пријава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prijava/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 14:28:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пријава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prijava/ 32 32 Внука пријавила дека баба ѝ ја натепала https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnuka-prijavila-deka-baba-ja-natepala/ Sun, 22 Sep 2024 14:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=818752

На 21.09.2024 во СВР Скопје, 26 – годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината 68 – годишна баба. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.

 

The post Внука пријавила дека баба ѝ ја натепала appeared first on Република.

]]>

На 21.09.2024 во СВР Скопје, 26 – годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината 68 – годишна баба. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.  

The post Внука пријавила дека баба ѝ ја натепала appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Во МОН има пријави за еден државен и два приватни униерзитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vo-mon-ima-prijavi-za-eden-drzhaven-i-dva-privatni-unierziteti/ Wed, 17 Jul 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=797554

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и факултети, но за ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски засновани постапки, рече министерката за образование и наука во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Во моментов работиме на 3 пријави, за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази. Дојде време да се работи по закон. Нема да има селективност. Она што сега можам да го кажам е дека ќе следи реевалуација и реакредитација на сите универзитети, нагласи министерката Јаневска.

Информираше дека Министерството за образование и наука на јавна расправа ќе стави и предлог за државни дипломи само во 9-то одделение и во завршна година од средно образование.

Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во 9. одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија“, појасни министерката Јаневска.

The post Јаневска: Во МОН има пријави за еден државен и два приватни униерзитети appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и факултети, но за ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски засновани постапки, рече министерката за образование и наука во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.
Во моментов работиме на 3 пријави, за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази. Дојде време да се работи по закон. Нема да има селективност. Она што сега можам да го кажам е дека ќе следи реевалуација и реакредитација на сите универзитети, нагласи министерката Јаневска.
Информираше дека Министерството за образование и наука на јавна расправа ќе стави и предлог за државни дипломи само во 9-то одделение и во завршна година од средно образование.
Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во 9. одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија“, појасни министерката Јаневска.

The post Јаневска: Во МОН има пријави за еден државен и два приватни униерзитети appeared first on Република.

]]>
Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-momchina-od-tetovo-organizirale-borba-na-kuchina-zarabotija-prijavi-od-politsijata/ Tue, 16 Jul 2024 20:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=797518

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(20) и Л.Х.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.

Во текот на февруари 2024 пријавените организирале борба на кучиња на која биле присутни повеќе лица.

По преземени мерки настанот бил расчистен и едно од кучињата било пронајдено и привремено згрижено.

The post Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(20) и Л.Х.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Во текот на февруари 2024 пријавените организирале борба на кучиња на која биле присутни повеќе лица. По преземени мерки настанот бил расчистен и едно од кучињата било пронајдено и привремено згрижено.

The post Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата appeared first on Република.

]]>
МВР: Кривична за поранешен директор на Фондот за пензиско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-krivichna-za-poraneshen-direktor-na-fondot-za-penzisko/ Wed, 13 Mar 2024 13:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=754444

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 19.2.2022 до 17.3.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Македонија.

The post МВР: Кривична за поранешен директор на Фондот за пензиско appeared first on Република.

]]>

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 19.2.2022 до 17.3.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори. Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Македонија.

The post МВР: Кривична за поранешен директор на Фондот за пензиско appeared first on Република.

]]>
Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-roditeli-si-go-prijavija-sinot-v-politsija-oti-kupil-petardi/ Wed, 13 Dec 2023 12:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=722553

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.

Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.

Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.

Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.

Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.

The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.

]]>

Родители од словенечката престолнина Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тој ги купил без нивно знаење, по што повикале полиција, јави словенечка Н1.
Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, ги пофали полицијата во Љубљана, додавајќи дека станува збор за речиси 400 парчиња пиротехнички производи.
Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до 1 јануари, додека продажба на огномет е дозволена од 19 до 31 декември. Полицијата во Љубљана соопшти дека ги нагласува превентивните мерки за намалување и безбедно користење на пиротехнички средства, кои ги спроведува заедно со училиштата и другите институции.
Затоа секоја година одржуваме неколку предавања на оваа тема во основните училишта, објаснуваат од полицијата.
Исто така, потенцираат дека родителите имаат важна улога да ги освестат малолетниците за опасностите од пиротехниката.
Важно е да зборуваат на оваа тема и да ги предупредат децата за опасностите и последиците од употребата на пиротехнички средства, велат од полициската управа Љубљана.

The post Словенија: Родители си го пријавија синот в полиција оти купил петарди appeared first on Република.

]]>
Поднесена кривична пријава против Димковски, кој го возел Палевски од Белград до Баликесир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-dimkovski-koj-go-vozel-palevski-od-belgrad-do-balikesir/ Fri, 08 Dec 2023 12:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=720999

МВР поднесе кривична пријава по брза постапка против Стефан Димковски од Струмица кој со свој автомобил го пренесе првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо од Белград до Баликесир во Турција.

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик. Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 1 до 3.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела - грабнување по член 141 и убиство по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило марка ленд ровер, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија“, се вели во соопштението на МВР.

Инаку, Стефан Димковски е во рацете на органите на прогонот, за него обвинителството отвори истрага и побара притвор. За адвокатот Васко Стојков, кој како пријател на Палевски, го превезол до Белград, засега не се преземени мерки, освен што беше на распит во полиција.

The post Поднесена кривична пријава против Димковски, кој го возел Палевски од Белград до Баликесир appeared first on Република.

]]>

МВР поднесе кривична пријава по брза постапка против Стефан Димковски од Струмица кој со свој автомобил го пренесе првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо од Белград до Баликесир во Турција. Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик. Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 1 до 3.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела - грабнување по член 141 и убиство по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило марка ленд ровер, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија“, се вели во соопштението на МВР. Инаку, Стефан Димковски е во рацете на органите на прогонот, за него обвинителството отвори истрага и побара притвор. За адвокатот Васко Стојков, кој како пријател на Палевски, го превезол до Белград, засега не се преземени мерки, освен што беше на распит во полиција.

The post Поднесена кривична пријава против Димковски, кој го возел Палевски од Белград до Баликесир appeared first on Република.

]]>
МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/ Tue, 05 Dec 2023 12:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=719920

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе.

Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

The post МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканило во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе. Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката, информираат од МВР. Се работи на расчистување на случајот.

The post МВР: Нема никаков обид за киднапирање, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе appeared first on Република.

]]>
Млада скопјанка нападната од поранешниот партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mlada-skopjanka-napadnata-od-poraneshniot-partner/ Mon, 25 Sep 2023 18:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=685063

На 24.09.2023 во 09:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека на 23.09.2023 околу 22:00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.Ј.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Млада скопјанка нападната од поранешниот партнер appeared first on Република.

]]>

На 24.09.2023 во 09:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека на 23.09.2023 околу 22:00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Млада скопјанка нападната од поранешниот партнер appeared first on Република.

]]>
ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-ubienata-kochanka-podnela-prijava-za-utsena-no-ne-i-za-zakani-i-za-nasilstvo/ Mon, 25 Sep 2023 16:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=685040

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Појаснувањето на обвинителството доаѓа откако медиумите објавија дека 46 годишната жена која денеска до смрт беше избодена од 59 годишен кочанчанец претходно го имала пријавено осомничениот и во полиција и во обвинителство затоа што ѝ се заканувал дека ако не му даде пари тој ќе објави компромитирачки фотографии од неа.

Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено, велат од Јавното обвинителство.

The post ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Појаснувањето на обвинителството доаѓа откако медиумите објавија дека 46 годишната жена која денеска до смрт беше избодена од 59 годишен кочанчанец претходно го имала пријавено осомничениот и во полиција и во обвинителство затоа што ѝ се заканувал дека ако не му даде пари тој ќе објави компромитирачки фотографии од неа. Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено, велат од Јавното обвинителство.

The post ЈО: Убиената кочанка поднела пријава за уцена, но не и за закани и за насилство appeared first on Република.

]]>
Маж доби кривична пријава поради еден коментар на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-dobi-krivichna-prijava-poradi-eden-komentar-na-fejsbuk/ Fri, 15 Sep 2023 17:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=682258

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.А.(44) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 01.06.2023 на социјалната мрежа „Фејсбук“, на објава на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал говор на омраза и дискриминација.

The post Маж доби кривична пријава поради еден коментар на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.А.(44) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 01.06.2023 на социјалната мрежа „Фејсбук“, на објава на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал говор на омраза и дискриминација.

The post Маж доби кривична пријава поради еден коментар на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Скопјанец доби кривична пријава поради коментар на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-dobi-krivichna-prijava-poradi-komentar-na-fejsbuk/ Fri, 28 Apr 2023 17:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=635105

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 24.06.2022 на социјална мрежа Фејсбук, на објава од портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

The post Скопјанец доби кривична пријава поради коментар на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 24.06.2022 на социјална мрежа Фејсбук, на објава од портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

The post Скопјанец доби кривична пријава поради коментар на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Скопјанец физички ја нападнал сопругата и употребил тврд предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-fizichki-ja-napadnal-soprugata-i-upotrebil-tvrd-predmet/ Thu, 27 Apr 2023 20:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=634804

На 26.04.2023 во 08.25 часот во СВР Скопје, 51- годишна скопјанка пријавила дека во домот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот сопруг С.У.(61) физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец физички ја нападнал сопругата и употребил тврд предмет appeared first on Република.

]]>

На 26.04.2023 во 08.25 часот во СВР Скопје, 51- годишна скопјанка пријавила дека во домот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот сопруг С.У.(61) физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец физички ја нападнал сопругата и употребил тврд предмет appeared first on Република.

]]>
Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/protivzakonski-zarabotila-mnogu-pari-se-pretstavuvala-kako-vrabotena-vo-germanskata-ambasada-vo-zemjava-pa-nudela-rabotni-vizi/ Wed, 05 Apr 2023 12:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=627550

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист.

На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земала парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици.

Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист. На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земала парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици. Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи appeared first on Република.

]]>
64-годишник ја претепал, па пробал да ја силува: Нападната 43-годишна струмичанка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/64-godishnik-ja-pretepal-pa-probal-da-ja-siluva-napadnata-43-godishna-strumichanka/ Tue, 28 Mar 2023 14:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=624738

На 28 март во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post 64-годишник ја претепал, па пробал да ја силува: Нападната 43-годишна струмичанка appeared first on Република.

]]>

На 28 март во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на с.Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post 64-годишник ја претепал, па пробал да ја силува: Нападната 43-годишна струмичанка appeared first on Република.

]]>
Огласиле туѓ стан и наплатиле пет илјади евра капар:Kривична за двајца скопјани осомничени за измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/oglasile-tug-stan-i-naplatile-pet-iljadi-evra-kapar-krivichna-za-dvajtsa-skopjani-osomnicheni-za-izmama/ Tue, 28 Feb 2023 16:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=614337

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 и против Ф.Ј.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Пријавените, во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице на кое што застапник бил второпријавениот. Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата Вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и по натаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција.

The post Огласиле туѓ стан и наплатиле пет илјади евра капар:Kривична за двајца скопјани осомничени за измама appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 и против Ф.Ј.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Пријавените, во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице на кое што застапник бил второпријавениот. Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата Вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и по натаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција.

The post Огласиле туѓ стан и наплатиле пет илјади евра капар:Kривична за двајца скопјани осомничени за измама appeared first on Република.

]]>
Канал 5 поднесе пријава до МВР за сериозен говор од и на омраза за 2 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kanal-5-podnese-prijava-do-mvr-za-seriozen-govor-od-i-na-omraza-za-2-litsa/ Tue, 21 Feb 2023 14:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=611546

Канал 5 телевизија денеска поднела пријава до МВР, а од таму им одговорилеа дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени на оваа компанија.

Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице.

Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, пти што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица .

Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица.
Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи.

Вчера лицето С.И. преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајката на „јутјуберот“ Лазаров – девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран.
Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

The post Канал 5 поднесе пријава до МВР за сериозен говор од и на омраза за 2 лица appeared first on Република.

]]>

Канал 5 телевизија денеска поднела пријава до МВР, а од таму им одговорилеа дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени на оваа компанија.
Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице. Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, пти што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица . Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица. Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи. Вчера лицето С.И. преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајката на „јутјуберот“ Лазаров – девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран. Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.

The post Канал 5 поднесе пријава до МВР за сериозен говор од и на омраза за 2 лица appeared first on Република.

]]>
Лажна е пријавата за поставена бомба во средно училиште во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhna-e-prijavata-za-postavena-bomba-vo-sredno-uchilishte-vo-skopje/ Tue, 14 Feb 2023 17:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=609027

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (14.02.2023) во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори во средно училиште во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

The post Лажна е пријавата за поставена бомба во средно училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (14.02.2023) во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори во средно училиште во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

The post Лажна е пријавата за поставена бомба во средно училиште во Скопје appeared first on Република.

]]>
OJO: Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кривични дела преку веб порталот Доказ М https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-izvrshen-pretres-obezbedeni-dokazi-za-storeni-serija-krivichni-dela-preku-veb-portalot-dokaz-m/ Fri, 10 Feb 2023 08:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=607213

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела.

Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината.

На 18.05.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања.

На 19.05.2022 година, против истото лице, до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ.

Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023 година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ.

Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.

Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.​

The post OJO: Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кривични дела преку веб порталот Доказ М appeared first on Република.

]]>

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела. Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.02.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејствија и проверки, врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. На 18.05.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г, бидејќи преку веб порталот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцовки и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања. На 19.05.2022 година, против истото лице, до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинари. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ. Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023 година, осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан, надлежен јавен обвинител исто така презеде дејствија за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ. Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ. Истражителката која споделувала податоци со осомничениот веќе не е ангажирана во Истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.​

The post OJO: Извршен претрес, обезбедени докази за сторени серија кривични дела преку веб порталот Доказ М appeared first on Република.

]]>
Државниот инспекторат за животна средина поведе прекршочна постапка против кочански „Пејпар мил“ за повторно аерозагадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-inspektorat-za-zhivotna-sredina-povede-prekrshochna-postapka-protiv-kochanski-pejpar-mil-za-povtorno-aerozagaduvane/ Tue, 07 Feb 2023 12:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=606010

По контролниот инспекциски надзор во фабриката „Пејпар мил“ од Кочани, што на почетокот на февруари го направил Државниот инспекторат за животна средина, регистрирано е повторно загадувaње на воздухот над дозволените параметри.

Акредитирана лабораторија измерила надминувања на граничните вредности на емисиите на цврсти честички, односно прашина и јаглероден моноксид што излегувале од фабричкиот оџак.

На 2 февруари од Инспекторатот ја забраниле употребата на пелети како енергенс и издале наредба во рок од пет дена фабриката да премине на природен гас. Дополнително, таа е задолжена во рок од пет дена откако ќе почне да користи гас да направи нови мерења на емисиите во воздухот со акредитирана лабораторија за животна средина.

Поради недозволеното испуштање штетни материи во воздухот, констатирано е прекршување од трета категорија на Законот за животна средина, а Инспекторатот повел прекршочна постапка. Во меѓувреме, одговорното лице на фабриката веќе потпишало записник за меѓусебно спогодување и предметот треба да го разгледа Комисијата за спогодување од Министерството за животна средина.

– Глобата за сторениот прекршок за среден трговец, односно за правното лице „Пејпар мил“, изнесува од 110 до 120 илјади евра, а за одговорното лице глобата е шест илјади евра во денарска противвредност, се истакнува во известувањето од Инспекторатот.

Изречената казнена мерка против „Пејпар мил“ не е прва, со оглед што во изминатите години Државниот инспекторат за животна средина неколкупати утврдуваше нарушување на параметрите во издадената А-интегрирана еколошка дозвола и изрекуваше соодветни санкции.

The post Државниот инспекторат за животна средина поведе прекршочна постапка против кочански „Пејпар мил“ за повторно аерозагадување appeared first on Република.

]]>

По контролниот инспекциски надзор во фабриката „Пејпар мил“ од Кочани, што на почетокот на февруари го направил Државниот инспекторат за животна средина, регистрирано е повторно загадувaње на воздухот над дозволените параметри. Акредитирана лабораторија измерила надминувања на граничните вредности на емисиите на цврсти честички, односно прашина и јаглероден моноксид што излегувале од фабричкиот оџак. На 2 февруари од Инспекторатот ја забраниле употребата на пелети како енергенс и издале наредба во рок од пет дена фабриката да премине на природен гас. Дополнително, таа е задолжена во рок од пет дена откако ќе почне да користи гас да направи нови мерења на емисиите во воздухот со акредитирана лабораторија за животна средина. Поради недозволеното испуштање штетни материи во воздухот, констатирано е прекршување од трета категорија на Законот за животна средина, а Инспекторатот повел прекршочна постапка. Во меѓувреме, одговорното лице на фабриката веќе потпишало записник за меѓусебно спогодување и предметот треба да го разгледа Комисијата за спогодување од Министерството за животна средина. – Глобата за сторениот прекршок за среден трговец, односно за правното лице „Пејпар мил“, изнесува од 110 до 120 илјади евра, а за одговорното лице глобата е шест илјади евра во денарска противвредност, се истакнува во известувањето од Инспекторатот. Изречената казнена мерка против „Пејпар мил“ не е прва, со оглед што во изминатите години Државниот инспекторат за животна средина неколкупати утврдуваше нарушување на параметрите во издадената А-интегрирана еколошка дозвола и изрекуваше соодветни санкции.

The post Државниот инспекторат за животна средина поведе прекршочна постапка против кочански „Пејпар мил“ за повторно аерозагадување appeared first on Република.

]]>
Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-go-raschisti-sluchajot-so-tepane-na-kuche-vo-radovishko-od-objaveno-video-na-sotsijalnite-mrezhi/ Fri, 03 Feb 2023 11:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=604254

Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи.

На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица. Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи.

На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица. Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>