Прилеп – Градско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilep-gradsko/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 11:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прилеп – Градско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilep-gradsko/ 32 32 До Нова година ќе се пуштат експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-nova-godina-ke-se-pushtat-ekspresnite-patishta-prilep-gradsko-i-rankovtse-kriva-palanka/ Thu, 03 Oct 2024 11:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=822198

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка.

Како што истакна Николоски по повод сработеното во првите 100 дена, решени се сите проблеми во однос на реализирањето на овие два проекта.

Ги решивме проблемите на делницата Прилеп - Градско, финансирана делумно од ЕУ. ЕУ во 2023 година побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП, но година и пол не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министер, ја решивме таа работа и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп - Градско ќе ја завршиме до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 - 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце - Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција, подвлече Николоски.

Тој најави и дека до крајот на овој месец ќе почне, како што рече, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10.

Ќе стартуваме со Прилеп - Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар - Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат, истакна министерот, дополнувајќи дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиона евра. 

https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=kWMFJqwQ8ZQCpGfJ

The post До Нова година ќе се пуштат експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка. Како што истакна Николоски по повод сработеното во првите 100 дена, решени се сите проблеми во однос на реализирањето на овие два проекта.
Ги решивме проблемите на делницата Прилеп - Градско, финансирана делумно од ЕУ. ЕУ во 2023 година побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП, но година и пол не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министер, ја решивме таа работа и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп - Градско ќе ја завршиме до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 - 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце - Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција, подвлече Николоски.
Тој најави и дека до крајот на овој месец ќе почне, како што рече, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10.
Ќе стартуваме со Прилеп - Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар - Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат, истакна министерот, дополнувајќи дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиона евра. 
https://www.youtube.com/live/Ye8VqxdJgGc?si=kWMFJqwQ8ZQCpGfJ

The post До Нова година ќе се пуштат експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Николоски: Целосно разобличена лагата на Филипче и Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-tselosno-razoblichena-lagata-na-filipche-i-bochvarski/ Sun, 05 May 2024 06:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=774351

На лагата и се кратки нозете, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Александар Николоски.

Тој објави видео кое целосно ја разобличува лагата на Филипче и Бочварски.

„Денес Венко Филипче и Благој Бочварски брутално излажаа дека експресниот пат Прилеп – Градско е готов!
Но вистината е сосем друга! Погледнете го видеото и уверете се сами, напиша тој.

The post Николоски: Целосно разобличена лагата на Филипче и Бочварски appeared first on Република.

]]>

На лагата и се кратки нозете, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Александар Николоски. Тој објави видео кое целосно ја разобличува лагата на Филипче и Бочварски.
„Денес Венко Филипче и Благој Бочварски брутално излажаа дека експресниот пат Прилеп – Градско е готов! Но вистината е сосем друга! Погледнете го видеото и уверете се сами, напиша тој.

The post Николоски: Целосно разобличена лагата на Филипче и Бочварски appeared first on Република.

]]>
Гори носечки столб од патот Градско-Прилеп кој се гради со години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-nosechki-stolb-od-patot-gradsko-prilep-koj-se-gradi-so-godini/ Fri, 27 May 2022 16:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=507736

Гори патна конструкција кај село Дреново. Станува збор за еден од носечките столбови на тоа што треба да биде новиот пат Градско - Прилеп, што се гради веќе можда една деценија.

The post Гори носечки столб од патот Градско-Прилеп кој се гради со години appeared first on Република.

Д-р Грков со детали за тешката несреќа на патот Прилеп-Градско, во која загина едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/d-r-grkov-so-detali-za-teshkata-nesrekja-na-patot-prilep-gradsko-vo-koja-zagina-edno-lice/ Wed, 16 Feb 2022 08:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=459100

Во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во која едно лице загина, а две се повредени, докторот во Итна медицинска помош Кавадарци Ратко Грков утрово во изјава за МИА, информираше дека повредените се жена и дете на возраст околу 30 и 10 години, кои биле со видливи скршеници.

Возачот беше на околу 40 години, изваден со помош на противпожарната служба бидејќи по сообраќајката, беше приклештен во возилото. Беше неконтактибилен, во тешка општа состојба, со повеќе повреди по целото тело. Беше направена реанимација во кавадаречката болница, но, за жал, безуспешна, рече докторот.

Сопатничката, на возраст околу 30 години, била повредена, но, во стабилна општа состојба, свесна и ориентирана во време и простор, без видливи скршеници. Повредено било и дете на возраст од околу десет години, со скршеници на двете бутни коски и десна подлактица.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои синоќа беа учесници во сообраќајот после сообраќајката и се најдоа на лице место, многу помогнаа, одамна не сум сретнал толку хумани луѓе. Тие дадоа несебична поддршка и помогнаа многу на екипите на брзата помош и противпожарната служба, нагласи Грков.

МИА синоќа информираше дека во 17.55 часот на патот Прилеп-Градско пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.

The post Д-р Грков со детали за тешката несреќа на патот Прилеп-Градско, во која загина едно лице appeared first on Република.

]]>

Во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во која едно лице загина, а две се повредени, докторот во Итна медицинска помош Кавадарци Ратко Грков утрово во изјава за МИА, информираше дека повредените се жена и дете на возраст околу 30 и 10 години, кои биле со видливи скршеници. Возачот беше на околу 40 години, изваден со помош на противпожарната служба бидејќи по сообраќајката, беше приклештен во возилото. Беше неконтактибилен, во тешка општа состојба, со повеќе повреди по целото тело. Беше направена реанимација во кавадаречката болница, но, за жал, безуспешна, рече докторот. Сопатничката, на возраст околу 30 години, била повредена, но, во стабилна општа состојба, свесна и ориентирана во време и простор, без видливи скршеници. Повредено било и дете на возраст од околу десет години, со скршеници на двете бутни коски и десна подлактица.
Сакам да им се заблагодарам на сите кои синоќа беа учесници во сообраќајот после сообраќајката и се најдоа на лице место, многу помогнаа, одамна не сум сретнал толку хумани луѓе. Тие дадоа несебична поддршка и помогнаа многу на екипите на брзата помош и противпожарната служба, нагласи Грков.
МИА синоќа информираше дека во 17.55 часот на патот Прилеп-Градско пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.

The post Д-р Грков со детали за тешката несреќа на патот Прилеп-Градско, во која загина едно лице appeared first on Република.

]]>
Kамион со приколка и „Голф“ се судрија на Прилеп-Градско, едно лице загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamion-so-prikolka-i-golf-se-sudrija-na-prilep-gradsko-edno-lice-zagina/ Tue, 15 Feb 2022 20:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=459039

Вечерва во  17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“  управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Оваа информација ја потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот е во тек.
Од МВР нагласија дека се ова првични информации за сообраќајката.

The post Kамион со приколка и „Голф“ се судрија на Прилеп-Градско, едно лице загина appeared first on Република.