aug 2023 10:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=672269

Прилепските актери од Театарот „Војдан Чернодрински“  вчеравечер на фестивалската сцена Долни Сарај во рамки на драмската програма на „Охридско лето“  ја донесоа театарската претстава „Декамерон” од Џовани Бокачо, во режија Мартин Кочовски.

Станува збор за претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Таа се базира врз хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичност.

Претставата, според драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска има фрагментарна драмартургија затоа што, како што вели,  секоја сцена е посебна приказна.

Напорна работа беше изборот на сцените, односно кои новели да се направат во сцени затоа што сами по себе не се поврзани. Публиката обично очекува да има приказна со континуитет но овде нема такво нешто. Кај нас приказните се поврзани на друго ниво, повеќе би рекла, на емоционално ниво . Претставата беше голем зафат, мојата подготовка траеше подолго време, речиси цела година пред да започнеме со пробите. Тоа што јас го напишав, режисерот Мартин го облагороди. Тоа што јас успеав да го извлечам,тој  го употреби но го оплемени и од целата драматизација ја извади на површина радоста што мене тоа многу ми значи. Се чувствувам благословено што работам со припепската актерска екипа затоа што има што да понуди. Секој актер е посебен , има посебни таленти и сензибилитет и сето тоа ја прави целината да биде богата, вели драматургот на претставата „Декамерон“,Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

Според  актерот Илија Волчески, „Декамерон“  бара огромна концентрација и прецизност зашто и мала грешка може да ја потоне претставата надолу.

Секој од нас актерите во различни сцени се појавува со различни улоги. Секој има најмалку една до две сцени каде што се појавува во водечка улога, а во останатите има споредни улоги. Претставата се подготвуваше  повеќе од три месеци. Комплексна,  зависна од многу технички работи како базени, рефлектори, платна и сѐ треба да биде на точна позиција. Треба огромна концентрација и прецизност затоа што ако некој во одреден момент се најде на погрешно место или каже погрешна реплика, може целата енергија од сцената и претставата  да ја потоне надолу, објаснува Волчески.

Театарската претстава „Декамерон“  не е прва соработка на прилепските актери со режисерот Мартин Кочовски.

Со режисерот Мартин Кочовски досега сме сорботувале многу пати. Затоа ни е многу  полесно да се прочитаме меѓу себе, која е неговата идеја, како ние како актери сметаме дека треба да ја реализираме и да ја надградиме таа идеја. Но и покрај тоа што сме имале заеднички проекти, сепак ни е предизвик да работиме со него. Кога станува збор за Прилепски театар и Мартин Кочовски во комбинација, тоа е секогаш голем број актери, голема екипа и добра претстава. Прилепскиот театар  беше на „Охридско лето“ последен пат во 2015 година исто така со претстава режирана од Мартин Кочовски, и еве, речиси по осум години се враќаме на фестивалската сцена.  Кога ги работиме претставите, се трудиме да се забавуваме во нив за да можеме да си ја сакаме работата и да ни биде забавно, а  не да сметаме дека одиме на работа. А кога станува збор за Мартин, тоа значи дека не само што ќе биде забавно, туку ќе биде и напорно и нервозно, но на крајот сѐ има совршени резултати, додава актерката Ангела Наумоска.

До крајот на годинешното 63-то издание,  драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе понуди уште две театарски претстави,  „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на МГЛ  Градски театар Љубљана од Словенија, како и претставата „Лагата“ од  Флориан Зелер во режија на Никола Љуца што на свеченото свеченото затворање ќе ја одиграат актерите од Драмски театар Белград, Србија.

The post „Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух appeared first on Република.

]]>

Прилепските актери од Театарот „Војдан Чернодрински“  вчеравечер на фестивалската сцена Долни Сарај во рамки на драмската програма на „Охридско лето“  ја донесоа театарската претстава „Декамерон” од Џовани Бокачо, во режија Мартин Кочовски. Станува збор за претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Таа се базира врз хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичност. Претставата, според драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска има фрагментарна драмартургија затоа што, како што вели,  секоја сцена е посебна приказна.
Напорна работа беше изборот на сцените, односно кои новели да се направат во сцени затоа што сами по себе не се поврзани. Публиката обично очекува да има приказна со континуитет но овде нема такво нешто. Кај нас приказните се поврзани на друго ниво, повеќе би рекла, на емоционално ниво . Претставата беше голем зафат, мојата подготовка траеше подолго време, речиси цела година пред да започнеме со пробите. Тоа што јас го напишав, режисерот Мартин го облагороди. Тоа што јас успеав да го извлечам,тој  го употреби но го оплемени и од целата драматизација ја извади на површина радоста што мене тоа многу ми значи. Се чувствувам благословено што работам со припепската актерска екипа затоа што има што да понуди. Секој актер е посебен , има посебни таленти и сензибилитет и сето тоа ја прави целината да биде богата, вели драматургот на претставата „Декамерон“,Лидија Митоска Ѓорѓиевска.
Според  актерот Илија Волчески, „Декамерон“  бара огромна концентрација и прецизност зашто и мала грешка може да ја потоне претставата надолу.
Секој од нас актерите во различни сцени се појавува со различни улоги. Секој има најмалку една до две сцени каде што се појавува во водечка улога, а во останатите има споредни улоги. Претставата се подготвуваше  повеќе од три месеци. Комплексна,  зависна од многу технички работи како базени, рефлектори, платна и сѐ треба да биде на точна позиција. Треба огромна концентрација и прецизност затоа што ако некој во одреден момент се најде на погрешно место или каже погрешна реплика, може целата енергија од сцената и претставата  да ја потоне надолу, објаснува Волчески.
Театарската претстава „Декамерон“  не е прва соработка на прилепските актери со режисерот Мартин Кочовски.
Со режисерот Мартин Кочовски досега сме сорботувале многу пати. Затоа ни е многу  полесно да се прочитаме меѓу себе, која е неговата идеја, како ние како актери сметаме дека треба да ја реализираме и да ја надградиме таа идеја. Но и покрај тоа што сме имале заеднички проекти, сепак ни е предизвик да работиме со него. Кога станува збор за Прилепски театар и Мартин Кочовски во комбинација, тоа е секогаш голем број актери, голема екипа и добра претстава. Прилепскиот театар  беше на „Охридско лето“ последен пат во 2015 година исто така со претстава режирана од Мартин Кочовски, и еве, речиси по осум години се враќаме на фестивалската сцена.  Кога ги работиме претставите, се трудиме да се забавуваме во нив за да можеме да си ја сакаме работата и да ни биде забавно, а  не да сметаме дека одиме на работа. А кога станува збор за Мартин, тоа значи дека не само што ќе биде забавно, туку ќе биде и напорно и нервозно, но на крајот сѐ има совршени резултати, додава актерката Ангела Наумоска.
До крајот на годинешното 63-то издание,  драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе понуди уште две театарски претстави,  „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на МГЛ  Градски театар Љубљана од Словенија, како и претставата „Лагата“ од  Флориан Зелер во режија на Никола Љуца што на свеченото свеченото затворање ќе ја одиграат актерите од Драмски театар Белград, Србија.

The post „Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух appeared first on Република.

]]>
„Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dekameron-na-prilepski-teatar-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 14 Aug 2023 07:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=671839

Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е.

Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Улогите во претставата ги толкуваат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

За „Декамерон“ резервирана е отворената фестивалска сцена „Долни Сарај“ од 21 часот.

 

The post „Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста. Улогите во претставата ги толкуваат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов. За „Декамерон“ резервирана е отворената фестивалска сцена „Долни Сарај“ од 21 часот.  

The post „Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Со изведба на „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, Прилепски театар утре одбележува 73 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izvedba-na-dekameron-spored-bokacho-vo-rezhija-na-martin-kochovski-prilepski-teatar-utre-odbelezhuva-73-godini-postoene/ Fri, 17 Feb 2023 12:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=610187

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 18 февруари 2023 (сабота) одбележува 73 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележена со изведбата на претставата „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, со почеток од 19.30 часот, соопштија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Драматизацијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е од Филип Јовановски, костимографијата на Јулијана Војкова-Најман, за музиката е задолжен оркестарот на театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада, додека вокал и музички соработник е Ана Митоска.

Во претставата играат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски – Ашата, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

„Декамерон“ е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

„Декамерон“ е претстава полна со живот. Претстава која стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста, истакнуваат од НУЦК „Марко Цепенков“.

Првата претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ е „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, изиграна на 18 февруари во 1950 година. Оттогаш, разните генерации актери, ределе премиери една по друга, нижеле успеси, а ансамблот се збогатувал со искуство. Денес, повторно, заради пензионирање на четворица актери, има недостиг од актери.

На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ досега се изведени околу 370 премиери, изиграни над 7.000 претстави, кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави во 73-годишното постоење се „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“, исто во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати.

The post Со изведба на „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, Прилепски театар утре одбележува 73 години постоење appeared first on Република.

]]>

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 18 февруари 2023 (сабота) одбележува 73 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележена со изведбата на претставата „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, со почеток од 19.30 часот, соопштија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Драматизацијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е од Филип Јовановски, костимографијата на Јулијана Војкова-Најман, за музиката е задолжен оркестарот на театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада, додека вокал и музички соработник е Ана Митоска.
Во претставата играат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски – Ашата, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов. „Декамерон“ е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Претстава која стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста, истакнуваат од НУЦК „Марко Цепенков“. Првата претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ е „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, изиграна на 18 февруари во 1950 година. Оттогаш, разните генерации актери, ределе премиери една по друга, нижеле успеси, а ансамблот се збогатувал со искуство. Денес, повторно, заради пензионирање на четворица актери, има недостиг од актери. На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ досега се изведени околу 370 премиери, изиграни над 7.000 претстави, кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави во 73-годишното постоење се „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“, исто во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати.

The post Со изведба на „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, Прилепски театар утре одбележува 73 години постоење appeared first on Република.

]]>
Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/duhot-na-tatko-mi-vlado-postojano-beshe-prisuten-dodeka-ja-rabotevme-misterija-bufo-veli-reziserot-andrej-cvetanovski-pred-premierata-vo-prilepski-teatar/ Wed, 16 Nov 2022 08:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=574325

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл.

Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.

Овој театар за мене има фамилијарна вредност. Татко ми повеќепати работеше со прилепскиот ансамбал. Тој дух на неговата работа беше присутен во процесот на работа на претставата. Посебно е задоволството на работата со ансамблот кој игра до крај и докрај ѝ се радува на театарската игра. А тоа е многу битно, според мене, за создавање добра претстава. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции и низ неколку приказни кои ги напишал Дарио Фо според мистериите како жанр на средновековниот театар, направивме радосна претстава. На таа радост во играта се темели претставата. Се надевам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство, вели режисерот Андреј Цветановски.

Актерката Наташа Ачански вели дека се чувствувал и духот на режисерот Владо Цветановски.

Моето чувство е што нѐ врати малку назад, кога работевме со Владо Цветановски и многу ми е драго зашто режисерот Андреј носи дел од енергијата на Владо. Таква радост во театарската игра одамна не сум почувствувала. Постојано бевме во процесот, од утро до вечер со енергија и симбиоза.

Актерот Илија Вочески го нагласува искуството на ансамблот во колетивната игра.

Прилепскиот театар е познат по колективните претстави. Поврзани сме сите како ансамбл и полесно беше да се „прочитаме“ на сцената. Сепак овој процес беше различен зашто сите мораа исто „да дишат“ без разлика дали се во прв или втор план. Тоа бара максимална концентрација. Првпат имам улога на шут (дворски) и беше огромен предизвик. Во претставата е изразен став како обичниот човек е претставен во театарските трупи од средниот век, смета Волчески.

Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески и Димитар Црцороски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, со кого Прилепскиот театар, исто така, првпат соработува, а костимите се на Марта Дојчиновска. Музиката, пак, е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и на ВИС „Војдан Чернодрински“. Драматургијата и преводот се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

 

The post Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва од 19,30 часот на матичната сцена на Театарот ќе ја изведе последната премиера од годинашнава програма, „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, кому ова му е прва професионална соработка со прилепскиот ансамбл. Претставата е според приказни на Фо од средновековието и во фокусот на поголемиот дел од сцените е обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слично и во средновековието и денес.
Овој театар за мене има фамилијарна вредност. Татко ми повеќепати работеше со прилепскиот ансамбал. Тој дух на неговата работа беше присутен во процесот на работа на претставата. Посебно е задоволството на работата со ансамблот кој игра до крај и докрај ѝ се радува на театарската игра. А тоа е многу битно, според мене, за создавање добра претстава. Претставата е вруток и мешавина на многу емоции и низ неколку приказни кои ги напишал Дарио Фо според мистериите како жанр на средновековниот театар, направивме радосна претстава. На таа радост во играта се темели претставата. Се надевам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство, вели режисерот Андреј Цветановски.
Актерката Наташа Ачански вели дека се чувствувал и духот на режисерот Владо Цветановски.
Моето чувство е што нѐ врати малку назад, кога работевме со Владо Цветановски и многу ми е драго зашто режисерот Андреј носи дел од енергијата на Владо. Таква радост во театарската игра одамна не сум почувствувала. Постојано бевме во процесот, од утро до вечер со енергија и симбиоза.
Актерот Илија Вочески го нагласува искуството на ансамблот во колетивната игра.
Прилепскиот театар е познат по колективните претстави. Поврзани сме сите како ансамбл и полесно беше да се „прочитаме“ на сцената. Сепак овој процес беше различен зашто сите мораа исто „да дишат“ без разлика дали се во прв или втор план. Тоа бара максимална концентрација. Првпат имам улога на шут (дворски) и беше огромен предизвик. Во претставата е изразен став како обичниот човек е претставен во театарските трупи од средниот век, смета Волчески.
Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска-Илијески, Александар Тодески и Димитар Црцороски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, со кого Прилепскиот театар, исто така, првпат соработува, а костимите се на Марта Дојчиновска. Музиката, пак, е на Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и на ВИС „Војдан Чернодрински“. Драматургијата и преводот се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.  

The post Духот на татко ми Владо постојано беше присутен додека ја работевме „Мистерија Буфо“, вели режисерот Андреј Цветановски, пред премиерата во Прилепски театар appeared first on Република.

]]>
Во прилепскиот театар се подготвува „Круг“, претстава која се занимава со проблемите кои ги тргаме настрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-prilepskiot-teatar-se-podgotvuva-krug-pretstava-koja-se-zanimava-so-problemite-koi-gi-trgame-nastrana/ Mon, 20 Jun 2022 12:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=517624

Во прилепскиот народен театар во тек се подготовките на новата претстава „Круг“, според текстот на Едвард Олби, во режија на Јован Ристовски.

Оригиналното име на текстот е „Дамата од Дебјук“. Драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска ги направи преводот и драматизацијата.

Според режисерот Ристовски во претставата ќе се зборува за една приказна, за една врска и за брак кој се распаѓа. Но ова е и претстава за општествените проблеми, посебно во театарот.

Причините не се поради несогласувања, туку поради тоа што едниот лик, Џо умира од рак и нејзиниот партнер Сем не знае како да се соочи со смртта. Ги губи „тлото под нозете“ и самодовербата и не ја прифаќа вистината. Ова е интегрална приказна, која за мене е мотив да проговорам како се распаѓа едно општество. Оваа приказна на Олби е за распадот на едно општество, на еден општествен систем, за распадот на еден театар, на било како тип на заедница. Мотивите беа да ги прикажам нашите лични проблеми во театарот, бидејќи во театарот во Македонија последниве години се лута, не знаеме во кој правец се движиме, што е театар, каде е нашата дисциплина во работата, нашата професионалност. Мислам дека како театарџии треба да се запрашаме до каде сме, што сакаме, што правиме. Всушност, правам претстава за проблемите кои ги тргаме настрана, вели режисерот Ристовски.

Во претставата ќе играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска и Александар Тодески.

Претставата ќе има класична музика и електронски звуци, а самиот театар ќе биде сценографија, додека костимите се на Андреј Георгиевски.

Премиерата е планирана за во средината на јули.

 

The post Во прилепскиот театар се подготвува „Круг“, претстава која се занимава со проблемите кои ги тргаме настрана appeared first on Република.

]]>

Во прилепскиот народен театар во тек се подготовките на новата претстава „Круг“, според текстот на Едвард Олби, во режија на Јован Ристовски. Оригиналното име на текстот е „Дамата од Дебјук“. Драматурот Лидија Митоска Ѓорѓиевска ги направи преводот и драматизацијата. Според режисерот Ристовски во претставата ќе се зборува за една приказна, за една врска и за брак кој се распаѓа. Но ова е и претстава за општествените проблеми, посебно во театарот.
Причините не се поради несогласувања, туку поради тоа што едниот лик, Џо умира од рак и нејзиниот партнер Сем не знае како да се соочи со смртта. Ги губи „тлото под нозете“ и самодовербата и не ја прифаќа вистината. Ова е интегрална приказна, која за мене е мотив да проговорам како се распаѓа едно општество. Оваа приказна на Олби е за распадот на едно општество, на еден општествен систем, за распадот на еден театар, на било како тип на заедница. Мотивите беа да ги прикажам нашите лични проблеми во театарот, бидејќи во театарот во Македонија последниве години се лута, не знаеме во кој правец се движиме, што е театар, каде е нашата дисциплина во работата, нашата професионалност. Мислам дека како театарџии треба да се запрашаме до каде сме, што сакаме, што правиме. Всушност, правам претстава за проблемите кои ги тргаме настрана, вели режисерот Ристовски.
Во претставата ќе играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Сприкоска Илијеска и Александар Тодески. Претставата ќе има класична музика и електронски звуци, а самиот театар ќе биде сценографија, додека костимите се на Андреј Георгиевски. Премиерата е планирана за во средината на јули.  

The post Во прилепскиот театар се подготвува „Круг“, претстава која се занимава со проблемите кои ги тргаме настрана appeared first on Република.

]]>
Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prilepski-teatar-ja-podgotvuva-duplo-dno-od-goran-stefanovski/ Thu, 07 Apr 2022 13:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=484831

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде во средината на мај.

Режисерката Поплавска по втор пат на сцената од театарот поставува текст од македонскиот драмски автор Горан Стефановски. Поплавска напомена дека неговите дела за неа секогаш се предизвик.

За мене Стефановски сѐ уште е „жив“ и секогаш ќе биде, поради неговите дела кои се секогаш актуелни. Природно беше со Прилепскиот ансамбл да имаме повторна средба со Стефановски и тоа овој пат со „Дупло дно“. Драмата е напишана во 1983 година и говори за уметникот и неговата борба за слобода на духот, наспроти тоталитаризмот. Горан е еден од ретките уметници кој остана доследен на себе и остана да биде единствено уметник. Колку дна има дното е моето прашање на кое ќе бараме одговор заедно со актерите на Прилепскиот театар. Иднината за која пишува Горан за нас е сегашност, а кој знае која е иднината? Што е драма, а што е стварност?, вели Поплавска.

За режисерката, претставата ќе биде нејзин можен одговор на прашањата кои Горан Стефановски ги поставува.

Оваа е првата од четирите претстави на прилепскиот театар поддржани за оваа година од Министерството за култура.

 

The post Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде во средината на мај. Режисерката Поплавска по втор пат на сцената од театарот поставува текст од македонскиот драмски автор Горан Стефановски. Поплавска напомена дека неговите дела за неа секогаш се предизвик.
За мене Стефановски сѐ уште е „жив“ и секогаш ќе биде, поради неговите дела кои се секогаш актуелни. Природно беше со Прилепскиот ансамбл да имаме повторна средба со Стефановски и тоа овој пат со „Дупло дно“. Драмата е напишана во 1983 година и говори за уметникот и неговата борба за слобода на духот, наспроти тоталитаризмот. Горан е еден од ретките уметници кој остана доследен на себе и остана да биде единствено уметник. Колку дна има дното е моето прашање на кое ќе бараме одговор заедно со актерите на Прилепскиот театар. Иднината за која пишува Горан за нас е сегашност, а кој знае која е иднината? Што е драма, а што е стварност?, вели Поплавска.
За режисерката, претставата ќе биде нејзин можен одговор на прашањата кои Горан Стефановски ги поставува. Оваа е првата од четирите претстави на прилепскиот театар поддржани за оваа година од Министерството за култура.  

The post Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prilepskiot-teatar-vojdan-chernodrinski-odbelezuva-72-godini-postoenje/ Fri, 18 Feb 2022 07:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=460176

Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден  во 1950 година, точно пред 72 години, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, Прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе од 1,6 милиони луѓе.

Годишнината театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи со изведбата на претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов, вечер од 19:30 часот на матичната сцена на театарот.

Претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки“ е последната премиера во Прилепскиот театар работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, сите грешки актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно. Симболиката на дејството во претставата како да отсликува еден голем растеж на значајна театарска институција во земјава која дала бројни имиња, доајени на македонската театарска уметност.

Уште од рпвата претстава „Кир Јања“ во далечната 1950 година, бројните генерации актери, „вооружени“ со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа „плугот да ја ораат театарската ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите, се нижеле успесите и падовите на Театарот, а колективот се збогатувал со искуство во секојдневната практика. Денеска е ансамбл со врвни актерски имиња.

Во досегашните 72 години постоење на Прилепскиот театар најгледани и најиграни претстави се: „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“, исто во режија на Коле Ангеловски, претставите имаат преку сто изведби.

Голем успех театарот низ годините има постигнато  и со претставите „Силјан Штркот“ „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне” „Арсениј”, „Полковникот птица”, „Опера за три гроша“, „Змејовата невеста“ и други претстави.

Сепак,  претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го воздигна театарот и беше бренд не само на македонскиот, туку и на балканскиот театар. Со  „Тапаните во ноќта“ театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Екс Понто“ („Ех Понто“) во Љубљана, Словенија. Прилепскиот театар е првиот кој во десетгодишен период на МТФ „Војдан Чернодрински“ има освоено најмногу награди за најдобра претстава во целина.

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во земјава го има приматот на театарска куќа во која има праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, на Трајче Крстески, на Петар Петрески.

При јубилејот на театарот во тек е дигитализација на фотографии, информации, статии за претставите до периодот на 2000-та година за да се зачуваат зошто се големо културно богатство. Ансамблот на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ неуморно работи на унапредувањата на театарската уметност, а голема радост е да помине пандемијата и публиката целосно да се врати во салите и со полн капацитет да ги следи претставите.

The post Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден  во 1950 година, точно пред 72 години, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, Прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе од 1,6 милиони луѓе. Годишнината театарот „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи со изведбата на претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов, вечер од 19:30 часот на матичната сцена на театарот. Претставата „Да, инспекторе, Претстава со грешки“ е последната премиера во Прилепскиот театар работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, сите грешки актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно. Симболиката на дејството во претставата како да отсликува еден голем растеж на значајна театарска институција во земјава која дала бројни имиња, доајени на македонската театарска уметност. Уште од рпвата претстава „Кир Јања“ во далечната 1950 година, бројните генерации актери, „вооружени“ со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа „плугот да ја ораат театарската ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите, се нижеле успесите и падовите на Театарот, а колективот се збогатувал со искуство во секојдневната практика. Денеска е ансамбл со врвни актерски имиња. Во досегашните 72 години постоење на Прилепскиот театар најгледани и најиграни претстави се: „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“, исто во режија на Коле Ангеловски, претставите имаат преку сто изведби. Голем успех театарот низ годините има постигнато  и со претставите „Силјан Штркот“ „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне” „Арсениј”, „Полковникот птица”, „Опера за три гроша“, „Змејовата невеста“ и други претстави. Сепак,  претставата „Тапани во ноќта“ од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го воздигна театарот и беше бренд не само на македонскиот, туку и на балканскиот театар. Со  „Тапаните во ноќта“ театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Екс Понто“ („Ех Понто“) во Љубљана, Словенија. Прилепскиот театар е првиот кој во десетгодишен период на МТФ „Војдан Чернодрински“ има освоено најмногу награди за најдобра претстава во целина. Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во земјава го има приматот на театарска куќа во која има праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, на Трајче Крстески, на Петар Петрески. При јубилејот на театарот во тек е дигитализација на фотографии, информации, статии за претставите до периодот на 2000-та година за да се зачуваат зошто се големо културно богатство. Ансамблот на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ неуморно работи на унапредувањата на театарската уметност, а голема радост е да помине пандемијата и публиката целосно да се врати во салите и со полн капацитет да ги следи претставите.

The post Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење appeared first on Република.

]]>
Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-digitalizacijata-na-arhivata-vo-prilepskiot-teatar/ Thu, 03 Feb 2022 14:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=453672

Во тек е дигитализацијата на старата архива на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

Дигитализацијата се спроведува преку Центарот за култура  „Марко Цепенков“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници – големо богатство архивски материјал  создавано од почетоците на Театарот, од 1950 година до 2000 година.

Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, е сместена во папки во кои има фотографии и плакати од премиери од секоја година поединечно, како  и друг материјал,  односно исечоци од весници во кои се пишувало за одиграната претстава. Ова е голем проект за  Театарот и ќе трае подолгорочно, бидејќи треба да се обработат илјадници фотографии и плакати, со што ќе се заштити театарското наследство, информираат од приелпскиот Центар за култура „Марко Цепенков“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што беше набавена соодветна опрема за дигитализација.

Во мешувреме, во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат подготовките за претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Првата одиграна претстава во прилепскиот театар е на 18 февруари 1950 година. Тоа е претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ во режија на Аце Михајловски. Годинава одбележува 72 години постоење.

The post Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>

Во тек е дигитализацијата на старата архива на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Дигитализацијата се спроведува преку Центарот за култура  „Марко Цепенков“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници – големо богатство архивски материјал  создавано од почетоците на Театарот, од 1950 година до 2000 година.
Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, е сместена во папки во кои има фотографии и плакати од премиери од секоја година поединечно, како  и друг материјал,  односно исечоци од весници во кои се пишувало за одиграната претстава. Ова е голем проект за  Театарот и ќе трае подолгорочно, бидејќи треба да се обработат илјадници фотографии и плакати, со што ќе се заштити театарското наследство, информираат од приелпскиот Центар за култура „Марко Цепенков“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што беше набавена соодветна опрема за дигитализација. Во мешувреме, во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат подготовките за претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски. Првата одиграна претстава во прилепскиот театар е на 18 февруари 1950 година. Тоа е претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ во режија на Аце Михајловски. Годинава одбележува 72 години постоење.

The post Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар appeared first on Република.

]]>