Прилеп фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilep-fest/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 07:56:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Прилеп фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prilep-fest/ 32 32 „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zhali-goro-zhali-sestro-vo-novo-ruvo-blagodarenie-na-zhaklina-markoski-i-nikolche-mitsevski/ Tue, 29 Oct 2024 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=832097

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас.

Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка.

Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.

За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.

За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”.

https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi

Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица.

Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас. Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка. Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.
За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.
За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”. https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица. Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>
Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/naum-petreski-i-soprugata-zuitsa-lazova-ke-peat-zaedno-so-nivniot-sin-stefan-na-godineshniot-prilep-fest/ Wed, 16 Oct 2024 13:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=827492

Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп фест 2024”.

На 1 ноември, односно во петок на сцената во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја. Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други.

Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петрески, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан.

Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.

Нè очекува одличен фестивал и одлични нови песни.

The post Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ appeared first on Република.

]]>

Уште нецели две недели до одржување на деветотто издание на реномираниот музички фестивал за народна музика „Прилеп фест 2024”. На 1 ноември, односно во петок на сцената во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп ќе имаме прилика да ги слушнеме и видиме најистакнатите музички фолк имиња од нашата земја. Листата на изведувачи е навистина голема, а ова се само дел од нив: Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други. Она што ќе биде вистинско изненадување на вечерта е заедничкиот настап на Наум Петрески, неговата сопруга Зуица Лазова и нивниот син Стефан. Мора и да се напомене дека освен што ќе ги видиме добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката. Нè очекува одличен фестивал и одлични нови песни.

The post Наум Петрески и сопругата Зуица Лазова ќе пеат заедно со нивниот син Стефан на годинешниот „Прилеп фест“ appeared first on Република.

]]>
Потврден датумот за „Прилеп Фест“, и оваа година бројни познати музички имиња https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/potvrden-datumot-za-prilep-fest-i-ovaa-godina-brojni-poznati-muzichki-imina/ Fri, 01 Mar 2024 18:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=750008

На 19 јуни нè очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест“. Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, „Марко Цепенков“ во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.

Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да нè чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година нè очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме, велат организаторите.

Не заборавајте, 19 јуни - „Прилеп Фест 2024“ во домот на културата „Марко Цепенков“.

The post Потврден датумот за „Прилеп Фест“, и оваа година бројни познати музички имиња appeared first on Република.

]]>

На 19 јуни нè очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест“. Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, „Марко Цепенков“ во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји. Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.
Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да нè чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година нè очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме, велат организаторите.
Не заборавајте, 19 јуни - „Прилеп Фест 2024“ во домот на културата „Марко Цепенков“.

The post Потврден датумот за „Прилеп Фест“, и оваа година бројни познати музички имиња appeared first on Република.

]]>
9. издание на „Прилеп фест“: Настапуваат најпознатите музички имиња од фолк сцената и гости од соседните земји https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/9-izdanie-na-prilep-fest-nastapuvaat-najpoznatite-muzichki-imina-od-folk-stsenata-i-gosti-od-sosednite-zemji/ Fri, 01 Mar 2024 14:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=750114

Оваа година, на 19 јуни не очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика , „Прилеп Фест 2024“.

Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, „Марко Цепенков” во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.

Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.

„Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да не чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година не очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме“, велат организаторите.

The post 9. издание на „Прилеп фест“: Настапуваат најпознатите музички имиња од фолк сцената и гости од соседните земји appeared first on Република.

6. издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/6-izdanie-na-festivalot-na-avtorska-narodna-muzika-prilep-folk-fest/ Tue, 19 Apr 2022 18:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=490782

Оваа година ќе се одржи 6 . издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ 2022, на 26-ти мај, во домот на културата Марко Цепенков.

На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: БЛАГА ПЕТРЕСКА, НАУМ ПЕТРЕСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ, ЗУИЦА ЛАЗОВА, МАРЈАН КОЦЕВ, ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА, АДРИЈАНА АЦЕВСКА, СУЗАНА ГАВАЗОВА, САЊА РИСТЕСКА САЊА БАРБИКА, СПАСЕН СИЉАНОСКИ, АНЕТА АРСОВСКА, ЖИВЕ МЕШУРЕВСКИ, ЈОРДАН МИТЕВ, ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА, групите ФОКУС, АНЕТА и МОЛИКА, СКОПСКИ БОЕМИ  и  МАЕСТРО, кои на Фестивалот ќе настапат со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски......

Фестивалот е во организација на Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.

Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.

 Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни.

Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиумски партнер, вели директорот на фестивалот “Прилеп Фолк Фест”, Борче Нечовски.

The post 6. издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година ќе се одржи 6 . издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ 2022, на 26-ти мај, во домот на културата Марко Цепенков. На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди: БЛАГА ПЕТРЕСКА, НАУМ ПЕТРЕСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ, ЗУИЦА ЛАЗОВА, МАРЈАН КОЦЕВ, ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА, АДРИЈАНА АЦЕВСКА, СУЗАНА ГАВАЗОВА, САЊА РИСТЕСКА САЊА БАРБИКА, СПАСЕН СИЉАНОСКИ, АНЕТА АРСОВСКА, ЖИВЕ МЕШУРЕВСКИ, ЈОРДАН МИТЕВ, ТАТЈАНА СТЕФАНОВСКА, групите ФОКУС, АНЕТА и МОЛИКА, СКОПСКИ БОЕМИ  и  МАЕСТРО, кои на Фестивалот ќе настапат со песни на дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски...... Фестивалот е во организација на Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way“- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.
Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.  Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни. Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиумски партнер, вели директорот на фестивалот “Прилеп Фолк Фест”, Борче Нечовски.

The post 6. издание на  фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“ appeared first on Република.

]]>