приход Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prihod/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 08:24:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приход Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prihod/ 32 32 Кои се десетте најголеми компании по приход во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koi-se-desette-najgolemi-kompanii-po-prihod-vo-2023-godina/ Fri, 27 Sep 2024 08:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=820118

Џонсон Мети е на првото место на листата на најголемите компании по приход (без претпријатија со доминатна државна сопственост, банки и финансиски институции), покажува анализата на порталот „Пари“.

Џонсон Мети во 2023 година завршил со приход од 2,38 милијарди евра. Првото место веќе подолго време е за оваа компанија, но лани бил за 4% помал во споредба од 2022 година кога изнесувал 2,47 милијарди.

На самиот врв кај десетте најголеми компании по приход се енергетски компании, компании за нафтени деривати, компании од зоните, нашиот фармацевтски гигант Алкалоид, и трговскиот ланец КАМ. Интересен факт е што првите 4 компании по рангирање на листата биле на истите први 4 места како и во 2022 година, но лани сите имале помал приход отколку годината пред неа.

Кај останатите во првата десетка има и промени во рангирањето, а најдраматична е променатата кај фабриката за производство на автобуси Ван Хоол, која од 34. место во 2022 година скокнала на 8. во 2023 година.

Првите 10 компании заедно направиле вкупен приход од речиси 5,6 милијарди евра.

ЛИСТАТА НА ПРВИТЕ 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО 2023:

1.ЏОНСОН МЕТИ – 2,38 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
2.ОКТА – 801,6 МИЛИОНИ ЕВРА
3.МАКПЕТРОЛ – 494,3 МИЛИОНИ ЕВРА
4.ЕВН ХОМЕ – 411,1 МИЛИОНИ ЕВРА
5.КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ – 352,6 МИЛИОНИ ЕВРА
6.КАМ – 268,9 МИЛИОНИ ЕВРА
7.ВАН ХООЛ – 247 МИЛИОНИ ЕВРА
8.СУПЕРТРЕЈД – 216,1 МИЛИОНИ ЕВРА
9.АЛКАЛОИД – 209,7 МИЛИОНИ ЕВРА
10.ТЕ-ТО – 205,5 МИЛИОНИ ЕВРА

The post Кои се десетте најголеми компании по приход во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Џонсон Мети е на првото место на листата на најголемите компании по приход (без претпријатија со доминатна државна сопственост, банки и финансиски институции), покажува анализата на порталот „Пари“. Џонсон Мети во 2023 година завршил со приход од 2,38 милијарди евра. Првото место веќе подолго време е за оваа компанија, но лани бил за 4% помал во споредба од 2022 година кога изнесувал 2,47 милијарди. На самиот врв кај десетте најголеми компании по приход се енергетски компании, компании за нафтени деривати, компании од зоните, нашиот фармацевтски гигант Алкалоид, и трговскиот ланец КАМ. Интересен факт е што првите 4 компании по рангирање на листата биле на истите први 4 места како и во 2022 година, но лани сите имале помал приход отколку годината пред неа. Кај останатите во првата десетка има и промени во рангирањето, а најдраматична е променатата кај фабриката за производство на автобуси Ван Хоол, која од 34. место во 2022 година скокнала на 8. во 2023 година. Првите 10 компании заедно направиле вкупен приход од речиси 5,6 милијарди евра. ЛИСТАТА НА ПРВИТЕ 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО 2023: 1.ЏОНСОН МЕТИ – 2,38 МИЛИЈАРДИ ЕВРА 2.ОКТА – 801,6 МИЛИОНИ ЕВРА 3.МАКПЕТРОЛ – 494,3 МИЛИОНИ ЕВРА 4.ЕВН ХОМЕ – 411,1 МИЛИОНИ ЕВРА 5.КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ – 352,6 МИЛИОНИ ЕВРА 6.КАМ – 268,9 МИЛИОНИ ЕВРА 7.ВАН ХООЛ – 247 МИЛИОНИ ЕВРА 8.СУПЕРТРЕЈД – 216,1 МИЛИОНИ ЕВРА 9.АЛКАЛОИД – 209,7 МИЛИОНИ ЕВРА 10.ТЕ-ТО – 205,5 МИЛИОНИ ЕВРА

The post Кои се десетте најголеми компании по приход во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prihodite-od-nafta-i-gas-vo-ruskiot-budhet-se-dvojno-zgolemeni-vo-odnos-na-lani/ Sun, 07 Apr 2024 09:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=763282

Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени. Буџетските приходи од таксите за екстракција на нафта и гас се зголемиле за 90 отсто минатиот месец во однос на претходната година на речиси 1,31 трилиони рубљи (14,1 милијарди долари), соопшти руското министерство за финансии.

Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваа повеќе од 86% од вкупните приходи од јаглеводороди минатиот месец, најмногу придонесоа за растот, покажуваат пресметките на „Блумберг“.

Зголемувањето на буџетските приходи уследува по порастот на цената на сировата нафта од Урал, поранешната главна извозна марка на Русија. Во март 2023 година, по воведувањето на западните санкциите, цената просечно изнесуваше 47,85 долари за барел. Една година подоцна, неговата цена порасна на просечни 68,34 долари за барел, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците од „Аргус медиа Лтд“.

Очигледно, вистинската цена на нафтата е повисока, со оглед на истите податоци на „Голдман Сакс“ и „Платс“, според кои пред три недели попустот меѓу Урал и Брент не бил повеќе од 4-5 долари за барел.

Даноците за производство на нафта се зголемиле за 88% до 803 милијарди рубли во март.

Приходите од данокот на доход, кој покрива половина од производството на нафта во земјата, се зголемијале за 166% на 587,5 милијарди рубли.

 

The post Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени. Буџетските приходи од таксите за екстракција на нафта и гас се зголемиле за 90 отсто минатиот месец во однос на претходната година на речиси 1,31 трилиони рубљи (14,1 милијарди долари), соопшти руското министерство за финансии. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваа повеќе од 86% од вкупните приходи од јаглеводороди минатиот месец, најмногу придонесоа за растот, покажуваат пресметките на „Блумберг“. Зголемувањето на буџетските приходи уследува по порастот на цената на сировата нафта од Урал, поранешната главна извозна марка на Русија. Во март 2023 година, по воведувањето на западните санкциите, цената просечно изнесуваше 47,85 долари за барел. Една година подоцна, неговата цена порасна на просечни 68,34 долари за барел, според пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците од „Аргус медиа Лтд“. Очигледно, вистинската цена на нафтата е повисока, со оглед на истите податоци на „Голдман Сакс“ и „Платс“, според кои пред три недели попустот меѓу Урал и Брент не бил повеќе од 4-5 долари за барел. Даноците за производство на нафта се зголемиле за 88% до 803 милијарди рубли во март. Приходите од данокот на доход, кој покрива половина од производството на нафта во земјата, се зголемијале за 166% на 587,5 милијарди рубли.  

The post Приходите од нафта и гас во рускиот буџет се двојно зголемени во однос на лани appeared first on Република.

]]>