прием Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priem/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 18:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png прием Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/priem/ 32 32 Младите ракометари на прием кај министерот Борко Ристовски https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/mladite-rakometari-na-priem-kaj-ministerot-borko-ristovski/ Mon, 22 Jul 2024 18:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=799304

Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство до 20 години го заврши со пласман на 9. место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.

Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

The post Младите ракометари на прием кај министерот Борко Ристовски appeared first on Република.

]]>

Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство до 20 години го заврши со пласман на 9. место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата. Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

The post Младите ракометари на прием кај министерот Борко Ристовски appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-gi-primi-premierot-hristijan-mitskoski-i-chlenovite-na-novoizbranata-vlada/ Mon, 24 Jun 2024 15:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=790369

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.  

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада appeared first on Република.

]]>
Срам – вака ја нарече Вучиќ поддршката на Бакојани на Косово за прием во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sram-vaka-ja-nareche-vuchik-poddrshkata-na-bakojani-na-kosovo-za-priem-vo-sovetot-na-evropa/ Fri, 29 Mar 2024 18:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=760252

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција ги искажа своите ставови ставови за односите со Приштина и прашањето за членство во Советот на Европа. Вучиќ посочи дека Западот ги пропишал клучните обврски за Приштина, нагласувајќи дека претставниците на Западот јасно укажале дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) е првата суштинска приоритетна обврска за Приштина. Истакнувајќи дека Србија нема никаква обврска по ова прашање, претседателот посочи дека е клучно Приштина да се придржува до договорот.

Ја казнија Приштина со тоа што сакаа да ги пуштат во Советот на Европа. Да не заборавиме да зборуваме за клучната работа, која Западот ја препиша. Ни кажаа од првиот разговор, имам белешки и тие се многу прецизни, кога разговаравме со Ескобар, Лајчак, Плетнер и Боно, четири пати рекоа дека во т.н. секвенционирање, првата суштинска приоритетна обврска на Приштина е формирањето на ЗСО. Во неколку наврати во лице велеа дека Србија нема обврска, но Приштина мора да го формира ЗСО - рече Вучиќ.

Реакција на премислувањето на известувачката на Совет на Европа за Косово Дора Бакојани

Една од точките што ги истакна Александар Вучиќ во своето обраќање е промената на мислењето на Дора Бакојани, која три дена пред гласањето го смени мислењето за клучните прашања за Србија. Вучиќ изрази разочарување што Бакојани одеднаш се покаја за нејзината претходна силна поддршка за Србија, нарекувајќи го тоа „срам“. Оваа промена на мислењето јасно ја покажа променливоста на ставовите и интересите во политичките кругови.

Тие пишуваа овде за да ги заштитат интересите на Србија. Срамота… И тогаш се сети дека ЗСО, експропријацијата не е важна… Надлежните институции одбија да ја спроведат судската одлука, онаа за експропријација. И тогаш Курти нареди да се спроведе одлуката на катастарот. Чист доказ дека правата на Србите и СПЦ зависат од волјата на Курти и неговите претпоставени - рече Вучиќ, на денешната прес конференција.

The post Срам – вака ја нарече Вучиќ поддршката на Бакојани на Косово за прием во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција ги искажа своите ставови ставови за односите со Приштина и прашањето за членство во Советот на Европа. Вучиќ посочи дека Западот ги пропишал клучните обврски за Приштина, нагласувајќи дека претставниците на Западот јасно укажале дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) е првата суштинска приоритетна обврска за Приштина. Истакнувајќи дека Србија нема никаква обврска по ова прашање, претседателот посочи дека е клучно Приштина да се придржува до договорот.
Ја казнија Приштина со тоа што сакаа да ги пуштат во Советот на Европа. Да не заборавиме да зборуваме за клучната работа, која Западот ја препиша. Ни кажаа од првиот разговор, имам белешки и тие се многу прецизни, кога разговаравме со Ескобар, Лајчак, Плетнер и Боно, четири пати рекоа дека во т.н. секвенционирање, првата суштинска приоритетна обврска на Приштина е формирањето на ЗСО. Во неколку наврати во лице велеа дека Србија нема обврска, но Приштина мора да го формира ЗСО - рече Вучиќ.
Реакција на премислувањето на известувачката на Совет на Европа за Косово Дора Бакојани Една од точките што ги истакна Александар Вучиќ во своето обраќање е промената на мислењето на Дора Бакојани, која три дена пред гласањето го смени мислењето за клучните прашања за Србија. Вучиќ изрази разочарување што Бакојани одеднаш се покаја за нејзината претходна силна поддршка за Србија, нарекувајќи го тоа „срам“. Оваа промена на мислењето јасно ја покажа променливоста на ставовите и интересите во политичките кругови.
Тие пишуваа овде за да ги заштитат интересите на Србија. Срамота… И тогаш се сети дека ЗСО, експропријацијата не е важна… Надлежните институции одбија да ја спроведат судската одлука, онаа за експропријација. И тогаш Курти нареди да се спроведе одлуката на катастарот. Чист доказ дека правата на Србите и СПЦ зависат од волјата на Курти и неговите претпоставени - рече Вучиќ, на денешната прес конференција.

The post Срам – вака ја нарече Вучиќ поддршката на Бакојани на Косово за прием во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-frankofonska-intelegencija-povekje-od-130-godini-na-evropskata-scena-ja-afirmirashe-idejata-za-makedonskiot-narod-kako-del-od-evropskata-zaednica/ Mon, 21 Feb 2022 12:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=461476

Денеска во Кабинетот на претседателот беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година.

Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор.

Во годината во која Франција одбележува 400 години од раѓањето на великиот Молиер, овде меѓу нас е човек кој со своето дело и дух постојано и секаде го воспева и „јазикот на Молиер“, ја одржува жива франкофонијата на овие простори и ја промовира нераскинливата врска меѓу Балканот и Европа. Поводот за оваа наша средба е најдобрата рефлексија на она што сакаме да го негуваме, секогаш и секаде меѓу нас, а што Плевнеш постојано го нагласува: хуманоста, како основна вредност врз која културните и сите други разлики ќе бидат препознаени како богатство за кое вреди да се живее. И благодарам на Француската Академија што ја препозна универзалната порака во делото на нашиот Јордан Плевнеш, рече Пендаровски.

На свечениот прием се обратија и амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер, како и лауреатот на наградата, Јордан Плевнеш.

Посебно сум среќен што сум овде со вас денес, на оваа свеченост, бидејќи сакаме да Ви оддадеме почит, драг господине Плевнеш, за вашите достигнувања и заслуги. Вие сте добитник на Големата награда на Франкофонијата „Ерве Делиен“ што ја доделува Француската академија. Се радуваме за оваа голема чест преку пријателството кое го негуваме а наградата е уште позаслужена бидејќи вие сте несомнено најеминентниот франкофонски писател од Македонија. Вашата  работа и вашите дела се во служба на Франкофонијата во земјата, која и ние самите, со поддршка на Францускиот институт, ја спроведуваме за зачувување, зајакнување и унапредување на изучувањето  на францускиот јазик, подвлече амбасадорот Бомгартнер.

Лауреатот Јордан Плевнеш кој ја прими престижната награда на церемонијата под „Куполата на бесмртните” во француската академија минатата година, на денешниот прием изрази благодарност до претседателот Пендаровски за писмото кое го упати за време на церемонијата на доделување на наградата во Париз и изјави:

Ви благодарам од се срце претседателе што во истиот миг на доделувањето на мојата награда, упативте писмо чии зборови одекнаа меѓу бројните гости во Париз. Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница на народите, можеби инспириран од повикот на Виктор Иго за Соедитетите Држави на Европа.

The post Македонската франкофонска интелегенција повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмираше идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница appeared first on Република.

]]>

Денеска во Кабинетот на претседателот беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на Големата наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година. Претседателот Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа Голема награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја додели на Плевнеш за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и франкофонскиот простор.