прилепска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilepska-bolnica/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прилепска болница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilepska-bolnica/ 32 32 Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilepskata-bolnitsa-naskoro-ke-se-otvori-tsentar-za-dijabet/ Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=837716

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп.

Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка.

Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок.

Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.

За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.

Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца.

Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.

Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.

Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.

Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.

По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка. Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок. Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.
За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.
Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца. Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.
Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.
Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.
Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.
По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>
Д-р Јоноски: Минатото раководство на прилепската болница трошело пари за најнови ајфони, електрични тротинети, јадење по ресторани, а тековните обврски на болницата не се подмирувале https://arhiva3.republika.mk/vesti/d-r-jonoski-minatoto-rakovodstvo-na-prilepskata-bolnitsa-troshelo-pari-za-najnovi-ajfoni-elektrichni-trotineti-jadene-po-restorani-a-tekovnite-obvrski-na-bolnitsata-ne-se-podmiruvale/ Wed, 09 Oct 2024 12:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=824699

Во прилепската болница „Борка Талески“ е започната истрага за ненаменско трошење на пари и утврдување на одговорност изјави денеска д-р Кире Јоноски, в.д директор на болницата. Тој кажа дека кога ја презел функцијата, болницата била во катастрофална состојба.

Сакам да истакнам дека како ново раководство во иднина ќе посветиме посебно внимание на подобрување на здравствените услуги, се со една цел, да имаме задоволни пациенти, како од Прилеп така и од околните места кои воприлепската болница ќе добиваат квалитетна услуга и нега, изјави Јоноски.

Д-р Јоноски информираше дека наследиле огромен долг.

Обврските кои ги има ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, по разни основи изнесуваат речиси 193 милиони денари. За исплата на јубилени награди и отпремнина за вработени, имаме обврски кои изнесуваат скоро 3 милиони денари, а не се платени до ден денес. Паричните обврски според извршни решенија изнесуваат 18.367.811 денари, а според нотарски платни налози, изнесуваат 25.560.00 денари, или само по овие два основи имаме повеќе од 40 милиони денари. Се трошело и на скапи телефони, или поточно најнови ајфони, на два електрични тротинети, односно трошено е за 73 мобилни броеви, кои не се сметководствено евидентирани, а за тоа каде се завршиле ќе треба да утврдат органите на прогон за што се известени и е пријавено од наша страна.

За 2024 година до месец август, утврдивме дека повеќе од 6 милиони денари се потрошени во готовинско плаќање директно од касата високи суми, на некакви фиктивни лица. Ваквата уплата  извршена на пример за косење трева, без да се изготви соодветно фолио, без да има некаков договор ида биде платен персоналниот данок. Се организирале родендени по игротеки и исто така истите се плаќале од каса.

Затекнавме и големи суми за ресторански услуги и репрезентации фактурирани од повеќе познати ресторани од Прилеп, кои се книжени на конто кујна (а ова конто сеподразбира храна за пациенти, се јаделе пици, пастрмајлии, се пиело виски, вино итн). Исто така се плаќале високи аванси на фирми за споредни услуги верувале или не една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги како повравка на ѕидови, поправка на машини за перење, чистење на клима уреди, косење на трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри (а ниту една медиџцинска сестра во болницата не е запозната со таа едукација) со еден збор “фирма за се “, додека тековните обврски на болницата не се подмирувале и за кои моментално се соочуваме со огромни наталожени долгови и притисок од извршни решенија. Следна забелешка што ја забележавме од еден прилепски бутик се фактурирале високи суми кои се подмирени од болницата за услуга одржување на облека, изјави д-р Јоноски.

В.д. директорот на прилепската болница вели дека минатото раководство вршело фиктивни транспорти на име службено патување, така што само за месец јули, извршени се повеќе од 70 вакви транспорти. Болницата исто така плаќала патувања за семинари во странство. Исто така извршено е бришење на ставка во износ од повеќе од 1.500,000 денари на име промет од ПОС Терминали.

Детектиравме и пишување на прекувремени саати последователно на повеќе исти лица и тоа селективно, за кои се исплаќале огромни износи, натаков начин со корекции за да истите не бидат видливи припресметките за плата. Ова се само дел од огромните парични обврски кои ги имаболницата за намирување по најразлични основи. Оставам граѓаните сами да проценат затоа колку недомаќински се работело и се трошело изминатите години.

Сакам да ја известам јавноста дека за сите овие работи, какои за многу останати, кои нема да ги презентирам денес заради интерес на времето, известени се надлежните институции и започната е масовна истрага од надлежните органи и дека ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред законот, за што ќе следува и одговорност. На нас како ново раководство, вклучително и јас како в.д директор, останува, да се бориме со сите предизвици вклучително и со огромниот долг кој го наследуваме, а секако наша најголема мотивација ќе биде да овозможиме прилепчани и жителите од околните населени места, да добијат установа во која ќепрепознаваат квалитет и квалитетни здравствени услуги, изјави д-р Јоноски.

The post Д-р Јоноски: Минатото раководство на прилепската болница трошело пари за најнови ајфони, електрични тротинети, јадење по ресторани, а тековните обврски на болницата не се подмирувале appeared first on Република.

]]>

Во прилепската болница „Борка Талески“ е започната истрага за ненаменско трошење на пари и утврдување на одговорност изјави денеска д-р Кире Јоноски, в.д директор на болницата. Тој кажа дека кога ја презел функцијата, болницата била во катастрофална состојба.
Сакам да истакнам дека како ново раководство во иднина ќе посветиме посебно внимание на подобрување на здравствените услуги, се со една цел, да имаме задоволни пациенти, како од Прилеп така и од околните места кои воприлепската болница ќе добиваат квалитетна услуга и нега, изјави Јоноски.
Д-р Јоноски информираше дека наследиле огромен долг.
Обврските кои ги има ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, по разни основи изнесуваат речиси 193 милиони денари. За исплата на јубилени награди и отпремнина за вработени, имаме обврски кои изнесуваат скоро 3 милиони денари, а не се платени до ден денес. Паричните обврски според извршни решенија изнесуваат 18.367.811 денари, а според нотарски платни налози, изнесуваат 25.560.00 денари, или само по овие два основи имаме повеќе од 40 милиони денари. Се трошело и на скапи телефони, или поточно најнови ајфони, на два електрични тротинети, односно трошено е за 73 мобилни броеви, кои не се сметководствено евидентирани, а за тоа каде се завршиле ќе треба да утврдат органите на прогон за што се известени и е пријавено од наша страна. За 2024 година до месец август, утврдивме дека повеќе од 6 милиони денари се потрошени во готовинско плаќање директно од касата високи суми, на некакви фиктивни лица. Ваквата уплата  извршена на пример за косење трева, без да се изготви соодветно фолио, без да има некаков договор ида биде платен персоналниот данок. Се организирале родендени по игротеки и исто така истите се плаќале од каса. Затекнавме и големи суми за ресторански услуги и репрезентации фактурирани од повеќе познати ресторани од Прилеп, кои се книжени на конто кујна (а ова конто сеподразбира храна за пациенти, се јаделе пици, пастрмајлии, се пиело виски, вино итн). Исто така се плаќале високи аванси на фирми за споредни услуги верувале или не една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги како повравка на ѕидови, поправка на машини за перење, чистење на клима уреди, косење на трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри (а ниту една медиџцинска сестра во болницата не е запозната со таа едукација) со еден збор “фирма за се “, додека тековните обврски на болницата не се подмирувале и за кои моментално се соочуваме со огромни наталожени долгови и притисок од извршни решенија. Следна забелешка што ја забележавме од еден прилепски бутик се фактурирале високи суми кои се подмирени од болницата за услуга одржување на облека, изјави д-р Јоноски.
В.д. директорот на прилепската болница вели дека минатото раководство вршело фиктивни транспорти на име службено патување, така што само за месец јули, извршени се повеќе од 70 вакви транспорти. Болницата исто така плаќала патувања за семинари во странство. Исто така извршено е бришење на ставка во износ од повеќе од 1.500,000 денари на име промет од ПОС Терминали.
Детектиравме и пишување на прекувремени саати последователно на повеќе исти лица и тоа селективно, за кои се исплаќале огромни износи, натаков начин со корекции за да истите не бидат видливи припресметките за плата. Ова се само дел од огромните парични обврски кои ги имаболницата за намирување по најразлични основи. Оставам граѓаните сами да проценат затоа колку недомаќински се работело и се трошело изминатите години. Сакам да ја известам јавноста дека за сите овие работи, какои за многу останати, кои нема да ги презентирам денес заради интерес на времето, известени се надлежните институции и започната е масовна истрага од надлежните органи и дека ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле пред законот, за што ќе следува и одговорност. На нас како ново раководство, вклучително и јас како в.д директор, останува, да се бориме со сите предизвици вклучително и со огромниот долг кој го наследуваме, а секако наша најголема мотивација ќе биде да овозможиме прилепчани и жителите од околните населени места, да добијат установа во која ќепрепознаваат квалитет и квалитетни здравствени услуги, изјави д-р Јоноски.

The post Д-р Јоноски: Минатото раководство на прилепската болница трошело пари за најнови ајфони, електрични тротинети, јадење по ресторани, а тековните обврски на болницата не се подмирувале appeared first on Република.

]]>
Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prilepskiot-teatar-proslavuva-74-godini-od-osnovaneto/ Sat, 17 Feb 2024 08:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=745062

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ денеска прославува 74 години од основањето. Во 1950 година, на 17 февруари, ансамблот ја изведе првата претстава „Кир Јања“ од Јован С. Поповиќ во режија на Аце Михајлоски со што го означи почетокот на богатата театарска дејност и остави неизбришливи траги во уметноста со изведбите и со значајните театарски имиња за македонската култура.

Седумдесет и четири годишната дејност ансамблот ќе ја одбележи в среда со најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст на Агата Кристи во режија на Борис Василески. Одбележувањето на годишнината беше закажано за вечер, но поради здравствени проблеми на актер од претставата, изведбата е презакажана за в среда. Од Театарот информираат дека важат сите влезници и само да се потврдат резервациите.

Прилепскиот народен театар досега извел околу 360 премиери, а се одиграни преку 7 500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна претстава, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех на домашната и меѓународната сцена театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк...“ во режија на Мартин Кочовски. Голем успех постигнаа и претставите: “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”.... Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Благоја Ристески Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Претстава “Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која во 2008 година освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а претставата ,,Кавкаскиот круг со креда“ која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „ЕХ Понто во Љубљана“, Словенија. Ансамблот има освоено дсетина награди за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Со години се бара, но се уште нема ништо конкретно дека ќе почне да се гради нов театар во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков“.

The post Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето appeared first on Република.

]]>

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ денеска прославува 74 години од основањето. Во 1950 година, на 17 февруари, ансамблот ја изведе првата претстава „Кир Јања“ од Јован С. Поповиќ во режија на Аце Михајлоски со што го означи почетокот на богатата театарска дејност и остави неизбришливи траги во уметноста со изведбите и со значајните театарски имиња за македонската култура. Седумдесет и четири годишната дејност ансамблот ќе ја одбележи в среда со најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст на Агата Кристи во режија на Борис Василески. Одбележувањето на годишнината беше закажано за вечер, но поради здравствени проблеми на актер од претставата, изведбата е презакажана за в среда. Од Театарот информираат дека важат сите влезници и само да се потврдат резервациите. Прилепскиот народен театар досега извел околу 360 премиери, а се одиграни преку 7 500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна претстава, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски. Голем успех на домашната и меѓународната сцена театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк...“ во режија на Мартин Кочовски. Голем успех постигнаа и претставите: “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”.... Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Благоја Ристески Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски. Претстава “Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која во 2008 година освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а претставата ,,Кавкаскиот круг со креда“ која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „ЕХ Понто во Љубљана“, Словенија. Ансамблот има освоено дсетина награди за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“. Со години се бара, но се уште нема ништо конкретно дека ќе почне да се гради нов театар во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков“.

The post Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето appeared first on Република.

]]>
Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/treta-nedela-bez-osnovni-informatsii-nitu-initsiran-struchen-nadzor-za-meditsinskiot-tretman-na-patsientkata-koja-pochina-vo-prilep/ Sun, 05 Mar 2023 18:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=616158

Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор со кој ќе се утврди медицинскиот третман на пациентката која почина во болницата во Прилеп, по рутинска интервенција и по пријавите со интерхоспитална инфекција, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Јавното обвинителство отвори предмети за случаи во оваа ЈЗУ, меѓу кои и за починатата пациентка, ниту тоа не е доволно ДСЗИ и МЗ да иницираат стручен надзор по допрен глас. Нула одговорност и нула преземени мерки за овој случај кој резултира со смртен исход.
Колку редовни а колку вонредни надзори има ДСЗИ во Болницата во Прилеп и сите останати јавни здравствени установи?Кои се констатираните неправилности, што е преземено и дали има санкции?
Во меѓувреме 1.400 вработени во Здравствен дом Скопје се без осигурување, иако беа херои во ковид пандемијата.
Нема основен лек ниту за трансплантираните пациенти, ама има плакати за нив.
Нема исплата на боледувања и породилно за сите осигуреници по здравствениот крах на ФЗОМ согласно медиумските објави.
Затоа што нема одговорност ниту отчет од нитуедно одговорно лице, неопходно е преземање колективна одговорност, порачаа од Комисијата.

The post Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор со кој ќе се утврди медицинскиот третман на пациентката која почина во болницата во Прилеп, по рутинска интервенција и по пријавите со интерхоспитална инфекција, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Јавното обвинителство отвори предмети за случаи во оваа ЈЗУ, меѓу кои и за починатата пациентка, ниту тоа не е доволно ДСЗИ и МЗ да иницираат стручен надзор по допрен глас. Нула одговорност и нула преземени мерки за овој случај кој резултира со смртен исход. Колку редовни а колку вонредни надзори има ДСЗИ во Болницата во Прилеп и сите останати јавни здравствени установи?Кои се констатираните неправилности, што е преземено и дали има санкции? Во меѓувреме 1.400 вработени во Здравствен дом Скопје се без осигурување, иако беа херои во ковид пандемијата. Нема основен лек ниту за трансплантираните пациенти, ама има плакати за нив. Нема исплата на боледувања и породилно за сите осигуреници по здравствениот крах на ФЗОМ согласно медиумските објави. Затоа што нема одговорност ниту отчет од нитуедно одговорно лице, неопходно е преземање колективна одговорност, порачаа од Комисијата.

The post Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор за медицинскиот третман на пациентката која почина во Прилеп appeared first on Република.

]]>
150-те примероци од салите и персоналот се негативни, во болницата во Прилеп може да се вршат операции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/150-te-primerotsi-od-salite-i-personalot-se-negativni-vo-bolnitsata-vo-prilep-mozhe-da-se-vrshat-operatsii/ Mon, 27 Feb 2023 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=613792

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата.

Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.

Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата.

Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка. ем/цр

 

The post 150-те примероци од салите и персоналот се негативни, во болницата во Прилеп може да се вршат операции appeared first on Република.

]]>

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.
Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата.
Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка. ем/цр  

The post 150-те примероци од салите и персоналот се негативни, во болницата во Прилеп може да се вршат операции appeared first on Република.

]]>
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-so-zadolzhenija-za-prilepskata-bolnitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=612816

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.

Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.

Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.

Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите.

Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники. Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност. Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка. Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите. Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>
Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhenite-vo-makedonija-umiraat-poradi-kontinuirana-sistemska-negrizha-za-zdravjeto/ Fri, 24 Feb 2023 09:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=612676

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.

Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација.

Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:

- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп;
- Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата;
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.

Организации-членки:

1. Tiiiit! Inc.
2. Бори се женски
3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
4. Здружение женски форум
5. Здружение за еднакви можности Семпер
6. Здружение за локален рурален развој
7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС
11. Институтот за општествени и хуманистички науки
12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
13. ЛезФем
14. Мрежа за заштита од дискриминација
15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
16. Националниот совет за родова рамноправност
17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
18. Организација на жените на општина Свети Николе
19. Организација на жените “Кумановка“
20. Реактор – Истражување во акција
21. Рурална Коалиција
22. Стела
23. ТАКТ
24. Хелсиншки комитет за човекови права
25. Х.Е.Р.А.
26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
27. Хуманитарно Здружение „Мајка“
28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

 

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>

Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт.
Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава. Пациентката после изведена киретажа во прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа, реагираат од Платформата за родова еднаквост.
Од Платформата за родова еднаквост потстуваат дека иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно:
- Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; - Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; - Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.
Организации-членки: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружениезаедукативенразвој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. Х.Е.Р.А. 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)  

The post Жените во Македонија умираат поради континуирана системска негрижа за здравјето appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: По повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-po-povekje-od-50-godini-bolnicata-dobiva-moderen-aparat-za-magnetna-rezonanca/ Sat, 14 May 2022 14:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=502242

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.

Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој е поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца. Одделението со нова магнетна резонанца во Прилеп е дел од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Освен во човечкиот капитал, сериозно да инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи. Магнетната резонанца е од огромно значење и придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека после повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца и сега ќе може уште полесно и поцелосно да ја остварува својата мисија – да обезбедува квалитетна здравствена услуга за населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.

Апаратот го обезбеди Министерството за здравство, додека болницата ги обезбеди средствата за градежниот зафат и дополнителната опрема.

Ковачевски истакна дека продолжуваат со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.

Платите на сите вработени во здравството од почетокот на оваа година се зголемија за пет отсто. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година. За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%. Го коригиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар. Ова се само дел од мерките кои ја потврдуваат нашата определба и цел за достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита, која ги има граѓаните во центарот на здравствениот систем, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: По повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.
Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој е поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца. Одделението со нова магнетна резонанца во Прилеп е дел од приоритетите на Владата и на Министерството за здравство. Освен во човечкиот капитал, сериозно да инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи. Магнетната резонанца е од огромно значење и придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани, изјави премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека после повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца и сега ќе може уште полесно и поцелосно да ја остварува својата мисија – да обезбедува квалитетна здравствена услуга за населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион, вклучително и Кавадарци. Апаратот го обезбеди Министерството за здравство, додека болницата ги обезбеди средствата за градежниот зафат и дополнителната опрема. Ковачевски истакна дека продолжуваат со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.
Платите на сите вработени во здравството од почетокот на оваа година се зголемија за пет отсто. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година. За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%. Го коригиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар. Ова се само дел од мерките кои ја потврдуваат нашата определба и цел за достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита, која ги има граѓаните во центарот на здравствениот систем, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: По повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца appeared first on Република.

]]>
Истрага против 4 лица кои претепале и тешко повредиле болничар и обезбедувач во прилепската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-protiv-4-lica-koi-pretepale-i-teshko-povredile-bolnichar-i-obezbeduvach-vo-prilepskata-bolnica/ Tue, 19 Apr 2022 13:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=490583

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност, се вели во соопштението од Jавно обвинителство.

Против лицата има основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

The post Истрага против 4 лица кои претепале и тешко повредиле болничар и обезбедувач во прилепската болница appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.
Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност, се вели во соопштението од Jавно обвинителство.
Против лицата има основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

The post Истрага против 4 лица кои претепале и тешко повредиле болничар и обезбедувач во прилепската болница appeared first on Република.

]]>