пријавување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prijavuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 07:53:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пријавување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prijavuvanje/ 32 32 Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-prijavuvaneto-za-jubilejniot-20-skopski-maraton/ Thu, 28 Mar 2024 07:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=759578

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година.

Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.

Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км.

За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување.

Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година. Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.
Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo. Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ. Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024. Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Женска трка на 7 април во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhenska-trka-na-7-april-vo-skopje/ Tue, 20 Feb 2024 12:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=746113

„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.
Традицијата продолжува и оваа година, кога во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 7ми април ќе се одржи  12-тото издание на „АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“.
Пријавувањето за трката започнува од денеска 20.02.2024 и ќе трае до 02.04.2024 и право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст.
Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“ со должина од 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.
Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Сите дами кои ќе учествуваат на овогодинешната „Авицена Женска Трка“ своите стартни броеви и стартни пакети ќе може да ги подигнат на 5ти и 6ти април, од 11.00 до 18.00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2024“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/ .

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

The post Женска трка на 7 април во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Традицијата продолжува и оваа година, кога во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 7ми април ќе се одржи  12-тото издание на „АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“. Пријавувањето за трката започнува од денеска 20.02.2024 и ќе трае до 02.04.2024 и право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“ со должина од 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката. Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација. Сите дами кои ќе учествуваат на овогодинешната „Авицена Женска Трка“ своите стартни броеви и стартни пакети ќе може да ги подигнат на 5ти и 6ти април, од 11.00 до 18.00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром. Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2024“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/ .
Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

The post Женска трка на 7 април во Скопје appeared first on Република.

]]>
На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-25-juli-zavrshuva-vtoriot-bran-za-prijavuvane-na-viz-er-skopski-maraton/ Mon, 24 Jul 2023 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=664792

Првиот ден од месец октомври во атлетските календари уште од почетокот на годината е резервиран за најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа маратонска трка е сертифицирана од страна на АИМС и Светска Атлетика. 19. издание на Виз Ер Скопски маратон е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, каде што со завршувањето на маратонот секој натпреварувач освојува поени во соодветната категорија. Најдобрите во светот можат да обезбедат учество на Светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.

Учесниците можат да се пријават на традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и трката на 5км) на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Секој оној кој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули кога завршува и вториот бран за пријавување. Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

Подетални информации поврзани со маратонот може да се најдат на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и офцијалните профили на Виз Ер Скопски маратон на социјалните мрежи www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.

The post На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Првиот ден од месец октомври во атлетските календари уште од почетокот на годината е резервиран за најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа маратонска трка е сертифицирана од страна на АИМС и Светска Атлетика. 19. издание на Виз Ер Скопски маратон е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, каде што со завршувањето на маратонот секој натпреварувач освојува поени во соодветната категорија. Најдобрите во светот можат да обезбедат учество на Светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.

Учесниците можат да се пријават на традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и трката на 5км) на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Секој оној кој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули кога завршува и вториот бран за пријавување. Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

Подетални информации поврзани со маратонот може да се најдат на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и офцијалните профили на Виз Ер Скопски маратон на социјалните мрежи www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.

The post На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-10-juli-prijavuvane-za-smestuvane-vo-javnite-uchenichki-domovi-za-uchebnata-2023-2024/ Fri, 07 Jul 2023 08:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=658820

Во понеделник (10 јули) завршува рокот за пријавување на учениците запишани во прва, втора, трета и четврта година за прием во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот на МОН треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Според Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2023/2024 година, што го објави Министерството за образование и наука, за сместување и исхрана на ученици од средното образование има вкупно 2537 слободни места во 14 ученички домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга и Штип.

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот, најдоцна до 19 јули 2023.

Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Во Конкурсот е наведено дека првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на државата.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2023, сè додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” во Скопје не треба да пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, од 3 до 10 јули 2023.

The post До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Во понеделник (10 јули) завршува рокот за пријавување на учениците запишани во прва, втора, трета и четврта година за прием во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година. Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот на МОН треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом. Според Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2023/2024 година, што го објави Министерството за образование и наука, за сместување и исхрана на ученици од средното образование има вкупно 2537 слободни места во 14 ученички домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга и Штип. Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот, најдоцна до 19 јули 2023. Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење. Во Конкурсот е наведено дека првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на државата. Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2023, сè додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови. Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” во Скопје не треба да пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, од 3 до 10 јули 2023.

The post До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>
Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javen-povik-za-prijavuvane-shteti-od-prirodna-nepogoda-od-poplavi-i-grad-vo-delchevo/ Mon, 12 Jun 2023 10:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=650424

Граѓаните на Општина Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето што ја зафати Општина Делчево од денеска можат да поднесуваат пријави до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од поплава и град.

Образецот на пријавата за штета,како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево.

Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk), информираа од Општина Делчево.

Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена.

Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч. За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513, додадоа од Општината.

Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.

The post Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Општина Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето што ја зафати Општина Делчево од денеска можат да поднесуваат пријави до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од поплава и град. Образецот на пријавата за штета,како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево. Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk), информираа од Општина Делчево. Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена. Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч. За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513, додадоа од Општината. Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.

The post Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево appeared first on Република.

]]>
МОН отвара е-адреса за пријавување насилство во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-otvara-e-adresa-za-prijavuvane-nasilstvo-vo-uchilishtata/ Fri, 05 May 2023 10:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=637262

Министерството за образование и наука отвора адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде што може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.

За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко - изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

The post МОН отвара е-адреса за пријавување насилство во училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука отвора адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде што може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.
За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко - изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

The post МОН отвара е-адреса за пријавување насилство во училиштата appeared first on Република.

]]>
Почна пријавувањето за 19. издание на Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-prijavuvaneto-za-19-izdanie-na-skopski-maraton/ Thu, 16 Feb 2023 11:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=609733

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на први октомври (недела) го отвори пријавувањето за своето 19то издание. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика.
Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго оваа година.
Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и 5км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација.

Повеќе информации на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за пријавување на маратон, полумаратон и штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок трае до 25 јули за пријави на маратон, полумаратон, штафетниот маратон и трката на 5км, додека третиот и финален рок е 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при регистрирањето ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

 

The post Почна пријавувањето за 19. издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на први октомври (недела) го отвори пријавувањето за своето 19то издание. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика. Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго оваа година. Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и 5км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација. Повеќе информации на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за пријавување на маратон, полумаратон и штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок трае до 25 јули за пријави на маратон, полумаратон, штафетниот маратон и трката на 5км, додека третиот и финален рок е 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при регистрирањето ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс. За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица. Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.  

The post Почна пријавувањето за 19. издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Отворено е пријавувањето за Скопје трча на 10 километри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/otvoreno-e-prijavuvaneto-za-skopje-trcha-na-10-kilometri/ Thu, 09 Feb 2023 08:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=606767

Уличната трка која стана неизоставен дел од календарот спортски настани на Скопје, ХалкЕко Скопје трча 10км, оваа година ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот со старт и цел на булевар „Илинден“ кај фонтана „Лотос“.

Секоја година бројот на учесници се зголемува, а новитет од оваа година е меѓународниот сертификат со кој се здоби оваа трка од страна на АИМС и Светска Атлетика, и после Виз Ер Скопски маратон ова е втора трка во Македонија со ваков сертификат. Ова значи сите остварени резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.

Сојузот на спортови на Скопје е организатор на трката, додека ко-организатори се: А.К. Работнички и СК Софка, главни покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје, додека главен партнер е Халкбанк АД Скопје.

Официјалното пријавување за ХалкЕко Скопје Трча 10км е отворено и ќе трае до 26 април 2023 година или до пополнување на предвидениот број на учесници. Секој тркач ќе може да се пријави преку веб страната www.skopje.run.

Котизација за учество на трката до 15 март изнесува 900 денари, а до 26 април 1000 денари.
Сите што ќе се пријават до 15 април нивното име ќе биде испечатено на стартниот број.

Натпреварувачите на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни зони, според нивното предвидено време за кое планираат да ја завршат трката. При процесот на регистрација секој ќе треба да го одбере предвиденото таргет време, за да бидат правилно распоредени во стартната зона.

Сите учесници можат како дополнителен продукт да си купат драј-фит маица со логото на трката. Цената на маицата изнесува 500 денари и оваа опција може да ја одберат при процесот на регистрација и истата ќе биде достапна до 5 април, а маицата ќе ја добијат при подигнување на стартниот пакет.

Подетални информации за ХалкЕко Скопје трча 10км може да најдете на веб страната www.skopje.run и на нивните официјални страни на социјалните медиуми:
www.facebook.com/SkopjeRun и www.instagram.com/skopjerun/.

The post Отворено е пријавувањето за Скопје трча на 10 километри appeared first on Република.

]]>

Уличната трка која стана неизоставен дел од календарот спортски настани на Скопје, ХалкЕко Скопје трча 10км, оваа година ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот со старт и цел на булевар „Илинден“ кај фонтана „Лотос“. Секоја година бројот на учесници се зголемува, а новитет од оваа година е меѓународниот сертификат со кој се здоби оваа трка од страна на АИМС и Светска Атлетика, и после Виз Ер Скопски маратон ова е втора трка во Македонија со ваков сертификат. Ова значи сите остварени резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции. Сојузот на спортови на Скопје е организатор на трката, додека ко-организатори се: А.К. Работнички и СК Софка, главни покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје, додека главен партнер е Халкбанк АД Скопје. Официјалното пријавување за ХалкЕко Скопје Трча 10км е отворено и ќе трае до 26 април 2023 година или до пополнување на предвидениот број на учесници. Секој тркач ќе може да се пријави преку веб страната www.skopje.run. Котизација за учество на трката до 15 март изнесува 900 денари, а до 26 април 1000 денари. Сите што ќе се пријават до 15 април нивното име ќе биде испечатено на стартниот број. Натпреварувачите на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни зони, според нивното предвидено време за кое планираат да ја завршат трката. При процесот на регистрација секој ќе треба да го одбере предвиденото таргет време, за да бидат правилно распоредени во стартната зона. Сите учесници можат како дополнителен продукт да си купат драј-фит маица со логото на трката. Цената на маицата изнесува 500 денари и оваа опција може да ја одберат при процесот на регистрација и истата ќе биде достапна до 5 април, а маицата ќе ја добијат при подигнување на стартниот пакет. Подетални информации за ХалкЕко Скопје трча 10км може да најдете на веб страната www.skopje.run и на нивните официјални страни на социјалните медиуми: www.facebook.com/SkopjeRun и www.instagram.com/skopjerun/.

The post Отворено е пријавувањето за Скопје трча на 10 километри appeared first on Република.

]]>
Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat-od-2-4-juni/ Sat, 05 Nov 2022 13:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=570036

Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ. Охрид трчаТ 2023 или Ohrid running weekend 2023 ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023 .

Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри и додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за петкилометарската трка изнесува 700 денари додека за штафетниот полумаратон е 2400 денари. Во склоп на трките на 21к и 5к традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките.

Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. Секако за сите учесници, гости, граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма која ќе содржи многу активности (спортски, социјални, едукативни, промотивни) за сите возрасти.

Местата за пријавување се ограничени така што би ги повикале сите они кои сакаат да се дел од седмото издание да побрзаат и да се пријават на една од нашите трки. Посебно би ги повикале сите полумаратонци сите рекреативци кои имаат предизвик да ја трчаат полумаратонската трка да се пријават најкасно до 31 декември како би ја искористиле промотивната цена за учество на трката. За подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката можете да најдете на интернет страната на АК Охрид трчаТ, „Ohridtrcat.mk“.

Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.ohridtrcat.mk како и нашите социјални мрежи на фејсбук https://www.facebook.com/ohridrunningweekend , инстаграм https://www.instagram.com/ohridrunningweekend/ и твитер https://twitter.com/OhridtrcaT како би се запознале повеќе со нас и би не пратиле како медиум во претстојните месеци околу сите активности кои ги планираме и ќе ги реализираме во име на Охрид трчаТ, соопштија организаторите.

 

The post Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни appeared first on Република.

]]>

Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ. Охрид трчаТ 2023 или Ohrid running weekend 2023 ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023 . Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри и додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за петкилометарската трка изнесува 700 денари додека за штафетниот полумаратон е 2400 денари. Во склоп на трките на 21к и 5к традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките.
Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. Секако за сите учесници, гости, граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма која ќе содржи многу активности (спортски, социјални, едукативни, промотивни) за сите возрасти. Местата за пријавување се ограничени така што би ги повикале сите они кои сакаат да се дел од седмото издание да побрзаат и да се пријават на една од нашите трки. Посебно би ги повикале сите полумаратонци сите рекреативци кои имаат предизвик да ја трчаат полумаратонската трка да се пријават најкасно до 31 декември како би ја искористиле промотивната цена за учество на трката. За подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката можете да најдете на интернет страната на АК Охрид трчаТ, „Ohridtrcat.mk“. Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.ohridtrcat.mk како и нашите социјални мрежи на фејсбук https://www.facebook.com/ohridrunningweekend , инстаграм https://www.instagram.com/ohridrunningweekend/ и твитер https://twitter.com/OhridtrcaT како би се запознале повеќе со нас и би не пратиле како медиум во претстојните месеци околу сите активности кои ги планираме и ќе ги реализираме во име на Охрид трчаТ, соопштија организаторите.
 

The post Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни appeared first on Република.

]]>
Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochnuva-prijavuvanje-za-besplatna-vakcinacija-protiv-sezonski-grip-za-rizichni-grupi/ Mon, 10 Oct 2022 13:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=559492

Министерството за здравство информира дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата Абот од Холандија.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, соопштуваат од Министерството за здравство.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

The post Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата Абот од Холандија. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, соопштуваат од Министерството за здравство.
Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

The post Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи appeared first on Република.

]]>
За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/za-vlez-vo-eu-kje-se-naplakja-po-7-evra-od-noemvri-namesto-od-maj-idnata-godina/ Mon, 08 Aug 2022 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=538001

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.

Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023. ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора. Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>
Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapishuvanjeto-vo-srednite-uchilishta-godinava-prvpat-so-elektronsko-apliciranje/ Tue, 07 Jun 2022 07:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=511795

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека  електронско аплицирање нема да им  одземе повеќе од 5 до 10 минути.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година  во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици - појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за 9. одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за 9. одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од 9. одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7  до 19  часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

 

 

The post Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање appeared first on Република.

]]>

Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта и дека  електронско аплицирање нема да им  одземе повеќе од 5 до 10 минути.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10 јуни 2022 година  во 10 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15 јуни 2022 година најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици - појаснуваат од Министерството за образование и наука.
Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе може да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Доколку учениците до 15 јуни 2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за 9. одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за 9. одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од 9. одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни 2022 на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7  до 19  часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.    

The post Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање appeared first on Република.

]]>
Жителите на Гази Баба 24 часа можат да пријавуваат депонирање и палење отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zitelite-na-gazi-baba-24-chasa-mozat-da-prijavuvaat-deponiranje-i-palenje-otpad/ Mon, 04 Apr 2022 13:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=483148

Граѓаните кои живеат во општина Гази Баба можат да пријавуваат во општината доколку некој фрла и пали отпад на јавна површина или било какво друго прекршување на законот што е во надлежност на локалната власт. За таа намена во функција е ставен телефонскиот број 075 346 932 на кој граѓаните имаат можност да се јавуваат и пријавуваат во секое време од денот и ноќта.

Пријавата граѓаните можат да ја направат со смс порака, порака на вибер или со телефонско јавување. Инспекторите ќе бидат должни да реагираат веднаш, а до мене како градоначалник секој петок ќе доставуваат извештај за примени пријави и за постапувањето по примените пријави. Со отворањето на оваа линија услугите на општината од областа на инспекторатот ги доближуваме до граѓаните – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Според него секое барање, реакција или забелешка дадена од граѓаните се разгледува и се постапува за нивно решавање.

 

The post Жителите на Гази Баба 24 часа можат да пријавуваат депонирање и палење отпад appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои живеат во општина Гази Баба можат да пријавуваат во општината доколку некој фрла и пали отпад на јавна површина или било какво друго прекршување на законот што е во надлежност на локалната власт. За таа намена во функција е ставен телефонскиот број 075 346 932 на кој граѓаните имаат можност да се јавуваат и пријавуваат во секое време од денот и ноќта.
Пријавата граѓаните можат да ја направат со смс порака, порака на вибер или со телефонско јавување. Инспекторите ќе бидат должни да реагираат веднаш, а до мене како градоначалник секој петок ќе доставуваат извештај за примени пријави и за постапувањето по примените пријави. Со отворањето на оваа линија услугите на општината од областа на инспекторатот ги доближуваме до граѓаните – вели градоначалникот Бобан Стефковски.
Според него секое барање, реакција или забелешка дадена од граѓаните се разгледува и се постапува за нивно решавање.  

The post Жителите на Гази Баба 24 часа можат да пријавуваат депонирање и палење отпад appeared first on Република.

]]>
Почна пријавувањето за Скопскиот маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-prijavuvanjeto-za-skopskiot-maraton/ Fri, 25 Feb 2022 12:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=463810

Полека наближувајќи се кон јубилејната 20ка, најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето.

Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата.

За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

The post Почна пријавувањето за Скопскиот маратон appeared first on Република.

]]>

Полека наближувајќи се кон јубилејната 20ка, најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето. Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата. За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

The post Почна пријавувањето за Скопскиот маратон appeared first on Република.

]]>
Почна пријавувањето за Скопје трча 10 км https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-prijavuvanjeto-za-skopje-trcha-10-km/ Tue, 22 Feb 2022 13:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=461981

Од денеска почна пријавувањето за атлетската трка Скопје трча 10 километри која ќе се одржи на 8 мај годинава.

Оваа трка првпат се одржа во 2017 година, а организаторот очекува најголем број тркчари досега.

Пријавувањето е отворено до 28 април или до пополнување на предвидениот број учесници и се врши преку веб страницата на HalkEco СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ https://www.skopje.run/.

Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката.

HalkEco Скопје Трча 10КМ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, кој воедно е и организатор на најголемата спортска манифестација во земјата, - Виз Ер Скопски Маратон, како и најпознатата трка за жени, - Авицена Женска Трка.

Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на веќе препознатливата локација, - пред фонтаната Лотус во Скопје, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката.

Многу важно при пријавување е тркачите да го изберат своето таргет време за кое планираат да ја завршат трката. Промена на таргет времето нема да возможно после пополнување на пријавата. Учесниците ќе бидат распоредени во 5 стартни бокса според одбраното таргет време. Доколку во пријавата учесникот не се одбере таргет време, учесникот кој се пријавува, автоматски ќе биде распределен во последниот бокс. Затоа ги замолуваме сите тркачи да бидат реални во бирањето на таргет време, изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

Таргет времињата се следни:
Бокс 1 - таргет време под 45:00 минути
Бокс 2 - таргет време од 45:01 до 50:00
Бокс 3 - таргет време од 50:01 до 55:00
Бокс 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00
Бокс 5 - таргет време над 1:00:01

Во трката на 10км (еден круг), првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени. Победниците на трката ќе добијат 12.000 денари, второпласираните по 10.000 денари, а пиедесталот ќе го дополнат третопласираните со парична награда од 8.000 денари. За 4то и 5то место следуваат награди од 6.000, односно 4.000 денари. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени следните 3 возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и +55 години, а сите пласмани и награди во склоп на трката ќе бидат доделени по завршувањето на истата.

Стартниот пакет содржи: стартен број со чип (до 15 април со можност за испишување на вашето име на бројот), медал на крај од трка, торба, заштитна маска за лице на крај од трката, освежување, осигурување, резултати во живо и онлајн диплома, како и фотографии преку апликацијата Pic2Go.
За местото и времето на подигнување на стартните пакети учесниците ќе бидат известени во претстојниот период.

 

The post Почна пријавувањето за Скопје трча 10 км appeared first on Република.

]]>

Од денеска почна пријавувањето за атлетската трка Скопје трча 10 километри која ќе се одржи на 8 мај годинава. Оваа трка првпат се одржа во 2017 година, а организаторот очекува најголем број тркчари досега. Пријавувањето е отворено до 28 април или до пополнување на предвидениот број учесници и се врши преку веб страницата на HalkEco СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ https://www.skopje.run/. Трката е отворена за сите, без разлика дали се работи за индивидуални учесници, или пак за група пријатели или компанија, кои имаат можност да ја пријават својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката. HalkEco Скопје Трча 10КМ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, кој воедно е и организатор на најголемата спортска манифестација во земјата, - Виз Ер Скопски Маратон, како и најпознатата трка за жени, - Авицена Женска Трка. Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на веќе препознатливата локација, - пред фонтаната Лотус во Скопје, а патеката за трчање ќе биде поставена по дел од булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Времетраењето на трката ќе биде 90 минути, по тој период сите учесници ќе бидат замолени да ја напуштат патеката.
Многу важно при пријавување е тркачите да го изберат своето таргет време за кое планираат да ја завршат трката. Промена на таргет времето нема да возможно после пополнување на пријавата. Учесниците ќе бидат распоредени во 5 стартни бокса според одбраното таргет време. Доколку во пријавата учесникот не се одбере таргет време, учесникот кој се пријавува, автоматски ќе биде распределен во последниот бокс. Затоа ги замолуваме сите тркачи да бидат реални во бирањето на таргет време, изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.
Таргет времињата се следни: Бокс 1 - таргет време под 45:00 минути Бокс 2 - таргет време од 45:01 до 50:00 Бокс 3 - таргет време од 50:01 до 55:00 Бокс 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00 Бокс 5 - таргет време над 1:00:01 Во трката на 10км (еден круг), првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени. Победниците на трката ќе добијат 12.000 денари, второпласираните по 10.000 денари, а пиедесталот ќе го дополнат третопласираните со парична награда од 8.000 денари. За 4то и 5то место следуваат награди од 6.000, односно 4.000 денари. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени следните 3 возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и +55 години, а сите пласмани и награди во склоп на трката ќе бидат доделени по завршувањето на истата. Стартниот пакет содржи: стартен број со чип (до 15 април со можност за испишување на вашето име на бројот), медал на крај од трка, торба, заштитна маска за лице на крај од трката, освежување, осигурување, резултати во живо и онлајн диплома, како и фотографии преку апликацијата Pic2Go. За местото и времето на подигнување на стартните пакети учесниците ќе бидат известени во претстојниот период.  

The post Почна пријавувањето за Скопје трча 10 км appeared first on Република.

]]>
Почна пријавувањето за Женската трка во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-prijavuvanjeto-za-zenskata-trka-vo-skopje/ Wed, 16 Feb 2022 11:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=459292

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, на 10 април 2022 (недела), ќе се одржи 10-то издание на Авицена Женска трка во Скопје.

Денеска, 16 февруари во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа 3 км трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2022, секоја ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.

The post Почна пријавувањето за Женската трка во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, на 10 април 2022 (недела), ќе се одржи 10-то издание на Авицена Женска трка во Скопје. Денеска, 16 февруари во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа 3 км трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022. Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2022, секоја ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.

The post Почна пријавувањето за Женската трка во Скопје appeared first on Република.

]]>