приговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prigovori/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 11:40:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png приговори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/prigovori/ 32 32 Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokot-za-prigovori-od-drzhavnata-matura-istekuva-deneska-vo-14-chasot-dits-ke-gi-reshi-do-16-juli/ Tue, 09 Jul 2024 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=794948

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024.

Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ.

По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не.

Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски.

-На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска.

Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари.

За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати.

Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет).

Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25.

Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ. По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не. Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски. -На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска. Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари. За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати. Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет). Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25. Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-ke-odluchuva-po-prigovorot-od-evropskiot-front/ Mon, 27 May 2024 05:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=781892

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

The post ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата. По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат. Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

The post ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Управен суд: Досега не е пристигната ниту една жалба по одлуките на ДИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upraven-sud-dosega-ne-e-pristignata-nitu-edna-zhalba-po-odlukite-na-dik/ Wed, 15 May 2024 13:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=778387

Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини за МИА информира дека досега не пристигнала ниту една жалба по одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), за приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Претходно, Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Од вкупно 27 поднесени приговори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Инаку, од Европскиот фронт најавуваат дека ќе ги обжалат одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) во Управниот суд и ќе поднесат пријави за членовите на ДИК за кршење на правото на гласачите да ја изразат слободната волја.

The post Управен суд: Досега не е пристигната ниту една жалба по одлуките на ДИК appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини за МИА информира дека досега не пристигнала ниту една жалба по одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), за приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Претходно, Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Од вкупно 27 поднесени приговори - девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Инаку, од Европскиот фронт најавуваат дека ќе ги обжалат одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) во Управниот суд и ќе поднесат пријави за членовите на ДИК за кршење на правото на гласачите да ја изразат слободната волја.

The post Управен суд: Досега не е пристигната ниту една жалба по одлуките на ДИК appeared first on Република.

]]>
Ќе се прегласува во Охрид и во Крушево, ДИК усвои приговори за уште три избирачки места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-preglasuva-vo-ohrid-i-vo-krushevo-dik-usvoi-prigovori-za-ushte-tri-izbirachki-mesta/ Mon, 13 May 2024 20:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=777765

Државната изборна комисија го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.

Приговорот беше усвоен со еден глас против. „Против“ гласаше потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

ДИК продолжува со разгледување на пристигнатите приговори.

Досега беа разгледани приговорите од Коалицијата „Вреди“ при што беше усвоен еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори - девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на ДИК Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

 

The post Ќе се прегласува во Охрид и во Крушево, ДИК усвои приговори за уште три избирачки места appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес. Приговорот беше усвоен со еден глас против. „Против“ гласаше потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори. Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација. ДИК продолжува со разгледување на пристигнатите приговори. Досега беа разгледани приговорите од Коалицијата „Вреди“ при што беше усвоен еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино. За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори - девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на ДИК Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.  

The post Ќе се прегласува во Охрид и во Крушево, ДИК усвои приговори за уште три избирачки места appeared first on Република.

]]>
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-prifati-prigovor-na-koalitsijata-vlen-za-izbirachkoto-mesto-vo-zhelino/ Mon, 13 May 2024 16:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=777697

Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Прифатениот приговор се однесување на за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Најгласна на денешната седница беше потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху предложена од ДУИ, која на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата.

Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата.

-Барав да се стави точката на дневниот ред каде сите записници ии 16А и 16Б и за двата вида на парламентарни избори записниците се јавен документ кои граѓанит имаат право да ги гледаат зошто како што спомнав претходно може да се направат споредба да ја оценат и нашата работа како ДИК да ја ценат работата на ОИК, на избирачките одбори, да прават споредба на крај на краиштата и уредите за биометриска идентификација самите граѓани ги платија, ниту ДИК, ниту учесниците во избори. Да се стави на дневен ред. Ако не се гласа, ќе кажете дека членовите не сакат јавноста да ги гледа записниците иако е јавен документ, рече Шеху.

Членот на ДИК, Абдуш Демири рече дека откако по пребројување и увидот на целокупниот изборен материјал се утврдило дека има едно гласачко ливче повеќе побара да се повтори гласањето на ова избирачко место.

Шеху ги обвини претседателот на ДИК Александар Даштевски и другите членови дека им го ускратиле нејзиното право со тоа што беше одбиено нејзиното барање да се повикаат и да дојдат претставниците од оваа избирачко место.

Вториот приговор поднесен од „Влен“ кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 125 граѓани кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Даштевски истакна дека по направените проверки не биле утврдени никакви неправилности и предложи приговорот да се одбие како неоснован. Приговорот беше одбиен едногласно.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

The post ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли. За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатениот приговор се однесување на за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта. Најгласна на денешната седница беше потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху предложена од ДУИ, која на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата. Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата. -Барав да се стави точката на дневниот ред каде сите записници ии 16А и 16Б и за двата вида на парламентарни избори записниците се јавен документ кои граѓанит имаат право да ги гледаат зошто како што спомнав претходно може да се направат споредба да ја оценат и нашата работа како ДИК да ја ценат работата на ОИК, на избирачките одбори, да прават споредба на крај на краиштата и уредите за биометриска идентификација самите граѓани ги платија, ниту ДИК, ниту учесниците во избори. Да се стави на дневен ред. Ако не се гласа, ќе кажете дека членовите не сакат јавноста да ги гледа записниците иако е јавен документ, рече Шеху. Членот на ДИК, Абдуш Демири рече дека откако по пребројување и увидот на целокупниот изборен материјал се утврдило дека има едно гласачко ливче повеќе побара да се повтори гласањето на ова избирачко место. Шеху ги обвини претседателот на ДИК Александар Даштевски и другите членови дека им го ускратиле нејзиното право со тоа што беше одбиено нејзиното барање да се повикаат и да дојдат претставниците од оваа избирачко место. Вториот приговор поднесен од „Влен“ кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 125 граѓани кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта. Даштевски истакна дека по направените проверки не биле утврдени никакви неправилности и предложи приговорот да се одбие како неоснован. Приговорот беше одбиен едногласно. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

The post ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: ДИК одлучува за приговорите од парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-dik-odluchuva-za-prigovorite-od-parlamentarnite-izbori/ Mon, 13 May 2024 10:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=777544

Следете ја во жив седницата на Државната изборна комисија на која ќе се разгледува и одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори:


За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

The post ВО ЖИВО: ДИК одлучува за приговорите од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Следете ја во жив седницата на Државната изборна комисија на која ќе се разгледува и одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори: За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места. Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ , 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

The post ВО ЖИВО: ДИК одлучува за приговорите од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
СДСМ може да изгуби еден, а ДУИ да добие пратеник: 17 приговори до ДИК за парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-mozhe-da-izgubi-eden-a-dui-da-dobie-pratenik-17-prigovori-do-dik-za-parlamentarnite-izbori/ Fri, 10 May 2024 19:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=776924

До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за МИА портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.

-  Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори досега нема, изјави за МИА портпаролката на ДИК.

Според партиските комбинаторики, ако се усвојат приговорите, СДСМ би можел да изгуби еден пратеник, ДУИ да добие а постои можност еден пратеник плус да отиде на контото на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСМ може да изгуби еден, а ДУИ да добие пратеник: 17 приговори до ДИК за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за МИА портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.
-  Приговори за постапка за гласање нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори има поднесено од Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори досега нема, изјави за МИА портпаролката на ДИК.
Според партиските комбинаторики, ако се усвојат приговорите, СДСМ би можел да изгуби еден пратеник, ДУИ да добие а постои можност еден пратеник плус да отиде на контото на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСМ може да изгуби еден, а ДУИ да добие пратеник: 17 приговори до ДИК за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
ДИК: Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-dosega-ne-se-pondneseni-prigovori-za-dvojnite-izbori-na-8-maj/ Fri, 10 May 2024 14:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=776857

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот и 30 минути не се понднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК.

Портпаролката на Комисијата Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирчко право, претседателските изобри завршија во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22 и 30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23 и 30 часот.

ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.

На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.

The post ДИК: Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај appeared first on Република.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот и 30 минути не се понднесени приговори за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните изобри, информират за МИА од ДИК. Портпаролката на Комисијата Радица Тодоровска Алексовска посочува дека рокот за избирчко право, претседателските изобри завршија во 19 часот, а за сумирање на резултатите во 22 и 30 часот, додека за парламентарните избори тоа се 19 часот и 23 и 30 часот. ДИК по завршувањето на овие рокви, доколку нема приговори ќе го достави извештајот со конечните рзултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова. На 8 мај во земјава се одржаа двојни избори, вториот круг од претседателските избори на кои победи Гордана Силјановска Давкова и прламентарните избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ.

The post ДИК: Досега не се понднесени приговори за двојните избори на 8 мај appeared first on Република.

]]>
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-ne-go-prifati-prigovorot-za-glasaneto-vo-lipkovo/ Mon, 29 Apr 2024 14:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=772251

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.

На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така.

Членовите на ДИК гласаа и предлогот на Демири не беше прифатен, а тој најави дека за ова гласачко место ќе има одвоено мислење.

На седницата на ДИК беа прифатени и барања за дополнителни акредитации за вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај.

Членот на ДИК Борис Кондарко потсети дека утре, 30 април, на полноќ завршува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за парламентарните избори на 8 мај, со доставување на соодветна медицинска документација до Општинските изборни комисии. Исто така тој нагласи дека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки за вториот круг од претседателските избори.

The post ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково. На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор. Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така. Членовите на ДИК гласаа и предлогот на Демири не беше прифатен, а тој најави дека за ова гласачко место ќе има одвоено мислење. На седницата на ДИК беа прифатени и барања за дополнителни акредитации за вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Членот на ДИК Борис Кондарко потсети дека утре, 30 април, на полноќ завршува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за парламентарните избори на 8 мај, со доставување на соодветна медицинска документација до Општинските изборни комисии. Исто така тој нагласи дека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки за вториот круг од претседателските избори.

The post ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково appeared first on Република.

]]>
До ДИК пристигнале 233 приговори за заштита на избирачкото право https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-dik-pristignale-233-prigovori-za-zashtita-na-izbirachkoto-pravo/ Wed, 24 Apr 2024 14:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=770211

До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392 066.

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.

 

The post До ДИК пристигнале 233 приговори за заштита на избирачкото право appeared first on Република.

]]>

До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35, 89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места. До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392 066. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти. На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.  

The post До ДИК пристигнале 233 приговори за заштита на избирачкото право appeared first on Република.

]]>
Одлуката е конечна: Управниот суд вечерва го потврди приговорот на Гордана Силјановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-e-konechna-upravniot-sud-vecherva-go-potvrdi-prigovorot-na-gordana-siljanovska-davkova-i-ja-odbi-tuzhbata-na-akademijata-za-sudii/ Mon, 22 Apr 2024 21:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=769502

Тажна вест за Кренар Лога, Викторија Мадиќ, Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Управниот суд вечерва го потврди приговорот на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии. Одлуката е конечна.

Постапката за полагање испити и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на законот!, пишува Милошоски во својата објава.

The post Одлуката е конечна: Управниот суд вечерва го потврди приговорот на Гордана Силјановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии appeared first on Република.

]]>

Тажна вест за Кренар Лога, Викторија Мадиќ, Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Управниот суд вечерва го потврди приговорот на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии. Одлуката е конечна. Постапката за полагање испити и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на законот!, пишува Милошоски во својата објава.

The post Одлуката е конечна: Управниот суд вечерва го потврди приговорот на Гордана Силјановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии appeared first on Република.

]]>
Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-do-shakiri-na-inflatsija-od-14-otsto-ste-ja-pokachile-tsenata-za-prigovori-na-maturantite-od-1-500-na-2-500-denari/ Wed, 05 Jul 2023 10:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=658316

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на покачувањето на цената за приговори на матурантите која е зголемена за илјада денари и тоа во време на економска криза и инфлацијата која во државата изнесува 14 отсто.

Министре Шаќири, Државен испитен центар, на инфлација од 14 отсто во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1,500 денари на 2.500 денари. Не мислите дека сте претерале?, прашува Јаневска во статус објавен на фејсбук.

Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било човечки да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2.500 денари се 5.000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?

Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид?

ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа? пишува Јаневска на Фејсбук.

 

The post Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари appeared first on Република.

]]>

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на покачувањето на цената за приговори на матурантите која е зголемена за илјада денари и тоа во време на економска криза и инфлацијата која во државата изнесува 14 отсто.
Министре Шаќири, Државен испитен центар, на инфлација од 14 отсто во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1,500 денари на 2.500 денари. Не мислите дека сте претерале?, прашува Јаневска во статус објавен на фејсбук.
Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било човечки да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2.500 денари се 5.000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?
Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид? ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа? пишува Јаневска на Фејсбук.
 

The post Јаневска до Шаќири: На инфлација од 14 отсто, сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1.500 на 2.500 денари appeared first on Република.

]]>