приходи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prihodi/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 12:25:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приходи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prihodi/ 32 32 Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lani-zagubi-kaj-javniot-servis-od-132-milioni-denari-kaj-komertsijalnite-televizii-od-140-milioni-denari/ Thu, 26 Sep 2024 12:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=819882

Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 милиони денари.

Тоа го покажуваат наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, претставени денеска на третиот јавен состанок на Агенција за аудио и аудиомедиумски услуги.

Според анализата, што ја претстави Катерина Доневска од АВМУ, финансискиот резултат кој го оствариле комерцијалните телевизии е најлош во периодот од 2018 година до сега. Загубата на целата индустрија во однос на претходната година е за три и пол пати поголема.

Приходите на Македонската радиотелевизија изнесувале 1,000.44 денари, на комерцијалните телевизии 1,272.63 денари, а на радиостаниците 185.50 денари

МРТ има пад на вкупните приходи во однос на 2022 година за 9 проценти, додека приходите на комерцијалните телевизии и на комерцијалните радиостаници пораснале за 3 проценти, односно за 8 проценти.

Половина од вкупните приходи во индустријата биле остварени од рекламирање, 50,28 проценти, а 39,47 проценти се средствата од државниот буџет префрлени на сметката на Македонската радиотелевизија. Останатите 10,25 проценти од вкупните приходи биле остварени по други основи.

Доневска потенцираше дека и во 2023 година како и во претходните пет Владата не му ги префрлила на јавниот сервис предвидените средства. - Во последните шест години МРТ добила речиси три милијарди денари помалку отколу што е предвидено со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Токму ова во Финансискиот извештај за МРТ за минатата година е посочено како причина која доведува до потешкотии во работењето и за остварување негативен финансиски реузлтат, наведе Доневска, споделувајќи и дека од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2 проценти од вкупните приходи.

Минатата година терестријалните телевизии на државно ниво ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари. Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони денари), а истовремено потрошила и најмногу средства (461,50 милиони денари). Најниски се приходите на ТВ Телма во износ од 115,02 милиони денари.

Според анализата, 86,30 проценти од вкупните приходи овие телевизии ги оствариле од продажба на времето за рекламирање. Учеството на приходите од рекламирање во вкупните приходи на секоја телевизија поединечно е највисоко кај ТВ Сител (98,07 проценти). ТВ Канал 5 од рекламирање остварила 93,73 проценти, ТВ Телма 90,47 проценти и ТВ Алсат-M 87,31 процент. Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17 проценти од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари.

-Вкупните приходи од рекламирање што заеднички ги оствариле овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари. Тоа е за 4,71 процент повеќе отколку во претходната година, но се уште помалку отколку во предпандемиската 2019 година, наведе Доневска.

На јавниот состанок беа претставени и програмските активности на АВМУ во третиот квартал годинава.

The post Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 милиони денари. Тоа го покажуваат наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година, претставени денеска на третиот јавен состанок на Агенција за аудио и аудиомедиумски услуги. Според анализата, што ја претстави Катерина Доневска од АВМУ, финансискиот резултат кој го оствариле комерцијалните телевизии е најлош во периодот од 2018 година до сега. Загубата на целата индустрија во однос на претходната година е за три и пол пати поголема. Приходите на Македонската радиотелевизија изнесувале 1,000.44 денари, на комерцијалните телевизии 1,272.63 денари, а на радиостаниците 185.50 денари МРТ има пад на вкупните приходи во однос на 2022 година за 9 проценти, додека приходите на комерцијалните телевизии и на комерцијалните радиостаници пораснале за 3 проценти, односно за 8 проценти. Половина од вкупните приходи во индустријата биле остварени од рекламирање, 50,28 проценти, а 39,47 проценти се средствата од државниот буџет префрлени на сметката на Македонската радиотелевизија. Останатите 10,25 проценти од вкупните приходи биле остварени по други основи. Доневска потенцираше дека и во 2023 година како и во претходните пет Владата не му ги префрлила на јавниот сервис предвидените средства. - Во последните шест години МРТ добила речиси три милијарди денари помалку отколу што е предвидено со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Токму ова во Финансискиот извештај за МРТ за минатата година е посочено како причина која доведува до потешкотии во работењето и за остварување негативен финансиски реузлтат, наведе Доневска, споделувајќи и дека од рекламирање МРТ остварила 12,28 милиони денари, што претставува 1,2 проценти од вкупните приходи. Минатата година терестријалните телевизии на државно ниво ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари. Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони денари), а истовремено потрошила и најмногу средства (461,50 милиони денари). Најниски се приходите на ТВ Телма во износ од 115,02 милиони денари. Според анализата, 86,30 проценти од вкупните приходи овие телевизии ги оствариле од продажба на времето за рекламирање. Учеството на приходите од рекламирање во вкупните приходи на секоја телевизија поединечно е највисоко кај ТВ Сител (98,07 проценти). ТВ Канал 5 од рекламирање остварила 93,73 проценти, ТВ Телма 90,47 проценти и ТВ Алсат-M 87,31 процент. Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17 проценти од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари. -Вкупните приходи од рекламирање што заеднички ги оствариле овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари. Тоа е за 4,71 процент повеќе отколку во претходната година, но се уште помалку отколку во предпандемиската 2019 година, наведе Доневска. На јавниот состанок беа претставени и програмските активности на АВМУ во третиот квартал годинава.

The post Лани загуби кај јавниот сервис од 132 милиони денари, кај комерцијалните телевизии од 140 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prihodite-od-suetskiot-kanal-se-rechisi-prepoloveni-poradi-jemenskite-huti/ Mon, 05 Feb 2024 09:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=740445

Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА.

Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На почетокот на февруари, францускиот бродски гигант CMA повторно го суспендираше минувањето на своите бродови низ Црвеното Море, откако во јануари продолжи со дел од курсевите. Голем број други компании го прекинаа превозот преку Суецкиот канал.

Хутите извршија ракетни и беспилотни напади во Црвеното Море во знак на поддршка за палестинската организација Хамас во нејзината војна со Израел. Суецкиот канал, кој е достапен само преку Црвеното Море, ги поврзува некои од најголемите европски потрошувачи на стоки со добавувачите во Азија. Околу 12 отсто од светската трговија минува низ поморскиот пат, што е повеќе од 30 отсто од меѓународниот сообраќај со контејнерски бродови и претставува повеќе од еден трилион долари во стоки годишно.

The post Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути appeared first on Република.

]]>

Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА. Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На почетокот на февруари, францускиот бродски гигант CMA повторно го суспендираше минувањето на своите бродови низ Црвеното Море, откако во јануари продолжи со дел од курсевите. Голем број други компании го прекинаа превозот преку Суецкиот канал. Хутите извршија ракетни и беспилотни напади во Црвеното Море во знак на поддршка за палестинската организација Хамас во нејзината војна со Израел. Суецкиот канал, кој е достапен само преку Црвеното Море, ги поврзува некои од најголемите европски потрошувачи на стоки со добавувачите во Азија. Околу 12 отсто од светската трговија минува низ поморскиот пат, што е повеќе од 30 отсто од меѓународниот сообраќај со контејнерски бродови и претставува повеќе од еден трилион долари во стоки годишно.

The post Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути appeared first on Република.

]]>
Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-prihodite-od-igrite-na-sreka-ke-se-finansiraat-borbata-protiv-semejnoto-nasilstvo-i-aktivnostite-na-invalidskite-organizatsii-i-tsrveniot-krst/ Fri, 03 Feb 2023 17:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=604440

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија.

Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака.

Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот.

За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата.

За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

The post Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст appeared first on Република.

]]>

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Македонија. Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака. Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот. За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата. За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година. Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

The post Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст appeared first on Република.

]]>
Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-e-na-dnoto-vo-eu-spored-prihodi-po-glava-na-zitel/ Fri, 23 Dec 2022 07:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=588976

Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат.

Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра.

Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра. Првата тројка ја комплетираат Данска – 63.000 евра и Ирска – 50.000 евра годишен приход.

Романија е пред Унгарија по овој показател. Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија – 12.600 евра.

Според Евростат, останатите цифри се – Полска (14.431 евра), Грција (15.879 евра), Словачка (16.162 евра) и Хрватска (16.169 евра).

The post Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител appeared first on Република.

]]>

Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат. Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра. Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра. Првата тројка ја комплетираат Данска – 63.000 евра и Ирска – 50.000 евра годишен приход. Романија е пред Унгарија по овој показател. Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија – 12.600 евра. Според Евростат, останатите цифри се – Полска (14.431 евра), Грција (15.879 евра), Словачка (16.162 евра) и Хрватска (16.169 евра).

The post Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител appeared first on Република.

]]>
На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-egzit-povekje-od-200-000-posetiteli-od-107-zemji-vo-svetot/ Fri, 11 Nov 2022 08:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=572612

ЕГЗИТ (EXIT) Фестивал со изданието од 2022 година донесе нови 19,7 милиони евра профит за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од основањето до денеска се искачува на повеќе од 220 милиони евра. Ова го покажа истражувањето на „ТИМ Центарот“ од Нови Сад, кое секоја година, за време на фестивалот, се спроведува со посетители од Србија, регионот и странство.

Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордната потрошувачка и зголемениот удел на посетителите надвор од Србија. EXIT Фестивалот придонесува за Нови Сад и Србија и во форма на меѓународно промовирање на дестинацијата, чија вредност многу експерти ја сместуваат во категоријата – бесценето. Меѓу нив е и новинарот на престижниот економски магазин „Ди Економист“, кој претходно изјави дека доколку Србија го вложи целиот свој буџет во пи-ар, не би го постигнала она што за нејзината промоција го имаат направено Новак Ѓоковиќ и ЕГЗИТ.

Тоа уште еднаш го потврдуваат и резултатите на овогодишното истражување, според кое најголемиот број од испитаниците сметаат дека ЕГЗИТ, покрај Новак Ѓоковиќ, е најпознатиот српски бренд во странство. Дури 89,8 отсто од испитаниците истакнуваат дека ЕГЗИТ позитивно влијае на глобалниот имиџ на Србија, додека неверојатни 97,8 отсто од испитаниците изјавиле дека нивното мислење за Нови Сад се подобрило или останало исто по посетата на фестивалот!

Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот, при што најмногу странски гости пристигнаа од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека од регионот предничат Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дури 91 отсто од посетителите во Нови Сад дошле поради „Егзит“, што е доказ за директното позитивно влијание на фестивалот врз туризмот, но и врз имиџот на Нови Сад и Србија во целост. Посетителите за време на фестивалот во Нови Сад и Србија, во просек потрошиле по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходното издание. Туристите од Западна Европа трошеле во просек по 821 евро, а оние од Источна Европа по 720 евра.

Бројот на посетители кои не се од Србија е зголемен во однос на претходната година – тие сочинувале дури 65,4 отсто од овогодинешната публика, што е нов рекорд од основањето на фестивалот. ЕГЗИТ го посетиле повеќе фанови од Западна Европа (21 %) отколку од Источна (12,5 %), бројот на посетителите од регионот е традиционално висок – 24 %, од другите континенти пристигнале 7,8 % од посетителите, а сместување платиле 71,5 % од испитаниците..

Процентот на нови посетители продолжил да се зголемува, тие меѓу испитаниците годинава биле дури 50,7 %. Нови посетители од Србија оваа година биле  38 отсто.

Просечната возраст на посетителите кои учествувале во анкетата е 25,7 години, што е незначително намалување во однос на претходната година (26,1 години). Високообразованите посетители, вклучувајќи ги тука и студентите, сочинувале 77 отсто од публиката. 58 отсто биле вработени, а 35 отсто студенти. Дури 75 отсто од испитаниците мислат дека музичките фестивали можат да направат општествени промени. Овогодишното издание беше посебно посветено на менталното здравје, па секаде низ Петроварадинската тврдина можеше да се видат пораки за поддршка и охрабрување. Ова е особено значајно имајќи предвид дека резултатите од анкетата покажуваат дека 86 отсто од испитаниците се изјасниле дека ЕГЗИТ позитивно влијае на нивното ментално здравје.

Истражувањето го спроведе новосадскиот „ТИМ центар“, а беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.350 посетители на фестивалот, за време на неговото одржување. Анкетирани се исклучиво посетители кои купиле билети, додека учесниците, работниците, претставниците на медиумите, спонзорите и институциите биле исклучени од истражувањето.

The post На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот appeared first on Република.

]]>

ЕГЗИТ (EXIT) Фестивал со изданието од 2022 година донесе нови 19,7 милиони евра профит за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од основањето до денеска се искачува на повеќе од 220 милиони евра. Ова го покажа истражувањето на „ТИМ Центарот“ од Нови Сад, кое секоја година, за време на фестивалот, се спроведува со посетители од Србија, регионот и странство. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордната потрошувачка и зголемениот удел на посетителите надвор од Србија. EXIT Фестивалот придонесува за Нови Сад и Србија и во форма на меѓународно промовирање на дестинацијата, чија вредност многу експерти ја сместуваат во категоријата – бесценето. Меѓу нив е и новинарот на престижниот економски магазин „Ди Економист“, кој претходно изјави дека доколку Србија го вложи целиот свој буџет во пи-ар, не би го постигнала она што за нејзината промоција го имаат направено Новак Ѓоковиќ и ЕГЗИТ. Тоа уште еднаш го потврдуваат и резултатите на овогодишното истражување, според кое најголемиот број од испитаниците сметаат дека ЕГЗИТ, покрај Новак Ѓоковиќ, е најпознатиот српски бренд во странство. Дури 89,8 отсто од испитаниците истакнуваат дека ЕГЗИТ позитивно влијае на глобалниот имиџ на Србија, додека неверојатни 97,8 отсто од испитаниците изјавиле дека нивното мислење за Нови Сад се подобрило или останало исто по посетата на фестивалот! Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот, при што најмногу странски гости пристигнаа од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека од регионот предничат Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дури 91 отсто од посетителите во Нови Сад дошле поради „Егзит“, што е доказ за директното позитивно влијание на фестивалот врз туризмот, но и врз имиџот на Нови Сад и Србија во целост. Посетителите за време на фестивалот во Нови Сад и Србија, во просек потрошиле по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходното издание. Туристите од Западна Европа трошеле во просек по 821 евро, а оние од Источна Европа по 720 евра. Бројот на посетители кои не се од Србија е зголемен во однос на претходната година – тие сочинувале дури 65,4 отсто од овогодинешната публика, што е нов рекорд од основањето на фестивалот. ЕГЗИТ го посетиле повеќе фанови од Западна Европа (21 %) отколку од Источна (12,5 %), бројот на посетителите од регионот е традиционално висок – 24 %, од другите континенти пристигнале 7,8 % од посетителите, а сместување платиле 71,5 % од испитаниците.. Процентот на нови посетители продолжил да се зголемува, тие меѓу испитаниците годинава биле дури 50,7 %. Нови посетители од Србија оваа година биле  38 отсто. Просечната возраст на посетителите кои учествувале во анкетата е 25,7 години, што е незначително намалување во однос на претходната година (26,1 години). Високообразованите посетители, вклучувајќи ги тука и студентите, сочинувале 77 отсто од публиката. 58 отсто биле вработени, а 35 отсто студенти. Дури 75 отсто од испитаниците мислат дека музичките фестивали можат да направат општествени промени. Овогодишното издание беше посебно посветено на менталното здравје, па секаде низ Петроварадинската тврдина можеше да се видат пораки за поддршка и охрабрување. Ова е особено значајно имајќи предвид дека резултатите од анкетата покажуваат дека 86 отсто од испитаниците се изјасниле дека ЕГЗИТ позитивно влијае на нивното ментално здравје. Истражувањето го спроведе новосадскиот „ТИМ центар“, а беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.350 посетители на фестивалот, за време на неговото одржување. Анкетирани се исклучиво посетители кои купиле билети, додека учесниците, работниците, претставниците на медиумите, спонзорите и институциите биле исклучени од истражувањето.

The post На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот appeared first on Република.

]]>
Предлог буџетот за 2023 година само потврдува дека Македонија е влезена во стагфлација, владата планира раст од 2.9 отсто, а инфлација од 7.1 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-budzetot-za-2023-godina-samo-potvrduva-deka-makedonija-e-vlezena-vo-stagflacija-vladata-planira-rast-od-2-9-otsto-a-inflacija-od-7-1-otsto/ Fri, 04 Nov 2022 08:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=569409

Македонија е во очај со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Фискалната одржливост е одамна изгубена, фискалниот простор е исцрпен, јавниот долг е енормно зголемен и повторно значајно ќе се зголемува наредната година. Дефицитот четврта година по ред пробива плафони. Наредната година го планираат на 700 мил.евра, оваа година ќе биде околу 700 мил.евра, во 2021 година дефицитот беше 630 мил.евра, во 2020 година беше 876 мил.евра. За четири години нов долг од 2,9 милијарди евра, без ниту еден километар автопат, без ниту една градика и спортска сала, со губење на конкуретската позиција на македонската економија и со најлоши регионални остварувања во економијата. Од економски лидери, со оваа влада се претворивме во економски лузери. Државната каса ни е пред банкрот и нема лесно да преживееме. Допрва доаѓа сметката од постоењето на оваа влада, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Предлог-буџетот за 2023 година само ги потврди нашите предупредувања дека Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година oд 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%.

Во Предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Власта повторно убедува дека златното правило се применува, односно дека новиот долг наредната година е заради финансирање на инвестициите т.е на капиталните проекти. Но, како и оваа и во претходните години, така и наредната година капитални проекти нема. Оваа Влада нема ни камче поместено од кога е на власт. И оваа и во претходните години, парите за капитални проекти секогаш се кратат, а посленото кратење беше пред една недела со неодамнешната прераспределба на буџетот за оваа година.

Високата проекција на приходите во Предлог-буџетот за 2023 укажува дека владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа, и да започне со прогресивното одданочување на данокот на личен доход од јануари 2023 година.

Најстрашно е што расходите за наредната година експлодираат. Истите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година, во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација.

Власта со Предлог - буџетот само покажува дека немилосрдно ќе ги троши парите на граѓаните, кој е последен буџет кој ќе можат да го трошат како власт, но забораваат дека одговорност ќе има, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Предлог буџетот за 2023 година само потврдува дека Македонија е влезена во стагфлација, владата планира раст од 2.9 отсто, а инфлација од 7.1 отсто appeared first on Република.

]]>

Македонија е во очај со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Фискалната одржливост е одамна изгубена, фискалниот простор е исцрпен, јавниот долг е енормно зголемен и повторно значајно ќе се зголемува наредната година. Дефицитот четврта година по ред пробива плафони. Наредната година го планираат на 700 мил.евра, оваа година ќе биде околу 700 мил.евра, во 2021 година дефицитот беше 630 мил.евра, во 2020 година беше 876 мил.евра. За четири години нов долг од 2,9 милијарди евра, без ниту еден километар автопат, без ниту една градика и спортска сала, со губење на конкуретската позиција на македонската економија и со најлоши регионални остварувања во економијата. Од економски лидери, со оваа влада се претворивме во економски лузери. Државната каса ни е пред банкрот и нема лесно да преживееме. Допрва доаѓа сметката од постоењето на оваа влада, велат од ВМРО ДПМНЕ. Предлог-буџетот за 2023 година само ги потврди нашите предупредувања дека Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година oд 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%. Во Предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Власта повторно убедува дека златното правило се применува, односно дека новиот долг наредната година е заради финансирање на инвестициите т.е на капиталните проекти. Но, како и оваа и во претходните години, така и наредната година капитални проекти нема. Оваа Влада нема ни камче поместено од кога е на власт. И оваа и во претходните години, парите за капитални проекти секогаш се кратат, а посленото кратење беше пред една недела со неодамнешната прераспределба на буџетот за оваа година. Високата проекција на приходите во Предлог-буџетот за 2023 укажува дека владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа, и да започне со прогресивното одданочување на данокот на личен доход од јануари 2023 година. Најстрашно е што расходите за наредната година експлодираат. Истите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година, во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација. Власта со Предлог - буџетот само покажува дека немилосрдно ќе ги троши парите на граѓаните, кој е последен буџет кој ќе можат да го трошат како власт, но забораваат дека одговорност ќе има, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Предлог буџетот за 2023 година само потврдува дека Македонија е влезена во стагфлација, владата планира раст од 2.9 отсто, а инфлација од 7.1 отсто appeared first on Република.

]]>
„Фејсбук“ и „Инстаграм“ бележат пад на приходите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fejsbuk-i-instagram-belezat-pad-na-prihodite/ Thu, 28 Jul 2022 14:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=534333

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто.

Приходите на компанијата што остварува добивка воглавно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани.

Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39 милијарди долари или 3,61 долари по акција).

Првиот пад на приходите за компанијата што ги поседува социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм” доаѓа во услови на очекувана рецесија, а притисок има и поради зајакнувањето на доларот оттаму што продажбата на реклами во странски валути генерира помал приход во долари.

The post „Фејсбук“ и „Инстаграм“ бележат пад на приходите appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Мета“ првпат од основањето соопшти за пад на приходите, што веднаш по објавувањето на податоците резултираше со поевтинување на акциите на компанијата за околу 1,4 отсто. Приходите на компанијата што остварува добивка воглавно преку рекламирање, во вториот квартал на годинава опаднале на 28,8 милијарди долари, што е помалку за еден процент од 29,1 милијарди долари остварени за истиот период лани. Од почетокот на април до крајот на јуни „Мета” објави профит од 6,69 милијарди долари или 2,46 долари по акција, што е пад од 36 отсто во однос на истиот период минатата година (10,39 милијарди долари или 3,61 долари по акција). Првиот пад на приходите за компанијата што ги поседува социјалните мрежи „Фејсбук” и „Инстаграм” доаѓа во услови на очекувана рецесија, а притисок има и поради зајакнувањето на доларот оттаму што продажбата на реклами во странски валути генерира помал приход во долари.

The post „Фејсбук“ и „Инстаграм“ бележат пад на приходите appeared first on Република.

]]>